Па не носат, ама се донекаде слика за тоа колку е популарна песната меѓу гледачите. И гласањето од публика е дел од резултатот, додека на ти-дај ми гласовите меѓу комшилук се повеќе масло на жири комисиите... Иначе видете што прават срцки луѓе од други земји додека овде се мрчи толку за песната
Не те игнорирам туку кажав зошто сум се расплакала дека успеала да допре до нас каква - таква песна (а тоа не е емотивна нестабилност за твоја информираност). Ете сега кажи ти каква си.
На онаа од Џони Логан мислиш? Па не мора да ја пее Македонец, и вака си е патетична. Aма ако ти се допаѓа таков тип на музика, сфаќам зошто ти се допаѓа песната на Тамара. Само треба да сфатите дека не секому му се допаѓа. Што е со убедувањава дека песната е добра, не знам.
Типична евровизиска балада, со моментално ептен политички коректна тема (не дека ми смета, само кажувам). Ми се чини дека пола од песните секоја година се баш вакви- моќен вокал, добра изведба, силна емотивна позадина на текстот, евентуално добар стајлинг и ... толку. Впечатокот трае се додека не излезе наредниот изведувач на сцена. Тамара има добар глас па барем знаеме дека тука нема да има кикс. Била веќе на Евровизија па знае што да очекува. Верувам дека ќе испее супер и дека ќе не представи добро. Не сум нереална па да очекувам влез во финале. Инаку, сметам дека парите со кои ќе се шеткаат низ Израел требаше да бидат наменети за нешто побитно ама јбг, можеби наредната година ќе ни дојде паметот.
Едно е да не ти се допаѓа друго е да хејташ по све. Никој никого не убедува дека е добра, праиме муабет за плукањето
Еве, нека победи Тамара на Евровизија. И што потоа ? Немаме никаков капацитет за организација од финансиски, просторен и инфраструктурен аспект. Сепак, подобро е само да се прошета со фамилијата
Евровизија не следам веќе неколку години, едноставно како да ми изгуби од квалитет со текот на годините или пак мојот музички вкус се промени па не би да си оптеретувам уши со нешто што не ми легнува. Не знам, но како и да е песните кои ги праќаме секогаш сакам да ги слушнам. За Тамара, ќе кажам дека навистина е квалитетен вокал но се претерува со тоа колку шанси сме ѝ дале. Зошто на пример не се даде уште некоја шанса на Лозано? Ама не, него мораше да го пратиме со Есма и да му упропастиме и настап и сѐ. Ништо против Есма немав, ама нејзиниот вокал беше целосно невклоплив со овој на Влатче. Ко небо и земја беа и песната не личеше на ништо. Ама кога иде Тамара на ред, ѝ се даваат многу повеќе права. Не би да мрчам ама навистина ме нервираат неправди. Во однос на песната, јас лично сакам текстови кои треба малку да ги размислиш за да ја откриеш поентата. Ама тоа е само мој личен вкус што не го прави овој текст да е лош. Пренесува некаква порака, па ќе кажам солиден е. Музиката е фина, но фали некој дел кој ќе отскокнува и ќе ѝ даде малку динамика. Знам дека е различен тип на песна, но за да ви доловам на каква динамика мислам ќе ја споменам Лорин како мој фаворит од сите досегашни победнички. Таква динамика и мистичен тон не може да ве остави рамнодушни. Вокалот веќе спомнав и погоре дека Тамара е квалитетен изведувач. Идејата на спотот е солидна, но личностите кои се избрани за истиот не. Ајде ќе речам за ќерка ѝ е нејзино право колку ќе ја експонира во јавност, па и песната е посветена на девојчето па океј е да се појави. Ама за сите други ми изгледа како желботека на Тамара да се ставени токму тие личности. Еве јас на пример би сакала да видам тотално непознати девојки/жени. Така се пренесува на вистински начин порака. Но секој со својата замисла, па тоа е. Сѐ на сѐ не сме најлоши но не сме ниту unique. Останува на вкусови
Добра е, ама ништо спектакуларно. Јас ако се прашувам, нема потреба да учествуваме на Евровизија. И онака ретко стигнуваме до финале.
Мене ме потсеќа на Writings on the wall, така некако ми е фазонот. Не можеле очигледно до толку да се распишат и распеат, мислам максимум им е 3 минути песна, али мене ми е супер.
Мислам дека намерно не се филтрирани, да се покажат несовршеностите По мене поарно ќе било со помалку шминка да се прати пораката, ама и вака сум ок. Така изгледаме сите, со пори, брчки
Позитивно ме изненадија со песната, иако сметам дека на Евровизија се пушта нешто позабавно, песната навистина е добра. Тамара како вокал е супер
Акo се прaќa веќе пoрaкa нa кaквa штo aлудирaте, требa дa се прaти без шминкa, не сo килo пaштетa нa лице. Не се гледaaт несoвршенoсти, се гледa сaмo пудрa.