Тамара е супер вокал. Песната на Тамара...3-4 пати ја слушнав и пак не можам да запамтам ни дел. До толку ми е...за девојка безлична, за песна како би му дошло?
Менталитетот балкански ни е таков... Незнам колку се сеќавате Марија Шерифовиќ кога требаше да ја претставува Србија на Евровизија, сите ја плукаа, па на крај Европа ја донесе во Србија.
Добро ти сигурно се сеќаваш, гледам дека озбилно се занимаваш со Евровизијата. Те цитирав тебе, ама во второ лице множина се обратив. Ако мислиш дека ти персирав, не
Песната не и се некако совпаѓа со гласот, гласот и е некако како за македонски песни а и не и оди добро англискиот со акцентите, таа песна да ја пее Адел пример ке грми.
Мене ме интересира дали некој вистински и уште се чувствува "empowered"од песнава или сѐ беше само привремено продавање ветар и магла?
Јас ќе ти одговорам лично ја слушав многу кога излезе, а сега ми е досадна не е од тие песни што со секое слушање ќе ме наежат, барем не за мене. А во врска со евровизија не мислам дека ќе влеземе во финале.
Мене искрено песната ми е океј, Тамара е моќен вокал, но никаде нема кулминација. Нешто слично како песната за детска евровизија се беше океј и само толку. Ако имаме добар сценски настап можеби и ќе има финале, ако не пак Мери Попова ќе остане прошетана
Мислам дека не ВМРО или СДСМ, дури и ДУИ да дојде на власт Мери Попова ќе си остане шефица на делегацијата
Она "Три пати мери, еднаш сечи" кај нас е "Секојпат Мери, пресечено е". И "Една ластовица не ја прави пролетта", кај нас е "Една Мери ја прави Евровизија".
Не знам зашто уште учествуваме ко да имаме којзнае колку пари за вакви манифестации, многу побитни работи има во земјава на кои што треба да се трошат тие пари... а и мислам дека и Адел да ја пратиме нема да влезе во финале таков ни е малерот.
Да дa, до малерот е, нема шанси до претставниците и сценскиот настап да е Или можда пошо сме мала земја па намерно политички не не' пуштаат да влеземе у финале