Па затоа до нас е, кога веќе не знаеме или немаме за да можеме како што треба, воопшто и не треба да одиме. Тие пари би можеле да се искоростат за многу попаметни работи во нашата сирота земја. Бугарија оваа година не оди, ама еве ние не се откажуваме
Бугарија нема ни да оди веќе, сменет е главниот човек на нивната национална телевизија а тој не ја сака Евровизија, додека па таму има многу евровизиски фанови, пошо добро им одеше на евровизија
Лани Eleni Foureira исто не одеше така, парите од промоциите ги вложиле во настапот, се надевам и нашите тоа го планираат.
Го следам каналов веќе долго време, реакцијава ми е тотално неочекувана, мислев дека ќе се многу покритички настроени а тие испофалија се, спот, песна, текст..
Името повише ни го бендисаа ваљда. Ново име нова среча. Феминистичкиот концепт ми се допаѓа. Хиџаб, знаковен јазик, преку феминизмот всушност се протнува и свесноста за сите други разлики, океј..компактно убавко... По мој вкус просечна песна. Не беше ептен зор. Тотално непотребни трошоци, едно чудо деца не можевме на лекување во странство да пратиме а шака луѓе стално си се шетка
Мртв потребните 100.000€ за учество (и уште толку за промоции, песната и патувања) можеше да ги распредели на 5 места по 20.000€ со што делумно или целосно ќе се покриеше нечиј трошок за лекување. Така Мртв ем ќе си направеше реклама ем ќе си вратеше колку толку легитимитетот што го веќе има изгубено. Но, и раководните лица на мртв со тоа ќарат, ако не барем по едно all inclusive летовање в егзотична дестинација, да. Песната ни е супер, ама ќе го утнеме стејџот. Според мене перфектен стејџ ќе биде 5 различни жени по раса, изглед и слично, прават lip singing позади Тамара, нешто слично на настапот на Шерифовиќ
Нешо не е у ред со озвучувањето, во секој случај, одлично ги испеа високите делови овде, се надевам вака ќе е и на Евровизија во Мај
Секоја година се помалку гледам Евровизија, а оваа дефинитивно ќе ја скокнам. Безвезе ми е све. Од песна до избор до целата цирузијада наречена Евровизија...
Нормално дека озвучувањето не е во ред. Но, евровизиската сцена е по највисоки стандарди и озвучението е најврв. Тамара е позната по тоа што убива како пее во живо, така ќе биде и во случајов.
Леле мајко колку лошо свири овој на клавирот. Не е до озвучувањето, очаен е! Срам ме фати. Зарем морало и тој да се појави, не можеле ли да најдат некој што знае да свири? Тамара пее убаво. Второ или трето слушање ми е, повеќе ми се допадна отколку кога го гледав спотот.
Не е до озвучувањето, акустиката на тоа студио е прилично лоша, ретко кој пее таму во живо зашто звукот е навистина лош, ете се слуша. Плус силувањето на клавирот а богами и на ушите си го прави своето. Не ми се допаѓа оваа снимка ни малку, се запрепастив кога слушав вчера. Тамара пее убаво, како и секогаш, но лошата придружба и услови си го прават своето, па финалниот резултат не ми се допаѓа. На толку талентирани пијанисти, друже Роби го викнале да ака по клавирот, па и во тоа сиротко студио на МРТ каде апла се приметува дека не е наменето за такви перформанси. Подобро да си пеела на матрица, но како и да е, вакви неусогласености не верувам дека ќе има на главниот настап во сала со сто пати подобри услови.
У реду е секако на Евровизија не се свири, матрица има. Битно е дали пеат добро Тамара и помошните вокали
^Поголемо срање у живот неам видено. Очигледно е дека собира поени за на Евровизија. Па уште и англиски превод.
^ Не ми се верува, стварно не знаете веќе што да кажете само за да измрчите! Прекрасен гест, баш ме разнежни...