Лелелле дебакал Или не се важи ова веќе, сега има шанси да се прошета да се лапне некое париче Мизерија
Тамара пее многу убаво ама не се согласувам исти пеачи да одат.Тие биле веќе еднаш,имале шанса и готово.Имаме и др добри пеачи на пр.јас би ги пратела Дупер,Лозановски,Александра Јанева...
Доколку ти сметаш дека нашата суштина е малограѓанштина само поради фактор дека навистина е мизерно Тамара да се гребе цел нејзин живот тогаш ќе те замолсм Да не лепиш етикети за цела нација задржи си го субјективно мислењето. Друга рабпта никаде не пишв дека песните се лоши, јсс Калиопи не ја обожавам ама нема збор за песните. Прашав и пак ќе прашам зошто Тамара главна секогаш со власта? Зошто Тамара во Преспав? (Малце млади актери имаме?) Зошто Тијана пеачка, водителка ејјјкј, и зошто актерка? Има да ги ринеш со лопата млади талентирани актери водители пеачи ама зошто не стигнуваат на ред од вакви особи како Тамара ???
Дупер и Јанева не се спремни за евровизиска сцена за разлика од Тамара. Не беа спремни ни Ај Кју, ни Јана, немаат никакво искуство освен викенд настапи низ клубови и кафичи низ Македонијава со 100 до 200 луѓе максимум. Убави песни имаа ама џабе. Искуството си го направи своето. Ако јас се прашувам, не би да учествуваме на евровизија.
Јанева велиш не е спремна - жената има две победи на Макфест,коа ке излезе грми на сцена.Искуство не е секогаш пресудно.Напротив младиве поозбилно ке си ја сфатат работата.А и те како треба да и се даде шанса.Подобро неголи се исти да се праќаат.
За Јанева во ред, не сум знаела. Младите ќе си ја сфатат сериозно работата како Ај Кју и Јана што ја сфатија? Ете им се даде шанса и и покрај толку критики ете на пример лани за стајлингот, не се ни потрудија да сменат нешто. Сценскиот настап и на едната и на другите беше катастрофа. Никаков труд, а се знае што се бара последниве години на евровизија. Ама, што да се очекува од аматери? Не сум хејтер ама искуство и тоа како е потребно.
Последниве години ин е да се хејта за се и сешто! Не го оспорувам тоа дека Тамара е добар вокал, ама добри вокали на Евровизија се помалку има и се помалку успеваат таквите шо само со добар глас се трудат нешто да постигнат. Факт е дека сценскиот настап, облеката и низа други додатни компоненти се исто толку важни, ние гледајќи од минантите настапи имаме многу слаба сценска доминација. Веќе да не зборувам дека и никаков успех не сме постигнале последниве години, ама важно да се учествува, со глава во ѕид удираме, се трошат секоја година државни пари за некој од познативе да се прошета низ Европа...
@Mlle Насекаде низ светот е така. Дури и во Холивуд пласманот е загарантиран само за оние кои се богати и имаат конекции во продукциските куќи. Поентата со Тамара беше, дека бар нè не претставува некој кој нема поим од музика. Тоа дека сестрите се насекаде ангажирани и рекламирани се согласувам, но тоа е политички проблем, исто како и Евровизијата. Исто така, пред само една деценија не пречеше кога двете беа во подемот на славата, сега одеднаш почна да пречи кога Македонија не располага со доволно буџет а ни интерес да им помогне на младите старлети. Кога велам старлети, мислам на сите луѓе кои сакаат кариерно да се остварат во медиумските води. Мешате политика со музички квалитет, тоа е проблемот. Иако, денес музиката е тесно врзана со политичките збиднувања тоа не е причина да се обвинуваат сестрите, туку државата и конекцијата која толку ги пласираат на сцената. И повторно ќе кажам, ако ништо друго, се барем квалитетни вокали, а тоа е најбитно.
Мене Јана ми беше добра и песна и стајлинг.Не беше нешто wow ама далеку од лоша како што зборите.Ќе видиме што ќе направи Тамара и нејзиното "искуство"
и јас да појдам на концерт во универзална и да испеам една песна ќе растурам. Ама евровизија не е макфест. И марија шерифовиќ растура и е врвна пеачка па на едно интервју кажуваше за настапот на евровизија. Дека во еден миг текстот го заборавила и скрос се изгубила на сцена.
Зар навистина е битно дали младите се спремни или не за Евровизија. И овака и онака пак ќе бидеме последни. Евровизија е политика и ништо друго. Но ако веќе се оди редно е да се даваат пари на нови изведувачи. Зошто секогаш нашата држава е мајка за едни а маќеа за други. Треба да инвестираме во младите, којзнае може некој ќе изненади. Во однос на Тамара и харизмата. Не мислев дека за Евровизија треба харизма, туку дека за музичка светска/домашна кариера/слава треба харизма. А тоа Тамара и сестра и го немаат. Пр. Тијана отиде во Србија и што направи ...ништо.
Ај може сеа како северни ќе влеземе конечно во финале. Јана и Ај Кју имале искуство само од настапи по кафичи. А Тамара и Тијана па едни концертишта што ги имаат правено низ државава, едни турнеји, едни албуми, една кариера... Не знам зошто упорно ги бутаат по екраниве насекаде а не ги бива за ништо друго освен ете за пеење. Тијана особено, за водител сфати и сама дека не ја бива, за актерка па уште помалце. Тие неприродни движења, без спонтаност, без харизма... не можам а да не превртам очи секогаш кога ќе ја видам. Али коа нема што да се понуди боље, ќе си ги гледаме само нив. Кардашијан за македонци. И не е хејт ова, него што е многу - многу е. Народ се презаситува од се што е претерано. Ако приметите, едни исти десетина фаци ги хејтаме, пошто само тие се вртат кај што треба и не треба.
Апсолутно немаме потреба од наш претставник на Евровизија, без разлика дали е тоа Тамара, Тијана или некој друг. Инаку, гледам дека во последниве неколку години, секогаш победува некој што најдобро ќе се претстави и спакува како целосен продукт. Од изглед, настап, кореографија, кампањи на социјални мрежи, кратки видеа, мешање со народ... онака пиц-пец пакетче да биде. Елена Ристевска беше најблиску до тоа шо се бара таму. Песната што победи лани беше катастрофа ама девојката имаше прејак ПР тим, знаеја дека така ќе привлечат внимание и вистина, привлекоа. Плус имаа „приказна“ т.е. наратив, преку којшто претставија интересен лик, ако не се лажам нешто играа на карта на женски права ли, феминизам ли, шо беше? Класика, одма пали. Значи, заклучок, нас пејачот ни е мање-више битен, ни треба некој шо знае како да ги направи другиве работи. Чисто сумњам дека некој во МТВ знае за шо зборувам, моментално гарант имаат состанок каква боја да бидат пердувите на фустанот.
Следната година Елена Ристевска, е таа би требало да има уште еден настап таму, навистина беше најблиску, кога веќе Тоше го нема.
Тамара едно искуство па што да ти кажам. Ке скока како мајмун на сцена и знае само да се клешти со тоа муцката. Треба да пратат некој нов на пример Антониа Гиговска, Мартија, Лозано (ама сам, не како минатиот пат со Есма), Александра Пилева па и Елена Ристевска да отидеше немаше да згрешиме она се избори за најдобар пласман од сите пејачи до сега зошто да не ја пуштиме уште еднаш? Зошто да не Каролина, дама со стил со однесување е, нема шанси да не обрука. Има еден куп пејачи ама кај нас само Тамара се бутка напред и никој друг.