Фустанот не ми се допаѓа баш, вокалот е одличен и сцената е добра. Ќе прикачам видео кога ќе го аплоадираат на евровизискиот канал
Само шо го глеав настапот на Јутуб кај еден шпански коментатор, топ испеа исто ко оргиналот, фустанот ми се свиѓа мада ја коа би ја облекувала поише би и стоело за песната бел фустан као Beyonce-I was here или црна боја, сцената е одлична мада у коментари се бунат дека е слична со Русија. Се на се топ сме.
И ја слушнав песната пред некој ден на радио. Не е лоша, ми се сфиѓа интерпретацијата. По мој вкус е океј. А Евровизија немам гледано кузнае од кога.
За разлика од Ај Кју оваа е далеку подобро. Можеби фустанот не е нај, но не е ниту лош како мрежата на Марија.
Одличен вокал и држење на сцена. Фустанот и стои добро, во горниот дел ми се допаѓа, долниот изгледа како истуткан и од ефтин материјал. Кога јас би бирала боја, би избрала црн. Одлично би одговарал со нејзината плава коса. Се на се, прв впечаток после претходниве две години катастрофите на сцена - одличен .
Па не може се да ни се погоди на сите бе луѓе. И јас би одбрала црн фустан. Ама не пеам јас . Не е толку лош, било и полошо. Кажав и претходно, не се сомневам дека годинава ќе имаме пристоен настап. Одличен вокал.
Јас не би одбрала црн. Може не би одбрала смарагден, ама убава е бојата. Вришти. А тоа и ѝ треба на песната. Боја што не ја носиш секој ден. Црно за по дома може, нека си носи колку сака
Направена е анкета на новинарите што биле присутни таму и според нив Тамара е 3та по ред со поени од денешните проби
Што е со изработката на фустанот и гужваниов сатен? Не се разбирам баш, така треба да биде материјалот или што?
Мене ми се допаѓа тоа со огледалата, баш ефектно изгледа на сцената. Фустанот е така-така, ама стилот на Ношпал е тој па не ни очекував нешто поинакво. Бојата на фустанот е специфична и убава, а ако веќе кажувам замерка - не ми се допаѓа сатенскиот евтин сјај, но е далеку подобро од костимографскиот дебакл лани. За вокалот на Тамара нема место за коментар, не се сомневам дека ќе биде супер на сцена.