Зашто неможат да ја досредат сцената?Што е проблемот? Сцената на пр на Австралија е многу добра и е во првите топ 8, све има улога тоа е факт. И позади сцената да не биде толку црно , убаво би било да биде поосветлено.
Мене песната и настапов со нејзиниве движења ме подсеќа на победничката песна пред некоја година Феникс, со брадестата "жена" . Па и фустанот, само бојата е друга. И не е уште испеглан.
Муабетот ми беше дека после втората проба не можат да прават големи измени на сцената, не е дозволено. Инаку дека е голем фактор сцената тоа е точно..
Не е битно ни каква песна ќе имаме, ни каков настап, факторот за нашето не/влегување во финале е тоа што сме Република Македонија, ФИРОМ, Северна, која и да е. Не се надевам на пласман во финалето ни годинава, а уште помалку на победа или висок пласман токму поради овој факт, што години уназад се покажува како точен, според мене сме имале добри песни многупати, но џабе. И да обезбедиме пласман во финале, таму веќе се познати поените кои секогаш ги добиваме 0 од нашиот јужен сосед, 12 од Србија
Секоја година имаме темна сцена и ништо не се случува.. токму заради тоа и не се пласираме, а песните не ни се лоши.. Освен "огледалата" и оваа година се е темно и ништо не се случува.А песната и вокалот се одлични.
Затоа кажав го приметив и тоа барем мораат тоа да го сменат на сцената да не биде темно, да не изгледа мрачно.
Јас мислам дека одговара темна сцена, Тамара и треба да е во фокус затоа и не носи црн фустан (најверојатно), ако имаме посветла сцена ќе се изгуби фокусот на позадината. Многу песни годинава што не беа фаворити пр. Австралија па и Азербеџан, се искачија во топ 10 баш поради сценскиот настап кој кошта којзнае колку многу и мислам дека ние финансиски никогаш нема да можеме да вложиме премногу, супер е што и со толку сме 13ти според обложувања. Стискам палци за да влеземе во финале во четврток се надевам ќе има луѓе кои ќе гласаат за нас
Топ топ топ! После многу години ќе гледам Евровизија со кеф, многу добар репертоар има годинава. За првпат исто од се срце навивам за нашата, нешто светско и квалитетно пративме шуќур. И мислам дека ќе имаме не добар, туку одличен пласман.
Како интересно ? Што прогнозираш? Гледам дека си упатен во евровизијата и баш ме интересира што мислиш околу гласањето на жирито
Јас сум ептен judgy кога станува збор за Тамара и сестра и Тијана. Ама морам да бидам реална и да кажам дека врз основа на тоа што го видов, т.е пробите, воопшто не изгледа лошо. Песната е одлична, Тамара е одлична, сценскиот настап е океј. Реално гледано заслужуваме финале. Јас мислам дека годинава ќе биде. Прогнозирам место помеѓу првите 12. Инаку кога настапува Македонија, во првото или второто полуфинале?
Да и јас мислам дека одговара темна сцена. За тие шо се искачија, и Франција исто, од 12 место сега еве 3та е во обложувалниците после пробите, ама којзнае колку ги имаат платено кореографите и тие шо и ја праеле графиката за сцената.
Влез во финале мислам дека ни е обезбедено годинава и ќе имаме најдобар пласман до сега. Нема да иаме многу гласови од телевоутинг ама мислам дека жирито доста добро ќе ја „награди“ Тамара. Може сум грешка, ама сега за сега размислувам оптимистички
Се напнаа со Холандија, според мене Кипар и Русија се многу подобри и со песна и со настап. А Холандија неколку дена го држи 1 место, ние сме 13ти не е лошо.
Втора вечер, претпоследни.. Не си земав знаме да помафтам малку кога веќе сум тука Патем, мислам и јас дека нема да се пласираме..