Бре, што оговарачки сте биле, маанџики, мрчатори, уништувачки на забава...ту ту пу... Годинава имаме најдобра песна која ќе биде изведена со најдобро можен гласовен квалитет, во цела историја на Мк што ја претставувале на евровизија. НЕКА НИ Е СО СРЕЌА
Ние ќе исцркавме шо дале 150.000 евра за Евровизија, замисли па да победиме некогаш и да треба да потрошиме минимум 15 милиони евра за одржување
На заем ќе дадеш . После ќе вратиме со камата . Нели ќе извадиме некој денар од настанот . Ама не смееме да се обрукаме. Мора пред Европа да се претставиме нај нај . За еден папа се задолживме, па за домаќини за Евровизија ли е проГлем
За Папата само подзаметија, тука од старт нова сала ќе треба. Битно на букинг ќе има смешки со цените. Еднособен стан во традиционален стил (старо пред распаѓање) -500 евра од вечер
А тек па влезниците по колку ќе ги продаваме . На почетокот сите ќе сакаме да одиме и во живо да гледаме и ќе си купиме карти , на крајот еден Македонец ќе нема во салата
Ако има време некој и да контролира. Ќе бидеме опседнати со сликање. Нели ќе треба по с.мрежи да туреме слика со сите европски фаци
Ми кажуваше некој дека домаќинот победник нема одврзани раце скроз во организирање на настанот, го усмеруваат тим од стручњаци од самата Евровизиска организација, всушност кои и го прават поголемиот дел од целата работа. Од таа страна би се снашле, ал где су паре. Мислам дека ние сме единствената земја која сака одличен пласман, а нејќеме победа
Па со оглед какви катастрофи од песни имаат победено, нашето ич нема да е незаслужено. Барем по пробиве. Ако е за тоа јас ич не ја сакам Тамара, има откажувано настапи, па недостапна, па глуметање, занес, однос 0, понашање и култура према фанови ретко... ... Ама жената има глас. Има и добра песна, не е ко трагедијата со Врчак и Гаџа, одлична е. Може до утре да ја хејтате, ама дека има квалитет и песна тоа не можете. Како очекувате нешто кога жената од свои нема поддршка, не па од туѓинци. Али фуром, класика.
Не зезај, јес да ја поддржувам и сакам што подобар резултат да има ама нема шанси Тамара или било кој друг да победи со ваква песна покрај другите песни годинава. Сепак има подобри.
Луѓе не знам дали сум луда Ама според мене песната и изведбата на Тамара оваа година ми е најдобра, моќна за разлика од песните на другите држави. Не само што посакувам да влезе во финале, туку и висок пласман да има во финалето. Ги слушнав по малку песните на другите држави, ама ниедна не ми остави некој посебен впечаток. Неколку години немам гледано евровизија, ама оваа година поради Тамара решив да ја гледам целата евровизија: прва, втора полуфинална вечер и финале. А предвидувам победа на Холандија. И уште нешто, лани ја имав слушнато песната на Исланд многу ми се допадна, ама оваа година катастрофа според мој вкус, а читав коментари на интернет на некои им се допаѓа.