Aj aко не ти е тешко прати ми некои добри според тебе, сакам да чујам. Само нашата ја имам слушнато и на Албанската, ми ја пуштаа колегите, предобри ми се двете.
Тамара да победи, па да ве читам после Јазк колку не си се сакаме меѓу себе. Песната ми е сФетска, може толку и се разбирам од мјузик, а локалот неоспорлив. Најдобро од нас досега. Гоу Тамара гоу
Напротив песната е просечна,не увеличувајте,гласовните можности на Тамара исто просек,немој да мислите дека несакам да победи,сакам,но само пусти желби се тоа,дајте малку реално да гледаме.
Абе секој со свој вкус, аман. Ај сега ќе се тегнеме и убедуваме. Патем, мнозинството вели дека е песната а и сѐ во пакет супер, ама не може на секој да му се допаѓа. Се наоѓа еден во 1000. Па и за разлика од досегашните наши претставувања, ова е врвно. Со Елена Ристеска ли ни беше најдобриот пласман? Епа ако таа со фрцкање со тоа шорцот и маичката ѓоа корсет, со песна која располага со скромно текстче кое никого не допира ама ритамот ваљда им бил добар, ете таа помина толку добро, Тамара ли да не постигне толку, па и повеќе? Јас очекувам, еве иде и време да видиме.
@staycalm од колку се денес пробите и Jury show знаеш? Денес каков ќе ни биде настапот, и утре исто, последна проба е.
Пред малце заврши пробата на Тамара. Не знам целосно како било ама според коментаторите на јутјуб лајвот шо го гледам, имало проблеми со светлата. edit: втор пат настапуваше оти било техничка грешка.
Кратки исечоци слушнав од песните и мислам дека Тамара заслужува да оди во финале. Настрана сите зезанции за неа, што глуми лудило и што не знае да се понаша нормално и што се оток со сестра и' и таканатаму, сепак треба да оди.
Сите песни ги ислушав, србинката два пати ја слушав, но сепак нашата песна засега ми е најдобра!!! Што ми се фати толку Тамара на срце
Ах само да биде се во ред и со сценскиот настап, техничкиот дел и аглите на камерите, еднаш да се израдуваме и ние
Не знам како може да ви се допаѓа оваа Србук... и чек, на Франција претставник(чката) машко или женско е , или како што се декларира ? Јас досега мислев женско, на интервјуа му се обраќаат со ТОЈ....
Ич не сум фан на Тамара, на страна тоа што е нарцисоидна и арогантна, има моќен глас и од се што слушнав, а ги слушнав сите, дефинитивно заслужуваме финале. Изненадувачки, ми се допаѓа и фустанот. Ношпал чинам стоеше и зад оној на Каролина златно жолтиот, што остана запаметен како еден од најдобрите промени на евровизиската сцена. Песната, послем еден тон слушања, ми влезе во уво. Па со среќа.