Искусна е Тамара во поглед не Евровизијата тоа е една предност, вокално е добра. Но за некој подобар пласман прво е потребна добра квалитетна музика, впецатлива песма, друга работа да се работи на сценскиот настап односно сценографски да биде добро осмислено за да привлече внимание, тука се мисли и на пејачот да не биде здрвен ако има добра песна, сцената во позадина, и добар модерен стајлинг. Овие се некои важни параметри.
Квалитетни песни секоја година имаме. Ама тоа не е предуслов за победа, квачката лани што квачеше победи од што е квалитетна добра песна?
Една од највеселата, ритмична и композициски добро усогласена песна ја добивме претходната година, па тоа повторно не беше доволно за пласман. Значи не е тоа проблемот. Потребни се финансиски средства за усовршување на настапот. Треба да се работи на сценската презентација, и да се вложи во подобри реквизити и графика. На тие полиња треба да се работи, зошто ние објективно лоша песна не помнам некогаш да сме пратиле.
Немаме баш секојагодина квалитетна песма, и ако била добра песната во однос на другите параметри не биле на добро ниво. И ја за тоа зборам и за тоа што го напиша но и меѓудругото убава модерна впецатлива песна, но но е само во песната.Има доста критериуми што треба да се исполнат за да бидеме на позавидно ниво. Најголемо внимание остава самата сцена визуелно,сценскиот настап на пејачот на танчери ако има, да биде нешто специфично, облеката исто на се се гледа.
Е како тогаш бираме вокал па после песна? Логично е да има извор, гласање од народот оваа е пејачот кој сака да се прошета и кој има најголеми врски ќе оди па песна ќе се напише нешто колки да не биде без ич.
Гласањата на Евровизија се политички, а не музички. Прво шо одбира гласач е: Со која држава си живееш убаво. Арна си е Тамара.
Тамара...зошто пак оваа? Сестра и придружен вокал ќе и биде? Дали немаше други пејачи? Има,ама политика сите врати ги отвора Значи беше до сега,не направи ништо.Нека му се даде шанса на некои кои не биле,или биле ама пред повеќе од 10 години.Имаме квалитетни вокали.И помлади,и посвежи,со поголема харизма.Зошто оваа и сестра и да се пласираат секаде? Само тие ли се пејачки,глумици,водителки? Аман веќе До душа и Евровизија изгуби на престиж.Ама кога веќе праќаме,нека има фестивал и да ги бираме ние,а не продукцкиски со посредство на политика.И да,сценски настап.Песната може да биде супер,ама треба да има костмографија,сценографија,настап. Јас мислам дека Сергеј да го пратиме,поголеми шанси ќе имаме,место оваа.Може со дуксер,и сабја,и ракавици,и штикла...И некој фенси ритам Па сигурно ќе се пласира во финале,за разлика од оваа
Зошто нема некој продукциски директор на форумот да ти го прочита мислењево. Се смееме, ама ако Сергеј не успее да не внесе па еве на.
Може ли бе некои работи помалку очигледни да бидат? Не сме глупи. Што ќе биде изненадување факторот? Имавме запросување, трудноќа на Евровизија, Тамара е идеална да се породи на сцена.
Never enough од презентација на патријахатот и традиционалните вредности. Зарем не бевме по тоа најмногу познати? Ова ќе биде симболичен приказ дека и покрај кризите со кои се соочуваме сеуште се раѓаат поколенија во нашата држава. Не ја гледате широката слика, тоа е проблемот. Ај доста спамам.
Ај што се досадни, па па и нападни се дури и она и сестра и. Дека не треба да се иде на Евровизија, не кажувам веќе...
Кој и да оди, ние ќе испратиме срање песна, исто ко и со Тоше шо беше. И друго, и да испратиме асална песна, нема шанси да победиме оти 1. Политика 2. Неаме вода у очите, па Евровизија ќе држиме. А оваа ќе иде ќе се прошета со наши пари, ќе се слика , ќе изгуби, и после ќе јаде бубрези демек песната добра и била, на народот му прднал слон у уше... Нема везе, ај прво да видиме шо песна ќе биде, па да мрчиме.
Ја лично највеќе сакам Дупер пошо нивниот жанр и стил на музика најмногу го сакам од домашните пеачи. Ама реално, за жал Дупер се нови на музичката сцена, немаат искуство. Последните 2 години видовме како поминуваат луѓе без искуство со пеење пред голема публика, најверојатно од трема. Eye Cue имаат сосема добри песни и вокал, а во живо беше хаос и пеење и настап. Јана исто. Жално е што и 2те имаа потенцијал за финале пред настапот. Може и Александра Јанева, и таа е супер а и има повеќе искуство од новите помлади артисти. Туку, добро ќе е да направат некое македонско шоу каде што ќе настапуваат 10тина избрани од пријавените и да има гласања и сл. за да е покоректен изборот, ама па и тоа кошта пари. Мислам дека ние колку и да направиме добра песна, едни исти се во тимот таму во МРТ или кај и да е што смислуваат сценографија, и увек е fail сцената и настапот. МОРА промени во тимот затоа што да бидеме реални за успех на Евровизија многу често е потребен настап и сцена. Друго, Калиопи 5 пати ја праќаа на Евровизија, тогаш нигде ве немаше да квакате како се праќале едни исти па како било политизиран изборот и сл. Не тврдам дека не е, ама оладете малце со двојните стандарди. Тамара има добар вокал, не ме интересира какво однесување има затоа што таму ќе се претставува (и ќе ја претставува државата) со песна, глас и настап а не однесување. (Иако воопшто не ми изгледа лошо на сите интервјуа, баш е кул). И секоја година значи не може а да не се појави македонец со истиот типичен коментар „само педери и неморал победува на евровизија“. Као, у реду е, јасно ни е на сите дека сме конзервативна и затуцана земја, ама малце гледајте исклучувајќи го тој фактор и ќе видите дека повеќето победници имале одличен вокал, песна и настап. Кончита ви е у уста увек а Кончита во една песна и еден настап имаше многу подобар спој од вокал, сцена и квалитет во споредба со повеќето наши „нормални“ претставници. Па коа ќе видам за минатогодишната победничка, кокодакала. Сестро златна, типката имаше најоригинална песна и настап од сите лани, талентирана е, плус песната е правена со looper и многу појако ќе беше да и дозволеа да користи лупер на сцена. Има десетици кавери на популарни песни, секој што има видено некој знае дека станува збор за талент а не глупирање. Од друга гледна точка па, земајќи ја во обзир економската состојба сосема логично е и да се повлечеме од Евровизија. И онака не сме имале никаков успех последниве години, реално парите што се фрлаат таму можат да се искористат за нешто корисно за внатрешноста на државата. И за крај, како за некои што стварно не ве интересира евровизија и никој не ја гледа, секоја година се утепувате од коментирање на истата.
Тамара искусна е ај, нема да ја фати трема, може затоа ја праќaат. NOT. Кога дудлаше вмровци, у ек. Сега дудла сдсмовци, пак у ек. Алал да и е, но драги луѓе, да повториме, не е курва таа што се секса за пари, туку еве ова приложеново. Фуј.
Tамара има десетгодишна музичка кариера со многу песни и настапи. Не ја обожавам, ама да кажеш дека нема искуство или глас е смешно.