Не е до снимката и вчера читав на OGAE Macedonia пола песна на фалсет ја пее, на крајот и пука гласот неколку пати. Ќе видиме вечер
На YouTube одеше во живо првото полуфинале, сигурно и второво ќе го има. Туку, ова со сликиве што вртат во позадина... е ова не им чини. Преобично. Какви ефекти имаше кај некои претставници, ова изгледа онака малце мизерно. А баш ја фалев.
Баш тоа го коментирав и јас. И за тие 5 сликички од 10 секунди баравме шведски тим!? Албанија ја поправи сценографијата, со огин со се. Мислам тие ќе влезат место нас во финале, останатите 8-9 се знаат.
https://wiwibloggs.com/2019/05/16/p...hink-should-qualify-from-semi-final-2/239146/ Еве и wiwibloggs, Албанија наместо Македонија во финале.
Немаат некоја голема релевантност ваквите анкети на вивиблогс оти имааат дозволено секој за својата држава да си гласа. Роко скоро 4000 гласа а на сите обложувалници е на дното, немој молим тe Анкетиве се што повеќе евровизиски фанови од своја земја да си гласаат за себе толку подобар резултат. Не викам дека сигурно ќе влеземе, ама се надевам дека ќе влеземе и верувам дека иаме многу повеќе шанси од Роко
Роко уште од прва проба не беше кандидат за финале, ние, Албанија и Романија сме критичните и една од нас ќе биде. Останатите 8-9 се знаат, со сигурност влегуваат.
Пошо не гледав првата полуфинална вечер, да си прашам, уште ли коментаторка е онаа со јужниот сосед ?
Не ја имам видено цела, само дел. Ок беше тој дел, мн. подобро од првите проби. Многу ми се допадна аутфитот. Романија па ми е многу добра а underrated, мислам дека жустро ќе биде меѓу нас и тие 2 земји, ко шо кажа ти. Жирито верувам дека сите 3 добро ќе ги гласа оти се сите 3 со добар вокал, останува на televoting да одлучи Не знам, стварно ми е криво шо се падна у ова полуфинале Тамара.. :/
И Калиопи последен пат кога беше многу мавтање имаше, бидејќи целиот настап ништо не се случуваше, па некако да се пополни време. Искрено, мене настапот не ми е ништо посебно. Коректен е, ама не е моќен ко што може да биде. Секоја година технологијата напредува, а ние немаме буџет да бидеме во тек со тоа.