Ајде де, сега мислам и со делата на Хитлер ќе се согласите, само да сте во право и да оправдате толкав говор на омраза По дома си збореле така, а ние сиротињите цел живот стакленото ѕвоно со Ајакс го бришевме, ненормални, не си се вреѓавме по дома, како што си е редот
Јас па дури сега ги читам коментарите на објавите од медиумите, ова е уште полошо и од оние на нејзината првична објава. Добро ќе беше ова да беа изолирани случаи од 15 луѓе, ама ова се стотици ако не и илјадници коментари вакви бре. Па мене поголем срам ми е со какви луѓе живеам во државава отколку што некоја пејачка ја згрешила химната бе... Кога ќе кажам на некој странец дека сум Македонец, не би ме зачудило ако прво што ќе му падне на памет (ако воопшто знае за нас) е негативен стереотип, особено кога мнозинството ги задоволува тие стереотипи. Мизерија, заостанатост, некултура а покрај се' од претходното, неписменост и непознавање на јазикот а претерано и нездраво глумење патриотизам зачинет со национализам. И пак ќе повторам за странските фанови (колку малку и да се), читајте англиски коментари на најновата објава, сите што коментирале искажуваат поддршка а македончево и се закачува у риплајс како така смеат
Му oдеa нa Грујo пред стaнoт дa му пцујaт женa и децa тoгaш беше прифaтливo, a кoгa сме кaј еврoсoнг oд плукaње цмиздрење и кубење кoси јa бoјкoтирaa империјa нa лoзaнo и есмa. Збoрувaј ми зa вaшaтa културa ви се мoлaм гoспoдa и гoспoжи.
Тамара згреши што воопшто ја претставуваше нашата држава на Евровизија, ваков народ што само знае да мрчи и да плука по се што направило некаков успех за нашата држава, не е причина за една мала грешка да се употребуваат такви зборови за неа
Тамара сама си ја креира оваа слика за себе. Точно е дека има луѓе кои немаат ниту култура, ниту вокабулар за изразување, но дека такви постојат само во Македонија, тешко. Месеци наназад наметнато ни е присуството на Тамара по социјалните мрежи, постојано, почнувајќи од раѓањето на Хана, првото запче на Хана, првото зборче на Хана, првиот роденден на Хана, мама Тамара и Хана на ваква фотографија, мама Тамара вака, онака, па ајде мама Тамара е пак бремена, мама Тамара го откри полот на второто дете, па ајде го откри и името итн. итн. Се створи одбивност кон вакви вести кои кружеа постојано, дали иницирано од нејзина страна или креирано од медиумите поради недостиг на квалитетни постови, незнам. Понатаму фамата за Евровизија, каде баш во период кога голем дел од граѓаните се изреволтирани поради промена на името, таа застанува позади епитетот "Северна" и баш тогаш таа добива огромна поддршка од премиерот Заев, види не била политички подводувана од никого. Интервјуото каде што вели дека да се купат амбулантни возила со парите за Евровизија би било безвезе бидејќи никој немало да слушне за нас во Европа. Опасна компарација. Па сега и уште по случајно, утнува дел од химната кој е дискутабилен поим за нашите соседни држави, а повторно на владата му одговараат такви утнувања, за да не налутиме некој од страна. Колку и да е тврди таа дека е случајно, логика на политички рамнодушен човек не би поверувала во тоа, а за онај дел кој е огорчен од политичката состојба во земјата, да не зборуваме.
Да бидеме реални, Тамара ги откажа концеритите затоа што се пресмета дека единствена публика што ќе и дојдеа ќе беа тие од парадата, како и луѓето што се организираа да и дојдат на концерт и да пеат „Никогаш северна, само Македонија!“ А дека некои претераа со клетви, осуди и недолични коментари, претераа - за жал така е. Тоа се однапред договорени странски поддржувачи. Исто како што и падарадата беа 80% донесени странци. Каде се нејзините колеги и колешки од естрадата да ја поддржат? Ама на која основа човек да ја поддржи, кога апла сите знаеме дека не станува збор за ненамерна грешка, туку за политичко сценарио.
Не пратам по социјалните мрежи. Навистина,а никој од колегите , општо од македонските јавни фаци ја нема подржано? Никој никој ? Освен Миа де што прочитав овде ( ако она е МЈФ)
Нормално дека нема да ја поддржат јавно пејачите, иако приватно ја поддржуваат повеќето гарант, нејќат да губат „фанови“ и пари, оти овде поважно е да си со мнозинството колку и да е погрешно тоа
Да, чудно зошто ги нема ниту Каролина, Калиопи итн, додека Тамара кружи насекаде низ Мк, само и само во последно време за државни должности. Не сум некој патриот океј, не сум во државава океј, државава дека ни е дно од дното ни е. Ама се преретерува во догледно време со премодернизиран свет, со одиме напред и иднината, со 21 век итн. Искрено претераното експлицирање е претерано. Се си има своја граница, па и модерзираноста би рекла. Е, да пуштиме кој што сака да прави и како сака да се однесува, живее, прави постапки итн е недозволиво најискрено. И светот би постанал еден општ хаос ако размислиме подлабоко. Се сложувам со @Bridget се сложувам со фактот дека народот е пре пре испровоциран, да го земеме фактот дека скоро секој човек во 2019 користи фб за разлика од 2013 јас се сеќавам тогаш дека немав ни паметен телефон, на народот му е дојдено до преку глава од се последните години, лека полека испливува целиот гнев на површина, а Тамара е само јаготка на шлагот би рекла во случајот и не е ништо друго освен партиски обоена и партиски најпослушна тоа е фактот. Не значи дека некој ако више му е до преку глава и истура пцовки на вакви и слични статуси дека е неук. Туку едноставно луѓето имаат мака, мака што можеби некој од вас не ја осетил до толку колку што ја осетил бекој друг па не бира зборови кога го боли за било што околу државава. Ама ете Тамара беше деновиве јаготка на шлаг. Као професионалец као музичар, као јак глас. Не е потребно само јак глас и бунтовност да имаш во себе за да се допаднеш некому ко естраден уметник. Потребно е многу повеќе што таа го нема. Има милионски други подобри гласови. Чинам Антониа Гигова беше девојката што буквално бута човека кога пее. А каде се останатите да пеат химни паради и све остало? Каде се останатите да се огласуваат во се во врска со колешка им? Никаде. Тамара ја гледам се матка женава само за државни должности и пие кафе со премиерот. Дека не е во ред ова што го направи не е. И не и е прв пат еве милион грешки направи кутрата. Не знае не умее ни да зборува ко што треба, па и се испуштаат икс зборови од уста како она за амбулантните возила.. тоа според мене и беше врвот на дното. Не знам со кој памет и како можеше свесен трезен човек тоа да го каже, да го помисли. Додека она се лекува со приватни возила во систина оти и се може нормално дека ќе размислува и зборува така, додека народот моли за амбулатни возила оти нема другчие и најлошо подига кредити за да се лечи Ама нели како рекле ситиот гладниот не го верува. И после очекува публика, очекува обожаватели да и грлат газот за да она пеела. Не знам стварно после се како можете да браните таква персона. Еве мене лично ми боди во очи ми е нечовечно таков икс од таква естрадна личност. Што Тамара направи добро како познат естраден уметник освен што се става на тапет во секоја манџа? Ништо. Нечовечна е од секој аспект кога отвора уста Нека не се селира Тамара, европа ја познава Мк доволно по многубројниот број на иселеници та она ќе не преставила. И да, и тоа беше една обична монтажа како и се друго. Не е за бранење Тамара, а јас народот го сваќам. Оти доста стрижеа волна кој стигне по нив, време е да сватат Тамарите и политичарите дека со вакви "извинувања од дно на срце" се самите дно нечовечни и гадови. Ама нели на крајот пак сите велат тоа е, јас еден не можам да сменам уствари сите тоа го бираат, сите одбираат да се иселат наместо да му ја мислат и се расправаат. Тамара е срам. Тамара е срам со соте нејзини лапсузи и недолични говори и точка. Не да е жена, не да е мајка, не да е кралица ако нема човечност е никаква. Себепродадена и врло добро политички ориентирана. Геј парадата сметам дека секој има право да биде и да прави она што сака ама не мора својата длабока приватност да ја изнесува на тапет. До толку беше политизирана, наместана и свашта изнаправена што дури тука на гугл на денов ми ја даде.
Акo мене ме прaшувaте oвa требa дa се прoтерa. Дoјде време вo Мaкедoнијa дa aпсaт aкo кaжеш Мaкедoнијa.
Тогаш нешто не ви сметаше потполно ИСТАТА изведба, сите простачки нецивилизирани коментари од овие излезени од пештера се од вчера..
Тoгaш луѓетo уште не беa свесни кaквa злoбa и бришење нa Мaкедoнскaтa држaвнoст следувa, сегa фaлa бoгу нaрoдoв пoвеќе не верувa вo случaјнoсти, и тие штo се излaжaa сo сдс се oпaметувaaт.
Тогаш немаше толку вжештена политичка атмосфера. Тајмингот не и е ич добар. Баш кога има буричкање со бугарите за Гоце Делчев. Затоа ескалираше ситуацијата и луѓето се скептични дека е "ненамерно".
Абе немој ти се молам И 5 години да не ја слушнам химната, пак ги знам зборовите А не пак пејачка која се спремала за настап Нека откажува и концерти, зашто кариерата и иде у пропаст Факт е дека и Евровизија беше политички наместена, а ова беше капак @didisi ова не беше реплика за тебе, него општо за објавата на Тамара