Сметам дека ако веќе си се нафатил на некоја работа, треба да ја завршиш како што треба. Ако не ја знаеш убаво химната, или научи ја или отстапи место на друг. Се работи за химна, не за рандом песна на која може да се импровизира. Дури и да се работи за ненамерна грешка, а не за импровизација, политичката ситуација во државата е на такво ниво да такви грешки не смеат да се дозволат (особено не после сите гафови кои ги имаше Тамара во последно време). Како и да е, навредите кои што ги добива се згрозувачки. Такви изживување не смее да се дозволи кон никој колку и да зафркнал работа.
Се згрозив од коментариве на темава. Не верував дека има толку многу народ што не си ја почитува државата и сеедно му е менувањето на национални обележја, па и уште химната не ја знае и ја смета за обична песна?! Срамота! Засрамете се што се декларирате како граѓани на оваа држава. Буквално заслужувате да ви се одземе државјанството. Ни тонела економијата и здравството и поради тоа не вредело да се бориме за државата... па дали?! Греота е да се помисли на такво нешто не па да се каже. Јас не знам за народ кој олку малку си се почитува себеси, разбирам и опен мајнд размислувања и слобода на говор и се ама ова веќе премногу ги преоѓа границите. Грозно. Немам зборови. Уште па од петни жили се трудат да ја оправдаат Тамара за мега глупавиов изрежиран момент. Мешање партии, влади, политичари, неповрзани настани бре бре бре... А да, и патем додека од врвов створија еуфорија со химнава, ни протнаа вицепремиер албанец ако не приметивте. Изгледа и тоа беше случајно по грешка. Ах бре Македонијо...
Јaвнa тaјнa е декa естрaдните уметници зaвисaт oд пoлитикaтa кaкo oд дoктoр дo чистaчкa, мoже тaмaрчетo дa си лaже aмa вистинaтa јa знaaт сите... Истo сегa кaкo некс тaјм дa кaжaт декa дпмне не стoи пoзaди нив... Се е пoврзaнo кaкo цревa.
Зависат зошто толку се ценат себе, како Тоше не се продаде за ниедна партија, и од грото ни "ѕвезди'' последно пријатно ме изненади Лозано кога одби да пее на прославата ни за ''датумот'' за влез во ЕУ. И на крај краева едно е да си политички обоен друго е да газиш по нешто свето, јас би сега правно да ја гонат онака да биде пример, ама кај нас кадија те тужи, кадија те суди.. Штета што денови дочекавме да видиме, дното ни е утопија далеку сме под него, жално
Мене не ми е јасно дали и зошто има луѓе кои ја бранат и нејзе и нејзиното тврдење дека било грешка.Да, баш тој одреден специфичен дел не го повторила дома додека вежбала и сосема случајно го заборавила... Во никој случај не ги оправдувам одвратните коментари кои и' ги упатуваат, тоа е само одраз на нашата (не)култура која секаде се истакнува, но го разбирам бесот на луѓето.Во екот на политичкиве случувања и атмосферата која моментално владее...да, имаат право да се лутат.
Исто и јас се згрозив.. Ама од тие од кои ти не се згрозуваш. Моралните компаси ви се превртени веќе, не знаете што попрво да кажете и да направите од што сте толку „увреЃени“ за државава. Иначе, ама ич нема да ми е криво да ми го одземат државјанството, бар нека ми дадат некое кое ќе го делам со поасални луѓе, не ко овие тука.
Не знам дали е грешка или случајност, ама не може да е намерно кога истата верзија на песната ја има испеано и претходно на спортски натпревар. https://mk.wikipedia.org/wiki/Денес_над_Македонија буквално има 3 верзии на химната, Тамара пееше од најпрвата.
Јелена Жуѓич, Тони Михајловски, Игор Дурловски, Владо Јовановски, и сега Тамара. Макар што, Тамара е детуле во споредба со дел од набројаниве, дали им стига до рамена. Ова што се случи, и со нив, и со неа, не е ништо друго до манифестација на мизеријата и бедата во која живееме. Еј, уметник да тргува со интегритет за дневница. Ви текнува на Весна Петрушевска? Не, не, јас стварно го сакам Коце, Коце е закон, јас со целиот мој актерски интегритет стојам зад кажаното, никој не ми платил за да го кажам ова. Истата таа Весна после некое време- Ми платија за да го кажам тоа. Курто, Мурто, па ете ја сега Тамара. Утре некој друг ќе биде. Химна не е песна. Вие што верувате дека Тамара навистина ги заборавила баш спорните делови од химната, би сакала да ја имам вашата наивност. Според мене, Тамара беше најобичен платен инструмент за да се опипа пулсот на народот, како би реагирал ако се менува химната. Епа, народот си кажа. На екстремно вулгарен начин, ама си кажа. Тргнете ги безобразните изјави на страна, за нив нема ни едно оправдување (не, дома кај мене никогаш така не се зборело) ама реалноста останува дека народот не сака да биде правен будала. Ќе се премине преку едно, преку друго, преку трето, ама до кога? Дечки, химна е. Тамара требаше да биде попаметна. Ама па, Македонија е ова. Живи били па видели, нема да ме изненади Тамара да се вработи на некое убаво работно место па сега да си го одработува. Бени Шаќири ситуација? Некој ќе лепи плакати, некој ќе пее погрешни химни. Тоа е, одамна отиде нашиот интергитет, тргнувајќи од најобичниот секојдневен човек до уметниците. Дали и се лутам на Тамара, дали сум увреѓена? Ич не сум, ама дефинитивно ја ставам во категоријата на политички “платеници“. Вака најискрено, галје ми е за Тамара, жал ми за сите нас што живееме тука.
@Nausicaa Убаво кажано Тамара се закопа заради политичка игранка. Нека ја снема барем до нова година од јавност за народот малце да ја заборави. Па да се обиде потоа повторно нешто да направи.
Едно не ми е јасно како успеала да заборави.. Па од 1во-2ро одделение се учи химна и што значење има до грб и знаме.. И да, едно не ми е јасно како на инструментал верзија од химната си дава дозвола да пее сосем друг текст место химна...???
Ау се претера ова со Тамара. Ај ако не спалете ја на клада на плоштад. Што злобен и нискоинтелегентен народ сме. Пцовки, клетви, вулгарности колку сакаш на социјалните мрежи. Ко Тамара да им е крива за сите проблеми у животот. Ми се гади најискрено, згрешила што згрешила, се извинила културно, за другото има институции нека си се позанимаваат ако мислат дека има основ за казна. Не ја сакаш, не и оди на концерти, не ја слушај, ама такви вулгарности и гадотии да пишуваш, па да и вмешуваш и деца е за секоја осуда. ,,Ороспијо продадена, семе проклето, мамицата ќе ти се расплаче од сега па натаму, семето ќе ти се сотре ‘’ и уште мал милион вулгарности и клетви од лица кој седнале зад тастатура, а од заден џеб им ѕирка бугарски пасош, зашто нели све патриоти. Да ти се огади зборот патриот од таквите, најискрено!
Абе луѓе, ни назначија човек што знаел да користи Експлорер, за вицепремиер и министер за политички системи и ДА ќе си зима плата од ваши/наши пари, а вие сте се фатила за таа Тамара па Тамара. Олабавете малку, и со Тамара и без Тамара сме мизерија држава енивејс.
Добро гледам по социјалниве мрежи и се чудам каков народ сме? Тамара ја сменила химната и што сега ајде обесете ја.
И тоа што викаш, знаме 25години немаме, за грб муабет не правам го мењаат на 3 години они за химна се фатиле
A i kakva vrska ima paradata pa ja mesaat u se ej prdnal nekoj a toa ne e od gravot od paradata e sto peela tamara i demek doagale stranci mislam deka tie kompleksi se rezultat na nesto mozebi se secretly gay ama strav da ne priznaat se fakaat na homofobija kojznae toa pa druga tema ali strasno iritira sto sekogas ke se najdat eksperti da mesaat se sto im zasmetalo u moment