Тамара Тодевска

Discussion in 'Групи и изведувачи' started by Ana3567, May 19, 2019.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,420
    Likes Received:
    227,705
    Gender:
    Female
    Па добро, поарно што ги Откажа јер тешко дека ќе имаше народ на концертите...
    Дека гнасно се изразуваат луѓето и те како е точно.
    Еднаш при една дискусија добив - мизерија си, катастрофа си и сл. А ни збор околу дискусијата. Јасно ни е колку е саатот.
    Пеачите се поврзани со политика колку и да се праат не се.
    Ако се сеќавате б. Ц. На времето колку го имаше напнато тоше...
     
  2. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    1,195
    Likes Received:
    11,999
    Gender:
    Female
    Од мала химната ја знам со делот Гоце,Даме итн. Ептен чудно ми падна кога ја слушнав во "грешката" на Тамара. Воопшто не верувам дека е грешка, повеќе ми мириса како нешто однапред договорено.
    Е сега, на секој оваа грешка различно го погодува, но за сите одвратни коментари се согласувам потполно со @RainBow

     
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Joined:
    Aug 28, 2017
    Messages:
    3,097
    Likes Received:
    6,714
    Gender:
    Female
    За амбулантските возила треба да се грижат министрите за здравство колку што сум упатена а не една пејачка, секоја година настапувавме на евровизија нешто некој рече ли? Па јавна личност е бе срцка секакви информации ке има од нејзин живот. А Каде е Филипче кој го руга? Што испоумреа луѓе од лошо здравство, утре недај боже ке отидеш операција да те прават за нешто ке згрешат и твојте химната ли ке ти ја пеат или ке плукат по здравството?
     
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    3,624
    Likes Received:
    9,806
    Ту, да реагиравме вака како народ на сите неправди ќе имавме држава ипол.
    Ама ете, најсилни сме на најслабиот, за жал.
    Тамарче нека им биде поука на другите како лесно власта бута луѓе под воз. Оние најкривите секогаш си седат удобно во фотељи додека некој друг е во оган за нивни цели. Ништо ново, и така функционира политиката во цел свет. Гадно.

    Само што ние овој револт треба да го изразуваме на многу други места. Што се голтаме и на крај Тамара го јадеше стапот. А останата багра ќе си продолжи по свое. Ниту од претходната гарнитура ниту од сегашната ниту еден политичар не јадел ваков хејт. А заслужиле многу од нив. Многу пати повеќе од ова.

    Тамара не е ништо повеќе грешна од еден куп подлизурковци вработени во општини, собрание...кои лижав газови по цел ден и климаат глава на се што ќе им се каже и сервира и лапаат плати само затоа што имаат партиска книшка. Некои од нив потпишуваат и донесуваат закони за се и сешто, работи што не засегаат во секојдневниот живот. Ама ете за нив не знаеме да реагираме бурно. Пеачката ни е најкрива.

    И не, не ни е Тамара таа која ќе смени химна.

    Don’t shoot the messenger
     
  5. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Joined:
    May 15, 2019
    Messages:
    314
    Likes Received:
    1,464
    Македонецот реагирал бурно на сите неправди овие 25 години, ама во сите случаи го кркал стапот. Колку ќотек изеде народов во 2004 за референдумот за територијална поделба? Се сеќавате на онаа снимката каде што ги маваа по гениталии со пендреци?
    За жал, ние сме банана-држава. Да имавме грам совест, ниеден пејач немаше да си дозволи да настапи под името ФИРОМ или Норт, ниеден новинар немаше да ги користи тие имиња. Одете во Германија и прајте ги сите овие глупости, па видете како се депортира назад во Македонија за 2 часа.
    Ама убаво си кажал Гоце, ние си патиме од нашите синови-изроди. Ако ја гледате нашата држава од страна, било кој наш иселеник ке ви каже дека сме пропадната држава со еден куп канибалци бо нејзе. Квалитетните луѓе се иселија, останаа само душманите да го доуништат тоа што останало за ситни пари. Гревови... па уште и ги браните во тоа и пак ги гласате. Но комент.
    А за евровизија... што толку се палите за таа манифестација? Ниту е важна, ниту влијателна. Одамна требаше да се откажеме од учеството.
     
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Joined:
    Jul 4, 2018
    Messages:
    3,686
    Likes Received:
    64,877
    Gender:
    Female
    Тој шеќер е.

    Команданти што живи дереа наши луѓе се сеа министри, спикери, куровмиленче функционери. Бивши вмро, сега први во сдсм (позз Крсто), покачување на цени, даноци, ни ги изглодаа коските. Субвенции за песни за УЧК, 300.000 денари му беа доделени за да пее на детето.

    Збор не се рече на социјални медиуми. Ама затоа Тамара е курва, ороспија, да умре, да и се сотре семката. Дедо со внука у скут и пишал голтај кур, дедо со внука у скут.

    И јас мислам дека погреши, посебно што без никаква претходна информација замени химна, ама никогаш, никогаш нема да се дрзнам онакви гадотии да и напишам.

    Ама не може по магарето, удри по самарот. Кога ќе се критикува за сите поддеднакво кои не пикнаа у живава кал, тогаш ќе праиме муабет.
     
    m.i.g, calliope, Doozy and 5 others like this.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,439
    Likes Received:
    40,660
    Gender:
    Female
    Ќе речат младите биле некултурни, искварени, црна била иднината на оваа држава со ваква младина..
    Милион статии ми излегоа на почетна на фејсбук, листам коментари и се згрозив. Сето луѓе во години, дедовци, татковци, баби и мајки. Какви гадости, безобразлуци, простоќа, клетви, да ти се огади животот начисто, манијакални мислења. Од млад човек не видов таков коментар. Џган од народ, кои за Гоце знаат само име и презиме, да ги прашаш во кој период дејствувал, каде и со која цел, нема да знаат да ти кажат, сигурна сум дека ни химната не ја знаат, а ете се издигаат од земја како биле навредени.
    Од таквиот џган пати државава, и едино кога ќе заминат од овој свет, може државава да добие проветрување и можност за напредок.
     
    fast_and_curious, Ahoy, m.i.g and 7 others like this.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,420
    Likes Received:
    227,705
    Gender:
    Female
    Па младите мора од некој да научат нели..
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,439
    Likes Received:
    40,660
    Gender:
    Female
    Младината е златна у однос на постарите генерации, во секој поглед.
    Немаат што да понудат достојно стариве, за да младите присвојат.
    При секој инцидент во државава испливува нивната ' старечка мудрост ' на површина и ти бидува јасно зашто сме тука каде што сме.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,103
    Likes Received:
    266,873
    Ја пуштија Тамара низ вода, испитаа пулс и тоа е всушност целата приказна.
    Некои работи се наложени и мора да се случат.
    Многу други битни работи се случуваат во државата, ама народ се бави со химна и Тамара.
    Во позадина оро весело се игра.

    Настрана што пола народ не знае кој всушност бил Делчев. Ама погрешна историја не учеа. Да не го должам муабетот, јас во химна би ставила други херои, Гоцето никако.
    Ама муабетот е скроз друг, и сега небитен.
    Позадината е пак скроз друга.
    И така, село гори, баба си ја чешла.
     
    galapce, m.i.g, DanceT and 5 others like this.
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Joined:
    Mar 16, 2015
    Messages:
    4,321
    Likes Received:
    55,370
    Gender:
    Female
    Тамара треба да научи, дека од кол на кол и на крај право кај неа се враќа. Поинаку не можеше да заврши нејзиното преметкање, очекувано беше.
    За неа доста членки порано многу пишуваа, што прави, како прави, со сите прави.
    А вие што пробувате да ја одбраните сега, сте исти како тие што ја бранеа порано кога беше ругана ради друга партија .
    Немојте да мислите дека сте нешто поинаку, модерни или посебни, во иста положба сте, само зависи кој е тема на дневен ред.
     
    didisi likes this.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2017
    Messages:
    1,752
    Likes Received:
    8,068
    Странците сметаат дека таа не заслужува такви коментари за химната (и со право донекаде додуша) но, не заборавајте дека странците не се едноставно во наша кожа и најчесто забораваат луѓето дека паричката има секогаш две страни. Јас исто така не ја оправдувам вулгарноста но, веќе некои спомнаа тука дека на луѓево им е дојдено едноставно преку глава. Премногу работи се случија последниве години, работи што во државите на странците ги немало и нема никогаш да ги има.
    А особено во овој период, кога и покрај неуспешен референдум за името се направи промена преку „задна врата“ што би рекле ние.
    Народов тука е толку лажен, манипулиран, оштетен на секое ниво, што странците немаат претстава како е тука да се живее. Колку само од нив изгубиле работни места токму поради тие манипулации не се ни самите странци свесни.
    И да, капак на се, поставија вице-премиер со познавање само на "Internet Explorer". И овој случај не е единствен. Вакви случаи имало и во претходните години.

    Не сакам да бидам сфатен погрешно, не ја оправдувам вулгарноста. Навистина не е во ред тоа.

    Ама Тамара требаше самата да си направи проценка и да види дали е во ред да се направи тоа или не. Макар и по налог на некој.
    И да, химната не се пее секој ден, но затоа за да не се обрукаш ќе се спремаш пред настапот. Исто како што сме се спремале пред испит за на факултет, така и ова. Така да оправдувањето дека ја заборавила химната зошто не се пее секој ден не е на место.
     
    Last edited: Jul 6, 2019
    zuto, DanceT, KateKane and 2 others like this.
  13. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Joined:
    May 15, 2019
    Messages:
    314
    Likes Received:
    1,464
    Судејќи по нејзината реакција, мислам дека Тамара во моментов воопшто не е ни свесна во каква валкана игра беше вовлечена и искористена како пробен балон. Ќе помине малку време да се симне прашината и дури тогаш ќе ја увиди целата игра. Колку професионално и го испраа мозокот, просто е неверојатно
     
    DanceT likes this.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,608
    Likes Received:
    18,699
    Дека грешката не е намерна е повеќе од очигледно. Но, сепак мислам дека некои луѓе претераа со личните навреди кон неа а со тоа и кон нејзиното семејство. Ако целта на властите беше со ова да се испита пулсот за промена на химната, тоа им успеа. Тамара беше жртвеното јагне во овој случај. Како и да е, таа требало да биде свесна што прави и барем овојпат да си ја стави честа и достоинството пред другите интереси. Овој пат претера и ги мина сите граници, сепак не треба на најдолен начин со напрости и најнавредливи коментари да се напаѓа таа како човек.
     
  15. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    919
    Likes Received:
    2,041
    Не мора да се грижи Тамара за здравството, но кога веќе народот ја прозва во таква конотација, можеше на многу по фин и академски начин да одбие, но таа одбра превртување очи и сместување на молбата во корпа со назив "безвезе".

    Не е само таа јавна личност, како прво, зошто толку небитни информации не се споделуваат за 80% од другите јавни личности кои можеби на тој начин и ќе дојдат до израз и ќе добијат на популарност?

    И друго, зарем Тамара сега се појави на сцена? Каде беа тие потенцирања на нејзиното име години уназад?Сплет на политички околности + Евровизија и донесоја на Тамара 5 минутна слава, која по се изгледа не знаеше добро да ја искористи.

    П.С. Ќе морам да искоментирам за ужасниот пост на Миа Костова. Не поради фактот што застана во одбрана на Тамара, не поради фактот што коментира како народот е неписмен а самата не чита како се изразува, туку поради подбивноста искажана со:

    "Ама вас к.. ве боли за сцена, за трема, за настап, вие грицкајте сончоглед и вртете по турите за Лептокарија за 37 евра 19 дена и искључујте ја климата од време на време да не троши.."

    Како да не се створи гнев и негативни коментари кон вакви објави ве молам? И после некои како неа ќе ми зборуваат за соживот, правда, рамноправност итн. итн.
    Препотентни снобови.
     
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Joined:
    Aug 28, 2017
    Messages:
    3,097
    Likes Received:
    6,714
    Gender:
    Female
    Јас секако ја подржувам Тамара нема врска тоа со што ке го кажам за Миа, мислам дека е многу искомлексирана се замислува дека е некоја Мерлин Монро хахах така ми се чини по сликите и тоа се Лептокарија може да го каже само сељачка да понижава мош 60 посто од лугето и повеке таму само можат да си дозволат. Немаат сите спонзор како неа, јас како што знам водителките не заработуваат многу во Македонија како што она се прикажува како живее она. Тоа за климата и Лептокарија за 40 евра ич не беше вкусно за една јавна личност како што таа се претставува.
     
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Joined:
    Aug 28, 2017
    Messages:
    3,097
    Likes Received:
    6,714
    Gender:
    Female
    Тоа Миа што го изјави за Лептокарија и климата не беше вкусно, немаат сите спонзор како неа.. :D Зашо наместо Лептокарија не е пишала ако и било смислата да каже дека у Грција летуват а глумат националисти, да каже Миконос, Лефкада, Скијатос баш Лептокарија и за 40 евра..
     
    vaga95 likes this.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,284
    Likes Received:
    146,008
    Мислам темава да се затвори. Тамара веќе нема кариера после ова, нека оди да работи со Миа на врата.
     
    zuto, ocicka2014, fana and 1 other person like this.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,909
    Likes Received:
    94,180
    Gender:
    Female
    Кај нас сите чуда за 3 дена.
    Ние колективна амнезија имаме за се што ни се случува.
     
    eli25 and mal.ecka like this.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    18,218
    Likes Received:
    125,014
    Gender:
    Female
    Таа ве плука вие мислите врни. Бог да чува (facepalm)
     
    zuto likes this.