Ова истово сакав да го кажам. И јас се чудам зошто им пречи одеснувањето на Тамара? 1. Како може некој да ве нервира ако не го познавате во живо? Што ви направила лично Тамара? 2. Немате ниедна личност во ваша близина како Тамара? Гласна, жива, полна со енергија? Нели таква личност понекогаш знае да ве насмее, опушти, расположи? На пример Каролина е тивка, нежна, смирена со исто добар, моќен и школуван глас како Тамара. Зар интересен ќе беше светов ако сите бевме исти? Ни таквите ко Каролина треба да се прават како Тамара, ни таквите ко Тамара да се прават како Каролина. На светот му требаат двете подеднакво за да има некаква рамнотежа. На што ќе личи сите да бевме исто сериозни или исто енергични? И не, не може некој да се прави како неа, ако не му е тоа во природа. Јас на пример и да сакам не можам да бидам толку енергична, луда, откачена, па колку и да сум фан на енергична личност. За амбулантни возила колку што разбрав рече дека нема логика да се крати од уметноста за да се купуваат возила. Треба владата да си има обезбедено средства за сите области, а не да им крати на едните за да им даде на другите. Си има башка буџет за уметници, спортисти, образовние, култура... Ваљда тоа сакаше да рече, а не дека НЕ ТРЕБААТ возила И таа е човек и мајка побогу....Не е монструм.
А бе види Џолке, океј е некој и да ја хејта ко што на некој му е симпатична. Еве мене ме иритира некако шо знам, нит ја познавам лично нит бутур, call me hater Ама коментари од типот ку*ва северџанска, предавничка бла бла се тие што бодат очи и што ми сметаат.
После целата таа еуфорија околу Јуровижн ја седнаа во кола и ја однесоа во најконтроверзната (моментално) телевизија кај нас, и и' поставија недоквакано прашање на кое даде одговор избрзан и недообјаснет. Арно ама "стручнните критичари" а.к.а македонскиот народ кој се' знае, го извлече тоа од контекст максимално! Дури имаше и коментари, цитирам "да даде Господ да ти притреба уште одма амбулантно возило и тоа за децата". Па дали е тоа нормално?! Секое министерство си има свој буџет и намена на средствата. Не може да се земат пари од општина Карпош и да се дадат на општина Зелениково, тие си имаат свој буџет. Дека требаат многу даботи на државчево, требаат. Дека тие 100 000 евриќи се' ќе решеа, жими ашим. Нејсе, на темава. Тамара е уметник, гласиште со големо Г, потекнува од добра музичка заднина. Од еден куп изведувачи, беше убедливо најквалитетно изведено. Една Мадона беше ужас во пеење во споредба со Тамара, иако Мадона продава шоу а не пеење. Од дете е на сцената, и секој настап и' е подобар од претходниот. Карактер експлозивен како неа или го сакаш, или го мразиш затоа е нон сенс да се расправате кој е во право. Мене воопшто не ми пречи, баш напротив. Темпераментот е тој, но и квалитетот е тој. Јас уживам во нејзината музика скоро сите песни ми се допаѓаат. Изведбите на кавери, сите до една! За мене е одлична.
Читајте што се пишува нццц Со ова, македонската претставничка Тамара Тодевска, наместо осма во финалето, сега е седма, со вкупно 305 поени, а според гласовите од жирито, таа е победничка во првиот дел на гласањето, наместо Шведска. Ова е рекорден резултат за Северна Македонија од првото појавување во 1998-та година. Тогаш бевме Р.Македонија алооо брее,сега сме Северна ново име,така да прв пат учествуваме со ново име,ке видиме на следните што ке направиме. Дефенитивно оваа супер пласман браво за Тамара.
Македонската поп пејачка Тамара Тодевска може да добие казна затвор од три месеци до три години поради нарушување на честа и угледот на Република Македонија и државните симболи. Според членот 178 од Кривичниот законик тој што „со исмејување намерно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна ќе се казни со затвор од 3 месеци до 3 години”. Тамара синоќа на приемот на американската амбасада по повод 4 јули ја изведуваше македонската химна. Но, таа во изведбата свесно го пропушти првиот стих од химната во кој се споменуваат Гоце Делчев и Даме Груев. Ова во јавноста се третира како обид за исмејување и непочитување на националниот симбол.
Претпоставувам сите дознавте за инцидентот што го направи Тамара, кога при изведба го скокна делот од химната каде што се пее за Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански (што е кривичен прекршок со глоба од 4-5 илјади евра). Сега читам на фејсбук па уште и као се извинува, демек несакајќи било. Кај неколку пати по ред ја понижува нашата држава, па со ова уште и ја навредува нашата интелигенција. https://www.facebook.com/tamaratodevska/posts/10157265426411113?__tn__=-R
Шо толку стегат со Тамара, некои шо убиле човек никој ништо не и може опнале и се ало женат аима 2 деца зашо да се трауматизират од некој ограничени умови? Деца има ало осет малце со омразата
Pa sto ako ima deca? Toa nema vrska so ova sto go napravi so himnata. Apla se gleda deka go smenila toj del. Dno dna.
Ај мајкати укличи некаде нека ја ругат курва, ороспија да видеш како ке ти биде на шо личе тоа? А тие па тоа шо коментират гледам големите патриоти сите со бугарски пасоши и на одмори у Грции..
Па можеби стварно го заборавила тој дел те и се извини. Многу се дига прашина околу небитни ствари. А и на македончето само успешна жена му смета и геј ништо друго. Тоа се покажа и докажа.
Луѓе испоукрадоа цела држава па толкава фама не се крена колку што се крена со Тамара. Океј е, calm down.
Абе или ке се дига прашина за некој од лгбт или жена ке се хејта друго нема шанси и кошаркарите како прво настапуваа со северна мк па никому ништо па и во влада беа кај Заев.
Успешна по кои стандарди?! И зошто да не се крева прашина па нели госпоѓата ни ја претставуваше земјата пред неколку месеци? Земјата на која не и ја знае химната а и ги троши парите.
Простото македонче е патриот само у вакви моменти. Неделкани цепаници сме како народ, еве со плукањето за (погрешно)испеаната химна сеа ќе се обогатиме и ќе живееме баш пристојно! Земала се чекирала ороспијата печалбарска од Нов Зеланд, пише по постот на Тамара срцепарателни постови како неа душата ја боли, не можела да спие од гнев дрн дрн, не си ја глеа сезоната на пајаци таму земала та пише коментари за лајкови да собере за егото да се набилда ! Пу јаз'к! П.с извинете ама и ја не ја знам целосно химната, ни нашава ни туѓа, ниту пак се интересирам да ја знам ! Исто и многу други, затоа не глумете! Сеа да ви дадат микрофон да ја изрецитирате, ќе ја утнете. Исто и онаа вторана неформалната химна ,,Македонско девојче". Ма марш...
Дигате прашина за небитни нешта луѓе затоа не не бива. Па за мене е успешна јас ја гледам како успешна жена, многу добар вокал, хитови има.