Еј џибери, уште ли вриете за ненамерната грешка на девојката ? Тамара намерно го изостави тој дел со МРО јунаците - НЕТОЧНО ! Зошто ? - Па ја испеа КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА, а Крушевска Република ги претставува сите оние јунаци за кои ве боли срце, душа, дунда и слично ! Зошто да го испее стихот со Крушевска Република а да ги изостави Делчев, Груев, Питу и Сандански ? Читај историја 8 мо одделение ако не знаеш што е Крушевска Република! Аздисани, ќе се истураат врз девојката за грешка кому секому може да се случи....
Секако дека е крива и Тамара ама има многу поголеми проблеми јас мислам секој греше, јас не ми е за верување за парадата какви коментари читав, значи глупости тоа треба да си психички јак да го поднесеш ако е на твоја глава. Има политичари во државата колку сакаш што крадат пари од нас кој и коментира по сликите по 500 коментари или ако коментираат ке ги наместат и оп во затвор како оние што го претепаа Заев. И мислам дека македончето само е силно на жена. Има 1000 мажи што ве крадат па никому ништо на Филипче со новиот закон да не земаа по сликите да му коментираат грди работи како посакување смрт на него на фамилијата како да не. Се обрнале на еден уметник.
Баш тоа дека е жена и дека е Тамара, ќе си го крка, а не дебилот Рашковски што местел тендери и речникот му е со пазарџиски формули и како што ги третира студентите како овци, така ја третира и државата, ама ете.... Инаку, сите вие што го цитирате тој дел од законот за измејувањето на химната, знамето, грбот итн итн, па кај видовте исмејување ? Знаете што е исмејување? - Да земеш со знамето да си го истриеш задникот, од химната да напраиш ремикс верзија и слично, Е ТОА Е ИСМЕЈУВАЊЕ ! А членот како член во законот си е прастар и си води конци уште од вербалниот титов деликт! И секако, не се почитува...
Ај да е политичарка ајде ама пејачка де бре луѓе кои ваши пари од евровизијата ли па секој агодина одат си пробавме среќата влеговме во финале. Груевски си ја летна од државата па кој пишува толку за него кој го руга, а не затвор да лежела за химна.
Добро , а каде е Груевски да леже затвор? Зошто не му коментирате по сликите по 5000 коментари погрдни каде што се потценува достоинството и вредностите на личноста? Само на жени знаете и тоа мајки.
Каква грешка бе нормални сте? Химната дете од прво одделение да го прашаш ја знае, а не па 30 и кусур годишна и тоа естраден уметник. Певачица. Ако не ја знаеш, не ја прифаќај понудата - просто е и безболно, наместо да се брукаш на велико. Ама сите пари што ќе легнат на сметка вака, се добредојдени. И онака таа се опрости од и така оскудната кариера. Тоа е.
Јас не ја знам Сум ја знаела у прво, ама сори Bohemian rhapsody ми е побитно да ја знам од збор до збор него ли химната. Небаре, секој ден ја пееме нели ? Не само јас, и сите околу мене не ја знаат на тој начин да земат да ја изрецитираат сега. И многу, многу други. За други држави, досега имало случаји да им утнат химни на натпревари, па замисли толкава џева не се кревала за прескокнати 2 стиха.
Тамара на виножитната евровизија пред милионска публика рече дека нема трема кога пее, а вчера пред 10 души ја фатило еуфорија на химната и тоа баш пред имињата на борците, и тоа во моменти кога владава им лиже гз на бугарите и е спремна сите борци бугари да ги направи. И очекува некој да и поверува? Тамара фино што се извини од дното на срцето, али само тоа и остана, дното.
Пошо не се одбираш од психологија, ете да ти кажам дека ТРЕМА И ЕУФОРИЈА се различни состојби и немаат воопшто никаква поврзаност. Кога имаш трема, си пренервозен но повнимателен, а кога си еуфоричен баш можеш поише да згрешиш! И зошто отпеа Крушевска Република што патем е колективност на сите тие дејци што ги утна, а нив не ? Офф топик: Не ти прекипи тебе више од МРАЗЕЊЕ и труење со фалш факти ?
Заклучок: се преиспитува пулсот на народот .. да видат сега до каде ќе се оди и со химната... па како што е ред народот и тоа ќе го апсолвира.. ова не беше ни стрес, ни еуфорија..ајде не сме мали деца ... а дека држава нема, како претходно што читам, па и тоа што остана треба да е се чува...дефинитоивно е платена за да сипее така, и веќе сите со тоа ИЗВИНИ не мислев ..мислат и тоа како знаат што прават... ме разочараа сите ...
Човече уште 100години Груевски ќе ви биде ноќна мора од уста не го вадите. За секоја направена глупост одма се почнува "ама Груевски..." Што ја прашуваш членката зошто не лежи дотичиуот во затвор? Прашај ја власта зошто не го затвори и зошто дозволи да им избега. На погрешно место прашуваш некој. И за него има погрдни коментари од многу личности. Нема врска дали некој е жена и мајка, ако заслужил да го коментираш ќе коментираш па ако сака и принцеза со10деца нека е.
Само да ви кажам, во рандом странски групи постираат за ова што се случи со Тамара, и ко и секогаш коментарите се против народот, и дека за ова не се реагира на овој начин, у глобала сите ја поддржуваат Тамара. Еве ќе ви пренесам нешто: И после другите ви се криви шо мислат дека сме само една небитна вукојебина во светот и дека нецивилизиран народ живее тука. Ќе успеете ваљда некој ден да сфатите дека од национализам не се живее. Нит од простатилук. Повеќе фама се дигна за една строфа химна отколку за криминалците што вчера ги прогласија за НЕВИНИ нашите независни судови со независни, непристрасни и некорумпирани судии.
Не е само до Груевски на криминалците и опростувате милиони што крадат дури и ги величите како господа. На Тамара наоѓаат мана, што може она да направи на државата господе боже а и ние сме слепи не можеме да видеме дека Тамара и Македонија ја виде цел свет и слушна за неа дури имаше и Ариана Гранде како реагира на песната. Тоа е голем плус за во Европа, а и песната укажува на феминизам на некои што не им е јасно така да јас мислам дека бевме супер. И Калиопи одеше на евровизија дури 3 пати од парите на народот па кажа ли некој нешто ?