Дали употребувате тампони за уши? Дали се ефективни? Какви видови постојат? Препорачајте некои квалитетни и ако знаете споделете како да се изберат правилните.
Јас барав во Eурофарм и Зегин ама само на Doctors имаа, не беа баш евтини. Не знам каде на друго место да барам освен аптеки
Околу 200 ден еден пар, не знам точно, не ме фаќај за збор, прашав уште тогаш кога ја направив темава
Пред неколку месеци бев на свадба, и имаше странци. Сите беа со тампони во ушите. Изгледа музиката не беше по нивни мерак. Досега никаде немам сретнато мислам така во очи да ми дојдат тампони за уши. Знам само декаа тие добрите тампони цените биле скапи.
Јас не, сопругот ги користи за спиење. Имај во предвид дека се големки и се гледаат во увото, незнам дали би ти било згодно со нив да шеташ надвор.
Може да ми препорачате тампони за уши?И дали добро си ја вршат работата.Многу добра ствар , морам да си набавам оти скренучу
http://www.howardleight.com/earplugs/laser-lite Јас ги користам овие со години, ми ги носи чичко ми од Германија. Ги има во скоро во сите фирми за ЛЗО, на пример во Дворник сум ги видела. Цената им беше соленка за пакување од 200 тампони, ама можете да се јавите и да прашате. Ова се најдобрите што ги имам користено до сега, а сум користела секакви, прав ветеран сум на оваа тема.