Tанга боксерки несакам не ми се пријатни и ич не ги носам освен кога имам добиено.а онака си ноам полутанга обично некако најудобна ми е
Боксерките најчесто ми се многу непријатни за носење, па кога веќе треба да се одлучам помеѓу танга или боксерки- секогаш одбирам танга. Порано многу носев, сега избегнувам. Носам само кога имам потреба
Во боксот се тепаат и жени Ај ти да те видам 24/7 носи врвца пикната во задникот, па маки мачи си со инфекции, алергии, јадежи и што ли уште не... демек машки се палеле на танга... е како да не. Па и да се палат, баш ми е гајле. А посекси е кога е малку покриено, не кога е се' на „изволте“. Секоја чест на девојките што сакаат постојано да носат танга, ама јас не би можела. Носев порано, сега 9 месеци воопшто не сум ставила, можеби и пак ќе носам, ама ептен кога морам. А за палење на сопругот - не ми треба тангата.
Е па вака--- за танга гласав бидејќи помеѓу танга и боксерки би избрала танга (ама не ја носам по цел ден нема шанса ) боксерки носам за време на менструација, а танга за вечерно, посвечено излегување, а обично си носам памучни гаќички
На лето дефинитивно танга нон стоп, а за на зима обични памучни, освен за некои пригоди нормално танга пак
Носам и танга и боксерки и најобични памучни килоти. Тангата повеќе ја преферирам на лето,под некои материјали каде се‘ др.би оставало лош впечаток исклучиво поради подобар визуелен ефект,ама факт е дека со душа го чекам моментот кога ќе ги тргнам од себе.Сум пробала со сите материјали чипка,памук,комбинирани ама ефектот е д сејм не поднесувам долготрајно носење,ми смета,дури и бело прање ми предизвикува некогаш. Боксерки сакам особено под фармерки многу ми се свиѓа како стојат.Тие ми се општо удобни независно од материјалот.Истото е со најобичните памучни килоти-ги сакам поради удобноста не само за носење,туку и поради сигурноста која ми ја дава памукот како природен материјал.
во посследно време боксерки и некој памучни гакички а танга кога морам.......неможе сега да облечам бели панталони и боксерки мора танга па и не ми пречат баш
Ти сигурно на страв го фаќаш, како шо си вака опасна на форум и му викаш “Ќе се палиш или ќотек? П.С. Шо е мачно мачно е мене боксерките коа ќе ми се потпикнат малце маки мачам хахахаха
Се си има своја и лоша страна така е и со тангата, сакав само да се надополнам и еден совет не девојките да им упатам, кој мене ми го даде гинеколог бидејки и јас еден период интензивно носев танга и ми се јавија некои инфекции. Кога бев на гинеколог ми рекоа дека тангата не е преопрачлива за секојдневно постојано носење бидејки не доволно го заштитува делот окулу вагината и на тој начин директно се изложува контакт со бактерии особено ако се носи лето време со здолниште, тогаш бактериите можат многу лесно да стигнат таму кај што не треба и да настанат инфекции и сл.
Комфор пред се. И јас сум за боксерици. Добра боксерица може да изгледа 100х попривлечно од една танга.
повеке сакам танга гакички, ама ретко носам понекогаш кога ке ми текне инаку редовно носам памучни гакицки, а избегнувам да носам боксерки, многу се некако непријатни
Највеке си ги сакам боксерките затоа што не се познаваат на панталоните а и убаво ми е кога ги носам се осекам некако стегнато.Не дека не носам танга али овие другите по ми се на душа
Факт е дека момците најмногу се палат на танга, ама за среќа не ми е целта секој ден да потпалувам по некој мажјак носејќи танга, си носам обични памучни гаќички. Во нив се чувствувам најудобно, ги преферирам и боксерките над тангите. Тангата е доста секси да, ја носам кога ми е неопходно, на бели панталони, фустани и сукњи каде што се се отцртува, кога сакам да сум многу секси, и за специјални изданија за во спалната соба
моментално носам само обични памучни гаќички поради бременоста(според мене во овој период се мора да е испрано на вриење и испеглано) инаку носам танга кога морам,највеке сакам боксерки и слип
Обожавам танга гаќички...Во секаква варијанта во сите бои,некако се чуствувам секси во нив...Инаку вака за секој ден обични памучни...А боксерките ми се некако многу непријатни незнам зошто...
Највеќе сакам танга ама ги носам само за специјални прилики или со одредени парчиња облека. Инаку најчесто носам боксерки најудобно ми е во нив.
Танга! Боксерки воопшто не носам! Поточно носам обични домашарки гаќи ,најчесто памучни,но понекогаш си носам и танга гаќички!
Мразам танги од дното на душата, не верувам дека би облекла во скоро време. Боксерки не поседувам, што значи не носам. Памучни гаќички, такви шаренки си купувам од Extreme intimo и многу си ги сакам. И да се надоврзам, посекси и позаводливи според мене се чипкастите гаќи, отколку тангите. Не ми се вкусните овие ич.
Боксерки во никој случај. Се чувствувам како маж и не ми прија. Вака за секој ден носам обични памучни гаќички во боја. Тангите ги имам повеќе на број од обичните гаќички, за мерак ми се. Иако повеќето баба ми ми ги купувала. Чипкасти се, и се во црна, црвена, сина,..бела, розевоа боја... Нив ги носам најчесто за вечерно излегување, и за специјални прилики во кревет. Кхм, кхм.