Обични памучни гаќички розевки, плави, шарени со цветчиња, срценца... Боксерки ретко носам, а танга уште поретко (скоро па ич, не се сеќавам во последниве 2 години дека сум носела). Сега се мислам за нова година што да носам на фустанчето за да не ми се познаваат рабови
Ма каква танга ко цеде залутано во задникот да имаш Златни боксерчина ми се иди да си го каснам газево кога носам
Танга не не сум облекла ама можеби некогаш ќе облечам не се знае малечка сум сега Боксерки дефинитивно
Предмалку кога купував градници ми нудеше продавачката во бутикот и танга. Ало брее, на жена ли ти личам? Никогаш танга не сум облекла, и не планирам никогаш да облечам. А ни боксерки не носам јас. Нее, тоа ми смета ептен на задникот. Не можам мирно да седам. И затоа само еднаш облеков колку да ги пробам и ги фрлив. Затоа, обични памучни гаќи со некое цветчиња, мечиња и сл. Друго, не.
И јас така и велев на мајка ми кога бев помала, таа млада и имаше огромна љубов кон долна облека и купуваше постојано, и велев како бе мамо можеш тоа да го носиш, сега како пораснав љубовта ми ја пренесе на мене.Првиот подарок од неа кога и стана јасно дека сум сексуално активна зошто имав дечко подолго време, беше комплет, црн, чипкаст од Лиска составен од танга подвезици и градник, тоа беше пред 3-4 год, а јас уште ги чувам и ми се најдраги.За по дома често носам боксерки или обични памучни гаќи ама за вечерно излегување скоро секогаш освен ако не ми е период носам танга, полутанга или некои секси чипкени боксерки.Мене едноставно ми е задоволство да носам таква убава и секси долна облека без разлика дали е за пред човек што се вели или не.Се осеќам посамоуверено, женствено и секси.Секако дечко ми е благодарен на мојата љубов кој секси долен веш Тангата знам дека е штетна по здравје, затоа гледам да е исклучиво од убави материјали и да не ја носам повеќе од 3-4 часа.Никогаш не спијам со танга и никогаш не ја носам за по дома, за факс и сл. Некогаш знам да ја носам и само за до кај него, ако сакам да го изненадам и сл. зошто знам дека и тој обожава да ја гледа на мене, така да не велите дека никогаш нема да носите, така размислувате дека уште сте мали. И да се надополнам не мислам на апла танга со една тенка пречка на средина, дебела колку конец, зборам за еден вид полутанга, што се малку подебели и однапред изгледаат како обични гаќички или памучни или чипкести.
Ни танга,ни боксерки. Со оглед на мојата пречувствителната кожа не ми одговара ниту материјалот,ниту моделот на овој вид долен веш.Преферирам само памучна облека.
Боксерки секако, но преферирам и танги. Имам танги во сите бои, па некако некогаш се чудам која да облечам. Тежок изор навистина.
Што се однесува до девојките секако преферирам девојки кои носат танга, тоа ги прави по женствени, додека боксерките ми се за машкоданки, а обичните памучни за баби. Сакам девојката за која имам интерес да е секогаш убаво облечена и да има на себе убава долна облека, без разлика дали е дома или за излегување, или за водење љубов. Правило бр.1 за оние што претендираат да бидат со мене секогаш да бидат средени, и чисти, секако тангата или чипканата долна облека се подразбира.
Танга ич неможам да носам, еднаш облеков и никогаш повеќе а боксерки обожавам ги имам во сите бои и ги комбинирам со иста боја на градник или маичка.