Во последно време, посебно во летниов период, параглајдингот во Македонија станува се повеќе популарен. Охрид, Крушево и Скопје се местата од кои може да се проба овој авантуристички спорт. Дали некој од вас има летано? Какво искуство имате? Јас многу сакам да пробам но имам страв од височини и се плашам
Тоа е нешто што планирам да го направам во најскоро време и тоа не било каде туку на Галичица. Ја обожавам планината а и одозгоре има феноменачен поглед на езерото. Не би било тоа тоа нигде на друго место, ни Скопје, ни Крушево.
Многу би сакала, не се плашам од височини. Сигурно е преубаво чувството и погледот од горе. Некој да не е информиран за цените кај нас за возење со параглајдер?
цените во сезона т.е во лето кога има туристи се 80 евра за еден тандем лет, а инаку зависи од тоа колку ќе се договориш, поефтино е. Јас земам часови за параглајдерство т.е тренирам така да речам само немам почнато да летам тандеми. Мојот инструктор и останатите од тој клуб вон сезона земаат околу 2000 денари, а можи и за поефтино да се најди, зависи до летачот. Инаку во сезона речиси сите параглајдеристи се во охрид зато што таму има туристи така да таму многу лесно можите да најдите за тандем летање. поздрав
Сега е сезона на тандем параглајдинг па цените се повисоки. Имаш опција и преку Групер или Купи на попуст, на пример, ама се чека повеќе. Самото летање е едноставно, нема нешто посебно што треба да се знае. Сета работа ти ја објаснува инструкторот кој ќе те лета. Јас само би ти препорачала добро да се информираш со кого ќе леташ, колку е искусен пилотот, а со тоа и безбеден летот. Убаво доживување во секој случај, каде и да леташ.
На групер има купони за летање со Мендо Вељановски Ако сакате само да се надевате на лет и никогаш да не ви се оствари желбата.... бујрум, купете си купон за со него Јас топло Ви го препорачувам Тито https://www.facebook.com/toni.naumov.5?fref=ts И за крај Нема поубаво чуство од акро лет и самото тоа да си 2000м надморска висина
Не најдов друга тема, оваа е најблиску па и може некој ке ми одговори.. Летам веќе подолго време со параглајдер и препорачувам на сите што имаат желба и немаат страв од висина Сакам да отидам на следно ниво, дали некој знае дали и каде има тука низ Мк скок од хелихоптер, со падобран нормално?