1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, ама не дозволувај да те манипулира, од плачење за глуппсти грчеви не се добива. Ако те научи дека го сожалуваш или му угодуваш со се, цело време ќе имаш проблеми. Децава се опасни манипулаторчиња, начекаат ли шанса, после тоа сме готови :@.
    Потрудисе да имате еднаков став со мт, да не осети никаде лабаво и слабост.
     
    На LaDyDoLl и azelea им се допаѓа ова.
  2. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    66.871
    Пол:
    Женски
    Кај нас сега актуелно е сама да се мава по глава. (facepalm) Чим нешто и забраниш да фаќа, или слушне НЕ, одма се тепа со двете раце, па легнува на земја и мава со нозете. Има само 18 месеци, можам да замислам што ме чека понатаму. Се си велам како ке расте подруга ке е ама од што ве читам страв ме фаќа. Денес си игравме во двор а утрово врнеше дожд, и здогледала едно црвче од тие дождовните дебел, гаден и го фати готова беше да го лапне среќа ја видов одма ја удрив по рака го пушти. Одма се налути се фрли на земја и почна да вика. :doh:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    22 месеца има синко апсолутно за се што ќе му речам НЕ се треска со главата кај стигне има модринки еден тон на неа. И за се нешто плаче кога ли ќе заврши се прашувам. Голем инат е мои маки големи.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.455
    Допаѓања:
    184.207
    Пол:
    Женски
    Само не попуштај, инаку тантрумите знаат да преминат во однесување. Ќе почне за сѐ така да ти прави кога ќе бара нешто.
     
    На LadyC, ilyan и TutiFuti им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.948
    Пол:
    Женски
    :rofl: не е смешно ама ме насмеа описот дебел гаден. Ако ти е за утеха мојот сакаше мртов врабец да јаде во двор на градинка. среќа го видов пред да го фати ама оди и му прави аммм
     
    На TeddyGrey и M&M им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.450
    Допаѓања:
    37.711
    Пол:
    Женски
    Значи време ми е да се префрлам во оваа тема.

    Прашањето ми е дали да им се дозволува нешто за да ги избегнеме тие тантруми иако одговорот е повеќе од очигледен.

    Синоќа да прошетаме и мораше да се вратиме да го пипка стаклото на еден бутик да ги гледа куллите ( ќе помислат грабеж смислуваме). Дали можеби подобро беше да ја оставиме да плаче да не се враќаме? До сега ја научивме дека ќе добие се што сака.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.455
    Допаѓања:
    184.207
    Пол:
    Женски
    Само ќе ти кажам, дека со тек на време ќе се пресрамите од плачењето на детето во јавност :) Некогаш е тантрум, некогаш е "обична" фрустрација, некогаш испитување авторитет. Со тек на време ќе научиш што е што, и ќе знаеш соодветно да реагираш. Како плаче, колку плаче? Се витка наназад, легнува на земја? Или само плаче гласно?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.097
    Допаѓања:
    154.804
    Пол:
    Женски
    Мојава е во фаза на бирање облека т.е. не сака да облече скоро ништо за дотерување, се закачила за 1 пар фармерки и неколку тренерки. Откако ја убедив да облече маица со кратки сега нема шанси долги да и облечеш, успеав да ја наканам бермуди да стави, па си има 2, 3 пара и ништо друго. Ми е жал за еден тон фустанчиња со етикети ми стојат или еднаш облечени, нејќе да чуе. Среќа имаме женско бебе у блиска фамилија па имам кај да ги дадам. Мерак ми е да ја дотерам а она шета ко парталче у сите можни бои :)
    Тантруми има на моменти, најчесто пред и после спиење. Некогаш се соравуваме лесно некогаш е ужас. Баш во др тема нешто се дискутираше за реакции на родители со збеснати или расплакани деца во јавност. Колку е друго кога гледаш од страна одколку кога си директно вклучен во тие драми. Баш пред некој ден во ох, стигнавме до еден кафич каде што она сакаше поради лулашките, ама нешто не беше расположена и почна за сенешто да се лигави. И сржев и подвикнав ја фатив силно за раче, многу ме изнервира и неможев да се воздржам, имаше едни луѓе на другата маса којзнае што си помислија, жив срам да те изеде. Продолжи да плаче да се лигави, ја земав во раце ја однесов позади кафичот и седнавме и викам ајде исплачи се и кога ќе се смириш ќе се вратиме назад. Пробуваше да ме удира, она замавни ја фати рачето, и така едно 20м. Имаше луѓе околу ме гледаа малку чудно. Јас си ќутев, виде не виде на крај си ги избриша солзичките ме гушна и вика еве се смирив ќе бидам умна ајде да одиме таму. Знам дека е ова најдобар метод ама не можам зекогаш да се воздржам. После имаше 1 саат плачење дома зошто брат и седел до неа да гледал цртани, и го земав тел.викам ако не го пуштиш бато нема ни ти да гледаш, најмногу ме нервира кога ништо не му дава сирот нонстоп и попушта, плачеше буквално саат време, повеќе беше рензање него плачење, ја оставив, ја игнориравме сите се смири на крај. Фала богу не е многу често ваква, некогаш успевам и со уцени да ја убедам, на пр не ти ја давам играчката додека не се облечеш, ќе се намршти и ќе рече *добо ќе се обечам*, ама некогаш се инати до крај. Кога е нервозна како да си бара причина за плачење затоашто и треба да си се исплаче и се е тоа ок само кој има нерви да издржи. Примери мал милион можам цел ферман да напишам :)
     
    На 24.07, azelea, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.765
    При т.н. тамтруми да нема попуштање.
    Тоа е најбитно.
    Зашто доволно се паметни за да ја укапираат слабоста на родителот и да ја злоупотребат.
    Знам дека е тешко кога глумиме љутина или рамнодушност ама сум осетила дека барем кај мене тоа е лекот.
    Плачела?
    Нека плаче.Таа си плаче јас си мијам садови (иако ми доаѓа да ја земам).
    Татко и го земала под ног,попустлив е.
    Јас не дозволувам.
     
    На TeddyGrey, Shelea, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    38.902
    Пол:
    Женски
    Потполно точно кажано, се согласувам целосно!
     
    На gjoker4e и referentka им се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.455
    Допаѓања:
    184.207
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот со тантрумите, не се работи секогаш за попуштање или непопуштање. Тантрум може да се јави и како последица на некоја фрустрација на детето поврзано со нешто што сака да го направи, а сѐ уште не може или воопшто не е возможно. Пр. нешто поврзано со фина моторика, или зошто не може да го допре Сонцето, или зошто се мокри прозорците кога врне итн. Е тука, нема што да не се попушта. За нас тие фрустрации изгледаат нелогично, но за децата се сѐ уште апстрактни поими и тоа знае да ги исфрустрира до степен на тантрум.
     
    На TeddyGrey, mal.ecka, Kaetana и 8 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @NarCis@ се согласувам многу со тебе.
    Сум го игнорирала за некои работи и јас, ама тантрум не е секогаш за работи што сака да ги добие или да ме манипулира за нешто.
    Многу ми е жал ко ќе се нервираат и плачат за невозможни работи, тешко им е да разберат дека не може нешто да се направи, или дека работите се такви какви што се. Е во такви ситуации уште да го игнорираш фали. Јас тогаш му зборувам, го гушкам ако е возможно, ќе пробам да го залажам со нешто друго, а мм знае да подвикне и уште толку да ја влоши ситуацијата за што многу му се лутам и не се согласувам.
     
    На mal.ecka, Kaetana, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Тантруми..
    Мајко мила.Големиов е лудница или поточно беше лани сега се потсмири малку.Почнувајќи од трескање глава лежење и валање по земја па викањр па урлање и во продавница се што ќе посака...сега повеќе разбира и на моменти се лути и сам се затвара во соба и после се смирува.
    Во парк,и други јавни места кога прави така само стиснам за рака и правец дома.
    И многу пати го оставам и да се исплаче и сам да престане.еве сабајле станува од спиење и одма плаче зошто и јас незнам плачеше точно 45 мин после сам се смири и вила толку паце матеј се избриша и ме гушна.
    На моменти губам и нерви и се и му се дерам и викам или плеснам некогаш има ефект некогаш нема ама од такт ме ваде.
    А малово сега дури на 18мес.почнува да се лути или да враќа на брат му кога не му дава играчки или го закачка а тоа е нонстоп или кога се лути ако не му дозволам нешто легнува на земја и лежи така ама го оставам и за минута две сам станува.Мислам дека помалово нема да е до толку како брат му.
     
    На 24.07, azelea и M&M им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.455
    Допаѓања:
    184.207
    Пол:
    Женски
    Затоа велам дека сите тантруми не се исти, а што е жалосно повеќето ги поистоветуваат со испитување авторитет и разгаленост. Затоа родителот треба добро да процени за што се работи и соодветно да реагира. И да, во такви ситуации кога се работи за нешто непојмливо за нив, никако игнорирање, а уште помалку викање.
     
    На Kaetana, 24.07, sanja.burgundy и 5 други им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.455
    Допаѓања:
    184.207
    Пол:
    Женски
    На mal.ecka, LadyC, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.450
    Допаѓања:
    37.711
    Пол:
    Женски
    Ми олесни. :whew:
    18 месеци и почна многу силно да се удира по главата. Мм рече денес под итно на лекар да одиме ама добро е, значи не е само нашето. :whew:
    Ама толку ми е жал да ја гледам како се удира. И баш така се удира ако сакала топката да ја ставам на едно место, а јас сум ја ставила 1 милиметар понастрана. (facepalm)
    Деца. :hug:
     
    На NarCis@ и SofiMar_ им се допаѓа ова.
  17. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    66.871
    Пол:
    Женски
    Еве да те утешам, наполни 2 години и веќе не прави така. :D
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fila123

    fila123 Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, тука сум нова и се надаевам дека тука можам да си ја искажам макава и некој да сподели совет и искуство со мене. Имам ќерка 2 години и 2 месеци, чекаме и друго бебче за фебруари. Вака дома сега за сега живееме заедно јас, маж ми, свекрва, свекор, брат од маж ми, јатрва и нивното 8 месечно бебче, и баба. Ќерками се роди плачка, мислам како викаат има и мирни деца и плачливи, мојата е таква ден денес е плачка, до година дена беше хаос не сакаше никој да видит не сакаше со луѓе од сите плачеше, сега е супер зборува све и свашта знае да те продајт, ама сега во последно многу се инаетит, само плачит за глупости, јас одам на работа и ја чуват свекрвами, кога ке се вратам ко ќе ме види почвит да плачит, падвит на земја ова она дур се смирит ехеее плачки, после некое време ако нема нешто што ке побара во моментот, или нешто што ке и дојди на памет, почнуват да плачит, легвит на земја, мават со нозете, кога ке ја земам од разлутена почвит да мават по мене, да ме кубат за коса, 2 пати и имам шамар мавнато од што ме ваѓа од такт, буквално има све од све задоволена све и едноставно си плачит од така од инает можда, кога ќе почнит да плачит, одма почнуваат коментарите од свекрвами( доста плачиш, по цел ден само плачиш, како не ти е мака, глата ни ја потече), од јатрвами ( почна пак да рикаш, голема си сега само рикаш, видиги овие не плачат, оние не плачат) не дава играчки на ќеркаи и на некои други кога ке дојдат, како ке и дојдит така и пак коментари од сите( и тебе нема да ти давет играчки, никој не те сакат дека плачиш. само плачиш за безвеса, дивурија си, треба да се спитомиш),и така ке ја земам со плачење ќе ја однесам долу на другиот спрат во друга соба и сами ќе се смирит, ќе си играме со играчките ова она, само да не им смета, а кога ке одам во чаршија со маж ми , е значит премирна, каде да одам одам со кеиф, си седи ке јади, ке си игра ако и купиме нешто во ред, ако не пак во ред не бара ништо супер си е, кога влегвиме дома почват инаетите и да плачит, и така си легвам секој ден со нервози ке се изнаплачам и ке си легнам, најмногу од тоа што неможам да слушам веќе како сите викаат по неа, све негативно никој убаво не и кажуват, Еве пред некој ден кога си ојдов дома, ојдовме во спалната си се гушкаме си зборвиме(многу е паметна све знае, све разбира,нонстоп со неа си прам муабет, ама ете таква е плачка и се инаетит) и ја прашувам, што праеше со баба и, што јадеше, каде беше, све ми кажуват, и ја прашувам, дали некој те караше и ме гледат и почви да плачи, после и викам кој те караше и ми вели никој не ме кара, умна сум. дали можеби така и дојде како дете,или само моја претпоставка, дека можеби таква е од што сите така и викаат и зборуваат негативно,и инаетит уште поќе,или е само фаза и дека брзо ке помине...ете тука да си ја искажам маката, и како бе на дете од 2 год уште со памперс му замеруваш дека не и давало играчки и му се лутиш него или незнам, ама има деца што на 3 год не зборуваат ништо, моето ако зборува све како голем човек, не значи дека можит да те разберит за све, незнам или можеби јас грешам некаде, а за тоа дека е рагалена е, и тоа најмногу од свекрвата, што само да не плачи све ке му дајт, што да му речи таа ке напрајт само да не ја слушаат кај што плачит.... извинете вака на долгово пишување;(;(
     
  19. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.172
    Пол:
    Женски
    Мала утеха за сите, по 4 год скоро се му помина на синко мој, а беше мн со тантруми.
     
    На TeddyGrey и gjoker4e им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.450
    Допаѓања:
    37.711
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на едно 2-3 годишно девојче во парк. Тоа цело време плаче. Ако седне некој на клацкална тоа плаче, ако дојде некој тоа плаче, буквално за се плаче...
    Ама кај вас плачењево кажа само дека кога доаѓаш од работа и сте сите заедно како што сфатиш. Да не сака да ти каже за нешто што ја мачи... Разговарај, разговарај, кажи и дека тебе се треба да ти кажува, прашај ја зошто плаче...
    Кога наброја колку луѓе сте ми се сврте.
    Кажи им на сите вооошто да не коментираат кога ќе плаче за да не плаче повеќе.
     
    На NarCis@ и WildMk им се допаѓа ова.