Ние имавме страшен период, посебно ноќе. Со зајдување, станување на 10 мин. Дење беше неподнослива, за се се трескаше и зајдуваше. Еве ноќе сега е ок, дење само ако и земеш нешто се преправа дека плаче. Дали поминаа или ќе се јават пак, не знам. Се надевам нема. Ама мислам дека се смени откако тргна во градинка.
Леле мајчичке читајки вака малку се утешив,иначе готово не знам кој пат да го фатам.. Фала богу по гости или по продавници не прајт така,ама дома е неиздржливо.. То ко ке фатит да се врескат земјотреси се дешавет,море зборвење,игнорирање,ништо не помагат,ама зато тука се баба и дедо и одма намити,е не можам никако да им објанснам на луѓево да не му дозволувет се и сешто ама џабе!! И секој ден кавги со старите јас немојте тие ако дете е и секој ден во круг се вртиме дури во глава ми се имат завртено.. Не знам појке шо да напрам.. Се надевам дека овој период ке поминит за брзо иначе јас готова сум..
Керќа ми е 21+ Почна последниов период од месец два да биде многу плачлива,инаетлива и да тера по свое и мајка и да ја управува на секој можен начин. Плаче по мене неможам до вц да отидам,во раце ми е цело време како бебе кога ја носев,трча по мене од соба во соба и само мамо. Плаче ако нешто во собата е поместено а не стоело таму,плаче ако носам некоја блуза што никогаш ја нема видено ми вели да се соблечам,не дозволува да пуштам тв,да јадам,да седам како треба,каде и како таа кажува прво па потоа,ако седне татко и на креветот кај што спиеме не му дозволува,кога ми дојдат гостинки се лути кога зборувам сонив ми вели да молчам и плаче,плаче ако неносам чорапи,папучи(зошто често носампо дома) ако нејзината облека не и е на место мора веднаш да ја носам, мама тоа да направи,мама ова..играчките ќе и ги собере татко и таа вреска ги расцрла и вели мама собере..незнам милиони вакви работи!!! Нормалноли е ова и чаре? Пробував да ја игнорирам некое време нема ефект потоа неможам да ја смирам цел ден, кога ја карам се лути вреска и ме удира така со рачето ми заманува како демек ме удира што ја карам,и објаснувам,зборувам но не. Што да правам ова некојпериод ли е или такво ќе си биде детето.
Од кога почнуваат тантрумите? Синко е 1 г и 6 м (за 10 дена). Значи не можиме да излезиме меѓу луѓе со него, се сака и ако не му дадеш вришти дури го држи гласот. Не беше ваков и по цел ден сум шетала сама со него без проблем седел мирен во количка. И плус прооден е пред месец ипол и веќе трча, само ни бега сака да се крија, апсолутно се сака да дофати да турни и многу вришти, сите погледи се вперени во нас. Се надевам период е утешете ме. Нема да можам никаде да излезам сама со него.
На време сте за тантруми Расчитај ја темата, па така и ќе си одговориш на некои прашања од тукашните искуства.
Ние сме у фаза на плачење и легнување на земја, па тоа е драми невидени, солзи река, кашла се дави, едвај дише, нагони за повраќање. И тоа за што, ако и кажеш нешто макар и на смирен начин. Се случува и да и кажеш дојди ваму и да се разлигави. Глумица невидена... за 5 секунди после почнува да се смее. Ама како жално плаче, леле леле... мислиш се акнала некаде.
Да се пожалам пак, тантрумите се зголемуваат. Се фрла на земја, ср што ќе и дојде при рака фрла со сета сила, а и два пати до сега се скубеше и тоа прилично силно. Значи нема вакви испади секој ден, ама пак има. Сега е во фаза кога почнува да сврзува зборчиња. Почнува постабилно да трча, прескока, да се качува. Приметив денес дека сите песни што ги слушала го знае текстот, цел. Не зависно на кој јазик. Па така си пее а ла јууу дали е можно да и е од развојот некој скок, па да покажува некој револт зошто не ја разбираме. Јас не попуштам, обично пробувам да и одвлечам внимание со некоја друга активност, како пеењето прееска. Да ми донесе нешто, да ми помогне нешто. Било што друго освен она што го бара. Но, исто така сум приметила дека почесто се јавуваат кога е заморна, односно, таков напад има посебно кога и се спие. А нели нормално неќе да легне за да спие. Колку време траат тантрумиве? Пошо кај нас доаѓаат во бранови, нр знам кога што да очекувам. 2 месеци е супер па 2 е хорор. Еве пак почна да не спие како што треба. Во градинка е супер, спие, јаде, си игра, весела е кога ја зимаме, не плаче кога ја носиме. Ми ја пофалија дека се внимателно слуша и впива. Не е ни насилна, ни немирна. Сосем друго дете. Совет некој?
Веќе е преморена и затоа и не знае што со себе. Порано легнувај ја. Со преморено дете нема разбирање.
Макс 9 е заспана. Обично кај 8 ја успивам. Ама мора да и ја погодиш секундата кога и се спие, инаку тешко разбирачка.
Пробај и порано малку. И мојата е иста ако закасниме со ритуалите за успивање ептен е тешко после. Плаче преморена и не може да заспие. Затоа гледам и порано да е, ќе се провртка по кревет, ќе прочитаме плус приказна, ама битно нема да се премори.
Па искрено не гледам точно колку е саат, и 7 да е... ако и се спие ја успивам. И да не сме дома ако и се спие, спие. Најчесто кај 7:30 дава знаци и одма пижами и во кревет. Али етее. Некад на мочање да отидам и толку од редот и мирот.
И тоа ми е познато, плаче и ми вика не може да мочкааааш. Имај и на ум дека во градинка е прибрана и умна и веројатно дома веќе и доаѓа да се истури. Гушкај и објаснувај кога ќе можеш да се разбереш, одвлекувај внимание и тоа е, ќе помине.
Еј, некогаш се газиме од смеење.. Пред некоја ноќ, вришти, станува, оди, а спие.. Абе шо убав муабет ми напраи.. се ми кажа... Јас ја гушкам, ја прашувам, а таа на се има одговор. Па уше и у сон ме лаже... Децааа, децааа копкааа дај, нее.. Викам сакаш кај децата мама? Дааа, неее. Те удрија, даааа. Каде? Тука(и покажува на глава). А викам дечко имаш, даааа. Го сакаш даа, колку мама? Моо ... Лаже суши, се нема пожалено дека некој ја удрил. Од градинка викаат не бре сите сам по сам си играат. Ама ептен смешно ми беше каков муабет ми напраи. Све побара и у иста секунда одби. Кој знае што сонуваше.
Ќе побудалам од овие тантруми... Дали при нападите на бес ви се случуваат да имаат чуден поглед? Дури и во спиење некогаш се случува. Ја носев на психолог, на невролог, еег направивме се е уредно, ама мене не ми изгледа така. Ноќе е малце подобра деновиве. Не дека спие ама не вришти, ќе закенка, ќе ме побара, изводи вака сакам така сакам... Ама дење е ужас, до сега беше само дома, сега почна и надвор. Денеа ме изгреба на лице. Нит може да се оди некаде, нит некој да дојде... Неќе да се облече, плаче, неќе да се соблече плаче, не дава гости да си одат плаче.. На гости ќе е ок, ќе си игра,ама неќе да си оди. Примеров од денес, шетаме, ми вика не сакам дома... Викам па кој ти рече дека одиме.дома, нели шетаме... Ама џабе, се запна не сакам не сакам.... И нај јак тантрум до сега со легнување на земја... и прв надвор од дома. И требаше долго да се смири. Се ми е борба со неа. Не е ова од.разгаленост, повеќе ми делува од инат, зошто знае да збесне и ако и помогнам да облече чизми на пример. Јас више се шлакнав, ако има некој дома ви моментот се тргам зошто сум пренервозна. Добро како ги издржавте? Ако траат до 4 години, сигурно ќе завршам во бардовци.
Не знам колку год. има, ама ќерка ми беше иста од 2 ипол до 3 год. Мислев дека ке полудам, лежеше на земја, вриштеше, без разлика дали сме дома дали излезени. Сега е 3 год и 3 месеци и малку посмирена е и многу ретко се случува ама инаетот уште си го има. За се ми оди контра. Пример, и давам млеко да пие, исклучиво од фрижидер пие, и и велам ладно е многу? Вели не, топличко е. Ке и кажам ајде да излеземе негде да шетаме, вели нејкам, ок велам дома ке седиме, и одма НЕЕ сакам да излеземе. Буквално за се се инати. Невозможно е да не се изнервираш ама мора да се остане смирен во тие ситуации, или барем преправај се дека си смирена. Приметив дека кога ке види дека сум изнервирана уште повеке сила зема, а ако гледа дека не постигнува ништо ке престане. Пробај да и го свртиш вниманието на нешто друго за време на тантрумот. Период е ке помине, знам дека е тешко ама тоа е, јас не најдов друг начин да се справам. Мислам дека на 3 години се најлоши од досегашно искуство.
2год и 3 месеци е... да е инат само добро е, до повраќање стига некогаш а знае и тт да крене. Инаку да инат, сакам чај, еве не во тоа шише друго... а предходно си ја понуудил у тоа не сакала. Сака сама се, па недај боже да се понудиш за помош... драми Ама секојдневно е веќе и исцрпува.. И ја гледам ко да ми се губи при плачењето, тоа ме секираше.
^И моето е исто. Вака кога знам дека не е само моето не се нервирам воопшто и сум смирена. Еве и сега бевме да речам на "фамилијарна вечера" и една особа и вика земи лажица за супата и она зема вилушка, друга особа и вика не со вилушка и она зема со раце. А да не и речеше никој ништо од прва ќе јадеше со лажица. Ако се изнервирам се инаети со поголем замав. Ако и се намократ чорапите и и речам да и ги пресоблечам нема да сака. Ако не и речам ништо сама ќе ги соблече. Се сака сама да прави ама па во градинка ги учат се сами, јас ако и се мешам ќе бидам контра од градинката. Дури и да прави нешто погрешно и викам браво што сака сама и и покажувам како би требало или како би било подобро. Или и покажувам нареден пат за тој пат да не и ја уништам енергијата дека знае сама. Не се замарајте многу и само смирено. @SofiMar_ Сакаш да кажеш најтешко кога ќе наполни 3 години? Ја очекувам на 3 наеднаш се да биде ок.
Ја за тие тантруми на предавања одев. Пред да почне , скренување на внимание. Ако веќе почне тотално игнорирање, скроз. Ова ми е совет од психолог. Со секое зборење уште повеќе се засилува. Тешко е многу, не дај боже да е надвор од дома, ама тоа е. Ми се случило да биде надвор пред зграда или во маркет, еднаш на плажа пред куп луѓе. Изнесувам во рака, го носам во безбедна зона и таму игнорирање. Со време ќе попуштат. Кога ќе заврши тантрумот многу долго време се гушка ме, ако сака да збори он за тоа што се случило ,да. Ако не, не му набивав чувство на вина, од типов ваков си, таков си, зошто, зошто. Најдобар совет го добив за она што кажуваш одиме на гости и не сака да си оди. Или шетаме надвор и не сака дома. Временска одредница му давам дека е при крај , всушност го подготвувам да не му дојде нагло. Пример си одиме уште 10 минути, после си одиме уште 5. На крај си одиме. И не чувствува дека промената доаѓа нагло. Некогаш тие 5 мин се по неколку пати ама нема врска, важно без скандали си одиме.
Изгледа кај сите исто. Омилен збор моментално Не и Нејкам. Посебно со заспивањето. Очи и капат, таа упорно нејкам да спијам. Добро и викам ќе лежиме на спална. Нејќам да лежиме, сакам да седиме. Па нејкам на спална, нејкам во креветче, со запалена сијалица, па не изгасната да е. И така до недоглед. И со акање од земја, надвор ми се нема десено ама дома редовно. Легнува на под, плачи вришти и мава со нозете. Тогаш ја игнорирам. Па од време на време ќе крени главата да види дали ја гледам па пак продолжва. Сега најново и е оди во спална легнува на спална и таму вришти сама. Кај нас досега игнорирањето е најуспешно. Па кога ќе се смири сама доаѓа и ме гушка.