^ да откако ќе пројде таа е цела испонасмеана, се гушка бацува... Културна фина.. мислиш најпослушно дете на свет е.. Мама, може ова? Мама не можам ова помогни ми... Мама може нешто да јадам? Ако и дадам нешто културно вика фалаа, па чека да и кажам нема на што. Амааа, тоа може пак за 1 секунда да прерасне во тантрум
И ние поминуваме ваква фаза како на @Цвет88 @SofiMar_ @gjoker4e и останатите, ама буквална фаза како на цвет. Ужасна.... Мајка, само ќе ти речам не си сама. Што викаш дека и да е ако не мине ќе завршам на нервно или не знам каде. Чинам и @danichap ја читав за фазава со нејзината. Мојот за 2 недели прави 3 год. Катастрофа сме моментално и еве веќе и трае и трае ... Поздрав и подршка.
Речиси да нема мајка, дете кое не минало низ ова. Тантрумите се до кај 3,5 год. Ова од мое и околината искуство. Само игнор!!! И јаки нерви
Денес стана, не сакаше во градинка. Јас си ќутам, ја остаив... леб сакала да купи. Добро викам, ќе купиме. Но мора да се облечеме... нормално сака сама... ја оставив се облече со мала помош. Тргнавме и цел пат одеше сама, кенкаше не сакам гадинка дома сакам ама одеше. Таму се качи сама по скали, не се тегнеше, заплака на влагање ама си отидов. Ваљда е напредок, предходно во раце ја носев зошто бегаше наназад. Вчера неќе да се облече после бањање и викам ајде мама, да не се караме ќе ме боли глава... Напиеш апче ми вика ....
Здраво и од нас на тантрумите! Нека имаме само трпение и за година-две ќе помине. И ние набузени и со насолзени очи отидовме во градинка, три секунди пред заплакување.
Како се справувате со коментари од страна??? Денес кај се напнав од неа, па и од страна. Демек, ааа мене вака, ќе грмам.....тепам.. Неќе да се облече, гол надвор... Неќе да стане од спиење, на клоци ќе го дигнам.... Уф се тресам уште. А децана, мирни бубалки, они на тел си седат...
Нема што да се справуваш. Воопшто не ме допираат. Секој своето нека си го гледа. Ич ич нека не те дираат од страна, ниту па гледај во нивните дали се мирни, дали се со тел...
Кажи им само да пазат на камери да не ги фатат, пошто може во затвор да лежат, како последниов случај со дадилката. Инаку, ко што вика Теди, нека не те допира и не им давај повод да се продлабочи дискусијата. И воопшто да не се објаснуваш и оправдуваш.
Си земав дете и си отидов.... Толку ли не сфаќаат дека нивното зборење може уште толку да допринесе детево да збесне... Како бе така.... дете тантрум они тепаат... или не знаат што е тантрум, па го сметаат за лигавење. Еве не знам... Најлесно е да ја истепам, ама што ќе постигнам?
Ништо нема да постигнеш, уште толку ќе се расплаче. Ти си го знаеш твоето дете. Толку. Зарем некое дете се смирило со ќутек???
Ништо ти не разбираш. Тогаш ќе го истепаш за да знае веќе дека така не смее да прави. Значи, еднаш убаво ќе го истепаш, па и следниот пат и потоа толку, нема веќе да се лигави така. Се да ви објаснува човек. @Цвет88 воопшто не обрнувај внимание, гледај си само за детето и што на него му треба во моментот, се друго е неважно. Воспитуваме онака како што мислиме дека е правилно, а и најдобро за нашето дете и толку. Другите нека прават што сакаат со своите деца.
Обично тие таквите шо делат совет за ќотек, нивните не си ги тепаат, туку сакаат да го натепаат тоа другото. Пошто не е нивно, а им смета што плаче
Ама никогаш не можеме да знаеме, што се крие зад некое плачење...односно такво однесување.. може е некој скриен проблем... Не секое плачење е од разгаленост. Изгледа ја сум будала што барам совети како да се справам со тантруми, како себе си и неа да и помогнам. Да беше така лесно и со ќотек да се решаваше немаше да дебатираме сеа и да постојат тантруми, ќе ги истепавме и готово решен проблем, тантруми нема да постојат повеќе.
Женски од кога почнуваат тантрумите? Малљта ми е 17 месеци и вчера цицаше а и извади 4 тројки наеднаш и чеша заби ме гризе и се тргнав малку да не цица кпа зема да плаче да вриска да се фрла никој пат до сеа вака не правела. Пробав да ја гушкам плаче се фрла мамооо мамооо се едно исто. Едвај ја смирив мислам дека 20 мин плачеше без престан
Може нагло си се тргнала па се уплашила. Се случувале вакви ситуации.. Ама не ми личеле на тантрум... Не верувам во тантрум дека ќе вика по тебе, бар мојата никој не ја интересира во тој момент туку сака само да си го истера своето.
Тантрумите почнуваат од раѓање и траат цел живот. Различно се манифестираат во секоја возраст. Најдобро е да не се прашуваш дали беше или не беше ова тантрум. Остани смирена во секоја ситуација и гушкај ја. Некогаш треба да почекаш да се смири па да ја гушнеш. Можеби смирено цицала и си ја исплашила кога и се тргнала. Ми се има и мене случено.
Само смирено и одлучно! Каприци и тантруми кога ќе го фатат мора да се остане искулиран и смирен. Ниту со збор, ниту со гест или со израз на лицето немојте да покажете на детето дека ве изнервирало. Ниту пак обрнувајте внимание на тоа како реагира околината, вие сте му родител, не другите. Детето тоа чека - да се изнервирате и кога тоа ќе се случи, е тогаш ве има во рака. Утре ќе го повтори истото и полошо и подолго. Добар е советот од погоре, се договарате кога ќе си одите и ако не го почитува договореното и прави сцена надвор, не збориш, не се убедуваш, го зимаш во раце и го носиш. Нека се лупа од земја колку сака. Оставаш така дур не се смири. (рекорд во тантрум ни бил 50 мин). После тоа не му држиш лекции, не го караш, не го поучуваш. Често си повторував во себе совет од колешка психолог - стабилна и непопустлива треба да си како Камениот Мост. Ни чекор повеќе да не направиш од договореното. Битно е така да се реагира ама баш на секој тантрум, секогаш! Никако да се даваат мешани сигнали за различни ситуации, зошто тоа ви е рецепт за добивање размазено дете. И да- мн. битно е да сте единствени во реакциите сите што го чувате детето - маж, баба или дедо. Ако еден држи до договорено, а друг попушта, се губи ефектот. Разговарајте со домашните за да ве поддржат и разберат зашто сте ладнокрвни. Објаснете дека е тоа за добро на детето и дека бара нерви и труд од вас. Ако се прави вака, со време ќе се намали бројот и траењето на каприците. Но бидете спремни дека нема да исчезнат преку ноќ. Мора многу упорност и трпение огромно.