1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Велиш го креваш во рака и го носиш, а каде го носиш? Пример надвор сме колата е далеку оно се валка на земја, а до дома пеш имаме 20 мин. Нема да вриска до дома во рака?
    Или дома сме и се случува ова што правам ја оставам и ја гледам или одам до друга соба ја оставам да се смири?

    Мала е мојата али време е да почнам да ја истражувам оваа тематика за некаде пола година ќе почне процесот, а сакам да биде најбезболно, но и да си ги знае границите каде и се.
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Кога ми правеле тантруми во продавница сум ги изнесувала надвор, па право дома, било пешки било со кола. Немора во раце, ако само си оди (додека плаче, нели). Ама ако се опира го кревам во раце и го носам. Зборот ми е дека не се убедувам со зборови да тргне и не се објаснувам. Не е битно каде се случува тантрумот, реакцијата треба да е иста. Колку се децава денес паметни, најверојатно и ќе направи тантрум во средина каде ќе ти е најнезгодно да се опираш и каде што ќе знае дека заради притисок од средината најверојатно е да му се попушти. Значи дали е тоа пред баба и дедо, на гости, пред луѓе на улица или во маркет, се едно е. Постапката е иста. И да одите 20 мин и да сте во кола и да сте дома со други или сами, прифатете си дека дури не се смири самото, тоа ќе вика и ќе плаче каде и да е и за тоа време мора да издржите и да не му покажувате дека сте нервозни. Дома не го оставам само во соба, или поточно тоа не те остава тебе... Само чекаш да преплаче, не го оставаш никако без надзор. Може да седиш до него, да го држиш во скут или како и да е, само да не покажуваш со гест или мимика дека те вади од кожа. Ако се дере или препрашува до бескрај дали може нешто или дека сака нешто, може да кажеш нешто одлучно од време на време, како "не" или "не може", ама без напнатост во тонот. Може звучи ладнокрвно, ама тргнеш ли со повластување на каприците за да се смири, е тогаш нареден пат ќе го направи тоа пак и пак зашто знае дека тоа успева. И да не се лажеме каприците не се само на 2-3 годинки, прават така и постари деца ама поретко. Еве еден пример ќе ви кажам со моите деца. Не беа ни толку мали, едното беше 3-4 другото 7-8. Многу сакаа на таа возраст во продавница да плачат за глупости да им се купат. Многу ми беше срам со нив кога пазарев. Сама на себе си здосадив да се слушам како им викам не и не може ова не може она, или да се расправам со нив и објаснувам дали имаме или немаме, дали треба или не треба, и сл. Еднаш пред одење во супермаркет уште дома им реков - ќе ве земам со мене ама одиме со овој список со намирници. Може секој од вас да купи до таа и таа сума нешто што не е на списокот и ни денар повеќе. Ако почнете пак со плачки да се купува без усул, ќе си одиме дома без ништо. Децава мислеа дека блефирам и дека ме зезнале и се согласија. Отидовме во супермаркет, почнав да полнам во корпа, а тие почнаа по старо. Почнаа да молат, колат да се лигават да се купи уште ова и уште ова.. Јас нај смирено им реков дека си одиме, ја оставив целата корпа и за рака надвор и право дома. Децава додека не излегоа од продавницата во неверување беа дека сум сериозна. Се бунеа прво ама дома веќе беа смирени па и подуплашени малку и ме прашаа што со намирниците што ми требаа. Им реков дека ќе одам сама сега во маркет, а они ќе си седат дома. После ова пробаа и другпат бар уште еднаш, двапати да приплакуваат во маркет за да се купи се што ќе им текне. Само им реков сакате да си одиме дома пак без ништо? Одма се смируваа. После 2-3 обиди веќе не се ни осмелија да прават драми. Кај помали деца нема да очекувате со зборови да се разберете како со поголеми, затоа велам битно е како се однесувате, што емоции оддавате со ликот или со телото, со кој тон зборувате и сл. Помалите тоа го разбираат подобро од зборот.
     
    На kockichka, ku4ence, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Мала е мојава за тантруми, а можеби и не е. Но сакав да споделам едно искуство при кое многу се застрамив и почувствував лошо.
    Пред некој ден одевме за во парк и ја извадив од кола и сакав да ја седнам во точак. Арно ама имаше вир одма до кола и со трчање да се шлака во него. Ја тргнав и пробав да ја седнам во точак, но почна да се опира со цела сила и да вриска додека ја држи глас. Јас ја стегнав во раце, таа си викаше нормално и тргнав да ја одалечам од вирот. Не знам како изгледала сцената одстрана, но еден постар човек ми дотрча и ми вика пушти го детето, го боли, ја стегаш за врт и затоа ти плачи. Јас збунета ја спуштам и она со трчање правец во вирот се ишлака. Се обидов да му објаснам дека никаде не ја повредував, дека плачрше за да се шлака во вирот. Тој само изреагира демек дете е како сакаш. Не знам зоштони воопшто се објаснував, но цел ден се чувствував лошо. Небаре си ги повредував своето дете. А знам и дека допрва ќе имаме такви сцени во јавност. Дома ни се веќе секојдневие.
     
    На Cosmic Girl, Coco31 и FreeMind им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Не знам како си дозволуваат непознати луѓе да му кажуваат на родителот како да прави. Имала тантрум и затоа личело страшно одстрана ама сигурна сум дека не не сте биле толку груби ко што изреагирал човекот. Ве фатил човекот на страм и на вина. Тоа е многу нефер и според мене немал право да се меша. Илјада пати имам слушано коментари како треба да се заќути детето или да му се даде што барало за да се смири и тоа од страна на постари жени кога некое туѓо дете доживува тантруми. Значи доста е со shaming-от луѓе! Ми идело нив да им кажам да престанат да делат совети и на нив да им подвикнам, а не на родителите. Абе први се луѓево да судат значи и јавно да те брукаат. Верувајте ни на брат не би му коментирала и тоа пред детето немој вака или така да му правиш. Ако ме прашаат ќе им кажам што мислам, или барем отпосле на само ќе му кажам дека можеби требало поинаку да постапи. Вие сте родители и ваша е одговорноста да го воспитате. Јас само би му рекла благодарам за грижата но ве молам не се мешајте. Толку.
    Инаку, за валкањето во кал и вода, психолозите дури и препорачуваат да се игра така, и да им се дозволи да се извалкаат при тоа. Игрите со вода, песок, претурање, и сл. се битни за психомоторен развој кај малите деца. Но, тука ќе напоменам : тоа не значи дека треба детето треба да ги прекршува правилата или да ги минува границите што сте му ги поставиле, па да прави што сака кога сака. На пр. Ако сте решиле дека валкање на игралиште или дома е сосема ок, ама на гости или на др. место не е, тогаш не треба во тие ситуации да му се дозволува. Или во ред е да се шкрта на местото што ќе му го дозволите ама не е во ред на пример на масата во ресторанот.. Како инаку ќе се научи на ред? Како ќе научи што е дозволено во јавност, а што не е ако се му се дозволува и секогаш?
     
    На kockichka, SofiMar_, Bella* и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.733
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Баш вчера на мајка ми и свекрва ми му кажував на Тантруми му објаснив што значи поимот, тие поминале низ истото ама нас не носеле на бајачки :^) јас му реков, сега секој период на развој на детето е објаснет од стручни лица кои испитувале со години, еве јас читам се едуцирам за да знам утре да се справам со ситуацијата, вие не сте имале толку информации и ајде на бајачки, знаеме од прилика што да очекуваме и му реков да си знаете и вие, немој да ви текнало бајач да спомните :doh: и двете ќутеа ништо не искоментираа :D
     
    На Milaаа991, pianogirl, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво за дечињата кога читам дека пишувате како го "планирале" тантрумот баш вас кај што ви е незгодно. Само ќе ви кажам, едукација што е тантрум. Пошо ако ви работи позадинска мисла дека тантрумот е намерно кон вас, веројатноста дека ќе постапите како што не треба е голема.
    Не зјапајте во мајки чии дечиња имаат тантруми на сред маркет или улица. Ич не осудувам. Ниту се зјапам со поглед "колку ти е невиспитано, прибери го". Ама осудувам и пцујам кога некоја такозвана мама му удира шамар до завртување кога има тантрум. Плаче некој за да има совршено дете како што имаат тие неблагодарни мами
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.764
    Допаѓања:
    33.569
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми објасниш што е тантрум и како треба да постапам во такви случаи?Дали си стручно луѓе?
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не, не можам пошо си имаш информации милион.
    Не знаат да се справуваат со тантруми само "стручни лица". Не е нешто за кое што го носиш детето кај стручно лице и очекуваш да го излечат.
     
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.764
    Допаѓања:
    33.569
    Пол:
    Женски
    Мислев како стручно лице во сите области ќе добијам еден совет како да постапам кога мојата ќе добие тантрум.Јас не знам што е точно од интернет секој си пишува што сака.Па мислев како стручнак ќе знаеш да кажеш што е најдобро оти нели веќе ја осиди мамичката што го удрила детето.
    Да ,за тантрум се оди кај стручно лице ако тантрумот е премногу изразен и помине во натамишниот карактер на детето.
     
    На pianogirl, ku4ence, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не ја осудив мамичката. Посочив ненормално однесување. Патолошко. Ми е гајле колку се пронаоѓаат пошо си ги лупетаат децата па навредени се ако некој "ги осуди". Ми е гајле колку се утешуваат со помислата дека не е страшно пошо ако увидат колкава штета му прават на роденото дете, тешко ќе им биде да живеат со тоа сознание. Нека им дојде и полиција и социјална служба и и нив нека им речат "ме осудуваш". На тие што гледаат по улица вакви работи, а пријавуваат пошо се со здрава свест, и нив нека им речат "ме осудуваш". Битно мамите да не се навредат, па секој си го сака своето дете
     
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Тантруми се нормална појава кај скоро секое дете.
    Така се справуваат со емоциите.
    Едноставно како револт за тоа што не може или не смее да го прави.
    Кај нас беше што не сака да направи. Пример да смени пелена, не сака да се пресоблече, да се бања итн...
    Многу бев загрижена зошто се јавуваа неколку пати во текот на денот, секој ден, без отстапки.
    Тоа не ми беше во ред посебно зошто беше пропратено со ноќни терори кои исто така беа многу на број секоја ноќ.
    5 месеци цели.
    Полошо е бајачка и ајде фаза е, него ли детето да се однесе кај стручно лице.
    Тоа стручно лице нема да каже детето е болно, а не е.
    Треба да каже како да се справите со нив.
    Еден доктор ми кажа, најправилно размислуваш, се што отстапува од нормалното треба да се провери.
    Тоа е најдобро што си го направила за своето дете.

    Е сега, кога полека одмина кризата кај нас, имам колку толку перцепција.

    Прво, најдете што е тригер за тантрумите.
    Чувајте живци, не викајте и не тепајте, џабе е.
    Кога открив дека тантрумите се за пелената, ќе ја прашав, ќе смениме, не...
    Добро, не зборуваме веќе, кога ќе решиш ќе дојдеш и ќе ми кажеш.
    Ќутев, таа си игра ко да не сум кажала ништо.
    Мама ова, јас ќутам. Мама она, ќутам.
    Мама пелена, ајде веднаш, браво мама, така треба.
    Не дека сега сака да мења, ама барем не започнува одма со тантрум кога ќе кажам ајде пелена.

    Плачеше дека не сака да оди во градинка, рикаше, се тегнеше. Испадна дека и тоа е само зошто не сака да се облака.

    Ако не сака да си оди од некаде, не и зборам... си станувам се спремам, таа си плаче, доаѓа и без проблем си одиме.
    Во кола веќе е друго дете, ко да немала тантрум до пред 1 минута.
    Се смее, збори објаснува.

    Е сега и плачка си е малце за без потреба, пример ако стави нешто во уста и и кажеш со убаво мама немој така тоа не се става во уста, може да ти залетне, одма настапува тажно плачење...
    Се надевам дека нема да се вратиме на страшниот период туку само на подобро ќе оди.
     
    На mal.ecka, Bella*, Coco31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Цветче, се согласувам за се' со тебе, супер постапуваш.
    Само ќе ти искоментирам за овој дел, што го болдирав.
    Не треба да ги тепаме не само затоа што е џабе, туку затоа што не треба да ги тепаме. Јас знам ти што мислиш, и дека си супер родител, само мислам грешно си се изразила, пошо некои ќе сфатат џабе е тепање не помага, ама и нема штета. Да не го прикажуваме тепањето ко неутрално
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.764
    Допаѓања:
    33.569
    Пол:
    Женски
    :D :emo: Ама нели е темата тантрум?
    Се препишувам на младост лудост ќе дојдеш и ти во фаза мамичка па може ќе те читам овде за татруми и луѓенца хелп:rofl: Верувај жените што рекле не правам ова 100%се погазиле.Мајчинството е чуден предизвик.Да останеш смирен со милион проблеми врз глава е вистинска дарба:!:
    Јас кога бев 22 години мислев најпаметна сум, па мислев на дете помфрит никогаш.Еве ја на 2 недели јаде помфрит:drunk:
    А зошто има луѓе што тепаат деца, зошто биле тепани.Поздрав :hai:
     
    На mal.ecka, ku4ence, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Во право сте за шамарите и ќотекот. Тоа никако! И тоа е лошо, ако не и полошо од удоволувањето на каприцот. Затоа реков и претходно - треба да се биде искулиран и да не се покажува никаква нервоза, ниту вербално ниту невербално да се реагира. ИГНОРИРАЊЕ треба.
    Јас и во принцип сум строго против казнувањето на децата (мислам на она најлошото, вербалното или физичкото), не само затоа што имаат негативни последици за децата, туку затоа што и има други, посоодветни начини да се постапи. Истражувањата покажуваат дека наградувањето и пофалниот збор после секое позитивно однесување кое го покажало детето имаат далеку подобар и подолгорочен ефект од казнувањето. Овде не зборуваме за физичко малтретирање, не излегувајте од контекстот. Ниту една од жените што пишаа погоре не го истепале детето во искуствата што ги споделија.
    Се согласувам со вас за зборот „планирање“, и дека не е соодветно избран збор од моја страна, како што рековте, затоа што алудира дека сакаат на нас родителите нешто да ни направат децата, а и би подразбирало повисок облик на когниција и размислување кое детето не е способно на таа возраст да го прави. НО! Дефинитивно дечињата научуваат од претходното искуство каде, што и како да направат за да има ефект, затоа што во претходни ситуации најверојатно тоа што го правеле ги довело до тоа што барале, т.е. имало ефект. Детето учи низ искуството и низ нашите реакции на неговото однесување. Се ова што го пишувам го пишувам и како мајка, од лично искуство и како некој кој студирал психологија и поминал низ пракса со деца од предшколска возраст, така да знам што пишувам. Децата реагираат како што им дошло и како што се чувствувале, зошто сеуште на таа возраст не научиле како да го одложат задоволувањето на потребите. Сакаат нешто и сакаат инстант гратификација. Тие не се ни способни ниту да се децентрираат на таа возраст (тоа значи дeка немаат способност да разгледаат една ситуација од различни агли) и да разберат како на нивното однесување би реагирал другиот (мајка, минувачи и сл.). Моето дете во една прилика (мислам уште во градинка одеше уште или прво одд.) ми раскажа како порано (тоа најверојатно било пред макс. 1-2 години од нашиот муабет) му дошло да изреагира со отпор во една ситуација, дека му било мака и не сакал да баш тогаш да ме послуша за нешто и сакал да ми се спротистави и да направи кавга АМА си помислил потоа како би се чувствувала јас и затоа одлучил да не реагира така и да ме послуша. Појасен пример од ова дека детето учи да се децентрира и учи да ја одложи својата потреба не би можела да издвојам од мое искуство, башка дојде од негова уста..
    Да тантрум не е болест што треба да се лечи, тоа е фаза од развојот што треба да ја помине детето. И родителот треба да е спремен да му помогне и треба да се информира како.
    А зошто па ве молам да не се консултираат со стручни лица? Па на психолог не се оди само кога ќе има некој сериозен проблем! Се оди и за размена на мислења, совет, и превенција. И јас сум психолог, па без разлика и јас се консултирам со мои ментори, колеги и разменувам мислења со нив, кога чувствувам потреба. Тоа го гледам како богатство а не како слабост. Сум имала и искуство да видам родители со сосема добри дечиња да одат на психолог, чисто за да видат како тие им напредуваат, и да се информираат за се што ги интересира.
     
    На kockichka, Lolipop23, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Замисли има родители кои рекле дека нема да ги тепаат децата и стварно не ги тепале. Не се сите ко тебе за среќа. Поздрав
     
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам.
    Едноставно ќотекот во ниеден случај нема да направи добро.
    Повеќе се однесуваше на нервирањето на родителот... зошто навистина џабе се нервирав и плачев по цела ноќ, во моменти кога никако не можев да и помогнам.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто не сум против консултирање со стручни лица. И јас се консултирам. Друго сакав да кажам. :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Навистина требаат челични нерви, сајли по можност хахаха! Детето е најмалку виновно што ние имаме милион др. проблеми и неговиот татнтрум ни била последната капка. Ако размислиме малку - што ни е побитно сите тие милион проблеми или доброто на нашето дете? Абе уста не ми се отварало после работа, ама ако тоа имало желба да ми раскаже нешто, да правиме нешто или што било, се сум тргала на страна прво на него сум му обрнувала внимание. Затоа, кога имаат прилика мајките и татковците треба да си најдат време и начин да се смират и релаксираат, па на соодветен начин да можат да одговорат на потребите на детето. А дека секој родител греши, и тоа е вистина. И родителите учат како и децата низ своите искуства. Таквите грешки треба да се препознаат и да се сфатат како пример како да не правиме во иднина, а не да се оптоваруваме со вина за нив.
     
    На mal.ecka и Ava.84 им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.764
    Допаѓања:
    33.569
    Пол:
    Женски
    Сакав само членката да ја закачам дека е без дете па многу осудува, а вика не осудува.Добро знам што е тантрум и најдов начин како да се справам со моето без да го удрам.До сега немам дигнато рака на дете ама немам ни зошто да се правдам. Доволно имам кочници па кога сум нервозна наместо да се дерам ја оставам со татко и кој е посмирен.Нервозата ми минува за неколку минути и се враќам.Распеано дете и дете што сака да ми кажа како помунало на градинка го слушам со големо внимание и не ми е ни малку тешко.Јас си уживам со муабетите со моето.Ако не можам стварно и се извинувам и ја замолувам да оди да си игра сама.
    Ама кога беше во фаза на тантруми сакав самата јас да отидам на психолог оти бев преморена и незнаев повеќе што да правам.Се плашев да не дигнам рака врз неа.Ама требаше да чекам термин 6 месеци .Па сама успеав да се смирам и најдам како да помогнам.
    А ти ме виде како го тепам моето?Најди си ја кривицата дома девојче не во мене.
     
    На mal.ecka, ku4ence и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.514
    Пол:
    Женски
    Од кога датираат тантрумите? Мислам во наше време немаше вакво нешто,сериозно сакам некој да ми објасни,исто така прочитав негде горе дека денешните деца биле многу паметни,зошто е тоа така,ние глупави бевме?