Од секогаш. Исто како и скоковите. Само се решавале или со бајачка или со ќотек. Среќа малку сме поцивилизирани од пред 50 години и можеме секоја фаза да ја испитуваме и да ја решаваме човечки.
Прво, неможе да речеме дека тантрумите датираат. Нештата си постојат било ние како човечки вид да сме или да не сме свесни за нив. Тоа што некоја појава или однесување не било идентификувано, именувано или проучувано во минатото, не значи дека не постоело. Сигурна сум дека во иднина и многу други психолошки поими ќе бидат откриени сакале ние или не да го прифатиме тоа. Зошто тоа е еден нормален тек и развој на науката. И во моментов дур пишувам, сигурна сум дека негде во светов, некој научник, баш сега работи на некој поим што никој од нас не го чул. И тоа не значи ниту дека ние сме глупави што не сме го знаеле однапред. Прифатете дека тантрумите не се измислени за да се оправдаат постапките на родителите, и не се мода што ја тераат денешниве мајки, тоа е само развојна фаза во развојот на секое дете. Таа си има и своја функција, односно по неа детето се здобива со квалитети кои претходно не ги поседувало. Второ, ако веќе правиме споредби и зборуваме за меѓу-генерациски разлики, ќе речам дека секоја нова генерација, сакале да си признаеме ние или не, е различна од претходната. Па за времето во кое новата генерација постои и живее би се осмелила да речам и дека е понапредна од претходниците и при тоа воопшто не мислам да ги омаловажам претходните генерации. Тие во времето на своето детство биле врвот. Ќе се обидам да објаснам поразбирливо: Денешните дечиња растат и восприемаат од најмала возраст многу повеќе информации, многу почесто ги добиваат или пак многу побрзо (со еден клик на пр.) и од многу повеќе разновидни извори одколку претходните генерации. Едноставно се родиле во друго време, во друг момент на човечкиот, медицинскиот, научниот, технолошкиот (и секаков) развој. Тоа прави на порана возраст да се поискусни за тие нешта (сакате наречете ги стимулуси, дразби, информации) од другите, постарите генерации. Кога ќе пораснат значи тие веќе имаат малку повеќе време поминато со тие информации, и се на друго ниво на запознаеност со нив во однос на претходниците, само заради тоа искуство. И како ќе растат тие сигурно и ќе ги надминат своите претходници и ќе го надоградат наученото, ќе створат од него нешто ново и различно. На крајот, така и треба да биде за може да напредува човекот..
Дете од 2 години со каков клик станало попаметно? За мали деца правиме муабет,за да вреска и да ги тестира границите на родителот? Сите велат абе "денешниве деца",јас ќе речам денешниве родители.
Никаде не реков дека со клик детето станало попаметно, не ни реков дека станало попаметно. Ако веќе ме прашувате и цитирате барем читајте внимателно што сум пишала како одговор. Мене не ми е целта да убедувам некого тука да верува во постоењето на тантруми, си имате право да не верувате ако така ви одговара. Јас го споделувам она што јас лично сум го искусила или сум го научила од моите професори. Ако некому на тој начин сум му помогнала барем малку тоа ми е повеќе од доволно. Целта на групава, па и на фемина воопшто, е да си размениме информации и да си дадеме поддршка, без да ги потценуваме искуствата и ставовите на другите, а не да си судиме едни на други или да ги обвинуваме "денешните родители". И да, и малите деца ги почитувам, исто како и возрасните, при тоа без да ги преценувам или потценувам.
Имало,како немало.Ете мајка ми ми раскажува како на 2 год сме шетале низ парк и како од нигде никаде сум легнувала на земја,и сум почнувала главата да си ја трескам.Кажува како цел парк ги гледал нив,сите помислиле да не ме тепаат.И нормално,урочена сум била Некаде околу третата година сум се смирила,и пак нормалнооооо зошто еден чичко бајач ми помогнал.Еве и ден денес неможам да се убедам дека не ми помогнал,туку едноставно поминале тантрумите.И родителите на мм истото го кажуваат и баш тој период помеѓу 2 и 3 година. Кога пишува @Цвет88 како одново да ги преживувам тантрумите на син ми.Мислам дека тогаш ми обеле косата.Имаше страшни тантруми.Кај имаше тантруми уште поголем проблем ни беше што не зборуваше.Едноставно му ствараше дополнителна фрустрација.Два најстрашни тантруми ќе ги запамтам целиот живот,едниот во Сити Мол зошто неможел да шкрта на масата во игротека,вториот зошто не му дозволивме да рипне во езерцето во ЗОО.Во тие моменти џабе ќе се објаснуваш,земаш дете и ставаш во кола,друго чаре нема. Имав дете што секогаш трчаше како мува без глава,што никогаш ни немаше дадено раче,што при секое шетање влегуваше во сечив двор. Сега има 3 ипол години и е најпрекрасното дете.Редовно дава раче,дури он е тој што бара да го фатиме.На секое влегување во продавница редовно поздравува и им вика имајте убав ден,фала,чао.Не дека незнае да се заинати или да збесне,ама сепак на крај ќе разговараме,ќе се договориме и се фино се завршува. Кога ние преживеавме сите ќе преживеете
Како јас да сум пишувала Буквално исто.Добро е има надеж дека еден ден ќе завршат.Има 2год и сеуште не збори и мислам дека тоа дополнително му ствара нервоза
Ич да не се секираш.Ќе се чудиш,како да имаш друго дете дома.Јас бев очајна.Ама помина.Се поминува.Ќе почне и да зборува.Може е клише муабет,ама сега уста не затвара.Цела фамилија се чуди.И многу е возбуден што зборува.Кога нема нешто ново да ти каже,истото го вергла цел саат,ама мене не ми пречи,нели одвај чекав да прозбори.
Исто беше и кај моето на 2 години беше мислам најизразено.Не знаеше да збори .Не дај боже на нешто да кажеш не одма легнува на земја и плака.Пробај да му го дадеш нешто за кое плака уште полошо Кај моето игнорирање не помагаше беше детето уште поисфруструрано и наместо да помине побрзу тантрумот трае подолго. Некогаш одвлекување внимание помагаше ама пак и текнуваше па продолжуваше.На почеток ја оставав да плака малку се тргав од неа, па кога ќе се налути дека сум се тргнала ја земав и ја гушкав.Гушкањето беше спас. Среќа сега е 3 и пол па ретко и се случува кога ќе падне на земја да плака ја имитирам и почнува да се смее.Па мене божем уште ме држи па уште се валам на земја.Таа не престанува да се смее , а покрај неа и јас.Така и одминува за брзу во смеењеПа после заборава да плака. Ама мислам од кога прозборе повеќе поминаа и тантрумите.Некогаш се лути ако не ја разберам ама и велам дека сигурно и е зборот на германски па мама не знае добро германски и така поминува некако Најхорор фаза ми беа тантрумите особено надвор.Ќе ја земев во раце и си одев лута и и велев дека нема веќе да шетам со неа.За џабе сум и велеле во тие моменти не ни слушаат што сакаш збори.
Какви денешни родители какви денешни деца, Боже. Тантруми имало и ќе има. Ти кажаа порано ги решаале со ќотег, а богами и денес многу така ги "решаваат". Кога живеете во фантазија и мислите дека децата се само мирни, послушни, без карактер, ете ќе мислите дека тантрумите се резултат на разгаленост. Ако читаш за тантруми ќе сфатиш дека нема дете на кое не му се случуваат без разлика на воспитување.
Ама самата она си го дала одговорот за тантрумите.. Исто како што не можеш да им докажеш на стариве, па изговор е, ех размазено е. Џабе им објаснуваш.
Денес буквално умрев од стресот што ми го приреди мојата драматична кралица. Има 1 година и 9 месеци. Имала два три тантруми до сега, ама дома, со кенкање, вртење со нозе ко пропелер на паркет, плачење и поминувало. Денес се случи нешто со тригер - прв страв дека татко ѝ можеби ќе ја остави. Имено, излеговме сите заедно, јас и таа да прошетаме, маж ми до пазар. Кога се разделивме пред влез, луѓе, како демон да влегол во детево. Прво врискаше, па легна на земја. Ја кренав, ми се тргна, па соблече патики и трчаше по татко ѝ. Успеав да ја кренам во раце ко вреќа компири и тргнав подалеку од кола за да не го гледа. Урлање како да ја колат. Ринта со нозете, вика колку што ја држи глас. Добри 5 минути се дереше додека не се умори. Седнав на среде патека на Кеј со неа да ја гушкам, а раце и нозе ми се сечеа, ми шикна мислам крв у глава од стрес. И плачеше, потивко ама лута, престрашена. Едвај се сталожи. Луѓе проаѓаат, гледаат, слушаат, се чудат. Искрено? К@р ме здоболе што си мислат. Во моментот само сакав да помине сѐ. Тантрумот нема секогаш врска со разгаленост или добивање тоа што сакаат. Некогаш е страв од напуштање (како што мене ми се покажа во случајов) и можеби умор. После откако се сталожи, шетавме, јадеше ужинка, играше во тревата како ништо да не било. А мене ми се скрати животот 5 години и порачав маж ми да ми купи пиво. Не е сеедно во такви моменти како ќе реагираш. Пробав да сум најсмирена, и затоа сега ќе сум највознемирена. И друг пат памет у глава; нема излегување заедно ако се двоиме. Во таа фаза е кога мисли дека си одиш засекогаш.
Проблемот не е во децата туку во вас. Се кладам дека вам не ви се случувало ова кога сте биле вие деца. Се знаело што значи кога родител ќе каже дали нешто може дали не, кога да се молчи а кога да се зборува. Имам роднини кои се големо семејство и имаат 5 деца кои и не беа така голема разлика во возраст помеѓу себе. Сите беа насмеани секогаш, како мајката така таткото. А денес гледам од среќни парови штом добијат детенце само се жалат, се упропастуваат. Проблемот е во вас.
Ај прескокни ја темава, прво пошо си и ти дете, второ немаш деца, трето појма немаш што е тантрум и како тоа изгледа, четврто има стручни лица кои тоа го учеле... Ќе те прашам тебе кога дете ќе ти се онесвести и преврти очи дали е разгаленост. Соочи се со тој предизвик, па тек тогаш ќе знаеш кое дете плаче од разгаленост.
Нема врска дали имам деца или не. Вистината не ја менува тоа. И самите знаете дека ова не се случувало додека вие сте биле деца. Според тоа може да се заклучи дека проблем се родителите а не децата. Јас ќе прескокнам онаму каде мене ми одговара. Дете ќе бидам секогаш за постари колку и да имам години. Очи нема да превртуваат моите деца бидејќи нема да бидаат воспитани на начин кој ги тера да превртуваат очи и да се лупаат од земја. И самите знаете дека такви работи не сме правеле додека сме биле деца, што значи колку толку нашите родители имале далеку подобар начин на воспитување од денешниот. И што ако имам 20? Немам ли право на збор?
Ете колку разбра за какво превртување очи зборам. Не во смисла што те вртам, туку во смисла дека детето губи контакт со тебе... се губи, тоне, у друга димензија е.. Иначе имаш право на збор, но сепак за ова треба да имаш искусуство.. Пак ќе ти кажам ова не е плачење од хир. Како плачење коа не сакаш да му купиш чоколадо па мисли со плачки ќе добие.. Не е исто... Ај кажи ни како треба да постапиме коа така се случува?
Се е до родителите. Јас и вие кога сме биле деца не сме превртувале очи и не сме правеле такви работи и самата знаеш во себе колку и да негираш. Тоа значи дека денес децат се премногу разгалени и премногу им се дозволува. Имам роднина која има 3 годишно синче, ако нешто не е по негово вришти како демонизирано, се удира по глава со предмети самиот. Според мене ова не е нормално и е сериозен проблем, ова е пропуст во воспитувањето од страна на родителите a а не вродена мана на детето. Ова се случува денес скоро со сите деца, а додека ние бевме деца ова не се случуваше..