1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Не потпаѓајте на провокации :) Затоа не е добро да се зборува на теми за кои се нема никакво познавање. Освен ако тој што нема познавање, сака да научи нешто ;)
     
    На FreeMind, Chantal, Cutiepie1 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Тоа им го кажа ним, дека не им е вонред детето?
    Или само овде се силиш?
    Пак не сфати за превртување очи..
    Си видел како изгледа епи напад?

    Тантрумот може да се случи и кога детето е само во просторија, не мора да е со родителите.
    Кога нема да успее само да се облече, само да лапне со лажичката...
    Ништо тука нема со начинот на воспитување, едноставно така се справуваат децата со стрес, нервоза, емоциии..
    Чисто сумљам дека коа ти си бил дете немало вакво, пошо имам внук 25 години и замисли ист беше ко денешниве деца....
     
    На lackygirl, Annath и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Во очи кажувам секому тоа што мислам. Им имам кажано. Одговор на тоа беше: Ееее абе ајде е како да не му дадам телефон сакам серија да гледам па сите тоа го праат. Супер реков, само даље така.
    Сум видел ти кажав погоре, детето вришти колку што го држи гласот, се удира по глава.
    Не реков дека и порано немало исклучоци, но не било чест случај како што е денес. И не велам дека не сме вриштеле и ние ако не добиеме нешто или за што и да било друго туку се знаело кога родител ќе каже не или престани, денес ако му каже престани уште толку вришти, јас памтам дека еден поглед беше доволен и престанував со плачење. Така сте се поставиле со децата на почеток и сега нема бегање. Децата се премногу разгалени денес уште од мали нозе тоа е факт.
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како мислиш кога беше ти дете ова не се случувало? Ти си сеуште дете, како може да зборуваш за детска психологија? Јас еве ќе ти кажам сум имала тантруми, мајка ми ден денес раскажува за еден страшен, се потресла скрос пошо никогаш во живот не слушнала за зборот тантрум, ниту имала тогаш некаква едукација како да се справува со тантруми, ниту имала интернет ниту имала компјутер за да сподели искуство како ние сега. Ниту сум била разгалено дете, ниту некој за мене рекол такво нешто. Туку кога читам какви родители си имал, од еден поглед си се преплашувал од нив, и жал ми е искрено.
     
    На PurpleMind, Cherry333, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Аман бе, аман...
    Плачење е друго...мојата кога плаче и само и кажам име, она престанува и оди во дрѕга соба сама и плаче без глас.
    Ама тоа е друго...
    Ова на твоите пријатели е друго..
    Членката горе пиша дека детето мислело таткото го остаил... кое црно разгалување...
    Не ни знаеш на пола од нас децата какви ни се за да ги лупнеш у ист кош со некои кои ти ги викаш разгалени...
    Јас сум емотивна и на се плачам.. и кога се породив и кога дознав дека сум трудна, и коа другар ја запроси другарката и на филм и на песна.. аххх разгалено дете сум...
    Дај боже да не ти се деси со децата твои и да си совршен родител.....
    Искрено не ти посакувам такви стресови, 7 месеци да не спиеш ноќе, да носиш дете по невролози зошто само размазено е и плаче...
     
    На Annath и Mantub им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Јас моите родители многу ги сакам и воопшто не се плашам од нив ниту сум се плашел. Ме научиле што значи почит спрема родител и како да не се претерува. Во тие години тоа го чувствуваш како страв секако но по некое време сфаќаш дека со тоа твоите родители спречиле многу работи како тантруми или како и да ги викате. И те молам со терминот дете, не преувеличувајте премногу бидејќи многумина овде не сме голема разлика во години, јас 20 ти 24 или 27 и т.н.. Какво дете. Јас за себе можам да кажам дека сум бил и далеку поразгалено дете во споредба со другите, но сум знаел што значи кога родител ќе каже престани или не.
    Ако јас не ги знам вашите деца и ги ставам во ист кош тогаш зошто вие иста дијагноза им ставате како тантруми. Дека вие тие случки исто ги дијагнозирата па затоа.
    Амин, ќе се деси секако се тоа е нормално, ама ќе му пружам максимално внимание и ќе биде воспитано онака како што треба, а не да биде на слобода до милога бога, да прави што сака па да вриши и кубе коси и да се мава самото себе само затоа што не добило телефон или затоа што еден од родителите си отишол на работа. Далеку од тоа.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ај ќе научиш, имаш време. Нема смисла за родителство да даваат коментари луѓе што не се родители.
     
    На fana и Цвет88 им се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Како правилно се посветува доволно внимание на дете?
    И дете си, овде има и некои кои можат родители да ти бидат.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не го користете тој израз нон стоп во вакви дискусии како штит. Нема никаква смисла тоа. Знам каков човек сум и самата појава на мое дете во мојот живот нема да ја смени вистината или начинот на кој тоа дете треба да биде правилно воспитано.
    Јас ли треба да ти кажам? Нели вие имате деца и се знаете, а јас немам и ништо не знам. Институција со скршен образовен систем ви ги воспитува децата а не вие. Вие сите сте презафатени со работа со се друго.
    Јас се сеќавам дека мајками седеше дома со мене, а таткоми обезбедуваше се што треба за да живееме добро. Од неа научив да читам и пишувам, од неа научив скоро се. Барем додека се најмали може да почека вашата работа, нема да ви падне круната ако останете и го чувате дома наместо по градинки некоја жена со психички проблеми да ги малтретира како што е се почест случај во државава.
    Е сеа ќе кажеш па некои немаат можност, мора и двајцата да работат. Па ако немаш можност не ни создавај потомство, барем порано се знаело тоа. Колку ти е чергата толку ги шуташ нозете.
     
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Само да кажам дека тантрум не е дијагноза. И патем, пресмешно звучи што така е напишано :rofl: Реков јас, не е убаво да се збори за нешто за кое се нема никакво познавање.
     
    На fana, TeddyGrey, Chantal и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Ете откривме зошто децата имаат тантруми..
    Зошто мајките оделе на работа и не им посветувале внимание...
    Пардон, затоа се разгалени...
     
    На TeddyGrey и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Не, уште имаш тантруми...
     
    На Kaetana, buba4e89, Cherry333 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Го гледаш ли оној човек со рани?
    -Се напил, паднал. Пијаница!
    Не! Ја бранеше татковината во војна.

    Го гледаш ли она дете кое плаче?
    -Премногу е размазен!
    Не! Мајка му умрела.

    Го гледаш ли она дете со кое никој не си игра?
    -Вероватно е чуден.
    Не! Го одбрани другар му од насилници.
    Она кога другите подобро знаат....
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Vitaly еве и јас не сум родител ама го сфаќам каде каде ова. Мозок на дете во развој до кај 3-4 години уште нема добри когнитивни способности. Тоа значи дека не може да расудува правилно, да разбере што е добро што не, да процесира информации кои ги учи, правилно на одговори на ситуации или да искажува чувства. И овие напади се токму поради тоа. Мозокот кај деца и во пубертет се развива, не па кај мали деца. За невоспитани деца можеш да збориш веќе на 10+ годишна возраст, па и тогаш е релативно, не на 2-3.
    Не знам стварно како очекуваш дете во уште почетен развој да се однесува и размислува исто како возрасен

    И сигурно не памтиш каков си бил на 2-годишна возраст, евентуално мнооогу бледи мемории да имаш.
     
    Последна измена: 27 април 2020
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.733
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Не читав многу наназад, кога почнуваат тантрумите обично? Моево е 16 и пол месеци почнува да плачи за се, не беше ваков ич, ама напорно е :(
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Од година и половина до три каде ќе биде макс на полудување.
     
    На TeddyGrey и lackygirl им се допаѓа ова.
  17. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    20200428_230323.jpg
    Од 1год до 3
    кај нас почнаа уште пред 1 месец
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Моето е 2.5 год во глобала е добро послушно дете но знае да има испади посебно во последно време сака се сама, не прифаќа не... Не викаме, пробуваме се со смирено и ме интересира како разграничувате што е тантрум а што е веќе разгалување. Дали користите некој вид на казна, бидејќи ни е страв од разгалување :)
     
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    За време на тантрумот бар кај нас ништо не допира до неа, колку и да збориш е џабе.. додека кога плаче од онака, води инает со нас...
    Верувај не можеш да утнеш тантрум. Кај нас се како нервен слом.
    И тоа најчесто за глупост, пример си седи сама си игра со кукла и не може да ја намести, неќе помош и почнува.
     
    Последна измена: 30 април 2020
    На lackygirl, hello-kitty.90, kiki_riki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам.. зошто и се стопил сладоледот, зошто тој фустан е за перење, зошто сум ја покрила со тоа ќебе, зошто тие чорапи сум ги облекла, зошто перницата е со таа навлака. Прво се нервирав после видов дека џабе ми се нервите па почнав да ја вклучувам во се. Сама бира со која навлака и чаршав ќе и е постелен креветот, сама бира што ќе носи, сама бира во која чаша ќе пие.
     
    На mamaJana, Feodora, lackygirl и 8 други им се допаѓа ова.