1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. Moonpie

    Moonpie Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Сношти од 2 до 6 саат сабајле ја држев во раце ако седнам со неа почнува со хистерично плачење. Одвај заспа. Сега станува пак со плачење да ја кренам во еаце. Не знам кај да фатам да ја кренам да ја оставам да плаче. Не дај боже
     
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Може да се работи за тантрум, или ноќни терори, а може и да не ѝ е добро, па бара утеха кај тебе. Провери ја нешто да не ја боли, мачи. Може да се заби, уши. Еднаш мојата имаше цистит на две години и беше многу нервозна и плачлива, а не знаеше да каже што ја мачи.
     
    На mal.ecka и mira.mira им се допаѓа ова.
  3. Moonpie

    Moonpie Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ја однесовме на лекар се е во ред нема ништо. Не знам веке што да донаправам. Ако ја боли нешто по логика и кога ке ја кренам во раце ке плаче а таа тогаш магично престанува. Кога не сум тука е друго дете. Кога ке се вратам од работа почнувсме од несмеење да седнам да зборувам(некогаш ми ја покрива устата) и кога ке и дојде за спиење почнува да плаче да ја кренам и така во раце ке заспие ако пробам да седнам заедно со неа се буди и плаче
     
  4. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Иста е мојата скроз исто.По мое се случува некој развој затоа што се намали интензитетот.
     
  5. Moonpie

    Moonpie Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Чаре?
     
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Трпение :)
    Развојни фази минуваат, испитуваат граници.
    Еве вчера вечерта плачеше да ја земам во раце ама презаспиваше. А пред една недела додека не ја кренам не престануваше да плаче.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Да не му се случила на детето некоја поголема промена. Пример:тргање во градинка, отсуство на блиска личност, ново бебе, преселба, мама на работа... Било каква промена.
     
    На crazylady и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Мојата обично така прави пред да се разболи.. 3 пати ноќта се буди и бара во раце и шетање низ цела куќа. Нема чаре, гушкање и чекаш да заспие.
     
  9. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    828
    Пол:
    Женски
    Лелее луѓе ќе се шекнам веќе.Малата у август ќе полни 3 години и изгледа влегува во парадоксална фаза ама јас у нервна фаза.Се фрла по земјата,у маркет вчера прв пат луѓе врескање татко и и вика ај ќе излеземе она вриска мислиш кој знае шо и праи,и нормално сите очи у нив вперени.Инат за се води,и купив паста со патролни шепии ги обожава се налути ја фрли на земјата.Ноќеска у 2 саат се рњБуди и врескање до 3 саат мозок ми запали.Едвај заспа.Од сабајле неќам воа,рани ме ти,бла бла...а сама јаде од 1.5 година.Совет некако како полеснл да поминиме да не ми се спојуваат жиците?
     
  10. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    828
    Пол:
    Женски
    Ах и да напоменам само мл3ко и житарки бара за јадење,супа и леб маргарин и вегета.Среќа барем цреши јаде па да не се нервирам толку а и у градинката си јаде се освен месото.И од таму ми рекоа дек почнала да беснее да не слуша ивеќе денски не спие.Таму преспива околу 1 саат и викат се буди плаче како исплашена е асе нема ништо случено шо би можело да ја исплаши толку
     
  11. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Како правите разлика меѓу тантруми и разгаленост? Значи цел викенд се вреска во куќава. Разбирам тантрум во даден момент, ама врескање за секоја ситница.. Седнувам да јадам.. Ме влече за ракав со дерење станииии, станиии од столчето јас тука седам.. Мама, да јадам малку, ќе станам.. Поиграј си тука до мене, мама е гладна... Неееее, станииии (дрецкање ид земја, врескање) и х вакви ситуации и со мене и си мм. Надвор, во продавница, во кафуле е мирна е. Дома е ѓавол. А домашните баба и дедо ја научија на секое барање, па макар и качи ме дедо на лустер.. да и удоволуваат. И сега тоа нас ни се крши од глава. И дозволуваат да ги тепа, да чкрта по и ѕидови, да се качува на маса, да се стои надвор додека малата не одлучи дека сака поинаку и сл. И сега не знам дали се тантруми во прашање или разгаленост? За тантрум знам дека треба да оставам да помине, да гушнам, да погалам дете и сл... Ама ете не може според мене цел ден да се тантруми.
     
    На babydust, WomanInLove и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Тантруми на 12 месеци? Некаде читав дека накај 2 години почнуваат... Кога забележавте вакво однесување кај вашите?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    После година и пол.
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Мојот имаше испад на улица на 12 месеци, баш пишав во некоја тема. Дали беше тантрум не знам зашто и јас мислев покасно почнуваат (кога ќе завршат скоковите). Од тогаш не се повтори, но научи да се лути и ми е многу сладок. Ептен е борбен за тоа што го сака и упорен и ако не го добие прво седнува и плаче, па легнува доле на стомак и удира со нозе. Ќе се исплаче, гледа дека не му обрнувам внимание и си станува како ништо да не било. Гледам да не попуштам за да не го размазам ама ем криво ми е, ем ми е смешен :D
    Сега баш побарав на нет, вика почнуваат 12-15 месеци, пикот е 18-36 месеци. И да, тоа на улица ми беше многу стресно зашто се потресов што ќе кажат луѓето (facepalm) и плус не можев никако да го смирам.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  15. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Кај мене во моментов палат само уцени од типот:Ако фрлаш играчки на земја,ќе ги дадам на друго дете итн.Последниве 2 недели е баш ваква како ти што пишуваш.Јас гледам да ја сечам на старт оти ако почнам да и објаснувам со убаво, се прави како да не ме слуша.Епа нема да викам и да урлам по неа(ми се десило од такт да ме извади).Не ти купувам веќе играчки и готово.Знам дека и е период и дека ќе помине и ова.Само трпение и живците да ни стојат.
     
    На hello-kitty.90 и PeachGirl им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Кај нас е период кој никако не поминува.
    Ја испратив кај мајка ми денес и и реков прави што ќе правиш, 2-3 дена нека спие кај тебе, ако се врати дома утре сабајле од Негорци ке ви се јавам!!!

    Знаете како е тоа да не можете да си го поднесете детето?! Епа може не знаете, може делувам налудничаво,злобно, ама не можам да ја поднесам кога ќе почне со драмите.
    Урлам некогаш, квалитетно урлам, ме доведува до раб на лудило. Е до толку е,и верувајте не претерувам.
    Тренерки,хеланки или блузи нема со месеци облечено.
    Само фустани.
    Ако е тој што и е намислен на перење, секундарно почнува со најгласно дерење и не се смирува пола саат-саат.
    Живци искинав,живци немам.
    Го поремети бебето мислам, плаче од страв малото, се потресува од нејзините испади, се тресе од страв и липа кога ја слуша.
    Со добро не бива-со лошо не бива.
    Океј, денес не и дадов да растура со метлата искршена чаша (???) и почна да се дере. Ја затворив во спална и седнав на под со грбот затварајќи ја вратата, и реков те молам смири се за да позборуваме.
    Не не се смири, почна да ме тепа, да ме удара со нозе во ребра, и да ми ја кубе косата. Цели раце и беа со коса, цели прамени ми искуба. Ја отвори вратата и со плачење истрча кај баба и.

    И ова ќе помине? И на ова треба да и кажам океј е мама, нареден пат не така.
    Секој е.ан ден го зборуваме истото пред спиење, дека утредента нема да биде таква! Стварно не знам што да превземам во врска со неа, ме плаши секој новодочекан ден, дека ќе биде бетер од претходниот.
    Ми иде да ја треснам,озбилно. Ама се контролирам.
    Е со урлањето не можам да се контролирам, ама и најгласно на свет да се караме ништо нема да помогне.
    Сум видела тантрум,сум видела се од неа, ама ова е нешто повеќе.
    И не се трпи.
     
    На Цвет88, mssuniquee, hello-kitty.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Леле Шанел само што те исчитав се вознемирив.
    Добро што воопшто си останала приземјена, вака да ме мава удира и да ме искубе има да му ја влепам една добро да запамти кога друг пат кренал рака на мене.
    Ај разбирам дете од лутина да удри и внук ми знаел да ме мавне тој период и по кучево мавал и по мм. Ама ова твоево ми е ептен премин на граница меѓу тантрум и галено дете.
    Иначе терапија ти е може најдобро посета на психолог ако не си до сега, друго чаре нема очигледно разговор не ви помага.
     
    На Luna91, mssuniquee, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Денес цел ден на тоа мислам, детски психолог.
    Не мене да ми одржаваат лекции,туку и неа, заедно некаде да посетуваме часови.
    Мислам дека задоцнетото одење во градинка има голем уддел тука.
    Со полни три ќе почне. Предоцна.
    Галено дете и агресивно станува.
    Почна на другарчиња нејзини да налетува да мава,да кубе и слично.
    Можеби е недостаток на внимание, може е само разгаленост, не знам навистина, воопшто не сум паметна веќе што да правам.
     
    На mal.ecka и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Немој да мислиш дека е до градинка. Од на внук ми паралелката буквално истото девојче го опиша, тоа е поголемо ( валда од твојата) 5ипол години скоро 6г. Оди од 9м во градика. Родителите не можат да се справат со неа, мајка и ја испотепа пред мене во парк. Сите граници на нормалното ги поминува...ама што џабе сега ќе ја удри кога веќе излегло далеку од контрола. Луѓево се на диазапами. Сами кажуваат се пробале.

    И они имаат како тебе второ дете па претпоставуваат дека може да е до тоа.
    Сега знам дека оди детево на детски психолог заедно со родителите и работат на справување со бес.
     
    На mal.ecka и Chanell* им се допаѓа ова.
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Да одиш ич да не се мислиш. Штом работата ги преминала сите граници треба да превземете нешто, ако ништо друго барем совејтувајте се со стручно лице. Ем за вас ќе биде подобро, ем ќе спречите на девојчето ваквото однесување да и прерасне во навика и да изгради ваков карактер во иднина. Нити сум мајка, нити сум стручно лице ама колку што знам од околината, може да е само период иако подолго време трае кај неа. Во однос на градинката, познавам деца што биле со лош темперамент пред да одат в градинка и едноставно таму се “вдушиле“ со другарчињата и научиле како да се однесуваат со луѓето околу нив од друга страна познавам и такви што се бубалчиња иако не отишле во градинка ни еден ден. Во секој случај не губите ништо со психологот, само ќе си купите мир и среќа и за вас и за неа.
     
    На mal.ecka, Chanell* и Lianna Anna им се допаѓа ова.