1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Ова не е тантрум, ова е агресија, на која сериозно мораш да работиш. Ама не можеш да работиш, ако и самата се осеќаш на работ на нервите, што е и разбирливо поради ситуацијата. Освен тоа мислам (можеби и грешам) дека е во комбинација со љубомора или последица на истата. Дали е вклучена во активности за бебето? Ако не е, вклучи ја. Чувство на прифатеност и корисност е тоа.

    Значи, прво и најважно е да се смириш и средиш и да расчистиш со самата себе, да одмориш од се. Има ли шанси за такво нешто? За да можеш после соодветно да одговориш на ситуацијата што ја имаш. Треба да откриеш која е причината за ваквото однесување, оти секоја нејзина реакција е предизвикана од некоја акција. На пример, ти мислиш е фустанчето, а фустанчето е само нејзин изговор/начин да ја исфрли фрустрацијата со која не може да се справи.

    Никако и под никакви услови, немој да дозволуваш со агресија или било какво несоодветно однесување да стигне до посакуваната цел. Оти така само ја потхрануваш негативната емоција. А поентата е да ја канализираш/пренасочиш, за да потоа знае и самата да се справува со истото. Ќе те советувам, ако е излезено од контрола, (а се чини дека е) да побараш совет од детски психолог. Ништо страшно не е, ќе добиеш насоки како да реагирате во дадена ситуација. Не мора да значи дека ќе го посетува, па токму и така да е, пристапот е врз основа на игра. Треба да имаш позитивен авторитет и да се обидеш да не губиш контрола. Последново никако не смееш да го покажеш, пошо кога го гледа тоа, си зема повеќе сила. Не знам каков ти е начинот на воспитување, ама ако е пермисивен, време е за промени.

    Леле еј, никако не смееш да дозволиш да крева рака на тебе, ниту на било кој друг. За ова апсолутно треба да зборуваш со сериозна и крената интонација на глас, спуштена на нејзина висина, интеракција очи во очи. И тука треба бесот да се насочи на друго место. Дај и листови нека сече или едноставно нека ги кине.

    Можам да ти кажам што функционирало кај моите за агресивни испади, пробај може ќе ти успее. Систем на привилегии и одземање на истите. (Нема казни) Тајм аут со "смирувачко шише" или цртање на конфликтот/проблемот. Ова е уште и канализација на емоции. После ова, откако ќе спласнат емоциите, се разговара за проблемот и негово решавање. Најголема награда за едно дете е гордоста што ја гледа кај родителот. На ваков начин треба да се храни позитивно однесување и шансите да се повторува истото се големи.

    И остави ја нека облака што сака. Жити се, немој да паѓаш на вакви ситници. Ова со облекувањето е период што и моите го имаа. Ако е толку голем проблемот, пробај да и понудиш избор. Прво нека ти одбере тебе една комбинација од две кои претходно ти ќе ги избереш, а после од две нејзини кои исто ти ќе ги спремиш, нека избере и за неа.
     
    На crazylady, MilaSs12, gjoker4e и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    32.796
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna Прво да ти одговорам околу активностите на бебе, да, вклучена е целосно.
    Менуваме пелени,облекуваме,играме со бебе заедно. Шетаме секогаш трите заедно.
    Кога заспива бебе досадно и е да седи со мене па оди кај баба и. Никогаш не сум ја избркала јас затоа што бебе ќе спие, ниту на било кој начин сум и покажала дека е “вишок”, пошо секако дека не е.
    Мислам и мислам и не можам да се сетам која е причината за однесувањето, но не е од сега. Можеби јас касно приметив, можеби со самото доаѓање на новиот член малку повеќе вниманието ми се скрена, па не можев секој сигнал да и го следам.
    Во однос на облеката,апсолутно ја оставам самата да бира. Вчера пример буквално сите фустанчиња и беа за перење, па имаше драма и шеташе на гаќи дома, а по надвор на пижами.
    Со трескање од земја, липање, буквално дерење со крокодилски солзи.
    Во рок од две минути може да се случи да премине од 0 до 10 во нејзината драма. И налетала на баба и да ја тепа затоа што лубеницата не била исечена на кришки туку на парчиња.
    “Неумна мајка, лоша мајка, карај се дедо Боже ич не е умна оваа мајка” и слични глупости, секојдневие и станаа.
    Кога зборува за други деца ги нарекува неубави. Пример она е принцеза, а другарка и Симона е вештерка.
    Еве вака ги опишува. Или она е умна, сите други не се..
    Да, за се и е попуштано, се и е удоволено, кревка сум према неа,допустлива и премногу осетлива.
     
    На crazylady, hello-kitty.90 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.174
    Пол:
    Женски
    На работа имавме дете кое имаше 5 години и имаше тантруми.
    Еднаш бидејќи не сакаше да направи нешто што и беше кажано почна да мава на колешката, да вриска и не сакаше никој да ја допре.

    Кога и кажавме на мајката...
    Не можам да и го заборавам лицето... Срцка... Мн ми падна жал мене кога ја видов како и беше тешко.

    Мислам дека треба психолог за ваква работа.

    Детето има некој стрес можеби доживеано, може некој и викал.


    Според мене, психолог под итно.
    И мое дете да е и јас би го однела.

    Поздрав ѓ
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.704
    Од кого научила вака да зборува, со вештерки и дедо боже? :x
     
    На crazylady, Nadja_22 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    32.796
    Пол:
    Женски
    Не знам :|
    За дедо Боже пред некое време едно детенце со кое најчесто си игра го слушна како вика “дедо боже не се карај”, грмеше многу баш тогаш.
    Сум го слушнала свекор ми како и вика дека е лоша, никој нема да ја игра, лоша е ко чичко и итн..
    Јас никогаш такви работи не сум и зборувала.. од сонце и злато не сум ја нарекла поинаку.
     
    На crazylady, mal.ecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    7.950
    Пол:
    Женски
    Како да го видов внук ми во твоите зборови кој штотуку наполни 4г. Мене ми изгледа дека има комбинација на тантруми,разгаленост и љубомора кон малото. Што побрзо во градинка, и дома со смирен тон да и се објасни што е дозволено а што не и д се стои цврсто н ставот, да не се попушта пред бесот преку кој очекува дека ке дојде до посакуваната цел. Таа нема да се промени преку ноќ,но со тек на време ке научи поинаку да се справува со емоциите. Трудете се да има што е можно повеќе активности и занимации преку ден, з да и нешто повеќе исполнето времето. Тоа е малку тешко изводливо кога имаш и нло бебе но тука градинката ке помогне доста. Среќно и на тебе и н сестра ми, и таа се наоѓа во твојата ситуација моментално.
     
    На crazylady, Chanell* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.511
    Пол:
    Женски
    @Chanell* само да те гушнам:hug:. Читајќи го твојот пост ме потсети на мојата кога беше 2,5-3 год:sweat:.За се плакаше и се фрлаше на земја.Толку безпомошна бев.Само ќе ја земев во раце и лута си одев дома и и велев надвор ќе одиме кога ќе наполниш 18 год:|.Исто се чуствував сакав да ја треснам од земја, не се издржуваше.На крај размислував и на психолог за мене да одам бидејќи не можев веќе да се контролирам.
    Разликата меѓу мојата и твојата е што мојата не ме тепаше, никогаш не и дозволив да ме удри и многу рано и кажав стоп за насилство.Јас не те тепам немој ни ти мене.Исфрлив се што има прехрамбени бои во храната и од тоа мислам и се зголемуваа тантрумите.Сега на 5 год ако и пуштам цртан подолго од 30 мин се претвара во ѕвер.Па така тв не и пуштам и си игра со играчки и е мирна.Види да не и делуваат овие две работи и на твојата така негативно.
    Кај твојата покрај тантрумите е и љубомора кон бебето.
    Ако мојата е 5год скоро и тантрумите и се намалени ама откако е бебето пак плака за џабе.Со бебето е многу мила и нежна,ама еве плака оти сака внимание.Кога јас ја играм ги нема тие плачки.Исто кога осетам дека е уморна или е гладна исто плака многу, па и давам за јадење.Полека ќе научиш што ќе ја смири.Исто не е на одмет да посетите и детски психолог.

    Запамти правиш се како што треба ова е еден тежок и долг период ќе помине.Не си крива, секое дете си има катактер ние треба само да им помогнеме да се пронајдат себе си :).
     
    На crazylady, gjoker4e, marchi-cool и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 Зошто прехрамбени бои ме заинтересира? На пример кои производи? Мислиш слатки работи?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.511
    Пол:
    Женски
    Кога ми беше големата таа возраст читав некои истражувања како децата стануваат повеќе активни да не кажам хиперактивни доколу внесуваат бои.Имаше истражување за деца во градинка на едните им се даваа бои, а на другите не.Овие со боите беа далеку поактивни, послаби со концентрација и сл.Самите бои се детивати на нафтата ,па види сега.
    Се што е обоено, гумени бонбони, овошни јогурти и сл.Многу производи користат бои, а не ги пишува во декларациите.
     
    На gjoker4e, dunika, Chanell* и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    @Chanell* психолог под итно, се си пробала не оди. Ќе си речеш зошто порано не си почнала.
    Ќе помине и ова но зошто најубавиот период од нејзиното детство да ви остане во лошо сеќавање.
     
    На Chanell* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    21.027
    Пол:
    Женски
    Не знам од кај да почнам прво зошто милион пати имам пишувано, второ зошто немам решение.
    Само ќе кажам веќе дека не ги доживувам толку стресно како порано.
    Порано искрено ќе де развикав, ќе се нанервирав, ќе треснев врата и излагав на цигара ќе се скарав до маж, мајка зошто ја галат, па ќе се расплачев заради тоа што се дерам на дете а уствари ради други е таква.
    Година дена дома со мене со кризава да беше ваква сигурно ќе полудев.

    Ситуација од вчера: парички чоколатца јадеше, неќеше да вечера тие ќе ги јадела. Пробав компромис, не иде... Гледам дека надоаѓа табтрумот. Пробувам пак.. почнува тантрум. Ги собирам чоколадите ги кревам. И можете да замислите зграда у вис ја крена. Таа плаче, рика, кашла се дави, јас игнор и и викам не може...
    Таа плаче оди по мене и вика абе мамооо, абе мамоол, па ми падна жал, викам до толку ли сум лоша мајка дете да се влече по мене и да ми вика ама не попуштив. Проблемот го игнорирам, ама зборам цело време... Не може, јас ти дадов да бираш ти одбра да плачеш.
    Некако ја земав ја гушнав и видов дека почна да се смирува па почнав да одвлекувам внимани. Помина и заборави на чоколадите.
    Денес неќеше дома од надвор. Надвор кажав со убаво, неќе, јас си тргнав. Тргна и она по мене, се влече, ја кренав во раце и ја носам таа ко да ја колеш. Симниме и ако ја симнам ме фаќа за рака и вика ајде сега да одиме таму.
    Дома плаче,јас игнор... Излегов на тараса на цигара и случајно видов ѕвезда, еј брзо дојди да видш што еона? Ѕвезда авион? Планета?
    И така некако се смири.
    Мене ме нервира друго
    Неќеше ете да се истушира, да измие раце, да соблече патики е за тоа уште не сум нашла финта која ќе упали.
    Пробувам на мн начини, некогаш ќе упали, ама ако се заинати нема шанси, едноставно у тој момент и светот да и го дадеш она нема да прифати, не можеш да ја купиш што се вика.
    Инает е и нетрпелива и мисли дека се она знае и е у право.
    А тек шо ме чека у пубертет ехеее....
    Етака се изнакажав.. мож ќе ми текне уште нешто до после.
     
    На crazylady, hello-kitty.90, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  12. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас така. Мене па ме лути кога ја бањам, ако и влезе вода во око,плаче и вика по баба и.. Као аман спаси ме бабо те молам.. Јас бетер од неа, си се расплакав зошто во тешки моменти ја бара неа, а не мене. Абе пукнав.
     
    На crazylady, Lady Leona, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    @Chanell* и јас те гушкам.
    Јас бев на психолог ама поштено си дремев еден саат, се било нормално |(.
    Мојот зимаше играчки и не ги даваше. Значи стварно многу играчки и сегде сакаше да оди со нив, почна и да моча во гаќи само зашто не може да понесе толкава количина играчки со него. Знаеше да ги земе сите плишани играчки, да ги истури на тросед, да седне над нив и со рацете постојано да мрда лево десно, да брани да не му ги земе брат му. По цел ден, буквално цел па дури и на спиење влечкаше(уште носи ранец со играчки на спиење :rofl:).ова периодот кога заоде помалото и имаше интерес за да играат заедно. Полудував. Маж ми на 5мин викаше јави се во градинка да го однесам утре.
    Ама се смени. Не знам што влијаеше ама помина периодот.
    Е сега има друг, повторно знае да вриска, скока, удира ако сака нешто во моментот и што е најлошо неколку пати го имам плеснато, и татко му потегнато за уво. Јас уствари ако го видам него правам драма дека не е ок а уствари се тоа допринесува "утре" синко да вика и така во круг. Плус ме нервира што поголемиот си добива воспитна а често и помалиот е "буцкалото".
    Уствари не ми треба психолог. Ми треба одмор, спиење и трпение :?:.
    И јас си се искажав :D
     
    На crazylady, PoisonGirl, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  14. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Исчитав многу многу страници наназад и прочитав дека тантрумите најчесто доаѓаат како излив на бес и фрустрација, емоционална бура бидејќи детето најчесто не знае да се изрази и да каже што точно сака. Епа мојава јасно и гласно кажува што сака, збори може да те продаде, само не сака да разбере зошто нешто не може.
    На пример стана ноќеска во 2ипол со плачење и вриштење за да си игра со дадите (братучерките ни беа на sleep over). И кажавме дека е ноќ, дека спијат, дека утре кога ќе стане ќе си играат. Кога почна да вришти, да мава, да се мава од креветче, да фрла играчки. И кажуваме дека е време за спиење, дека сите спијат, Антонија вришти дека се наспала, дека не и се спие, не и се прави ништо,дека сака да ги разбуди дадите, да си игра со нив. До 4 саат вриштеше и плачеше и фрлаше се што ќе дофати, маж ми едвај ја држеше да ја гушка за да ја смири и конечно да ја успие.

    Пример 2
    Има едни малечки влечки кои и служеа за мечињата кога си игра зошто на нејзе и правеа плускавци. Денес запна да ги облече, ги носеше 15 минути и кога влезе внатре искористив прилика да ги фрлам бидејќи одма и се разранија малите прстиња. Кога излезе после 6 саата ги побара нив, и кажав дека волкот ги земал и да си ги облече нејзините или патики. И ги дадов и влечките и патиките да си одбере што ќе носи, кога се фрли на тераса, да плаче, да урла, да се дере дека ги сака жолтите мали влечки што и прават плускавци. Не ги сакаааааам розевите, не сакам патикиииии, липа, плаче, се дере, ги фрлаше патиките и влечките. Се симнавме долу со маж во двор она продолжува, и реков ако сакаш џа дојдеш имаш избор, влечки, патики или боса па да те касне некое бубаче. Плачеше пола саат и се дереше, дојдоа баба и и дедо и, дајте и ги нека не плаче, јас вријам, маж ми врие, она пишти помогни ми бабо најди ми ги влечките. И баба и ја зема во раце да ги бараат, и објаснува дека ги нема, вришти, пишти, ја мава свекрва ми, се мава себе си од неа, јок бре, не престанува. Ја зема маж ми и и вика седи тука и да не тепаш никој зошто ние тебе не те тепаме. Се фрла во двор, корне трева, бутка столици, ги сакам жолтите влечки што ми прават плускавци. Ја прелажа маж ми ќе одиме во продавница ако ги облечеш розевите влечки. И ајде се смири едвај. За да после 5 минути маж ми ја донесе пиштејќи не сакала да си оди од продавница, таму да седела.

    Можеби не осеќа доволно внимание од мене бидејќи сум трудна со второ и морам да мирувам во кревет повеќе, но и читам приказни, си играме со кукли, редиме сложувалки, ја ранам јас, и правам смути црвено какво што сака, седам покрај неа додека си игра со кујната, и одговарам на сите прашања што ги има, но ете не можам да ја кренам во раце, да ја нишкам, да ја гушкам додека има тантрум ем што ми е забрането а и за да не ме удри. Но после тоа разговараме, или и додека има тантрум се обидувам да и го одвлечам вниманието со нешто друго.
    Во два дена имаше три четири испади, јас и маж ми чуриме, вриеме, јас од хормони си плачам некад со неа од немоќ, старите уште толку дајте и да не плаче, што му сторивте на детето, и на крај некад се дешава јас и маж да се спукаме, јас не му дозволувам да ја удри, и му пререкувам дека единствено јас поставувам граници што смее а што не, а од другите се и е дозволено па дури и на лустер да се качи и затоа е стигнато до овде :!:. Секако со маж никад не сме разговарале ни па карале на висок тон, ни онака а најмалку пред детето:!: После тантрумот сите сме си мирни :wasntme:
     
    На crazylady, hello-kitty.90, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.166
    Допаѓања:
    26.230
    Пол:
    Женски
    @S.J.Parker lelelele kako jas da se citam istooo, isti situacii imame.....pa i starive mrcat-frcat, ke eksplodiram zimi se.....se nadevam od septemvri ke se smiri ko ke ojt vo gradinka :$
     
    На S.J.Parker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Прво и основно. Седнете со старите разговарајте во такви ситуации да не се мешаат. Затоа што со нив си зема сила уште повеќе.

    Мојата беше (се уште е, на подобар пат сме) иста дури и полоша.
    Единствен спас е само игнорирање. Не да и збориш, да не и објаснуваш само игнор. Многу е тешко, затоа што колку повеќе игнорираш толку повеќе ќе е побучна и посилно ќе плаче за внимание. Мора да издржите во тие моменти само игнор. И да се влечка по улиците, и по продавници само тоа.
     
    На crazylady, mal.ecka, Ygritte и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.211
    Пол:
    Женски
    За мојата лекот секогаш бил во креативноста, ако нешто бара, а сум фрлила го бараме заедно, никогаш не и викам го нема, едноставно го бараме, па се загубило може, ќе се најде покасно, ајде во меѓувреме ова и ова да правиме, на мала возраст ова најмногу пали. Да не се нервира и плаче, а и вие да не се нервирате. Сигурно има удел и ова што го напиша дека си трудна, игнорирање не би препорачала, може многу полошо да се одрази подоцна и бебето кога ќе дојде. Само креативност во ситуациите и зборување.
     
    На crazylady, Lady Leona, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Исто исто исто... Во нашиот случај старите беа дополнителен проблем па моравме физички да се дистанцираме. Оттогаш имам поинаква комуникација со ќерка ми, се разбираме полесно. Секако сеуште се случува да се запне за нешто. Ако е нешто ситно да, се купи од продавница или уште едно возење на количе, тогаш попуштам јас бидејќи во 24 саати не мора сите битки да ги добијам. Но, во други ситуации како што е одење дома од кај дадите или од игралиштето, тогаш најавувам 20 мин порано дека ќе си одиме и оставам време да, сњ спреми психички дека навистина ќе си одиме. Е сега вака напишано убаво звучи.. Ама има и моменти кога јас се брзам и сл.. Е тогаш ми се случува и да изгубам контрола. Тогаш врескам ко будала. Како и да е, поголемиот дел од времето вака комуницираме.
     
    На crazylady, babydust, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Знам дека сите деца го минуваат овој период на тантруми ама ме интересира дали сепак има дете што не доживеало тантруми. Баш пред малку свекор ми ме извади "од патики" со нервоза. Играше малово (25 месеци) со децата негово ( 13,12,10 години) и малово нешто не ми давале и почнало да пишти и ете го свекор ми со неговото "мудрости" : а гледате како сте го направиле детето од мало нервозно? (facepalm) и како да фатам да му објаснувам дека станува збор за нормална појава кај деца од 2-3 години кога тие (свекор и свекрва ) се секогаш свезнајни?? :@
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    21.027
    Пол:
    Женски
    Мојава вчера плачеше зошто сакала торта у 21:00.... Толку гласно толку драматично што некад очекувам полиција и социјални служби на врата за заѕвонат.
    Плаче за се, за се се дере, се е не, не сакам...
    Толку многу пати у денот се дере по мене мамаа, мамаа, мамоо, ама мамааа, може 30 пати у 2 секунди да повтори а некој да си помисли греота детево е само останато.
    Никој не смее да излезе од соба, кој ќе ја чувал неа, сама неќела да седи.
    Ако некој отиде у вц пак драми пред врата.
    Само во градинка е злато... Јас не знам дома што и се случува што е незадоволна од се.
    Добро е бар спиењето се среди.
    Немам веќе живци а ни тактики..
     
    На 24.07 и mal.ecka им се допаѓа ова.