Малово мое почна така акоро секој ден да се расплакува ама баш за ништо. Ја оставам ќе поплаче ќе се занесе по нешто друго па заборава. Ама ако е пред спиење не се смирува така лесно
Темава како за мене. Мојава како наполни две, ете ги тантрумите во пакет. Пред тоа, сама си игра, се забавува, мераци. Сега не се јаде, не се седи, само нешто бара, зема, отвора, истура, фрла, ако не и се дозволи, следуваат плачки, клоцање, врескање. Но, среќа, тантрумите не се секојдневие. Кога бевме на одмор пред извесно време, знаеше да се заинати по туѓа топка, љуљашки, од вода да не се излезе, па плачки, вриштења, срам ме изеде.Ќе ја изолирав, се трудев да и привлечам внимание со друго, кога со успех, кога без. Кога се вративме од пат, додека да си дојде на себе, да се прилагоди со спиење, вриштења и плачки по час и кусур, мислиш детево збудале.Читам статии на темава и се тешам ќе помине. Сега поретко се случуваат нападиве, не се секој ден, највеќе се нервози кога треба да се враќаме дома по надвор, а таа би седела по цел ден. Инаку тантрумиве исцрпувачки како за детето, така и за родителите и од нив одмор едноставно нема!
Колку што читав, тантрумите исчезнуваат во принцип кога детето убаво ќе прозборува, кога ќе може убаво да побара, и кога ќе може да му се укаже и притоа да му се образложи. На пример, му забарануваме одредена активност, зошто е штетна, ама за штетноста не можеме да му објасниме. Покрај тоа, убаво е за корисни активности да се осамостојува, на пример само да земе некое јадење, да се зачешла, исчетка запчиња (може нема да биде прецизно) зошто тие му даваат чуство на самостојност, а токму желбата за осамостојување пропратена со неможноста за истото ги предизвикуваат тантрумите. Ако направи нешто добро, да се пофали, одобри, награди и најважно, да не се престанува со зборување и покрај тоа што не разбираат, не се знае кога ќе дојде моментот кога ќе почнат се убаво да усвојуваат. Е, сега за жал некои дечиња се поинаетливи, па и кога разбираат убаво што им забрануваме прават лудости за да нервираат. Веќе тука, овие состојби траат подолго и ќе мора навремено да се реагира за да не продолжи таквото однесување и понатаму. Што конкретно, зависи од самото дете и за жал не е лесно и покрај фактот што родителот прави се за да го смири.
Јас јадам ќотек од ќерка ми при нејзните тантруми, а и кога е добра расположена. Клоца, мава, и од никаде ќе ме удри со некоја тврда играчка по вилица, око итн. Ете ти ,, семејно насилство.,,
тантруми и тоа доста тешки имаше и син ми. него му се јавија пред оној период да почни со зборување. само нешто да прави беше премногу хиперактивен, викаше касаше пискаше. благодарејќи на едно мислење тука на форумот, почнав да му давам бејбивитал капки за мали деца, богати со витамин б, за да се смири. после 2 месеци детето ми се препороди, а за 4 почна да зборува. кога почна да зборува - тантрумите автоматски се намалија и сега на 3 год и 2 месеци можам да кажам и скоро да ги нема. нервозен е само кога е преуморен - да да, сеуште е темпераментно дете, само кога е болен или спие е мирен. почна да зборува на 2 год и 9 месеци и пола од тантрумите скрос си исчезнаа одма кога почна да зборува. него го нервираше што не можеше да се пушти со зборување, сега апсолутно си коментира за се, за цртани, за тоа како бубата летала - и му вели бегај бубо итн.... само без нервози кога така реагира и нормално можите б комплекс или еве бејбивитал да му давате, многу помагаат, а ниеден педијатар не ги препорачува. дали немаат некој финансиски кар од препораката не знам ама.....или имунобор Б, или некои слични капки само да се со повеќе б витамини.
И кај нас почнаа од пред некоја ден,врескање и плачење за ништо,нервоза,гризање на предмети,толку неспремна ме фати не сум читала за ова,еве неколку дена ја фаќа во спиење навечер незнам дали тоа е нормално ќе фати да плаче во сон колку јас и зборувам да се смири да ми каже шо сака она уште толку квичи и се трска. Пробувам психички да бидам стабилна ама живциве ми се малку повеќе истанчени.
Мојава зборува релативно супер за возраста 22м и знае да побара што сака. За некои работи мн лесно прифаќа кога ќе и кажам не може а за мекои се треска малку од земја, најчесто брат и кога ќе и земе нешто. Мислам дека доста разбира ама пак има некои работи што тешко можеш да ги објасниш на толку мало дете
Се согласувам...уште се мали да сватат некои работи...зошто не може? во кои случаи може, во кои не? Кај нас малку се засилија тантрумите, али се во нормала ( се трпи ).
Нормално. Мојава има доста богат фонд кој постојано се надградува, но колку и да знае сепак е двегодишно дете и не може се да им се објасни. Тестираат граници и понекој пат се инаетат. Но, сепак мислам дека континуирана комуникација и објаснување ќе вродат со плод, и така ќе се развие говорот и ќе се воспостави воспитувањето. Сунѓери се, впиваат, природата си го сторила потребното.
Кај нас не помогна зборењето. Од две години веќе се зборуваше,и цели реченици,осмислени,а тогап и тантрумите почнаа. Значи сегде различно. Малку поднамалија деноиве,односно интензитетот е намален,или се научив да се справувам.
И кај нас е смирено. Траеше кратко време, знае да подзаплаче ако не и по кеј, ама не цело време. Е сега нон стоп само бара нешто, ме расшетува низ соба, ама тоа не е тантрум, тоа е темперамент. Ама ништо не значи, може пак да се јави период на тантруми.
И за тарантумите да си кажам...Мислам ги има од како е родена Постојано плаче и за се негодува, од бебе е многу захтевна, ако нешто не и се дозволи се фрла на тепих па ја треска главата, па се поместува на паркет за да се слуша повеќе како тропа..И на сред улица знае да се валка и да прета. Страшно е... Ама полека се проретчуваат, игнорирам само, тоа е лекот, некогаш трае повеќе, некогаш помалку. За зборење, зборува, поврзува цели реченици од две години. Ама кога не е по нејзино сите по дома не тепа, гризе, гребе. Ќе поминат, само трпение
Значи мојот проблем се викал ТАНТРУМ Мајки имам еден голем проблем со поголемото девојче... Има 4 ипол годинки, темпераментна е многу. До пред 6месеци беше супер, немавме никаков проблем, мирно девојче, послушно, но откако си доби сестриче она се смени за 360 степени. Сега е мн непослушна, плаче без врска, " се тепа " ( нас не гризе понекогаш, не тепа ) односно мн е бесна, нервозна, се сака по нејзино да биде, дури почна и да ги гризе ноктите. Кога и викаш немој, не го прави тоа она за инат обратно прави. Откако се породив со второво напротив наместо на бебчево се неа и обрнуваме внимание да не се чувствува запоставено, но најлошото е кога ќе ја земам малава во раце да ја дојам она тогаш знае да беснее и дури често пати ја има штипнато стиснато и удрено ....... и сето тоа нејзе и било дека " ја сака сестрата "...не намерно... Понекоаш ќе ја потчукнам ама џабе не вреди, тогаш се станува полошо...вреска и плаче повеќе... Навистина незнам како да си го вратам старото девојче што си го имав... Сите ми велат дека е период додека го прифати бебето, ама еве 6месеци веќе а она е се полоша дома ( а надвор е бубачка, мн се срами на улица, кога ја прашуваат нешто само трае како да незнае да зборува ) Оди во градинка, значи таму е бубачка, а дома звер...Имаше периоди кога со плачење одеше во градинка , но веќе не,,,,поминавме низ тоа... Ве молам дајте ми некој предлог што да правам, како да ја сменам, дали да ја носам некаде??? Милион прашања ми се вртат во главата, каде погрешив во воспитувањето????
Тешко е, многу е тешко да излезеш на крај. Најискрено и од длабочината на срцево си го кажувам ова. Понекогаш дури ми се плаче -наутро ако не е убаво наспиена и расонета- плачки и инат кој не можеш да го прекинеш со пренасочување на внимание - у кола у седиште е научна фантастика да ја седнам за да ја носам во градинка. Мислам дека цело маало ечи у 7 саат сабајле од нас. - не збори јасно, збори кинески- можда и држи таа теорија додека да почнат да зборат убаво за да можат и они убаво да објаснат што сакат, а и они да разберат што им објаснуваме - трескање од земја за да јаде САМА со лажица, а веднаш потоа не со лажица ами со виљушка, за на крај на наше попуштање само за мир у кучи и да нејќе да јаде никако - бањање- никако - чешлање- такоџе - понекогаш и менење пелени е хорор сам по себе - ако не и дозволиме да направи нешто што умислила (што од безбедносни, здравствени или слични причини) исто трескање, врискање, солзи....солзиии и пак врескање И сето ова е многу фино опишано од мене, дека нели љуби је мајка, па сепак бирам речи Со надеж дека бргу ќе помине.... А и тука да си кажам, пошто кој е со иста мака ќе ме сфати. Оние кои ја познаават- јасно им е. Ама коментарите се- ееее дете е тоа, нормално, ќе пораснат.Знам.Јасно ми е. Ама си барам чаре. И така секој ден ние....
@olence86 мислам дека вашево не се тантруми туку класично покажување љубомора према новиот член. Освен многу посветување внимание пробајте со насочување на поголемково кон извршување "обврски" за да се осеќа корисно и да се почувствува важно и значајно. Значи обични домашни обврски како и помагање околу бебето, и обавезно да се пофали или награди за завршената работа. Немам лично искуство, и мене тоа допрва ќе ме чека, само пренесувам искуство од други
Овие тантруми сега ли испаднаа во ,,мода,, ? Прано или не сум ги осеќала на децата или ги немало. Малава: -навечер неможеш да ја легнеш да спие.Додека со татко и не не види мртви-уморни и папсани, не легнува.Задолжително мора прво ние да легнеме, после таа.И со арно и со лошо сум пробала, ефект-нема. -почна да кажува за мочкање/какање, фрливме пелени, и еве веќе скоро месец дена пак не кажува (само какање во шоља, ама мочкање исклучиво во пелена).Мокрачата и е обилна сега, од две-три мочкања печената веќе тоне.Постојано се пресоблекуваме. -капењето ни стана неомилена активност, посебно коса ако треба да се мие, да не ви зборам за чешлање.Како Могли е во главата. -често бега гола по дома, несака да ја облечам, и најчесто се инаети и се крие под маса -полна е инает.Не помага ни зборење, нит скубнување за коса... Незнам до кога вака. Три години има. Има ли некој да ми каже искуство?....или едноставно да оставам да си тера таа по нејзино и да издржам..?
- инает кој долго трае и мислам дека преминува во карактерна особина. - се однесува обратно од она што јас го кажувам пр.му викам дека играчките се делат си секое другарче што ќе дојде. Тој од раце им зема се’ и крие кај ќе стигне. Последно најдов кола во фрижидер. - седењето до касно со нас веќе ни е ритуал, само што, син ми, и кога легнуваме во спална тој уште 15 тина минути будно раскажува прикаски. 3.5 години
Мислев дека е невозможно на 16 месеци тантруми но еве ме и мене во групава.. Си молчев до сега но денес апла добил да не речам напад. Мајка ми дур го чувала и рипнал да ја кубе и таа мислела дека си игра се дур не почнал да лудува вика и агресивно да кубе и гребе што женава солзи и потекле. Мене рацете ми се редовно модри од гризење ама тоа го препишувам на вадење заби. Но детево дефинитивно има излив на емоции од типот бес на моменти. Се си велев нема шанси зошто внука ми на 3 год тек ја снајдоа (и страшно беше) , но очигледно тоа е. Пред некој ден со зима шеташе заради таков напад. Се фукна во лежајот каде има метал внатре зашто не можеше да се стрпи дур му подадам она што сака. Среќа во несреќа е го разбирам што сака и гледам веднаш да му удоволам за што поскоро да се смири ама ете мајка ми денес не го разбрала зошто наеднаш скокнал..
Во саботата во пицерија,пицата во скут ја преметна од инает Татко и ја зеде во скут и така добро го штипна на вратот,гребаници има сега. Што е ова-незнам
Ovoj tekst podole sum go pisuvala jas pred nekoe vreme koga navistina imav goolem problem so vakvite ispadi na bes kako vie sega sto se zalite.Period e ke pomine ama ne se trpi i potpolno ve razbiram. Mene samo psihijatarot mi pomogna za da me nasoci kako da se spravam. Periodot na tantrumi kaj nas bese strasen , ocaen . Koga toj period ne zavrsiv vo ludnica nikogas nema. Sekoj den koga ja zimav od gradinka ne sakase da se kaci vo kola za da si odime doma vristese kolku ja drzi glas site ne gledaa I se cudea I morav da ja vikam vospitckata za da I kaze deka treba da se kaci vo kola I samo nea ja slusase. Izleguvanjeto od gradinka zimno vreme bez jakna na studot I ako I recam oble ci se toa bese horor se dodeka ne izleze ucitelkata I da I kaze da se oblece znaci tamu ona ne spasuvase. Se sluci mm da ja zeme od gradinka I koga videla deka ne sum jas napravila haos I zastanale na benzinska da napolnat gorivo ona izbegala od kola I trcala I vristela nemozel mm da ja pribere istoto I mene mi go pravese na benzinska nekolku pati da nemozam vo kola da ja stavam. Na gosti milion pati se slucuvalo koga ke kazeme deka treba da si odime , a ona ne saka odma pocnuvase so vikanje histericno. Kulminacijata ja dostigna koga pocna da se soblekuva I gola da trca a ne e vazno kade sme dali doma ili na gosti ili vo market ona vristi se soblaka gola I trca ko luda da nemozes da ja smiris. Pocna za inat da kaka I mocka vo gaki uzasno bese. Probavme I so arno I so loso nikako ne bivase I otidov na konsultacija kaj psihijatar za mene da me nasoci kako da se odnesuvam vo takvi situacii. Sovetot nejzin bese samo da ja ignoriram , znaci koga ke pocne toj moment vika samo kazi I deka ne e interesna I pravi si drugo nesto ako si doma raboti si nesto , ako si na gosti pravi si muabet so drugite luge nea voopsto ne ja poglednuvaj. Tesko e ama mora period da pomine za ona da svati deka ne se vrti svetot okolu nea I deka nema se da bide po nejzino. Kazavme I na babi I dedovci deka vo takvi momenti nikoj da ne ja percipira za da svati deka ne e interesna. Posle nekoe vreme odkako pocnavme site taka da se odnesuvame so nea ona svati deka pravi glupost I popoleka si se smiri I veke odamna sme nemale takvi ispadi kade sto bese vo sostojba I sama da se povreduva ili pa morase da skrsi nesto da isturi duri ednas so polna solja kafe zamavna vo televizorot samo da go isturi besot nekade.