Маж ми има лоша милост сите деца ги штипа ги бацува а дека он е дома го ѓнава на ниво и малиот се лути не сака да го штипа, и му кажувам некое време да е во закачува, да видам како ќе се однесуваа.
Епа ете знаеш како да го решиш проблемот. Не е проблемот детето, ниту неговата возраст, туку однесувањето на маж ти. Треба да му се почитуваат границите на детето.
Нека намали со лошата милост, и нека му посвети квалитетно време на детето. Не се децата за штипење и гнавење, си бараат внимание, гушкање, играње и разговор.
Кога бев во градинка, брат ми беше основно. Имаше една другарка од клас што кога ќе ме сретнеше од милост ме штипнуваше по еднаш на двата образи. Толку силно го правеше тоа што ме здоболуваше до солзи и болката ми траеше некое време после тоа. Ми беше срам да и се спротиставам на лице место, зошто ме учеа да бидам културна со постари. Заради тоа ич не ја сакав, мислев дека е лоша или луда и на брат ми му се жалев дека штипе без осет. И кога ќе ја видев на улица во маало, за да ја избегнам преоѓав од другата страна на улицата. Заради тоа што знам какво е чувството, ти препорачувам да го заштитиш детето од болката. Јас мојот „ѓавол“ барем ретко го сретнував, а на твоето дома му е така секој ден. Не е ни чудо што не сака дома да влезе. Кога си мал немаш сила да се одбраниш, беспомошно се осеќаш и мора тоа за тебе да го направат постарите.
Дали некој носел дете на детски психолог, треба ли упат од матичната? И колку од прилика чини една сеанса?
За државно треба упат од матичен со мој термин исто како и другите доктори. Мислам дека се плаќа партиципација само колку точно не знам. Приватно сеансите над 1000 денари.
Здраво. Тукушто наполнети две годинки и се отворија тантруми во некоја досега невидена димензија искрено јас доста смирено ги прифаќам, ама татко му запна дека "не видел друго дете така да плаче за нешто банално" и "кога ќе одел градинка ќе ме викале да си го земам штом ќе правел вака" Инаку најчесто ескалира ако некоја играчка не му застане баш онака како што тој замислил, ако вратите од количката случајно се отвориле а тој само што ги затворил и некои слични моменти. Надвор скоро и да немало, еднаш во маркет не знам зошто ќе го водев за рака наместо во количка, па запна тој да ја турка количката за пазарување со сета сила, а никој да не смее да ја пипне Кои ситуации најчесто предизвикуваат ваков излив на емоции кај вашите 2 до 2ипол годинки? И дали имате сознание дали и во градинка имаат и како се третирани таму?
Не мора да значи. Син ми сега е поразбран. Има тантруми секако, ама може да се разбереме некако со ветување се и сешто. Кога беше помал беше многу пострашно. Зимава посебно. Нема кај да троши енергија и си викаше почесто. Сега е срце.
moeto e 2 ipol godini i momentalno tantrumite se na najako od sto mi ide mene nekogas glavata vo zid da si ja mavnam.Vo gradinka isto gi ima ama ne tolku izrqzeni.Cekam da pomine uste nekoe vreme i ke posetime detski psiholog, a sega najptvin jas ke odam na psiholog.
Смислувам најразлични активности. Сега е актуелен садоперот. Тој мие јас прашувам што како, го наведувам да збори и да има приказна. Некогаш се фокусира сам и молчиме. Има своја соба со куп играчки и бира тема. Мајстор е најчесто. Паркира коли поправаме коли менуваме делови итн. Реди коцки, сложувалка со моја помош. Кога сака одиме во игротека. Секој ден шетаме, ама сега има базени кај бабите, па нема време за шетање секој ден. Излегуваме и ја вози колата или моторот. Преку еден ден одиме кај бабите, еднаш кај свекрва ми еднаш кај мајка ми и таму има занимации. Кога ке видам дека му е досадно, ама и сам кажува, бара да оди во парк во центар итн. Ако му правиш муабет и се играш со него е најмирно дете. Само да не е затворен.
Еве неколку испробани идеи И моето ако не седнам да го заиграм писка, урла, ме тегне, скока по кревети… а седнам и играме се заигрува бубалче е Имаме исто и едно платно на кое има апликација пат, автопат, река, бара и на него возиме количиња, ставаме играчиња фигури од животни, исто боиме со дрвени боици, планирам деновиве и водени да земам, и нас оваа година актуелен ни е садоперот, му ставам малце вода и шампонче и ги бањаме супер хероите, имаме и кукла бебе го пресоблекуваме, му ставаме пелени, го храниме, две пушки на батерии тој пука јас изигравам ранета будала… Тоа ми текнува
Здраво феминки,ми треба совет како да се справам со тантруми..Синчето има 2 години и 7 месеци,а тантрумите почнаа од годинка ипол.Јас и он сме по цел ден сами дома и цел ден пробувам да му угодам,секогаш си играме заедно,се гушкаме,гледаме цртани,се закачаме,секогаш ако не му се допаѓа јадењето му готвам нешто друго нешто што он сака,кога нешто не е како што сака пробувам на мирен начин да го смирам за да ми објасни што сака.Ама проблемот е во тоа што кога е љут и кога нема да му се посветиш во истиот момент кога сака нешто он почнува да фрла играчки,во тој момент најсмирено му кажувам да не го прави тоа ме сослушува и пак продолжува,наредно му објаснувам зошто не треба да прави така и пак продолжува,некогаш знае да фрла во стакла,фрла со чаши,со предмети со кои што може да се повреди самиот или некој околу него.Јас сум многу смирена но неколку пати ми се има случено да го исплескам по памперс или да добие шамарче поради тоа што со мене се однесува толку агресивно пример он мене знае да ме искубе,да ме изгребе,гризне,удри шлаканица,пред некој ден ме исшутира со клоци по грбот затоа што не му дозволив да штрака на лаптопот а јас на тоа најсмирено му се свртев и со разговор пробав да го смирам,не ме послуша и после тоа му се развикав а он на тоа почна да вришти и да ме кубе и на крај доби шамарче и пак си продолжи да се треска од земја.Значи јас никогаш го немам удрено за ситница или за некоја беља,дури и кога фрла и удира и буквално ме малтретира пробувам да го средам тоа со убаво..Е сеа единствено се смирува кога ќе се расплачам пред него,кога ќе види дека ми е тешко и ме повредил,да појаснам јас не плачам од него,плачам затоа што сум го удрила или развикала.Јас имам пораснато со родител кој што ме тепал за најмали ситници од тоа зошто сум ја откачила завесата до тоа зошто сум истурила сок ненамерно и ден денес сум љута на него и му немам простено за таквото однесување.Јас не сакам да сум таков родител не сакам да му се развикам а уште помалку да го удрам но тоа го правам кога веќе не знам како да постапам и во истата секунда се каам и се расплакувам се извинувам и сама себе не можам да се поднесам(во моментот кога ќе го удрам јас одма се повлекувам значи не го малтретирам),ако го оставам сам во соба он доаѓа по мене и вришти,ако се заклучам во соба фрла со предмети по вратата и врска,ако седам покрај него мене ме удира и сам се удира,на никаков начин не можам да допрам до него да ме послуша.Исто така што и да правам него не му се допаѓа не дозволува да се избања,да исече нокти,да измие заби,да се облече,да исчисти уши значи буквално се ни е кошмар како да го малтретирам а не дотерувам.Исто имам проблем кога сум кај моите мајка ми премногу го размазува и од нејзе не можам да го искарам ако го искарам он трча одма кај нејзе и и викам не го зимај а она на тоа ми вика ама греота е и детево уште толку зима сила од нејзе и се глупира а татко ми гази преку мене пример синчево прави беља и покрај мене тука он се дрзнува да му се развика или да го навреди и постојано кога идеме на гости јас се расправам со моите затоа што кога сме кај нив се расправам ем со синот ем со нив и сум пренервозна.Значи јас имам авторитет и кога ќе кажам за нешто не на тоа си стојам до крај ама како да го смирам синот после тоа мое не и како да им објаснам на моите дека тоа што пет минути ќе плаче е подобро од ќотек и од размазување.Извинете за долгиот пост и чекам ваши совети и искуства позз
Мајки како се справувате со тантрумите .. незнам тантрум ли е , до моето дете ли е , скоро 2 сме и се му е не не и не ... Од градинка се научил и со раче да плеска и ете у тој фазон сме сега ...
Си го читам мислењево и само си помислив дека дефинитивно се се заборава. Се сеќавам дека ми легна у маркет у Гетреборг, ама не дека беше толку страшно