1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Моето месецов ќе полни 18 месеци и последниов период има почесто вакви испади.
    До сега секогаш пробувам со убаво да му објаснам и да му одвлечам внимание со нешто друго, додека во себе вријам. Денеска ме фати инат затоа што не се дешава ова прв пат иако ми беше жал, сега ми е уште повеќе кога си размислувам за ова.
    Трагедијата почна кога си одевме дома и не сакаше да влезе внатре оти дечкото сака да се шета :D после неколку неуспешни обиди со убаво на сила го внесов па се тркалаше на подот и си ја маваше главата па го земав и се смири, да го пресоблечам - пак иста песна од ново. Обично тогаш одам по него и зборувајќи го соблекувам и со малку ќенкање поминуваме ама сега го држев на сила и го пресоблеков на креветот. Плачење со липање.
    И сега се прашувам како е правилно. Како да му поставам граница и да се научи дека постојат правила, а да не биде на погрешен начин?
    Дали е ова период па да продолжам да попуштам во такви ситуации и да пробувам со убаво или да го игнорирам плачењето?
    Многу е комплексна темава и знам дека зависи од родителот и начинот на воспитување ама сакам да слушнам и ваши искуства.
    Не сакам да го разлигавам и да се гази мојот збор секогаш ама и другиот начин некако ми делуваше ептен строг денеска. Сметам дека втората и третата година се многу битни во воспитувањето и се плашам да не згрешам уште на почеток. :wasntme:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    36.030
    Пол:
    Женски
    Тантруми се тантруми. Моето има 20 месеци и од 17-18 му почнаа. Многу е едноставно. Во секој момент го имаш одговорот. Кога требало да одите дома, ако требало тогаш јас го му давам уште 5-10 минути и пак го вмесувам со плачење и мавање и се по ред, а ако мора да одам дома тогаш влегувам одма и пак исто со плачење. Второво прво седнува, па легнува па ја мава главата од напред од под. Првото не правеше така до толку страшно. Па често пати да го спречам да се удри ме удира мене во глава и двајцата не боли ама тоа е ќе порасне.
    За облекување зависи од тоа дали имам енергија. Ако мора исто го облекувам одма, ако не е итно чекам ама можеби и џабе чекам кога пак исто е со плачки. И едноставно тоа е ќе помине и овој период ќе дојде нов.
    Така е затоа што не знаат да си искажат и контролираат емоциите. Наше е само да ги истрпиме и пазиме да не се повредат. После секој тантрум си јадеш по едно благо или нешто што ти ја полни душата и тоа е тоа. :D Јас пијам едни нескафиња од кои ме боли стомак после ама тие ме лечат после секој преживеан ден. :D
    Почеток на тантрум, тек, крај. Само неколку минути трае. Чекаш да помине. И тоа е тоа до следниот. Па пак од ново. :o:
     
    На Ladybug98, sani99, unearthlysarah и 3 други им се допаѓа ова.
  3. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    38
    Imam dete od Tri godini,ima tantrumi se pocesto,nesto ako mu zabranis,nesto ako mu zemis togas Imas bes so nenormalni razmeri : )Deteto se znae,se razbira no uste ubavo ne zboruva,se maci da kazi I toa uste tolku go nervira...Vo tie momenti nemam nacin da go smiram,kolku I da sakam da vidam smirena ednostavni nemozam I nekoj gas gubam kontrola....Se cuvstvuvam vespomosna I Kako da nema izlez od momentaknata situacija....sekoj den si velam ajde denes moze nema da ima,no sekogas ima pricina za toa da se sluci...da napomenam deteto mnogu dobro znae so saka,Sto bara I insistira negovata zelba da bide Ispolneta...Ednostavni si saka se po negovo...Ve molam za sovet I pomos...Inaku poradi govorot odime na defektolog I logoped.Velat deka se raboti za zdravo I pravo dete,dosta inteligentno na koe mu treba vnimanie I igra...
     
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.028
    Пол:
    Женски
    Мајки, давајте памет, оти памет немам

    Не знам веќе од кај да почнам, како да формулирам реченица.

    Поголемиот едно кратко време се смири, во градинка ја почна трета недела. Првите две недели со плачки наутро, ама одеше.
    И цело време по пат бараше нешто друго да прави, да оди, кај бсба, на плоштад, да гледал тв итн. Како еден вид ментална хигиена си правеше.
    Минативе дена плачки те се намалијаа, се фаќаше за раче со татко му и по пат без плачење, си влегувал без проблем, без тажење.
    Леле ние радости.
    Е арно ама се си е со периоди.
    Вчера почна да покажува знаци на настинка, вечерта пред спиење се расплака ушето го чукнал го болело, сакам да ми престане велеше. И веќе се гледаше декс има нешто во позадина.
    Денес оп температура.

    Дали е нормално со температура толку да вриска, има 37, 7 а изледа како мислиш 40 кренал.

    Прееска малово ми беше на под, се раскенка го зедов во раце и на колено го ставив. Поголемиот му се доближа и нешто му се шушкаше во лице и лига од бебето му остана. Зеде да се брише со чаршав послан на креветот, го потегна и го растури и тука почна драма. Почна да вика намести го намести го, кога почнува да бара со повторување нешто знам дека следува тантрум. Ајде се обидувам да наместам, не е задоволен продолжува.
    Работава излегува од контрола, јас изгубив ум, го удирав, му викав, тој како опседнат повторува

    Не знам веќе како се смири работата, го зедов во скут и се замолчи, ама полудев пола час можда имаше ваков испад. И дали е воопшто испад , да не е некој ментален проблем ми е страв.
    Ама минатите дена беше арен да речам

    И друга работа ми е мачна, еве кога фаќа температура, настинка, многу рика сред ноќ. Зошто така, нормално е? Што толку од настинката?
    Полудувам, немам толкав капацитет да се справам, не му е првпат вака . Месеци наназад се фаќаше за ситница и правеше случај. Ќе изгубам скроз контрола некогаш.
    А најмногу ми е криво дека сиве години е цело време со нас , патувавме, оброци заедно, шетање на планини, активности и све..и се прашуваме каде утнавме, премногу ни е криво дека немаме адут како да го смириме, не се потпира на нас.
    И не е ради бебето толку, колку што развојот му е таков си имаше периодични бурни реакции и сам кога беше.

    Кажете ми дали ова денес можно е да е последица од настинка?
    Вечер мамата ќе ни се плаче што нѐ чека...
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik ако е од настинка (покачена температура, кашлица и сл) ќе е малаксано, нема енергија ни воља да прави нешто камо ли да урла, да писка, да се дрецка па и уште пола час…
    Моето кога не е арно кога ќе закачи вирус или бактерија е ептен малаксано, плашливо, ќе се закашла неколку пати и ме прашува мама кашљам? Ако има некои други симптоми како повраќање сам бара ајде кај докторо лошо ми е … и почнува да плаче… едноставно нема енергија за такви драми, а таа температура од 37 со нешто им е исцрпувачка.

    сега да речам со детево на оваа возраст ми е многу полесно ради говорот, иако уста не затвара и некогаш ми е напорен и досаден се нешто безвезе прашува што не знам ни што да му одговорам, а по природа не зборувам многу, ама ова не знам на кого се метна, се симнувам на негова висина и разговарам што сака, што му е, што сака да правиме, каде да одиме, што му се јаде/пие… се случува да се качи на кујна, да скока, да трча, да јаде сладолед многу количински, да се врти во круг, му кажувам на последиците, најстрашни сценарија па ќе се подзамисли и ќе престане… сакам да ти кажам да се обидеш со разговор и само со разговор да допреш до него, до неговите потреби и желби.

    За во однос на градинката мислам дека премногу внимание обрнувате двајцата, моето приметувам само кога му одам контра упалува, на сабајле му се спие и обавезно писка нееее градинкаа.. му велам океј не оди не мораш, седи си цел ден дома со мене, другарчињата нека си играат тамо со играчките… и одма ајде ајдее облечи ме….. па ќе стигниме пред врата тука почнува да се жали, воспитувачката веќе знае го превзема и внатре е друго дете се расположува… ова е буквално секое одење иста скроз приказна, ко касета на рипид… не му придавам на внимание на неговото однесување во однос на градинката зошто сметам дека таму му е местото и во однос на социјализација, учење, игра и се, така да мора да оди и ќе оди па макар и 5 баби да ми се на располагање никогаш нема да го научат она што таму ќе го научи.
     
    Последна измена: 7 јули 2023
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.715
    Пол:
    Женски
    Ох камо ли да успее тоа дека ќе седи сама дома, а другарчињата ќе играат.. ма јок ок ми вели дома ми е најубаво ама кај нас се смени тоа од кога дојде бебе, предходно се научи да оди градинка, сега се нешо и смета, само урла таму, ме бараат секој ден, ма хаос.

    @elenaklasik генерација ли ни се? 3 и 5 месеци има моево. Кризата со бебе ја поминавме и супер е сега ама тие испади шо викаш си ги имаше она и пред бебе. Ма трескање од земја мислиш покољ е дома, не знам како не ни тропнала до сега почиција, јас искрено ја игнорирам, се исклучувам и не ја регистрирам ич. Ко ќе престани ја гушкам и ја прашувам шо е проблемот, дали вреди за тоа да се плаче. Ама ете исто за ситница глупава прај драма, се спремаме за излегување нешо пред да излезиме почна да се треска оти јас згаснав тв не она, одма слековме патиките и нема Зоо, неколку пати така гасам Тв ако гледа или не и давам нешто шо ми побарала, потоа следи уште една поголема драма ама магично оп да видиш како знаела да се смири и да не повторува драма за такви работи. Имаме уште по некој испад ама не е толку страшно. Маж ми он живци ич нема, само ќе се затвореше во спална и ми велеше справувај се ти, а јас коњнски живци фала Богу, еее ако мене ми прекипе, тогаш ствааарно претерала.
    Не го мавај, само игнорирај и ако претерува, скрати му од задоволството. Највеќе приметувам драми кога е уморна.
     
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 моето е само, а многу сака друштво, дечиња, по пат непознати ги кани дома јас се црвенам пукам од срам посебно ако се пресретнеме за дома со некој родител со дете од иста група…затоа и упалува тоа кај нас, е сеа има и периоди кога се жали на сабајле дека го боли меше, грло, глава, грбот и кога ќе го прашам е зоштоо?? Паа неубаво спиев, чера јадев сладолед, бомбони..
    ама попуштање од моја страна никогаш зошто се мали манипулатори, ќе ти ја најдат слабата страна и ќе те манипулираат на било кој начин само да не одат в градинка
     
    Последна измена: 7 јули 2023
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.715
    Пол:
    Женски
    Верувам, кај нас е ептен тазе со бебе и промената и е огромна, ја сваќам оти не сака, како мама со бебе дома, а јас градинка.. 100% тоа и се врти во глава ама не знам како да ја убедам искрено, не пали ништо повеќе, а мора да оди.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    мослам дека те имам читано дека имате правено голема пауза од идење в градинка може и тоа да има влијание… ако сум грешка извини, редовно ги читам тие теми па можно е и да сум те помешала
     
  10. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Мајки, ве молам за предлог за детски психолог/психијатар (не знам веќе што) ако знаете некој добар.
    Ќерче, скоро 4 год ќе полни, секој дем има тантруми и тоа баш страшни, со мм веќе полудевме, не можеме нормално да функционираме. Тантрумите почнаа интензивно летово, кога им стана хаос во градинка, се споија групите, ги чуваше кој ќе стигне и има одбивност кон градинката. Некогаш тој напад на бес трае кратко ама некогаш и по саат време. Давам Б6, не знам што друго да дадам.. Помагајте пошто ако продолжи вака ќе треба и за мене психијатар да барам
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    А на одмор дали бевте, да направите пауза да не оди какво било однесувањето?
     
  12. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски

    Да, бевме, и таму правеше така, пример нејќам на оваа плажа сакам на друга итн… Но, поретко се случуваше. Откако се вративме од одмор и си продолжи во градинка, стануваше многу полошо. Во градинка многу малку дечиња одат од нејзината група и споени се сите заедно. Вчера на пример, била само она девојче од нејзината група.
     
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мое мислење да почекате 1ви септември кога ќе е вратат во нормала групите и да видите. Доколку сеуштте трае и не се смирува тогаш побарајте мислење од психолог. Во меѓувреме обрнете внимание да ги прави работите што она ги сака за да можете да го избегнете делот на дерењето и трескање од земја што викаме. Обично децата кога цртаат ги изразуваат своите емоции и по тоа може да се види што има во главчето, но секако ова би го покажале на психолог и ќе ве упати што понатака.
     
    На srce-9, mira.mira и Mini90 им се допаѓа ова.
  14. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    38
    Pocituvani,Postov vas e od poodamna,no ke Ve molam da mi kazete Kako se spravivte ili seuste SE spravuvate so tantrumite na vaseto dete?
     
  15. Viki2021

    Viki2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Majki ve molam za pomos. Malata mi e 2 godinki i 6 meseci, sega si imame bebce 2 meseci. Taa bese celo vreme zapoznaena so se, go galese meseto, mu stavase krema, mu zboruvase, peese, baknuvase. Od pre pre pre pametno dete poslusno, umno, pametno, sama si mockase vo noksirce od 1 godinka i 4 meseci, sama se oblekuvase i soblekuvase sega prestana da jade, pocna da piska, da ne dava da ja baknam, prasuva zosto go zemav bebeto, nedava da go dopirame, da go zememe, samo ona koga ke ni rece togas moze, se ljuti, place histericno, da nesaka da se banja...ve molam utesete me i kazete mi deka ke pomine, nekoj so slicno iskustvo i sovet kako da postapam? Blagodaram
     
  16. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    703
    Секако дека ќе помине! Период кај деца, секакви ѓи имаат. Мала е и сака внимание што е нормално, вие сте повеќе околу бебето и таа приметува. Само полека и смирено колку се може, поминувај насамо време со неа колку можеш се разбира . Едно е да слуша за бебе дека ќе дојде друго е кога ќе го доживее истото.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.715
    Пол:
    Женски
    Многу нормална реакција, дајте и време, не ја карајте, нема дете што нема криза кога има принова дома, а 2г е многу мало за да ја прифати промената без драма. Она го има тоа сватено дека бебето е нејзино и она е главна, замисли колку и се руши цел свет ако испадне дека зборуваното не се исполнува. Поминува се.
     
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.185
    Допаѓања:
    7.743
    Пол:
    Женски
    Малата ми има 22 месеци. Ама веќе неколку месеци трае ова. А од старт си е малку потерсене карактер.
    Ама во последно време веќе не знам како да се однесувам. Буквално за се драми прави. Како шенка е во приказните. Ти што ќе и речеш таа обратното го прави, треба спрптивното да и го кажеш за да го направи тоа што го сакаш.
    И се сака да е по нејзино, инаку урла вришти одма солзи. Се однесува како наредник дома, кој кај да седне што да прави. Ама почна и надор и по гости, замислете на лулашки сакаше да удри едно дете дупло поголемо и побуцко од неа, зошто застанал кај лулашката таа "нејзина" била.
    Една пријателка има две деца, момче и девојче. Машкото е поголемо него го обожава и со него си игра а девојчето е помало од братчето ама од мојава е поголема има 4год ама мојава ич не ја сака, сака да ја удри да ја тепа.
    Најмногу што ми смета е плачењето за се што не и е по ќеиф а тоа во денот многу пати се случува.
    Особено кога доаѓаме од надвор дома, никако не сака да се прибере дома. Не сака ни памперс да менува ни пижами и алишта да соблекуваме, тоа е борба и некогаш толку плаче во тие моменти што липта се тресе цела. И ми доаѓа нервоза пошто за глупости се липта до тој степен? И знам да и се развикам. И ќе дојде како кутре со свиткано опавче да ме гушне и тогаш дури ќе се смири. Навредена зошто сум ја искарала.
    Кажувајте како во тие моменти? Не сакам да бидам строга многу. Ама сум пробала и со убаво и со игнорирање некогаш успева ама ретко. А не сакам многу да се разлигави и после да аздисува. Не сакам такви деца. Страв ми е да не потфрлам..
     
  19. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Имај си на ум секогаш дека не знаат да се искажат и затоа така прават. Исто син ми е помал и проба да скубне едно девојче вчера ми се стемни. Ама и него го имаат скубнато и удрено за играчка и сл. Не знаат уште сами да се справат со емоции.
    Пробај да имаш емпатија со неа и да останеш смирена иако тешко е, најбитно е да одмориш и да имаш некое хоби што е само за тебе. За пресоблекување исто сме јас го бркам по соба и се нервирам што толку време ми треба едно дете да го пресоблечам да искочиме ама бројам до 10 и се смирувам. А и некогаш за некое однесување што не ти се свиѓа а не е опасно за неа можеш и да игнорираш.
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Javete se vo gaspar centar ke vi dadat sovet.
    Vprocem pri sekoj t.n tantrum obidete se da go trgnete fokusot na deteto od predizvikuvacot na tantrumot t.e sekigas imajte go so vas ona sto deteto najveke go saka bilo da e igracka ili hrana. Na toj nacin go defokusirate deteto.
    Sepak ne sum strucno lice sekako moj licen sovet.