Луѓе постои ли состојба задоцнети тантруми? Малово има скоро 5 години. Скокови лесно поминавме периодите на тантруми исто, немавме никаков проблем. Сега почна да покажува рогови. Плаче се тегне не знае што сака.... Типичен тантрум. Со големиов истото го поминавме на 3ипол-4 години ама ова....
До 7 години ми е кажано дека мо.е да има после ќе ае стабилизира па после почнува појакото тинејџерските години.
Мојата (2 г. и 9 м.) е иста. Сè е нејзино. На лулашки лулашката е нејзина и тогаш кога не се лула, битно кога ќе види дека некој се лула таму каде што се лулала, вришти дека е нејзина. Истото и со лизгалки. Топката скраја да е друго дете да ја земе, а кога она ќе си ја врати, само ја држи, мноооогу ретко да се подава. Толку сè е нејзино што кога мачката ќе легне на хаубата од колата, она од прозор ја гледа и вришти дека колата е нејзина. Да не зборам за преслекување. Веќе нема милом, само силом. Не дава и крај, нема начин со убаво да ја убедиш, абе со вцрвенет газ ќе седи ако треба, не дава да ја преслечеш. Има такви страшни тантруми, што страв ме фаќа. Пред некој ден надвор на сред тротоар почна, непровоцирана од ништо; застана и почна да вришти. Што и да кажев, што и да направев, само повеќе вриштеше. 20 минути се трудев да ја смирам и се однесував како да чепкам темпирана бомба, полека со страв дека следниот чекор ќе ја влоши ситуацијата. Пробав и да ја земам за да ја носам во раце, добив такво јако тепање, луѓето од околу може си мислеа дека ја киднапирам. Вака често прави и проблемот е што додека се случува тоа, ништо не слуша, не перцепира, ништо не и' е битно. Влага во некаква состојба на хистерија и очај, не ни слуша што и' се зборува. Фактички најдобро е само да се чека да помине бранот. Не сака ни допир ни зборување. Дали некаде грешиме или комбинација е на терсене карактер и размазеност дека е сама, еве не знам.
Ne sum bila samo Jas...Nasite tantrumi pocna na tocno Tri godini..Kaj Nas problemov e Sto deteto sega ima.4 god no seuste nema dobro razvien govor...Fond na zborcinja ima,no recenica seuste ne I poradi toa imame traskanje od zemaj bukvalno da ne znaes Sto da mu pravis...Imame procenka od defektolog I logoped...Zdravo pravo dete,premnogu tvrdoglavo...Dali gresime,pa mozebi mnogu mu dozvoluvame I gi razgaluvame...
Треба да му најдете цака на што би реагирало за да се подобри тоа. Дали е повеќе зборење, дали игнорирање или уценување треба сами да видите. Ако дете не изговара правилно а вие му го дадете што го сака нормално дека нема да обрне внимание на правилен говор. Или ако почнеш да му нудиш повеќе работи а тоа си ммка само или со прст покажува така не се поттикнува говор. Мислам дека ме разбра што ти кажав
Најзафркната возраст. Исто како мојава да ја опиша буквално кога имаше 2,5 години. Ме подсети во лифт Капитол детево се подаде да стегне на копчето ама една жена не и попушти и и стегна ау луѓе, како стегна така сите оглувевме, се отвори вратата и почна да бега низ капитол, обезбедувањето се стеча да ја прашува шо е работата, а ја мртва ладна, веќе имуна, само гледав одстрана како се тркала пред рамстор, еден маж застана и ми рече те разбирам иста имаме дома, а тие бабиштата само коментираа со на криво погледи. Ја прашав дали заврши драмата, не ми рече и продолжи, ја оставив да се треска, пак ја прашав и тогаш ме погледна и клекнав да ја гушнам. Само игнор и чекај, не знам дали оди во градинка ама ако не, размислувајте да ја пуштите, ова го мислам за тоа што не сака да дели работи.
Исти сме. Ништо не дава, не дели. На бензиска плаче зошто вработениот ни ја чепка колата( ни точи бензин). Тоа вриштење е. Не знам што си мисли дека и прави на колата
Мајки хрелп за очајна мама Поголемата е 3,5г и пред тоа знаеше да исфрли по некој тантрум, но од кога се вративме од болница со бебе тантрумите станаа хорор. Оди и во градинка таму била супер, но штом влезе дома таа е друго дете. Вришти, пишти се фрла на земја сака да седи во количката на бебето. Се тепа самата и било кој што ќе и се приближи за да ја смири. Пред малку имаше два испади еден по друг. Приметив дека е полошо кога и се зборува, затоа ја оставам ја игнорираме додека не и' помине но е ужасно тешко, околу 30мин да ја гледам и слушам така. И глас и се фати, јас седам и си плачам не знам како да и помогнам. Дајте чаре некој совет, мислам дека ќе се збудалам..
Љубомора е. Ама ќе разбере само игнорирај и ги испадите зошто со тоа сака внимание т.е. центар на внимание да е. Ќе види дека тоа не помага и дека никој не се одзива на нејзиното траскање и ќе се смири.
Не знам дали тука да пишам Али имавме нешто ко тантрум. Го стрижевме малиот ко почна да плачи уште пред да започнеме, викаше, се испотресе и нас не испотресе Никако не се смируваше, се тресеше одвај до пола стрижен си рековме дали да прекиниме, ај за малце да се дострижи ко почна да мрда, да се трга и да мава. Го држев за раце да завршиме работа одвај Вака ни прави секогаш кога ќе го стрижи татко му еднаш бевме на бербер и беше мирен, но сега беше затворен а ќе одиме на одмор. Не знам шо е олку галама со стрижењето После требаше туш и пак имавме плачки не сака вода на глава. Стрес не фаќа кога треба да се капи или стрижи. Пробав секако да го смирам и не знам шо да прам појќе Зборувам цело време со цел да се опушти, дури и го симнав том каде ќе можи да се капи мачето со сапунче и да се стрижи. Не допира до него.. Сега му велам дека ако не се капиме на косето ќе дојди некое Бубе. И така не знам како да му помогнам..
Ќе почне да сака и мојот плачеше дома не сакаше да се шиша и вода на глава. Да не го стиска повеќе со машинката па затоа му е страв сепак ќе се навикне. Јас го бањав во кадичката и му ставав пенлива купка од дм па му беше интересно па сам си истураше вода на глава со чашки имаш и таблети за боење на водата може ќе му е по интересно. Највеќе ги нервира водата на лице кога им оди и затоа не сакаат глава да мијат.
Ќе полни четири, не е баш мал, се разбира, но некој страв има од ова, еднаш е на бербер стрижен и беше толку мирен, се смееше дури, не знам шо е оваа недоверба толку према татко му кога го стрижи, не дава да го допри и после нормално завршува како насила оти не ја пушта главата надолу , не сака ни кај ушите да се помини, и после го стега некако оти не дозволува ништо. Се капи во када ама главата не сака да ја миеме и општо е стравот од вода, еднаш додека се миеше се испрска ете ги плачките или ако му капни една капка вода на блузе одма бара нова блуза. Сега мораше да го истражиме оти се потеше, а со то иди и плачење зошто косето е водено
Кумашинката моја дури на 7 години се оправи со тоа ако се накапе да се пресоблече во иста секунда збориме за ектремно паметно девојче и апла мирно од бебе. Фази се ќе поминат само ќе зборите и ќе се убедувате т.е. да збори тој што го слуша највеќе тебе или него.
Абе никад не поминуваат да ве утешам. Еве скоро 7 е. Драмата сега е кога е уморна и и се спие. Е луѓе мои, тогаш, тогаш сите и се криви. Све ја боли. Сите неправди и се направени. Сите ѕидови по дома и сметаат. И така, забавно е.
Извини, ама јас сум многу искрена за тоа. Доста ме лажеа и мене уште ова и ќе помине, уште ова и се ќе биде полесно. Не не е... Сега и ги правиме најголемите непревди, све лошо сме и правеле. Све неа сме ја терале да работи.(читај сме и кажале да си ги крене играчките). Нема крааај.
Најинтересното е кога ептен крајно им се спие очите им се апојуваат и од што не знаат што да прават ти вика ми се јаде. Ајде ќе се спогодиш океј седни да јадеш и ќе почне да се лигави сакам нејќам зошто на лебот немало намачкано абц,мармалад и паштета и почнуваат драми
Какво стрижење, пекол ни е. Секој пат по пола глава ни е стрижена кај фаќаме кај не, нешто и на спиење.
Да, ама јас не ни јадев. Ама мене и чајче ми се пие.... Ти не ми даде за јадење. Ако ти два саати си ја молел за вечера, си направил и проја и палачинки..... Викам забавно е....