1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    не знам дали се тантруми или па навистина детето се плаши. Мојот големиот ист беше. Недај боже да се шиша. Тераше со тој карактер до скоро 5 години. Се случувало и дома на спиење да го шишам како било. Значи хаос беше во косата. Бетер од женско
     
    На Leonessa Moon, MeryS и Lisandra им се допаѓа ова.
  2. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Имавме две цуцли и двете останаа во градинка. Едната вчера, едната денеска...
    А несакав да купувам нови, демек готово се одвикнуваме...
    Дојде више време за денешната дремка (цел ден непреспан ,раздразлив , го земам го гушкам да танцуваме полека и да заспие-јок,
    Ајде заедно да легнеме на кревет -јок...
    В раце го зедов како новороденче да го нишкам (а со стомакот сум 7ми месец со второ, тоа клоца-прета) ...
    Ова задреми разбуди се -
    не бре, не се предава)

    Кај не се предава, па и плаче. Во себе, насолзени очи , црвени
    па ајде на глас почна да липа...
    Е емотивени ...

    како што ми здотежна и мене така како што го нишав, го плеснав по г'з.
    И почна да плаче уште толку...

    Жива се изедов, срце ми се скрши ..
    Кај цуцли немав, кај тажен беше, па јас уште го плеснав. Оф господе...толку ми е криво.

    И легнавме сега на спална двајцата и конечно заспа. Ама толку засрамено се чуствував во неговите очиња, оти тој пак ме гушна и пак заспавме заедно,
    а јас гуска нервозна со куси живци ете што направив. Го натажив и разочарав моето пиле.
    Милион пати да го бакнам, пак виновна се чуствувам.

    Што сакате пишете..
    Имав потреба да си ја олеснам душата и напишав овде.

    Одам да си легнам до него ;(
     
    На Japonka9, SunnyGirl2, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Хормони,промени во телото,се тоа е нормално.Кога бев трудна со второто себеси не се поднесував,можам да замислам како им било на другите околу мене.Опушти се мајка,уживај си во бременоста и немој да си правиш мака на душата. Ништо лошо не си направила,а тој секогаш ќе те гушка и бара,нема посилна љубов
     
    На Leonessa Moon, Mother of 2boys и barbiche им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Ама луѓе, не ги оставајте толку да се преморат. Нормално ако веќе толку им се спие да се такви, и ние сме такви. Кога ќе се испушти прозорецот за легнување толку е после. Да, се случува некогаш ако сме излезени да остане покасно, ама тоа гледам да е на минимум зошто вакви работи се случуваат, па после целиот нареден ден е кенкаво детето.
     
    На sani99, mal.ecka, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Дојде моментот и јас да пишам пак по форумиве, ама луѓе ова не се издржува веќе. Се прашувам дали јас не сум добра мајка или навистина не знам што е работава веќе. Ќеркичкава има скоро 3 години, и веќе неколку месеци што би рекла јас нит се тера нит се води. Неподносливааа еее!!

    Прво мислев дека е од телевизија и од цртани, иако се трудиме да не и даваме премногу тв да гледа,ама во денот до кај 2-3часа целосно ги поминува со биби и боби и некои поедукативни цртани, па ќе сврти сама на англискиве и се трудам одма да вратам во нормала, ама остатокот од денот луѓе е ненормално ова веќе.

    Што се не правам за да ја занимавам и за да може да се развива и умствено и да и биде интересно. Од играчки периодов ништо не ја интересира, се што не смее тоа сака, се што не треба тоа прави. И само ќе и речеш пази или не или било што, одма почнува да плаче, да фрла по дома, па почна и да удира дури. Пред некој ден како ме завлече за коса кога ме замава со двете раце, ушите ми зуеја. Па тука веќе ми ја прели капката па си го доби и по гз. Отсекогаш сум викала дека ќотекот од рајот е пратен. Но откако ја имаме ние, не сме ја удриле мислам до пред некое време по гзе, да знае дека не смее. Веќе луѓе не знам, се пореметив. Дополнително на тоа бремена сум веќе 8ми месец, уште тоа хормоните ми се до плафон, немам живци ич, ама ај се трудам да бидам се смирена ама веќе почнува мене на плачење да ме тера. До толку ме мава се на психа веќе.
    Давајте совети, ве молам утешете ме дека не сум сама, бидејќи ова е хаос!!!

    Бтв. денес еве викам доста ајде пред тв сабајле ја изнесов по горештиниве точаче да вози 45мин мозоков ми зовре, дојдовме дома, ајде одморивме малце, ајде викам ќе испринтам оние за mind development ајде седнавме божем да цртаме, ти и даваш едно, она бара друго, одозгоре се искака на плочки и не ни кажа, со размачкан гз на стол ми седна, па чисти, ајде тука смирена бев, пошо и тргнавме пелени, очекуваме хаос, ајде да се бања во базенче со татко и да ја занимава, запна гола да се спушта на лизгалката, а гзот го испече пред некој ден, па плаче за тоа, па плаче да ја облечеш, па да ја соблечеш, па да и ја преврзеш косата. ЗНАЧИ НЕМА КРАЈ! Уф ќе се полудам жими се. А си викам кај е второво сега.. аууууууууууу
     
    На Mariаna3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mariаna3

    Mariаna3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Мојава е 5, па лудувам сеуште :D
     
    Последна измена: 7 јули 2024
  7. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Ова ич не ми е утеха хахаха лелее ќе се фрлам под воз хахахах :D:P
     
    На Mariаna3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mariаna3

    Mariаna3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде ќе помине, после па ќе го чекаш да се прибере дома и на крај ќе порасне ќе ти рече ја не те терав :drunk: ( по еден Хелекс и готово ) како се справуваш во маркет? Ние го чистиме подот и сакаме се да земеме, посебно ресторани секој ни е изметен :wasntme:
     
  9. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    За некое чудо во продавница е ок, но затоа нели сега туѓото е секогаш поинтересно и посакувано од нашето, завчера зема еден тротинет од едно девојче возеше возеше и кога веќе требаше да си одиме и да го вратиме, почна на земја дса се џитка и да плаче и како што ја држиш за рака, се фрла човек, не дај Боже да не ја држиш убаво кога ќе се залепи. И тука ја земав во раце демек да и објаснам убаво, кога ме зашлапа, ѕвезди избројав...
     
    На Mariаna3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.853
    Пол:
    Женски
    Само со убаво, без тепање нека биди, со збор со објаснување треба многу, ако те удри фатија за раце кажи и така боли, па ќе плачам немој да ме тепаш. Така само ќе научи. Многу бара објаснување зборување устата пена ми фати. Ако не гледа цртани треба да игра со некој оти сами ретко се заигруват. Детето пример си сака внимание во денот да му се посвети. Читајте, играјте, шетајте заедно дури и кога гледа цртани заедно гледајте и кажувај му ја приказната. Во градинка е пожелно да оди.
     
  11. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Здраво...нашето детенце е 2,5 години и досега тантруми немавме.во последно време,само кога не е по негово вришти пишти тепа по нас.Си легнува комотно на земја.Сега шоследно на одмор истото го направи,мислам сите во нас гледаа.Толку многу се изнррвирам што првпат го натепав по гас...лелелеле кога зема да пишти уште толку,абе на цел глас,полиција мидлам некој ќе ни викнеше.Ве молам за совет како вие се справувате
     
  12. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    Тантрум не се тепа. Најиритирачкото нешто на свет е, ама не се тепа.
    Гледај само да е безбедно во моментот. Пробај гушни, не зборувај ништо. Ако не сака, тргни се, ќе помине.
    Сите гледале во вас, утре во друго дете и така. Битно не тепај. Нив им е потешко од нас.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам...Јас немам до сега ударено дете,ама па првото ми беше како песна...мирно,срамежливо,е ова за сите пари ме мрдна.Ако продолжо вака јас ќе сум за психијатар.Жива се изедов кога го удрив,ама ете не знам како да се справам.
     
  14. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Еден совет на дете не му се даваат сите играчки што ги има да си игра. Треба да се ротира со играчките да не им биде досадно. За цртаните и за телефонот пофални зборови. Само смирено треба да се остави понекогаш и да се извалка и да направи беља само умерено да биде. За боење и за други активности и е рано да ги прави често најмногу фокусирајте се на играњето. Мој совет е вие да играте со неа. Пазар, маркет, доктор и уште какви не игри има. Сметам дека на 3 години е веќе голема за одвикнување од пелени.
     
  15. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    38
    Jas imam pisano na temava,no eve me povtorno..Deteto e skoro 4 I pol godini.Otkako na 3 godini pocnaa tantrumite,nikako da zaprat...Znaat na periodi da stivnat,no Znaat I da zacestat.Deteto e so zadocnet govor.Pocna da zboruva,recenici mu e tesko,se maci,no zborovi zboruva.Veke nekako se razbiram.Sepak na govorot treba uste mnogu da se raboti ...Tantrumite ne se opisuvaat,samo se dozivuvaat.Ne mozam da vi objasnam do koja mera znaat da pojdat.Pricinata e ako nesto ne dobbie,ako nesto ne e po negovo,ako bara igracka da mu se kupi,a ne se kupuva I seto toa vo kombinacija ako ne e prespan.Ednostavno vo tie momenti mislam deka sakam da ne postojam,da me snema od svetov.Ne od sram,tuku od bespomosnost...Nervi nemam,zdravje ic...Ednostavno ne se izdrzuva...I koga ke pominat kako nisto da ne bilo.Deteto si se vraka vo normal,a Jas sum totalno nesposobna...Ve molam za pomos I za sovet ,zasto nekogas e nevozmozno se da se udovoli.I v gradinka taka mu pravi,ako nesto ne dobbie gotovo,vojna se kreva...Ve molam za pomos I sovet.Zal mi e za deteto ,no i za mene,jas veke zdravje nemam....
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    гледав скоро емисија за едно дете в Англија ( Бог да чува) мајката што да кажам нема веќе сила од толку често и детево кога почна да мава се исплаши дури и онаа што беше да ја види ситуацијата и совет да дади
     
  17. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    38
    Sega eve veke mesec I pol nemame ni eden tantrum,na sto se dolzi toa neznam,mozebi periodot pomina ili taa faza se nadminale,ne znam sto da kazam samo znam deka mnogu e tesko,ednostavno ne mozis da se spravis so sopstvenoto dete...Se nadevam deka konecno ke isceznat...Imam slusano kaj deca I do 5 ili 6 godini traele...
     
    На SanelaS, Leonessa Moon и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  18. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се изгуби смислата на родителството... Дојдов во темава после денешните гости. Незнам немам коментари искрено се прашувам што е причина... Втори пријатели со таа возраст на деца 4-5-6год и истиот проблем. Значи детето нема осет дека е на гости, дека не е во свој дом. Родителиве релакс, било свое така искажувало емоции, детево куќава лом ја прави ако му се рече нешто се враќа удира по нив вика,фрла телефон, поклон зема крши моментално. Трудна сум седам и пробувам да се исконтролирам. Сопругов се смее.. Мене ништо не ми е смешно. Нема почит према родител, незнам еве баш со мајками разговарав еден час дали имала такви проблеми со нас како деца. Дали само јас Не верувам во тоа да се спуштиш на ниво на дете и сметам дека треба да знае дека ти си над него.
     
    На Anyshka, Miss666, Leonessa Moon и 5 други им се допаѓа ова.
  19. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    И треба да е знае дека ти си над него. Јас имам две деца од кои едното е како по книга. Немам викано,немам удрено, строга сум да но никогаш немало проблем никаков,ни на гости ни надвор ни дома. Исто ги чувам, исто ги гледам,дури малово и котек има изедено. Скроз различно е. Не дај Боже ниту еден да поминува низ тантруми на свое дете,само тие што минале знаат.И не се релакс родителите верувај,барем поголем дел од нив,ана едноставно не знаеш да се справиш. Еве второ ми е сум пропагала во земја од срам,абе плачејки си имам одено дома јас. Невоспитаност и тантруми се скроз различни поими.
     
    На Mother of 2boys, Ladyme, Bebetoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    2.763
    Пол:
    Женски
    Никој не сфаќа додека не му дојде на глава што велат стари. И не дај боже да осети. Јас бев една од тие што солев памет на сите и сешто зборував. Е ама кармата е кучка па се што сум рекла ми се вратило.
    Не зборувам за членката да не ме сфати погрешно, лично за мене си кажувам, прва бев да превртам очи и да кажам дека е до родителот.
    Верувајте не е до родителот, во такви ситуации на родителот му е најтешко, не на детето. Јас сум строг родител, кога ќе кажам за нешто НЕ и на глава да се преврти нема да дозволам. Е ама затоа син ми не бира место и време и кога нешто не е по негово ме тепа.
    2 години и скоро 5 месеци е. Секој ден се прашувам кај згрешив што не можам да го контролирам своето дете. Истово ми се има случувано и во јавност, буквално мава по мене ми ги фрла наочарите и слично. Сум пробала да го карам, да “плачам” да знае дека ме боли, сега последно дури почнав да му враќам (секако не со ист интензитет), не и не.
    Единствено што ми паѓа на памет е да се надевам само дека е фаза, и гледам да избегнувам јавни места, бидеќи очи од срам ми капат кога ќе почне со нападите.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.