Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Да не е проблем за мене, јас сум човек кој многу се соживува со другите луѓе ама на другата пријателка детето во градинка малтретира други деца. Верувај почнува од една фаза на друго ниво.
    Денеска има помош да се реагира, психолог, педагог. Да се работи како што постои логопед и за све остало. Колешка од факултет има ќерката тантруми затоа што во градинка им пуштале јутуб и сега малата дома се фрла на земја тепа крши за да и пуштаат. Ја носи на педагог вика работиме почна на подобро и доѓам дома свекрвата и дава и пушта. Значи борба ама мора да се работи со детето не само да се срами или крие родител а верувај има и такви што не им мрда око.
     
    На kozuf и Bebetoo им се допаѓа ова.
  2. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Сигурно има и такви,и јас да се надоврзам со другиот коментар, не ти пишав лично ти да се препознаеш туку општо. За жал се почесто е и насилство мегу деца, и насилство кое дома го гледаат и до родители како што кажа уво не ги боли.
    Зборувам само како тантрум, со ништо не предизвикан. Јас со моето прво дете велев тоа непостои,размазени деца,како бе ќе ми легни од чиста мира на сред парк па јас и да го гушкам згора на се?!
    Се тоа кажував,се осетив на своја кожа. Моево тантруми почна да добива само од градинка,имам пишувано и по други теми за случката. Ама не тепа деца,сака да си игра. Невоспитани деца има еден куп. За жал.
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.963
    За тантруми навидум непредизвикани од ништо најдобар пристап е смирен однос со многу трпение.
    Тргнете си го егото на страна, како така можело да се понаша, што му е размазено, леле ме гледаат луѓе, леле што ќе помислат... Пораснете и тргнете го егото на страна.
    Да, претешко е. Мава на психа како ништо друго. Да, резилно е кога се случува во јавност. Да, боли душата кога гледаш како се треска од земја и се корне од плачење, мава и со раце и со нозе, просто кажано се понаша ко да му треба екзорцизам (chill, се зезам).

    Прво, знај дека ќе помине. Џабе викаш, урлаш, го грабаш, тегнеш, плескаш, тоа не помага, всушност само одмага.
    Второ, колку невозможно и да ти звучи, има причина зошто се случува тантрумот. Може да е и комбинација од причини. Гладно е, ненаспано, иритирано, нешто сака, ама не може да каже, се осеќа игнорирано, што знам, сè може да е. И пука филм.
    Трето, остај го нека го истера тантрумот. Нека се изнатреска изнаплаче изнавика. Дај му простор и време. Барем одредено време остај да се исфилтрира. Само одржувај безбедна средина.
    Четврто, пробај да го пренасочиш фокусот. Ако е надвор, види ги цвеќињата, дојди да ги пипнеш, види што имам во џеб, дојди да видиш, имам лижавче, го сакаш или за мене да биде, дрн, дрн, нешто ќе ти текне. Ако е дома, уште полесно. Ако се деси на гости, објасни им на луѓето што се дешава, жал ти е што се приморани да истрпат, ама нема многу што можеш да направиш, ќе помине.

    Така да не заборавајте, ќе помине. Само безбедно да помине.
     
    На Sun&Moon, Anturium, Tiny Love и 6 други им се допаѓа ова.
  4. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Јас се откажав од тоа дека ке помине. Син ми има 6год, па кога ке го фати лудило не бира ни време ни место. Додека не ме излуди нема крај. Се е пробано, ни со арно ни со лошо. Нема граница. А во принцип кротко дете, интелигентно премногу, во училиште мирен и супер си учи. Но ете ... Знае да ме излуди и нема граници, го фаќа лудило одвреме на време.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Тантрумите се многу изразени кај деца што користат ЕКРАН.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.750
    Допаѓања:
    23.292
    Пол:
    Женски
    Кај моето на 4 години прекинаа тантрумите, нема воопшто еве 2 год.
     
    На Zumbulche, DELFINA81 и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  7. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Ми даваш надеж вака кога ќе прочитам
     
    На LiquidLuna, DELFINA81 и lackygirl им се допаѓа ова.
  8. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    9.554
    Пол:
    Женски
    Значи после 25 јануари да очекувам друго дете :D
     
    На sani99, le.soleil и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Јас имав пишувано предходно за ќерка ми во оваа група,ете и таа е скоро 4год и веќе нема тантруми, некогаш се лути може да заплаче но се е во нормални граници.Не ми се веруваше но и ова имало крај:)
     
    На lackygirl, lovely91, LizzyGrant и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    9.554
    Пол:
    Женски
    Амин сите да не' стаса таков мир :D
     
    На Bebetoo, lackygirl, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    2.769
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со неурофидбек?
    Ај што преку ден се пишти за се, но ова ноќново пиштење на секој саат ме излуди. Имам читано дека се прави кај деца што плачат многу и во сон..
    Начисто ќе скренам..
     
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    Еве кога ќе родиш дете и мајка ти како баба ќе поминува време со внучето. Тогаш и ти и она ќе увидите дека тоа време кога ние сме растеле и ова сега не можат да се споредуваат.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Pisi mi poraka