1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    6.883
    Пол:
    Женски
    Ама ова и е уште пред да останам бремена. Она со бебето е многу нежна, го гали, го бацува, му збори, ми помага се што треба околу него без проблем. Многу мнгоу и не го регистрира. Вака дирекно не искажува љубомора према него, ама индирекно...
    Ако не е по нејзино нешто и да добие тоа што го сака во моментот настанува хаос, револуција.
    Се откажав од со лошо пошто видов дека е уште побетер. Пробав со игнорирање, со многу зборење, ништо нема ефект. Едвај чекам да поминат, се надевам наскоро
     
  2. mona2022

    mona2022 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    36
    Здраво на сите. Ви пишувам бидејќи веќе сум очајна и не знам како да му помогнам на моето дете а воедно и на себеси. Детенцето има 3 ипол години и беше прекрасно од бебе мирно, тивко, послушно, бистро дете се до некаде 3тата година. Имавме некои домашни проблеми јас и маж ми по брзо време јас завршив во болница на подолг период бевме разделени околу 1 месец се на се и од тогаш мислам почна да се однесува поинаку. Прво почна со некои да ги наречам тикови, да тегне уши да го фаќа носот когс е вознемирен и слично потоа настапија и т.н тантруми. Фрла, крши, лупа врати, ме мава мене и татко му, се дере, вриска колку што може и не може и не бира место. Само едно нешто да не е по негово и почнува. Не оди во градинка бидејќи сум невработена и јас го чувам дома и навистина веќе не знам како да постапам, некогаш губам трпение знам да му се испоразвикам (знам дека не е решение но некогаш е толку лошо што губам трпение) а тоа уште толку ја влошува ситуацијата. Кога е смирен му зборувам, му кажувам дека не е добро, ќе ми рече да мамо, не сакав згрешив и тоа трае се додека пак нешто не му забранам. Ве молам дајте совет што да правам како да постапувам каде да го носам, дали е пролазна фаза. Се чувствувам како јас да сум крива и покрај сето внимание и труд да воспитам добро дете, целосно сум му посветена од раѓање бидејќи сум дома немам други приоритети.
     
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.381
    Допаѓања:
    227.399
    Пол:
    Женски
    Не треба детето да го носиш, но треба ти некаде да отидеш. Ова од искуство ти го кажувам. Кога имаш дете каде бетер станува ситуацијата ако кренеш глас и ти, тоа е јасен знак дека треба друг пристап. Како мајка што години си ја чукаше главата ова ти го кажувам. Тригерот е очигледен. Почнало при вашето разделување. Сликата на тоа дете, за топол дом, мама и тато е нарушена. Иако вие сте повторно заедно, тоа нема назад. Но има техники како да постапите во тие моменти.
    Мој совет не користи детски психолог. Пресмешно е тоа што го прават за вакви ситуации. Бидејќи ова не е траума која треба и кога е смирено детето да се средува. Туку е нешто што се средува додека трае. Е! за тоа тебе ти треба некој конкретно да ти каже што во такви ситуации да правиш. А не од после да му збориш на детето, не вака не така. Касно е потоа.
    И патем, тебе ти е тешко но веруј ми... на тоа дете му е пута сто потешко.
    Обрати се кај соодветен психолог. Нарочно велам соодветен бидејќи не секој го бива за специфични работи.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Здраво , веќе некој период се соочуваме со тежок тантрум на влез на градинка. Значи одиме натаму супер се , облакаме топлинки све океј ,и кога ќе зазвониме почнува да плаче едвај го внесуваат до занимална и внатре тоа трае 5-10 минути каде што он вришти , крши , лупа . После тоа како ништо да не било . Учителките се чудат вика внатре е супер и со деца и со јадење и спиење и игра и многу слуша и многу е умен . А притоа ако го прашаш за во градинка сака да оди убаво му е . Има 2 ипол години.
    Некој совет како да постапуваме