Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тантруми (напади на бес) кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од promeneta, 26 мај 2017.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.354
    Пол:
    Женски
    Повеќе од очигледно е дека терминот Тантрум госпожа најмајка нема поим што значи.
    Тоа не е аздис, сакање играчка или така му текнало на детето. И членките кои немаат деца ќе ги замолам да прочитаат пред да се впуштаат во дискусија што е тантрум. Тој налив на емоции едно човече од неполни 2 год или полни небитно, не може да го контролира. Значи не може! !!! Имала среќа што ете нејзиното немало очигледно тантруми па со еден испад мисли дека готово она све знае што како е и децата што имаат тантруми треба да се прескакаат , бутаат со нога на страна и сл..
    Нема што да се докажуваме како треба да се постапи во таква ситуација. Има прирачници книги и еден куп извадоци овде на форум пример како и што треба.
    А лично јас не знам понестабилен родител од Миа. Дури и таа на видеото е сто пати постабилна. Од една страна ми иде да и пишам да и одржам една лекција пошто склоп на околности се имаме запознаено од друга си велам -што па јас на тебе да ти објаснувам. Шутирај си го детето. Утре кога ќе мисли дека тоа е нормално секој ќе го шутира. .
     
    На zalosna, CaraMia, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  2. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Срце на мамичка никогаш нема да биде доколку покаже лошо однесување. Детиште пак, ми е многу одвратен израз, не знам кој го употребува.
    Има ситуации кога ти иде да ја стопиш од милост, гушкање и.т.н, а има ситуации кога мора да покажеш авторитет и построг однос.
    Како ке сфати дека греши кога моето однесување кон неа е исто и кога беснее и кога е умна?
    Луѓе, тантрумите не се болест!
    Тоа е состојба која се контролира и која може да се спречи.
    Болест се контролира, има деца болни од аутизам па успеваат да им воспостават ред и секоја чест на тие родители, камоли изливи на бес да не може да се отстранат, ви се молам.
    Викаат блазесиви со мирни деца.
    Не е точно, секое дете, па и моето имало фаза кога испитува до каде може да оди со однесувањето.
    И моето дете се обидело да се запне за нешто и да писка, ама сум нашла начин да ја смирам и никогаш не ја повторила таа грешка.
    Дали постои дете што никогаш не направило таков екцес?
    И јас и вие и било кој друг и на тоа време сме правеле сигурно, ама кај тие родители не поминувало тоа злато, душо, срце на мама, скроз сум сигурна.
    Вие си знаете како ќе се справите, ама јас лично не би дозволила во јавност, а и дома такво однесување.
    Да се бебиња нема како да им објасниш кога не разбира , нели?
    А ова се поголеми деца , ај со годинка дете е тешко, ама со дете од 2/3 години, не може да се работи на однесувањето?
    Игнорирањето како метод на воспитување мене воопшто не ми се допаѓа и не го употребувам никогаш, освен во една ситуација.
    На пример почнува да писка зошто инсистирам да ги собере играчките.
    Ја укорувам , не ме слуша.
    И и викам: Ок, Илијана, јас ќе ги соберам играчките, ама да знаеш дека сум ти лута и не сакам повеќе да ми се обраќаш и ги собирам. Пола ден беше на игнор, значи држам лутина , воопшто не ја рецкам. Кога виде дека навистина не и зборам и е стана тешко и отиде, ја истури кутијата со играчки и веднаш ги собра играчките, да докаже дека ја сфатила грешката.
    Дури ми рече извини, нема да правам така, смирими се!
    И навистина не прави веќе така, се дешава некогаш повторно да одбива, ама ко ќе и речам дека повторно ќе биде на игнор од мене не и е сеедно.
    Не дека ме мрзеше да ги собирам, туку и на децата треба да им дадеме по некоја обврска што одговара на нивната возраст, сигурно нема да и речам да мие садови, мора од мали нозе да се учи на навики, а не што ГА тоа НА и после беснеење, тоа кај мене не поминува.
    Значи јас сум ја игнорирала, но моето однесување кон неа сум го сменила, не сум се правела како ништо да не било,кое дете е индиферентно кога мама му е лута и не му збори?
     
    На Luna91, Baby-bubu, Bridget и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.802
    Допаѓања:
    39.483
    Пол:
    Женски
    Ќе си го прибере со неа, ќе го однесе во кола..така плачејќи и со вриштење .
    Која траума може да му остане на детето кога при таква состојба се остави само.. Страв да биде оставено.

    Ми се има случено еднаш да почне да вришти да плаче неконтролирано во полн маркет..
    Оставив и количка и пазарување. Едвај го ставив во седиште и го донесов до дома. И дома плачеше исто не ни знаеше за што .урлаше буквално
    Се смири знаеш како... Со гушкање.. И самиот беше збунет од сето тоа. Требаше да го заклучам во вц додека се смири зашто плаче ?
    Мали се и неможат да ги контролираат емоциите..
    Деца од година, две или три.
     
    На zuto, zalosna, CaraMia и 8 други им се допаѓа ова.
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Многу сте пишувале, кој од искуство, кој споделувал ставови...
    ЈАс да се произнесам на темава. Не знам можеби ќе ме обвините, и можеби не знам што зборам зашто сум немала искуство со тантруми (се надевам нема ни да имам), меѓутоа, според мене не е во ред да се остави на случајот „Тантруми се нема шо да праvиме“...и те како има...До некаде и според мене е малку од „размазеност“, малку од терминологијата на тантруми. Не би го казнувала на брутален начин меѓутоа, да оставам да се дрецка а јас да чекам да помине тантрумот, нема шанса. Ќе го соберам во раце со муабети, па ако треба едно- две плескања по газе...Се додека постои тоа „А“, мама „НА“...ќе има и разбеснети деца и тантруми. Некои можеби имаат тантруми, ама некои деца се дрецкаат од бес, така да не дозволувам дрецкања по маркет да помине без казнување, благо, дали плескање по газе, зборење и казнување во смисол дека нема да добиваш се што сакаш, да се научи дека во животот не е се така глатко, ако мама и тато даваат се, животот не дава.
    :)
     
    На Luna91, Rama, Mari-Ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.798
    Ама никој не рече нема што да правиме, тантруми се, ќе му одиме по газот или?
    Доколку не се сложуваме со методот остави си детето да вришти, само, на среде дуќан, со продавачките и муштериите, не значи дека не знаеме да се справиме со сопствените деца и нивните евентуални тантруми.
     
    На zuto, zalosna, CaraMia и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Дани ама не знам зошто нашите коментари ги сфаќате лично, навистина не знам кој од вашите деца има тантруми, впрочем секој родител се соочил со неконтролирано однесување, а кој како се поставил и справил секој си знае.
    Јас зборувам за тоа што сум видела лично.
    Еве во моментов има девојче кај ќерка ми во градинка.
    Почнува да писка, да трча неконтолирано, се бутка во децата и да беснее низ занимална и го тероризира сите деца. Дури се соблекувала гола и беснеела.
    Конкретно во моментов имам страшен проблем со малата, од неа не сака да оди во градинка, веднаш плаче од помислата на градинка. Таму, ги затварала ушите и скроз се повлекувала во себе, а во принцип е комуникативна и весела, имало деца што после нејзиното беснење што почнувале да плачат и едвај ги смирувале.
    Детето, не дај боже, нема некој здравствен проблем.
    Со мајката е зборено, одговор: епа такво е детето.
    И сега кој е крив?
    Дали моето дете и останатите 30 деца се должни да ја трпат и да седат под страв 8 саати? И јас на работа , дали да ги извршувам обврските или да мислам како ми е девојчето.
    Разговарав со учителката за овој проблем , но вели дека доаѓа до ситуација кога е невозможно да се справи со неа, дека родители на други дечиња нон стоп се јавувале да се жалат.
    Кога имаше работилница за шарање јајца, родители и деца, леле кога почна да писка : ќе ги искршам сите јајца, нема да бојам и точка!
    Мајка и само и рече : молчи мамичка седни те молам.
    Значи мајката не можеше да се справи со неа, а очекува од учителката, која патем има за гледање уште 30 други деца, не е само нејзиното па да и ги исполнуваат сите хирови!
    Па 4 години има девојчето, не е бебе во јасли , па да не може да и се корегира однесувањето.
    Епа како така? Како триесет родители успеваме да ги задржиме децава, а таа не?
    Еве ти како мајка на 3 деца, верувам поискусна, кажи како да постапам?
    Како би постапила ти на мое место и на местото од мајката од девојчето?
     
    На Luna91, Rama, Mari-Ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.798
    @ilyan воопшто не ги сфаќам лично, немам зошто, само убава е дискусијата и си се цитираме.
    Уствари се сложивме дека никоја од нас не би постапила како дотичната мајка, дека сите имаме ваков или онаков метод на справување со непријатни ситуации со децата.
    Такви екстремни тантруми сме немале, можам само да се надевам дека така и ќе остане, и да претпоставувам како би реагирала, но назад ми е.

    До сега се справувам со игнорирање при изливи на емоции од страна на најголемата бидејќи такво ми е детето. Зборување, казни, забрани(ќотек не ни помислувам) не функционираат кај нејзе. Покасно ќе разговарам, ќе објаснам, ќе гушнам, но во моментот ја игнорирам.
    Не сме имале испади во јавност или ништо од големи размери, но и јас сум поддржувач на ставот спакувај си детето и напушти просторија нидејќи никој не е должен нас да не трпи.
    Е сега, на каса, со колона пред тебе, па и количка, кога единствен начин да испднеш е само да си платат сите пред тебе во редот... тој родител не би имал голем избор.
    Или ќе зборува и гушка или ќе игнорира. Да прелета надвор не може.

    Ти сподели поинакво искуство, во однос на игнорирање.

    Различни деца па и различни методи на родителите за да се справат со нив во разни ситуации.
    Во однос на ситуацијата која ја наведе постапуваш правилно, си кажала таму каде треба да се каже. А мајката си знае најдобро какво и е детето, дали се потрудила да се справи со него и дали има истата потреба од помош околу истата проблематика.
    Од страна само можеме да претпоставуваме. Но нашите деца и нејзиното не се исти, нашите методи кои биле успешни на нашиве деца не мора да значи дека ќе бидат успешни кај нејзиното.
    Едит. Јас би се консултирала со детски психолог и би побарала помош за да надминеме проблемот. Ама тоа сум јас.
     
    На zalosna, Rama, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Игнорирање како метод ми се допаѓа...(y)
     
    На zalosna и Mari-Ja им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.509
    Допаѓања:
    201.494
    Пол:
    Женски
    Само ќе речам, тие мајки што имате мирни деца и не сте виделе т од temper tantrums, бидете среќни што е така.
    Temper tantrums врска немаат со воспитувањето. Туку со напливот на емоции кај детето кое не може и не знае да ги контролира. И нема тоа да го научи со плескање по газето, викање и карање.
    Со тоа казнување, плескање и карање ќе создадеме само агресивни и насилни деца, кои ќе мислат дека е лошо да покажеш што чувствуваш, и во иднина тоа ќе води до потиснување на емоциите и чување на истите во себе, наместо да зборуваат со родителите за она што го чувствуваат и нема да слушаат кога ќе се трудиш како на поголеми да им објасниш зошто така се чувствуваат и дали е тоа добро или не, зависно од ситуацијата. Додека детето е помало потешко може со разговор да се постигне саканиот ефект, ама како што расте, ќе биде полесно.

    Некогаш игнорирањето помага, но не до овој степен како што направила најмајката со оставање на детето.

    Имам прилично осетливо дете, ситници знаат да го расплачат. Зборам за големиот, малото допрва ќе се покажува.Тоа не е до воспитувањето, тоа е до карактерот. Едноставно, такво е детето. Јас тоа не можам да го променам. Никогаш не ми се трескал од земја во маркет, ама дома знаеше да има изливи на бес секој ден после градинка во периодот од две и пол до кај 4 години. И сега знае да има изливи на бес на полни седум, ама се смирува со разговор и гушкање, како и објаснување за ситуацијата која што предизвикала негативни чувства кај него. Разговараме за тоа што се случило, зошто му се појавиле такви емоции, и дали е нормално и оечкувано, или пак не. Многу ми е полесно сега да се справам со такви изливи. И ние возрасните ги имаме, ама ги контролираме, барем повеќето.

    Ќотекот, казните и викањето не се решение. Оти децата учат од тоа, од нашето однесување, дури и кога имаат тантруми. Да, ги тестираат границите до каде можат да одат, ама има начин за да се постават истите без казни и плескање по газето.
     
    На LadyC, JuLleE, SV1911 и 23 други им се допаѓа ова.
  10. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Знаеш што е најтрагично, што одредени родители не гледаат проблем во таквото однесување. Дете е, такво е, ќе му помине. Да гледала проблем би работела на однесувањето на детето и би имало резултат, значи, да работиш со детето, да си упорен и да нема резултат , тоа малку тешко.
    Верувај преку глава ми е!
    Вчера, малово ми се закачачи за нога, немаш престава со која сила ме стегаше, почна многу да плаче и вика те молам мамо не ме давај таму.
    Ајде , успеав да ја убедам да оди, да излезе од дома, бидејќи свекрва ми ја носи, кога стигнале во градинка и се закачила за џемпер и не сакала да влезе,викала дека девочето повторно ќе ги закача.
    Се јавив на учителката разговаарав и таа рече дека од моето дете е многу задоволна, но дека е премногу емотивна и чувствителна, дека и без да ја закача премногу се вознемирувала од нејзиното однесување.
    Јас и маж ми зборувавме со неа, да се обиде да го игнорира девојчето , да не и обрнува внимание и може ќе ме осудите но ќе почнам да ја учам да се брани.
    Ако ја закачне да и враќа , ако мајката не сака да го прибере детето и да соработува , ќе ја научам да се брани макар и светот се свртел. Вчера и викам, ако те удри, врати и. И малово вика: ама ќе ме кара учителката, ќе и вратам ама малку да не ја боли многу. Значи сака да ме послуша пак но и е жал за девојчето, премногу, ама премногу е чувствителна и жалослива.
    Ај си викам се удрат, бутнат, пискаат деца се,ама ова стана навистина проблематична и сериозна ситуација.
     
    На Luna91 и TheSecret им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.798
    Преку пребарувачот најдов еден од за нас поголемите тантруми. Убаво се сеќавам на моментот и дека споделив во мајчини, па го побарав.


    Дали е во очите на другите најправилен начин не знам, не е ни важно, но за нас тоа беше вистинскиот и не се повтори.
     
    На Rama, TutiFuti, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    За мене кенкање за нешто и приплакувањето е сосема нормална работа. Тогаш можеш да се разбереш. Не и кога има тантрум со плачење и рикање на земја. И замисли тогаш уште да го плеснеш по газето. А замисли ти си седнала и плачеш за нешто, партнерот до тебе и одеднаш си отишол. :worried: Или да те плесне за да ти помине.
    Забораваме дека децата се луѓе. Мали човечиња кои не знаат да се справат со емоциите.
     
    На SV1911, zuto, zalosna и 16 други им се допаѓа ова.
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Имам скоро 8 годишен син и не сум го користела зборот тантрум.
    Секако,имало негодувања,лутења,барања некои во маркет,но секогаш сме се разбирале.Детето дали 3 4 пати го имам плеснато по газе кога навистина претерува.Но,мене устата пена ми фаќала од зборење.И да,секогаш сум била крај него.Ако не јас,ќе го оставам со личност што ја сака и е сигурно.Баба,татко.
    Е сега второво е малку полошо.Знае така да легне и да вреска. Јас го гушкам.Тоа се неконтролирани емоции на дете од нецели 2 години.
    Мојот став е дека на дете до 3години,му треба мајка,му треба љубов,му треба сигурност.Првите три се најважни за развојот на детето.Прочитајте има статии,развојни психологии.Дете кое знае дека секогаш некој е тука за неговите потреби,кое има љубов додека е мало понатаму е посигурно во себе и не прави така.
    Но,ете,ние мајкиве денес сме понервозни,сакаме самосталност,сакаме мир,време за себе.
    Случајов воопшто не ми се допаѓа.Која траума му правиш,оставаш дете да вришти со непознати.Па уште да се фалиш.Боже!Сирото.Па,каква доверба тоа да има во мајка си.Постојано ќе се плаши да не го остави негде.И секако,ќе си трпи во себе.Ќе си потиснува емоции.
    И се слагам,како што сте пишале погоре,не е тука најголемиот проблем,надетето му фали најверојатно време со мајка си.
     
    На CaraMia, Rama, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.110
    Допаѓања:
    40.312
    Jas nekogas ne znam da se spravam so emocii sto sum vozrasna i stabilna osoba a ne pa detence malo.
     
    На SV1911, zalosna, CaraMia и 4 други им се допаѓа ова.
  15. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Ах, тантруми. Никогаш не викај никогаш...
    Цел живот сум со мали дечиња мали опкружена од нивно раѓање, од бебиња, дел од нив сега факултет тераат :)
    Пред да станам мајка викав: штоооо мое дете така? Мое дете во продавница да се треска за киндер јајце? Мое дете да не послуша наредба? Ама... се ми се врати и ме тресна по глава (facepalm) Не било исто да гледаш од страна и да е твоето дете во прашање.
    И децата се различни и родителите и методите ама едно е сигурно: НЕ СЕ ОСТАВА ДА ПОМИНЕ САМО ОД СЕБЕ. Секој пат треба да има некаква реакција од родителот, дали пред или за време или после зависи од ситуацијата ама тоа оставање лоша порака праќа на детето.
    Периодот пред втората година мислам дека беше најбурен. И за мене многу стресен со преиспитувања 100 пати на ден дали требаше така. Сега од оваа дистанца истиот родител за истото дете мисли дека завршил одлична работа, ама тогаш не беше така. За да дојдеме до ова денес не беше лесно и не беше "такво детето". Детето не знаше за фала и молам и дали смеам...го научивме.
    Има разлика од тестирање на граници и тантрум а тоа не сите знаат да го разликуваат, сакале да признаеме или не. Еве јас сум била таа на каса во маркет заглавена во колона со дете што заоѓа од плачење за киндер јајце. Ако кажам не тогаш е НЕ. Во себе вриев и ми доаѓаше да пропаднам во земја од еден куп осудувачки погледи. Па и на целата мака дојде продавачка од друга каса да ми каже дека имале и некои поевтини чоколатца, ако не сум можела киндер тоа да сум му го купела (facepalm) Не бев истренирана за таква ситуација и ми се случи прв пат. Можев едноставно да купам киндер јајце, детето да престане и да си отидеме дома. Сигурно дека не ја одбрав другата опција зошто ми беше многу убаво 100 луѓе да ме гледаат како луда со дете кое глуми дека останува без воздух и непрестајно се дере. Дерењето магично престана на паркинг. Стигнавме дома и се објаснувавме многу долго. Случката ја споменувавме по неколку пати до следното одење во маркет. Тогаш седна во количката и ниту побара ниту се пружи по киндер јајце.
    Да сте ме виделе тогаш сигурно ќе сте помислеле дека не сум како што треба штом дозволувам детето така да ми плаче. Денес тетките на каса ни викаат браво зошто е културен и зошто прашува дали може, ама тоа не падна од небо.
    Сме имале и тантрум. Како по правило на лошо место и во лошо време. Детето во раце, право во кола и дома. Без разлика што пристигнавме пред 5 минути. И тоа се случувало повеќе пати. Различни ситуации бараат различна реакција ама препишување на некултурно однесување и непочитување на тантруми не дозволувам и не толерирам кај моето дете. Сите најдобро си ги познаваат децата и знаат што и кога може да "упали" во тие бурни периоди. И се додека работите на случајот- ок е. Можеби не од прва од втора или од трета ама "ќе упали" ако сте упорни и трпеливи.
     
    На zalosna, Rama, tina-63 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.802
    Допаѓања:
    39.483
    Пол:
    Женски
    Твојов пример не е за дете со тантруми него невоспитано дете и родители .
    И во нашата градинка во групата на ќерка ми имаше дете од 4 години кое беше невоспитано..тепаше и деца и учителки. Кое не знаеше германски..освен Хали и го.нар.
    Па беше преместен во помала група со цел да се воспита Па и таму не му најдоа крај. Јас се побунив кога видов дека моето дете е малтретирано.
    Викаа тоа дете од дома не е воспитано па ќе се потрудат да го средат
     
    На zuto, zalosna, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.168
    Допаѓања:
    180.621
    Пол:
    Женски
    Не судете, за да не бидете судени ;) Ќерка ми имаше средно интензивни тантруми веднаш штом наполни 1год. И никогаш не биле за нешто што сака да ѝ го купиме. Прво почна со чорапчињата, сакаше да ги става сама и се фрустрираше кога немаше да ѝ успее од неколку обиди. Трескање од земја :!: Па редењето коцки, па ако ѝ капне од јадењето на блузичката итн. Исто трескање од земја :!: И не е дека е разгалена, туку многу полесно се фрустрира од други деца. Ден-денес имаме слични проблеми, само е многу полесно да се разговара со 3-годишно дете, отколку со 1-годишно. А и ние веќе ѝ го најдовме "лекот", сме многу потрпеливи и што е најважно, ако се случи некој испад надвор, не ни е срам од другите, па да реагираме бурно и несоодветно. Како родител, научив кога на моето дете треба да му помогнам, кога треба да му зборувам, кога треба само да го гушкам, а кога да се повлечам и да чекам да ѝ помине само од себе. Но, никогаш не би ја оставила сама во маркет и да си заминам. Не дека не ми дава срцето, туку разумот, што сѐ може да се случи во тие 5мин.
    Исто така, не верувам дека не постоеле тантруми пред 50-100год. и повеќе. Еве колку пати сум слушала од постари луѓе, за некој кој имал "лоша нарав" како дете (1год.), демек се трескал од земја за "глупости". Класичен тантрум. Тогаш со ќотек решавале, не биле едуцирани, разбирам. Ама во денешно време, не смееме да дозволиме неинформираност, па со тоа и осуда за родителите и децата кои поминуваат низ овој период. И никогаш не нарекувајте некое дете "разгалено детиште". И да е така, за тоа се виновни родителите, не децата. А и нас како возрасни личности, не ни стојат такви изрази да излегуваат од наша уста.
     
    На a.c.k.a, SV1911, *Лорена* и 12 други им се допаѓа ова.
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Значи не само што беснеело и буквално дивеело во занимална, туку кога ќе почнело хистерично да плаче и вреска легнувало на под и продолжувало да писка. Со тоа уште повеќе ги растревожувало децата.
    Да точно, нема тантруми, невоспитано е. Не е научено дека не може да е се по негово и од тука му доаѓаат изливите на бес.
    Ако тато и мама дозволуваат се и одат по газот, не е должна учителката и останатите вработени, а најмалку се должни останатите дечиња.
     
    На Luna91, mariz и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.354
    Пол:
    Женски
    Точно. Невоспитано е. Но Миа спомна термин тантруми. Иц дифрент. Кај тантрум ако игнорираш многу често знае и по нос да ти се врати. Не секогаш ама знае. Јас сум пробала да ги игнорирам и најголема грешка ми било тоа. За жал кај нас таа опција мора да се исклучи.
    Остајте невоспитани деца на страна од темава. Да не мешаме. Има такви знаеме сите. .
     
    На zuto, zalosna, CaraMia и 3 други им се допаѓа ова.
  20. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Моево има такви испади само кога сме во шопинг центар јас,таа и мм. Него буквално му легнува на земја,го тепа значи катастрофа,но јас мислам дека детево има некоја,ај да не се изразам лошо,како одбивност спрема татко е. Само него му прави вакви сцени ама за тоа е тој крив. Кога беше помала,тој и купуваше и и одеше многу по кеф за да биди мирна. Таа А,тој НА. Со мене тие финти не и поминуваа. Вчера бевме заедно,одвај ја изнесе од шопингот јас дури плаќав. На паркинг ги гледам уште да се истепаат. Мм е бетер од мало дете,јас не знам како уште го трпам. И вика,и се лути,абе бетер од нејзе е во тој момент. Денеска со мене беше пак на истото место,луѓе не стана од количка,се изнаигра со неколку играчки, испазарив и си заминавме дома најнормално. По некој сат заминавме пак сами двете да и купам обетчиња,детево бубаче,глас не му се слуша. Купивме и ајде во маркетот за да купам нешто благо. Само кога влеговме ми рече дека сака киндер,најсмирено и реков “купивме мамичко прееска,мама ќе ти купи друго нешто”. Се согласи,испазаривме и дури ко излеговме и викам “кажи мами што ни е убаво вака двете сами” ми вика Да. Јас порано кога имаше вакви испади на почеток,ја карав признавам. После сфатив дека правам грешка,пробав и со игнорирање и така не одеше и сега само со зборување,договор,гушкање и дете се смирува веднаш. Немојте да си ги казнувате децата со ќотек и сл заради таквите испади. Ние нив му се центар на светот,ако ние ги оставаме сами во маркети,ги удараме или клоцаме,тогаш каква порака му даваме и на детето и на околината. Ако јас и свратам грб на ќерка ми,каква би била јас во очите нејзини :( ајде еве сега сме возрасни , да сме нешто нервозни и да се скараме со родителите,нема да ви биди тешко ако ве игнорираат,да не ве бараат или во тежок момент да ве остават сами... на децата им треба љубов,разбирање и многууу трпение. Ако некој не е спремен на вакво нешто,нека не раѓа воопшто оти никое дете не заслужува да биди оставено само.
     
    На Rama и Ava.84 им се допаѓа ова.