Детето има изливи на бес кои ги манифестира со неконтролирано пискање/плачење, дури легнување на плочки, значи страшно пискање, ако не е нешто по негово. Тоа не е тантрум? Да се соблекува скроз голо и да трча со пискање не е? Немам против детенцето, сепак е дете, ама против родитлите имам и тоа како. Во право си за игнорирањето, потполно се слагам со тебе.
Мојата само што почнува ама јас многу се нервирам и немам идеа што со неа да правам.Дури и поимот грешка сум го знеала Многу ми доаѓа напорна.Ако ја оставам и игнорирам плака уште повеќе. Секогаш плачката завршува во рацете на мама.На мене глава ми чуре изнервурана до максимум ја носам и и се дерам дека до 10 години нема надвор После сама на себе си се лутам и си викам колку си не способна што си правила дете ако не те бива за чување. Мајки не судам од кога сум мајка оти секоја си знае најдобро како и е. За Миа ќе кажам дека јас не би можела да го оставам детето само во маркет оти ми е страв дека може никогаш веќе да не го видам.Ама тоа е нејзин метод што бил успешен за нејното дете. Мислам разговор е најдобро за детето, само да можам тоа пискање и плакање да го издржам
Тантрум-нетантрум, за ова треба да реагира психолошко-педагошка служба во градинката и да работат заедно и со детенцето, и со родителите. Вакви изливи на бес, како што ги опишуваш, се веќе проблематично однесување, и не знам дали се работи само за разгалување или тантруми. Тоа што нас така ни изгледа, не значи дека е така. Еве да кажеме пр. може на почеток биле тантруми, но со несоодветно третирање, дошло до вакви "резултати". Едит: Во групата на ќерка ми се зборуваше за дете со вакво проблематично однесување, и родителите не сакаа да соработуваат со психолог и педагог. По закана на градинката дека ќе го отпишат детенцето доколку не соработуваат, родителите веднаш се согласија. За сѐ има решение, само треба да се побара. Може вие сите како родители од групата да реагирате, за да имаат вашите деца мирен престој.
Вие што не сте се соочиле со татруми, ете само сте биле среќни да немате деца кои ќе имаат таков проблем. Моја блиска има две деца. Една мајка, еден начин на воспитување, мала разлика меѓу нив. Децата се различни како ден и ноќ во темпераментот, карактерот и манифестацијата на емоции. Не може истата мајка да е најмајка на едното и не-мајка на другото, нели?! Друго, Миа детенцево го тренира (пошто не може да се каже-воспитува) преку емотивна манипулација и ако продолжи да го прави тоа, мислам дека понатака малиот ќе има сериозни проблеми со личноста.
Мене психијатар у неврзан муабет ми рече дека во таков момент треба гушкање. Тогаш му е тешко ба детето и тоа е единствениот начин да каже дека има незадоволена потреба. Не треба се да даваме што бара, но цело време да даваме љубов. Со напуштање на детето кога му е тешко му кажуваме дека секогаш кога е тешко ние бегаме од него. Му ја игнорираме болката. После растат деца без емоции или полни бес. Или затворени . И на 15 години кога ќе сакаме да знаеме што му се случува у глава у тешкиот пубертет они ќутат. Оти ако кажат знаат дека ќе си отидеме. Многу е битно што ги учиме.
Зависи. Некогаш и не е тантрум. Јас мислам дека секој пат кога се смирува со игнор дека не е тантрум. Може грешам. Не знам.
Кој пациент треба да си за да оставиш дете само во маркет? Треба да немаш ни чувства ни мозок. Башка што кога човек ќе рече дека има тантруми и повеќе од дете, што да се очекува повеќе. Инаку, и најмирните и највоспитани деца имаат тантруми. Постоеле и во наше време само не биле така наречени. И јас пред да станам мајка викав мое дете вака ако се треска за уши ќе го истегнам, ама не било така. Големата имаше тантрум во Ситимол. Мирно и послушно дете е ама дента сакаше без престан да се возиме на ескалаторот, горе доле без крај. Кога реков дека е доста и дека треба да си одиме почна врескање, тегнење, седнување на под, неможев да ја препознаам. Пробав со убаво не ме рецна, ја земав во раце, ја гушнав и низ цел трговски рикаше како да ја колат. Имаше милион зачудени и осудувачки погледи ама не ми беше битно. Ја држев без да пуштам глас и ја однесов во кола. Во истата секунда се смири. Втор тантрум во маркет, сакала бонитоп, а бонитоп ни за лек по маркетите во маало. Кога запна, ако не бонитоп животинско царство ама сите чоколатца од рафтот (а до тогаш ништо немаше побарано да и се купува) и таму трескање и вриштење и истата приказна, ја гушнав во раце и ја изнесов. Ама не ја казнив со плескање и неодење во маркет, туку со зборење и објаснување. Малиот е многу мирно дете ама и он си има тантруми од ништо. Прееска дома почна да рика и да се треска од чиста мира. Му подвикнав и дури тогаш се засили трескањето. На крај помогна гушкање, во истиот момент се смири. Дур се помали и незнаат убаво да зборат емоција изразуваат на секаков начин а најчесто со тантрум. Не се мавајте во гради дека нема да дозволите ваше дете така да се треска и никогаш не судете дека детето е невоспитано или дека не му е посветено внимание зошто не сте осетиле на своја кожа и не ја знаете причината за истото. А, тантрум и невоспитано и бесно дете се различни поими, не ги мешајте работите.
Имам мислам еднаш пишано, тантруми кои траат долго, не се веќе нормална фаза во развој на детето туку проблем кој треба да се разгледува подлабоко. Тоа што родителите не сакаат да признаат, или пак и самите не се свесни каде грешат во воспитувањето, е веќе друга работа. Дете оставаш и во градинка за првпат па е потресено, исплашено, се чувствува оставено, напуштено...сите знаеме какви промени се јавуваат тогаш кај детето. И при раѓање на второ или трето кога грижата и вниманието од родителите малку (или повеќе) се намалува. И при игнорирање дома кога вие велите дека е ефективен и добар начин на справување со тантруми. И при родители вакви, онакви, да не кажуваме какви се ситуации има по дома. Оставање во маркет (сигурно со договор со некој од вработените, да не правиме крими филмови) е еден неправилен начин на справување, ама ете ефективен бил. Па и тоа е игнорирање. За останати трауми ќе мора да почекаме малото да порасне па да каже како му се заебал целиот живот од моментот кога мајка му го оставила во маркет.
Ги читам мислењата наназад и имам да кажам нешто за членките кои мислат дека порано немало тантруми и дека ова се измислици на "тазе" родителите. Знаете кои се старите називи за тантруми и ноќни терори? Разгаленост, лош карактер и урочено. Лек- ќотек и бајачка. Миа тоа што го направила на нејзиното дете е исто кога бабите и дедовците наши, како деца ги врзувале за дрво. Да ја научат лекцијата де! Остави го и замини си! Многу е полесно така, мислам полесно да се избегне проблемот во таа ситуација. И ќе го "решава" секогаш со "поглед" и навистина, детето ќе се плаши од погледот. Ама еден ден, родителот ќе го сврти погледот и детето нема да се плаши и ќе сака да направи по негово. Последицата од тоа што го направило, може да биде многу полоша од ќотек од родителот. @No Makeup те прочитав и тебе. Прочитај за сензитивни и хиперсензитивни деца, мислам дека тука можеби ќе го препознаеш твоето дете и ќе знаеш како да реагираш во такви ситуации како што ги опиша.
Моите деца се рзлика неполни две години. Тотално спротивен карактер. И двете со свои изливи на емоции за различни причини и на различен начин во релативно ист период, околу 2-3 година. Син ми е многу мирен, отсекогаш бил, ама имаше период кога буквално плачеше за се. Не можев да го смирам дури ни кога го гледаше видеото со слончето и саатот од hickory hickory dock. Не можеше да се помири со скршениот саат. Никогаш ништо не побарал да му купиме. Напротив, имаше страшна одбивност кога ќе му купевме нешто. Кога малата веќе беше голема за транспортерот, решивме него да му земеме поголемо седиште, а малата да го наследи неговото. Речиси два месеци не сакаше да чуе за новото седиште, тоа да било за малата. Во џамбо сакавме да им купиме столчиња. Се откорна од плачење за него да не сме купувале. Само за сестра му едно и толку...дури ни скришно не успеавме да го протнеме. Во маркети и продавници се чудеа сите. Јас го прашувам да не сакаш нешто да купиме, тој отсечно НЕ! Сега малата е две години и има вакви испади за друго. Сака сама да се облече/соблече, не може и следат тешки драми. Рикање до бесвсест. Ако ја прашам дали сака да и помогнам, интензитетот на плачката расте. Не дај боже да земам јас да ја соблечам, или да пробам било што да направам. Тогаш следи трескање од земја. Се лути и ако брат и излезе прв низ врата или ако сум му дала и него да јаде или ако тој седел на синото столче... Таа знае да си побара често од продавница да и купам нешто и не одбива ништо кога и даваат. Ама никогаш не се трескала ако не и купам. Си викам да рикаше за тоа ќе и купев и готово. Ама вака не знам што да правам. Да ја оставам сама пелена да си смени? Имам забележано дека кога малава има таков напад на бес, пробувам да ја заскокоткам и засмеам и подзаборава на лутењето. Нормално, не пали секогаш, ама поминува кога ќе и се оттргне вниманието кон друго. Кај големиот ова не палеше. Кај него само разговор како со возрасен и договор. Тој повеќе се лути ако пробаш да го излажеш како мало дете. Се обидов преку примери да доловам дека кај сите деца различно се манифестираат овие напади и дека различни методи може да помогнат или одмогнат. Важно е да ја најдеме соодветната за карактерот на детето. И се согласувам дека се мешаат термините невоспитани деца и деца со тантруми. Ама ај доста е засега.
Ама спореди ги тие деца и нашите. Порано се знаело што е почит и култура. Никој од старите генерации не е ниту истрауматизиран, ниту агресивен затоа што бил казнуван. И кај мене дома играше папучата на мајка ми, па јас воопшто не сум агресивна. Јас сум многу против игнорирањето како метода. На тој начин не му се дава до знаење на детето дека тоа е лошо однесување. Го гушкаш, па уште и како жртва се чуствува. Дека е во право. Јас сум за казнување, не до толку брутално како на Миа, но секој родител треба да ја има мудроста да се справи со своето дете. Со игнорирање ќе гледаме магарици од 14 год како се претрпуваат по школите. Јас не верувам во тантруми, само во испитување на авторитет, што е нормална фаза.
Според мене од овој аспект Тантрумите се предизвик за секој кој не родител бидејќи за тие одстрана сите имаат експресен свој метод на решавање на проблемот(најчесто тоа се невоспитани и разгалени деца)но кога ќе го осетиш на своја кожа односно кога ќе се соочиш лично со тој проблем сваќаш дека тоа баш и не е така Сега од аспект на изреализиран родител на дете кој поминува низ оваа фаза со право можам да кажам дека моето дете не е невоспитано,нити разгалено,со мм имаме слични методи на решавање на овие ситуации секогаш разговор, секогаш објаснување зошто така треба или не треба, многу ретко ја употребуваме методата на игнор ,или закана ( ја добива само од мене)се зависи од ситуација не викам дека сум идеална не викам дека го знам решението на проблемот но можам да разберам низ што поминува , и секогаш барам начин кој е најбезболно за да се надмине моментот свесна сум дека станува збор за период фаза и дека треба многу трпение,свесна сум дека околината не осудува во смисла колку е мазена колку сме попустливи родители и воопшто не ми е важно, важно е да има цврсти темели за да може правилно да се обликува како личност
@Luna91 Не можам да ги споредам како деца, затоа што ги познавам како возрасни луѓе. Познавам исфрустрирани стари луѓе, кои мислат дека ќотекот и казната се решение за секој проблем и истото го пренесуваат на нивните деца. И исто не гледам дека нивните деца ги почитуваат, за разлика од деца што се растени со разговор. Баба ми израснала 4 ќерки, најстарата, "тепаната", нит почит имаше за родители, нит за сестри, за никој. Едвај основно училиште завршила. Останатите, "нетепаните", сосема друга приказна. Ако не знаете како изгледа тантрум, или не сте го доживеале или не можете да го препознаете. И ќерка ми испитува граници, не дека не, ама можам да оценам што е во прашање. Пр. овој период се запна да јаде само чоколадни зајчиња. Откако 10 пати ѝ објаснив дека не може, затоа што не е убаво за неа толку благо, почна да плаче, да вриска. Ја оставив така и ја игнорирав. За 15мин. дојде, се смири и ме гушна. После тоа смирено уште еднаш ѝ објаснив дека не е убаво така да плаче, и дека треба да ми верува затоа што ѝ посакувам само најдобро. Па приказни за расипани заби, за болно стомаче итн. Во овој случај не мислам дека викање или папуча е решение. Што ќе сфатеше детето од тоа? Дека не ѝ давам чоколада затоа што јас така сакам. Не дека оттогаш се нема повторено да ми побара, ама кога повторно ќе ѝ објаснам зошто не може, си продолжува со играта. А што се однесува за тантрумите, пишав во друг мој пост за што ја фаќаа. На 1год. сакаше сама да обуе чорапче без моја помош. Се трескаше од земја. Што требаше да направам? Да ја натепам и да ѝ се развикам? Не. Се разбира дека ја гушнав и дека ја смирив најпрво, па после продолживме да учиме како да го ставаме чорапчето. Тие деца се жртви, жртви на самите себеси. Истото тоа може да се случи надвор, ама како можам јас да знам за друго дете дали испитува граници или има некоја фрустрација, неповрзано со нешто материјално. И ве молам, навистина не сте сретнале некултурни, агресивни постари луѓе? Насекаде ги има, соседи, во банка, во автобус, во амбуланти итн. Ама битно бараат почит, дека се постари, не дека ја заслужуваат. Воспитувањето на деца бара многу трпение, челични нерви и константно учење и барање начини. Верувајте, имам многу повеќе "истражувано" за овие теми, дека маката ме натерала. Моето дете сѐ уште има благо изразени тантруми и стравови кои може за некого да бидат чудни, но јас наместо да ја карам, се трудам да ја разберам и заедно да ги надминеме овие моменти. Лесно е со папучата и да го истурам мојот бес врз неа, а со тоа сметам дека го игнорирам најзиниот проблем. И за крај, моето дете на тригодишна возраст отпоздравува луѓе во влез и има почит спрема тие што имаат почит и за неа. Тоа е обострана работа, независно од возраста. Во врска со ова, само едно ќе кажам: "Children see, children do".
@NarCis@ затоа пишав дека родителот треба да ја има мудроста за да се справи со сопственото дете. Ти си го пронашла начинот и тоа е ок. Но верувај дека сум видела деца кои со гушкање и со мил пристап уште повеќе се разлигавуваат. Не секој начин успева кај секое дете. И јас сум за многу разговор со децата, секако не мислам одма ќотек, но некогаш сум и за казнување,за да се разграничи што е лошо што не. Не само за тантруми или што и да се, туку општо за воспитувањето. Во однос на тоа како сме биле ние воспитувани и поновиве генерации има огроомна разлика. Кај си смеел на постар да му се обратиш на име? Кај си смеел на постар да не му кажеш добар ден? Извини, благодарам повели обавезно. Однос кон учител, професор се знаел, ученикот слуша,а не ко сега. Се ова е заминато во бестрага. И не е само еден поединечен случај, туку за грото зборувам. Новиов начин на воспитување со игнор, гушкање и издигање на трон на сопствените деца како совршенство не доведе до ова дереџе. Дно.
И во моја генерација имаше деца што немаа култура и што не почитуваа постари луѓе, наставници и професори, и пред тоа имало и сега има. Неможеш да ги ставиш сите во еден кош зошто како што не сме ни ние луѓето исти, така и децата не се. Имам две деца, па се различни и неможам да ги споредам не па со сите останати деца. Туку, сте се научиле со тоа дека порано и сега се различни децата, никакви,невоспитани, се трескаат од земја зошто родителите мува не ги лазело а уствари сакате да потенцирате дека нас како родители не не бива. Прво научете што се тоа тантруми, направете споредба и разлика со невоспитани и бесни деца, па после дојдете во темава да продавате култура и памет.
@Luna91 Работам во образование и да ти кажам не гледам разлика помеѓу децата сега и моите врсници пред 20-тина години. Исто има воспитани и невоспитани деца, како тогаш, така и сега. Имав соученици кои беа баш пример за проблематично однесување и ги има истите деца сега. Единствената разлика е што родителите сега немаат време да дојдат на една родителска, затоа што работното време е поместено за неколку саати повеќе. Не зборам за бизнисмени, па не ги интересира, туку за луѓе што им виси работата на конец за 10 000ден. Не дека не сакаат и дека ги лигават децата, туку дека мислат како да прехранат фамилија. Мене лично воопшто не ми значи како ми се обраќа ученик, дали по име или титула сѐ додека ја осеќам и гледам почитта. Имам колеги кои се однесуваат многу недолично на нивните часови и со погрдни зборови кон учениците. Дали сметаш дека учениците треба да ги почитуваат само затоа што се професори и постари? Јас мислам не. Среќна сум што се сменети некои размислувања во денешно време и не се наметнати тие лажни вредности. Треба да престанеме со тие размислувања како било порано. Денес е денес и да тежнееме да стане подобро утре. Сакам ученикот да ме слуша затоа што сака, не затоа што мора. И дефинитивно не знаете што се тантруми. Тантруми не може да има дете од 10год. или средношколец. Тоа е фаза која се јавува кај тодлери и се со различен интензитет. Сепак сѐ ова што го кажуваш се базира врз донесување заклучоци од гледање и претпоставки, а ми изгледа дека немаш информации што точно се тантруми, со оглед на тоа дека кажуваш дека не веруваш во нив. Јас навистина се извинувам за моите долги постови, ама ова за мене е неисцрпна тема, ем што струка ми е педагогијата, но и родителството ми поставува секој ден нови предизвици, па морам цело време да се информирам
Син ми, ете го 4 ипол години и уште има тантруми. Последниот пат беше многу лошо. Во сред центар, го земав од татко му. Викање, плачење, удирање по земја. Страшно беше. Зедов и го гушкав. Се смири. И не е прв пат. Во такви напади, едвај сум го држела во раце. Ама секогаш го гушкав. Плачел и за играчки, за игра на таблет, за шишање. Ама буквално за се. Некогаш се лесни, ама некогаш се страшни. Сега пак има нова навика или испад. Трча и скока и испушта крици. Го имитира Спајдерман. Ама знаете колку е језив и ми оди на нерви. Плус делува лошо. Е ова го игнорирам или му викам да престане. Инаку е доста интилигентен, воспитан, во градинка е мирен и примерен, ама има тантруми и тоа чести. Често ме прашуваат какви нерви имам оти син ми знае да биде многу тежок на моменти. Верувајте, и на мене ми се иде да го оставам да плаче во маркет, ама сепак си го зимам и го смирувам. Ама има и ситуации кога пробува да се лигави, па ми квиче. Е тогаш се исклучувам и го игнорирам. Ете го престана. Затоа, од лигавање и тантруми има разлика. Бидете среќни што имате деца кои ете немаат тантруми.
@Luna91 назад ти е зимата. Дај Боже твоето да нема вакви испади, т.е temper tantrums. Немаат врска со разгаленост и невоспитување. Ако збориме за воспитување, и јас сметам дека нема разлика меѓу децата тогаш и сега, само времињата се сменети, а секако и начините на воспитување. Децата поминуваат помалку време со родителите, за жал, за разлика од порано, во трката за парче леб и обезбедување подобра иднина, и верувам дека тоа е најголемиот проблем. А во случаите на temper tantrums се покажа и се докажува дека ќотекот и казните не се решение, напротив, на тој начин се создаваат бунтовни, насилни и агресивни деца. А гушкањето и да води до лигавење, можеби е подобар начин отколку целосно да го изигнорираш или да го искршиш од ќотек детето затоа што, ете, во моментот не знае да се справи со емоциите кои му надошле од било која причина.
@Lolipop23 фала ти Не сакам да правам лажна слика за мене, дека ете, кога моето дете има тантрум, јас сум секогаш смирена, сталожена, со блажена насмевка, а детето се удира од под. Напротив, и јас сум некогаш со слаби нерви, уморна, нервозна, и ми доаѓа да ја исплескам, а јас да се фрлам низ прозор, и знам погрешно да изреагирам, но се трудам да си ја поправам грешката и едноставно да прифатам дека е период кој мора да се истрпи. И верувајте, полесно ми е да се справам кога се работи за "разгаленост", отколку кога има тантрум.