Тантруми на 4 год!? Значи, неподнослив е, се лигави за се, зборува бебешки, глуми, ноќите се кошмар, вришти пишти од инает, свесно.... И секој метод испробан, на син ми не делува. Денес мм му е лут, ќе видиме како ќе го прифати и тоа.
Имаме! Некој нов период за мене, глумење и инаетење без причина. Да не зборам за плачењето и трескањето од земја. Ако ѝ повишам тон или ја скарам почнува да ми враќа, се дере, го плази јазикот и тн. Кога ќе дојде до ептен плачки ја праќаме во соба на "тајм аут". Не смее да излезе од соба додека не престане да плаче. После е ко нова, доаѓа и се гушка, понекогаш кажува и "извини"
класични тантруми да вришти мојата нема.Ама е инат и упорна во нејзиното боже мили.Ако она решила да е црно ке биде црно макар сите рекле дека е бело.Последна криза имаше во неделата кога се спремивме за свадба .Ја облеков во фустанче и балетанки ама она почна да плаче толку силно што и идеше нагони на повраќање и гушење.Запна да се соблече и да облече фармерки и патики Пробав да се нагодам ама не идеше.Пошто и онака касневме на крај попуштив и ја облеков како што сакаше она . Мојава и мн тепа.Гребе на лице,плеска на лице,скубе.Мене не, ама затоа слабост секогаш наоѓа кај помали од неа или кај сестра и .После тоа добива од мене карање па наводно ке се извини и наредниот ден пак по старо тера
Аууу и мојава е перидов разлигавена,не се трпи ,секој ден се расправаме.Не се треска,не бара нешто што не дозволувам или да и се купи ,се разбира од тоа,ама се лигави,ѕмиздри на велико бре, зошто она не ја затворила чешмата,после зошто не наполнила сама вода и ред други вакви работи зошто не е се по нејзино,глумење и инаетење што вика @Kitten .Исто почна да и се случува јас ја карам таа повторува по мене или ми се опнува,ама не попуштам р'жам и си добива и казни,ја праќам во другата соба,не и давам да гледа цртани,нема надвор тој ден и не и читам приказни пред спиење,a тоа бара нон стоп. И знае дека е виновна и пола саат лекции држеме и само дреме ,ќути и не се буни кога ја праќам во другата соба и после ќе дојде и ќе се извини и ќе ме праша " мамо уште си ми лута". Незнам што и стана ,не беше ваква ,ама тоа лигавењето ми удира во мозок. Добро е ме утешивте не сме биле само ние
До пролетта ќе да е кај сите Изминатава недела тантрумите кај мојата се баш изразени, ама и долго траат. Не знам навистина на што се должи тоа. А таман се адаптира во градинка, и гледам дека сака да оди, ама дома е неподнослива. Ние засега ги решаваме со игнорирање, пошто со зборување уште повеќе се засилуваат. Само да отворам уста и вриска чиниш некој ја тепа со стап. Ја оставам нека се исплаче колку што ѝ треба, не ѝ обрнувам внимание (уствари ми доаѓа да експлодирам, да викам, да плачам...) и ѝ поминува. После е како друго дете. Едит: само што го напишав постот, ова ми се појави. Смешно е, ама не е смешно http://www.femina.mk/новости/занимл...ешни-причини-зошто-се-расплакале-нивните-деца
Да, баш тоа вчера го коментиравме со мм,токму изминатава недела не и се ѕвездите наклонети ,изгледа до пролетта ќе да е
Значи се превртев од смеење Ете ја ќерка ми во доста ситуации. Колку пати само се љутела кога некој на нас ни кажал "Чао" а она: "Мене тетката не ми кажа Чао"!
Сега смешно е, ама тогаш не ти било Вчера ќерка ми се откорна од плачење оти побара да ѝ купам сокче и јас реков дека ќе ѝ купам. И ѝ потенцирав неколку пати дека ќе ѝ купам, ама џабе. Се препотив до продавница
Е кај нас ист случај само што негодувањето го искажува со бебешки зборови,а зборува течно и чисто од своите 2 год. Периодот на касање мавање штипкање го помина порано,ама кога ми противречи и враќа кога го карам или удрам по газе,е тогаш најмногу се нервирам. За купување проблем немам,она што ќе кажам дека не може да го добие,нема и да се купи. Кај нас плус, го сеќавам дека веќе знае што се случи тогаш кога ги имаше грчевите,и сега секој момент го користи да ми ја здрви крвта,со превртување очи,уста,па се тресе дека му студи... Колку се само паметни за да го остварат или добијат она што замислиле.
Леле Вака од страна смешни се, дома кога се случува ич не е смешно. Во тие моменти најлошо е што вриеш од нервоза и целата си препотена а треба да глумиш смирена и да игнорираш И ние сме во таква некоја фаза, најмногу се нервирам кога се присутни др.луѓе и почнуваат да се мешат од страна па тој наместо да се смири уште повеќе вришти. Среќа не живеам со свекор и свекрва, знам дека уште потешко ќе биде.
зар стварно глуми грчеви? знам дека воопшто не ти е смешно како родител но го замислувам како глуми.За оскари се значи малите кај мене малата учи мн од големата.Големата во кавга често ја вика Лошка па сега и јас кога ја карам малата она мене ми се обраќа со лошка
Исто, си го зема огледалото и вежба плачење. Тоа уште одамна го прави. Или еднаш ја фатив како "плаче", уствари си играше со играчките, онака баш најопуштено, ама плаче, вика, солза нема никаде. Насмеана "плачеше". Имам и видео доказ Да не снимев, никој немаше да ми верува дека глуми.
@joy1 Премногу можеби користи тоа што ние сме над него, ако малку закашла проверуваме тт( без топломер се раЗбира) го прашуваме дали е добар, да не му студи и он само прима информации . Не е воопшто смешно, ама кога при плачење ќе почне да вика дека му студи, се тресе јас се шекнувам, го смирувам и тој тогаш ја користи мојата слабост. Мм не толку, он во тие моменти го кара, му објаснува па јас веднаш на него му кажувам да се смири и дете така си добива она што наумил на пр.ноќеска јас спиев без перница, зошто он сакаше неговата да стои во креветче а да леже на мојата. Банални работи, ама вадат од такт.
Банална работа на која не треба да се остава на случајност. Зошто му испунуваш желби? Ти да се укочуваш цела вечер за да му угодиш некој хир на детето? Искрен совет, не дозволувај вакви работи, навидум ситници, а може да имаш сериозен проблем со виспитувањето на детето. Ако плаче за глупост и глуми, не треба тресење над него, како што кажа Киттен , остави го сам во соба нека плаче до утре ако сака, кога ќе види дека ти е гајле за неговото трескање ќе се смири. Уште да го гушнеш или галиш да се смири по тој испад , ни под разно, не треба да се осети како жртва, треба да осети дека е крив. Ова не е тантрума, ти испитува авторитет, уште неколку пати да го дозволиш ова, после на глава ќе ти се качи.
Уф, не знам дали јас да се тешам со вас или вас да ве тешам. Сега за некој ден син ми полни 4 години. Не можеме да го препознаеме со маж ми. Отсекогаш бил мирен, тивок, внимателен, културен... Сега е чиста спротивност. Се нешто му смета, пола ден го поминува во врескање на цел глас. Има некоја сила одвнатре што сака да излезе на било каков начин. Зема играчки и свесно ги крши и додека ги крши ни вика "Сега ќе го скршам ова за да не ми купувате повеќе ништо". За сликиве погоре го пронаоѓам во оние од типот: "Сакам да ми дадеш камион". Добива камион и следната секунда се лути оти го добил тоа што го побарал. Или вика да одиме некаде. Ок, каде сакаш, се спремаме и таман да тргнеме пак лутки. Секој револт го искажува со лутење или најчесто со реченицата "Јас сум тажен". Значи, буквално за се е тажен. Почнавме и да го казнуваме кога ептен ќе претера, особено во однос на малата и сега и тоа му е дел од епизодите. Прави некоја глупост и сам си вика "Сега јас сакам да бидам под казна". Или "Не идам, земи ме со сила". Имаме вакви до сто и назад. Секој ден нови испади, нови нервози. Нека поминат оти овие мислам досега најстрашни тантруми ни се. Буквално како карактерот да му е сменет.
Заклучок, нашиве 4годишњаци нека се соберат заедно и нека тераат инат, е тогаш да видиме кој ќе издржи @ilyan фала ти за советот, знсм дека грешам што сум слаба во тој поглед,ама од срце ви посакувам да не бидете сведоци на таква случка( кај нас два пати се повторија грчевите) и тогаш барем малку ќе ме сфатите зошто се побудалувам. П.С мм го држи овој твој став и применува екстра строги мерки(кај него и малку плескање по газе има и тоа и те како влијае)