Браво за Андријана! Значи една спортиска, атлетски градена, со крути движења, да танцува вака е навистина за пофалба. Ова вечерва дефинитивно беше нејзиниот најдобар настап, досега. Навистина се забележува огромен напредок. :up:
Тони некако почнува да ме нервира, премногу збори, па не сме на негово шоу да дофрлува стари досетки. Колку е висок маж, абе ај што збориш. Аделина што седи уште тука, што не си отишла, колку е антипатична само. Овие последниве Вишка и партнерката, не ги бива некако, немаат хемија воопшто за разлика од другите. Едвај чекам Васил да играат, најдобри ми се.
Можам само да кажам јака и душа на Марина, се гледа дека не може да го поднесе Белов, за што целосно ја сфаќам- типот е тешка сељачина, кога ги гледам видеата пред танцот само ролам.
Васил и Андријана ми беа најдобри досега. Вишка ми е добар, некако се нервира што не му даваат високи оцени. Конечно личи на шоу визуелно и многу подобро од првата емисија. Вештачките аплаузи ми се добри, подобро тоа отколку ниѓшто да нема од публиката. А за досетките на Тони , ич не ми се смешни.
Зафирчев и Наде дефинитивно ми се најјаки! Васил како актер навистина знае да се внесе во нештото и да одигра како што треба! Будимир ми е интересна што туку го шлапне овој.
Шо направи Вишка шармантен... Троа се нервозира ама добро. Инаку за Будимир секоја чест, на спиралата подголтнав, како изведе алал да ѝ е. И е преубава! А во последниве парови колку не се трпат момците со инструкторките. И за Васил секоја пофалба.
А што го гледаш шоуто тогаш, оди гледај ја таму на бинго и нека ти биде убава. Не го пратам шоуто еднаш или двапати гледав и толку,инаку тоа личен вкус,ако тебе не ти се допаѓа тоа е твое,неможе никој да ме убеди дека не е убава,мој став и мое мислење. фала многу и пријатно. ПС, бинго не играм.
Гледав синојка интересна емисија морам да признаам.Александар Белов воопшто не ми се допадна,незнам дечково кога ќе излезе и да пее некаде воопшто незнае да се помрдни како здрвен ми е
Женски ај поставете линкој ако има на youtube од најновите од петокот и саботата јас барав неможев да најдам..
Нема уште поставено. Инаку, на овој канал на youtube ги поставуваат редовно видеата од емисијава. Е сега, од најновиве две епизоди не се сеуште поставени. http://www.youtube.com/user/TancSoZvezd ... ture=watch И еве го официјалниот сајт на Танц со ѕвездите: http://tancsozvezdite.mk/
Вчера надобри беа Зафирчев и партнерката дефинитивно!! Но само од вчерашната епизода!! Не верував дека Влатко би рипнал од 4 на 6 вака останав Веќе се научив за слоуфокс и румба од него. Нема врска.. вака.. новинарот беше повеќе здрвен и од Белов Вишка никако да избере добара идеја за танц Само Зафирчев ми се допадна вчера.. за разлика од претходната епизода кога не знаев кого ад изберам.. Е сега Будимир не ја гледав но кога ќе излезат видеата ќе можам да ја прокоментирам!
Да не можеби некоја од вас се сеќава што рече Васил Зафирчев за таа вежбата што ја правел на почетокот со шишиња нешо, за да биде исправен,,, нешо така беше... ?!
Зафирчев и е поранешен маж на Калиопи така? Се така ми се чини, паметам со долга коса беше порано, ама некако како избледена ми е таа информација. И многу е згоден бе, го бива за танцување се познава, а и симпатична фаца има.
^Беше да. Јас порано некако не можев да го сварам, ама сега ми е ептен симпатичен и позитивен. Витомир, не коментираме тука избор на убавица, не знам што воопшто коментираш ако не го гледаш шоуто. Мене само Атанас ми нема некако напредок, си тапка во место. Белов е смешки, ич не се замара, оваа сиротава не може да го поднесе, како преврте со очите кога искоментира он нешто. И ја гледав Никол, пошто ја спомнувавте, останав без зборови. https://www.youtube.com/watch?v=gTEuIXz7MqE Соврешенство.
Да, да. Поранешен маж на Калиопи е, помлад е од неа 14 години. Инаку, порано имаше долга коса. А тоа дека го бива за танцување е факт, има таква фигура и градба, што му е уште поголем плус.