Не ми се допаѓаат кореографиите, многу е удрено на еротика, а обврзните елементи од танците - ги нема! Дури и според изборот на песната не можам да одредам што ќе играат, вика ќе играат румба, а играат нешто послично на самба! А Прима Данца требаше да имаат доблест и да ги викнат најдобрите танчери и од другите школи...
Не се сите танчери од примаданса само 4ца , останатите 6 се од други танцови школи.... кои подобри ко полоши .. босанецов Нермин е најдобар и најпрофесионалец од сите нив, се натпреварувал и на светско и европско ниво ако не се лажам . <3 <3
Сами требале да се пријават танчерите.. Секој има право да се пријави.. нека знаат за следна сезона нека не чекаат да бидат викнати туку нека се пријават
Кои две танцови двојки мислите дека ќе испаднат? Јас некако типивам на Вишка и Белов со партнерките или евентуално Бранко ама па тој има многу добра партнерка која за среќа го поднаучила доста последниов период, само не знам колку има фанови имаат реално спрема останативе двојки.
Кој играше на Карузо од Лара Фабијан? Само кратко го фатив инсертот на рекламата и мислам дека беше Зафирчев ама не сум сигурна..
во моментов оди репзира на втората емисија (од сабоатата) Јас мислам дека ќе испадне Белов или новинарот не знам како се викаше!! А искрено навивам да изпадне Вишка!
Споредба со *Танц со ѕвездите* на други ТВ што сум гледала (од други земји). * Овде многу значење придаваат на акробатика, гимнастика и еротика. Како само тоа да е барано и посакувано. Еден танц што го гледав, се изнаправија гимнастика, како на час по физичко, и сите беа фасцинирани. На другите земји не било вака, знае некогаш да изненадат со посензуално танцување, поразголени, ама знаеле и да бидат облечени во елегантни фустани. И навистина да танцуваат, да прават чекори, движења, да се вртат, а не само акробатика. Нашиве како да целат кон разголување за да се покажат колку се згодни и само акробатика. * Жирито било многу постручно, поупатено и на место. Кај нас знаат од жирито да искоментираат многу лаички. * Тони М., го ценам како водител, ама за оваа емисија требало да изберат некој посериозен водител, да е интересен, шармантен, ама да не е од типот на Тони. Засега Тони е добар, се држи примерно, ама поради неговите претходни емисии (како Опуштено) си имам поинаква претстава за него.
Мене на прв поглед мн интересни ми беа Мариана и Аделина (мислам дека така се викаше девојката), но се отиде по ѓаволите кога забележав дека овие две двојки повеќе вложуваат во сексипил отколку во игра. Сега далеку на врвот ми се Наде и Зафирчев. Секоја чест, посебно на Наде за кореографиите, секогаш и се на место. btw некој подолу ја спомна Никол... чист пример како еден танц може да биде професионален, и секси истовремено, без притоа да се внесуваат непотребни вулгарности. Нека учат! http://www.youtube.com/watch?v=ravvjv3MFwE
Сега ги изгледав набрзина и на почеток сите ми беа интересни но некако како да се повторуваат, тоа па тоа. Не сум гледала странски изданија, ја изгледав Никол што сте ја постирале и ни на сон не би споредувала, таа е светска ѕвезда, не смее да си дозволи утка, а нашите ко за наши...арни си се. Васил со Наде стандард добри. Маријана, нејзините нозе и партнерот ми се ок иако малку досадни овојпат. Белов ми е смешки, гревче. Лоба ми е антипатична па и светски да одигра пак ќе и најдам грешка колку да кажам дека не е добра Будимир ме изненадија со партнерот, и иако мислам дека требало некој покорпулентен партнер да и доделат за да изгледа таа малку поженствено, сепак овој како добро маневрира со неа, браво. Мало мало ама техничарче Секоја епизода по некој испаѓа или?
Jaс мислам дека ако во секоја емисија испаѓа по некој - многу брзо ќе му стават крај на шоуто. Наредната емисија испаѓаат две двојки, па по некоја моја претпоставка, најверојатно пак ќе има неколку емисии каде ќе танцуваат оние кои останале, па пак елиминации. А ништо чудно и во секоја да вадат по еден пар. Јас типувам на Белов и неговата партнерка и Висар со неговото дејче - се трудат ама ... тоа е. Премногу ми се здрвени и двајцата и ми делуваат многу неприродно кога се обидуваат да изведат нешто што личи на танцово движење. И сами си одлучуваат што ќе играат или имаат опција да бираат меѓу неколку танци? Што и да е, не ми се допаѓа. Подобро би било кога би имале една дадена тема, на пример ете румба и сите да одберат нешто во тој стил, а не вака - едните одат со балада од Роби Вилијамс, други со Пинк Пантер темата ... Каша-попара.
Преслатки ми беа Аделина и Ванчо! Имаа интересен настап спој на хип хоп RnB и џаив! Како Ви се допаднаа на Вас?
Ете малку с'скање. Тони јако им врати: И јас да донесев мои луѓе, ќе викаа за мене. Само џавкаат и плачат по оцениве, ко да им е последно. Овој Влатко може на чело да си пише 4ка, да не се мачи да ја крева раката со оценка. Веројатно и се исполни најголемата желба на Аделина, да тресе задница у стил на Бијонсе. Ко едвај да чекаше да се истресе.
Иако имаат и повозрасна публика, незнам зашто мислат дека помладата публика воопшто не е упатена во танцот и други денс шоуа Стварно не ми е јасно што мисли некој младич, танчар кој планира да ја освои публиката со своите кореогравски и танчарски способности, кога ќе направи копи пејст кореографија. И тоа некоја прилично позната, барем на некое лице што макар на кратко ги прошалтало видеата од американското dancing with the stars.. Танцов на Аделина сега според мене имаше 50% кореографија од овој настап http://www.youtube.com/watch?v=52QboeNeMS0 и 50% од овој http://www.youtube.com/watch?v=4bcWB5Qv4Ls