Танц со ѕвездите (МРТ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 17 јануари 2013.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    А судијата Влатко коментира како сите гледачи да се професионалци во танц. Кога ќе почне со тие стручните термини, така, вака.. чинам дека само упатените во танц го разбираат. Што сака да покаже дека се разбира ?!... па знаеме тоа му е професија и не очекуваме да е поинаку. Треба малце да се свести и да почне со поприфатливи и општопознати термини да коментира за цел бел свет да го разбере. И кога ќе почне да фали, фали и на крај пак 4ка :?: Да не се испушти со малце повисока оценка..

    Мислам дека Наде и Васил вчера заслужија една 7мица барем од Миланка и тој третиот (немам поим како се вика) :wasntme:

    Миланка е интересна, ако Влатко даде оценка под 6ка, таа дава една погоре. Кога Влатко два 6ка и таа дава исто. Ама се предвидливи :|
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Каква седмица кога шестка е најголема оценка? хахаххахахахаххаха

    Влатко ми е најдобар затоа што не кажува само пофални зборови како другите двајца кои секогаш даваат една оценка повисоко од него, хаха
     
  3. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Зошто никоj вчера не испадна?
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Судиите даваат оценки од 1 до 10.
     
  5. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Како до десет кога никој нема седмица добиено? хахаха

    Оцените се од 1 до 6. Неколку пати кажаа.
     
  6. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Испаднаа два пара Висар Вишка и Бранко Чупески
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Немој да се инаетиш кога не знаеш со сигурност, од 1 до 10 се оцените, ја покажаа табличката со десетката, плус Тони два три пати во последната епизода напомена некоја седмица да пуштат и Миланка рече од наредната епизода. :)
     
    На Hipster и karina8 им се допаѓа ова.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И јас се изнаслушав на глупави варијанти во однос на оценувањето. Па и најјако што слушнав е дека оцените секоја емисија имале различна граница, пример една емисија до 3, па наредната максимум била 4 и се така последователно |( Еве па сега до 6 биле..

    Ако сте следеле ваков вид на шоу во другите земји ќе видите дека секаде оценките се од 1 до 10. И малце да разберете што зборат ќе знаевте дека е така. Кога ги прашуваат со што би се оцениле самите тие, они зашто си викаат десетка ако не е таа највисока оценка !? И плус спомнаа дека од другата емисија се надеваат на седмица да падне конечно.
    Како што тргнале нема ни да има 10ка се до крајот, барем во финале да падне нешто појако бре..
     
    На Li0ness и tace73 им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.231
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Нашиве не може нови правила да измислуваат, ова е лиценцирана емисија, не е наше производство, така што како е сегде така е и кај нас, што значи оцените се еден до десет. Го гледам американското и таму појаки оцени им даваат, а не дека се нешто предобри. Ама нашиве ептен ситничарат. Не верува дека до мај некој од ѕвездите ќе стане професионален танчер. Стварно треба да попуштат малку.
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Адријана и Белов не ги гледав, моиве сакаа Сеќавањата болат да гледаат. |(
    Како и да е.. Маријана некако по не ми се допаѓаше од претходната емисија, претходното видео го имам 100 пати изгледано
    Викторија (мразам да ја викам Лоба, и не знам зошто вие ја виката кога таа има преубаво име) беше навистина прекрасна... Браво за Нермин и нејзе..
    Од Јелена и Христијан очекував навистина повеќе, ама се гледа дека Јелена не е за брз танц, а тоа што ја успорија песната им беше фаил. Инаку ја сонував, поточно во сонот јас бев Јелена :wasntme:
    А кајакаров Атанас најмногу гласови :o :o не ми се верува, па не изигра нешто сјајно, а и тој самиот по фаца не е сјаен па толку гласови... а инаку тоа што го направија (она стојот на раце, подигањето) беше веќе видено :!: и не изгледаше воопшто убаво... Тоа е некреативност и понижување, како само ги ископираа Јелена и Христијан, срам да има е.. :envy: лигавештини, ми доаѓаше да го парчосам ТВ-то од нив..
    Аделина не да ми е антипатична, туку оваа од што се дуе, се дуе ќе пукне ко балон. Не ја бива за танц, едино тоа Албанците што ќе гласаат за неа, и она бргу ќе си замине.
    Се си мислам дека Зафирчев ќе победи, танцот воопшто не му беше нешто посебно... ама шеските се наоѓаат позади „Зафирчева“ - следниот петок видете на крајната шпица, она што врти, пишува Зафирчева.. :devil: после нема да има 6-ки брадосаниов..
    Зафирчев ми е толку антипатичен :puke:, ко креон да си има ставено.. Со Наде се екстра грди, а не се ништо подалеку и со танцот. ОК, Васил е талентира и го бидува, ама не е тоа - тоа.
    Испаѓањево беше повеќе од мизерија, во 2 секунди, човек да трепне во тој миг ќе остане неинформиран.. Јас мислев сите ќе ги извадат на сцена, па на оној големиот екран ќе гледаат кој ќе си оди, и испаднатите парови да излезат малце понапред и да испатнат као луѓе, а не така само пуф и крај!
    Инаку, ги нема ставено на интернет, нели? Кога ќе ги стават, уште еднаш ќе ги излгедам сите. :)

    Бидете поздравени :hai:
     
    На jb82 и mileystar им се допаѓа ова.
  11. Amateuress

    Amateuress Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Мене најдобри ми се Атанас и Јована, бев и на снимање, неверојатни беа, го дигнаа студиото на нозе, апсолутно најдобар настап имаа вечерта. Тоа и на тв се гледа, иако неколку од акробациите не се ни снимени, баш ми изгледаше ко камерата цело време да ги брка, а да не може да ги фати. Ок ми беа и зафирчев и лоба, другите така-така, не ми оставија посебен впечаток.

    Мене ми беше многу јак Атанас и како Бонд, иако тогаш не беа толку сигурни во чекорот, ама по ова апсолутни фаворити ми се!

    А во врска со коментарот погоре за акробациите, тоа се елементите во танцот, не може некој топла вода да измисли. Не е поентата во тоа кој пооригинална акробација ќе направи, исто како што не можат ни основните чекори да ги изменат, поентата е во тоа кој колку добро ќе ја вклопи акробацијата во кореогафијата, и колку добро ќе ја изведе.
     
    На herminnah му/ѝ се допаѓа ова.
  12. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    A тоа го прикажаа на ТВ?
     
  13. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Го прикажаа.... Дадоа список со поени и на последно место беа Вишка и Чупески и кажаа дека последните двајца нема веќе да продолжат.
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Ама колку навалувате кога сакате да покажете дека ем гледате ем врска немате, чудо едно. Оценките се од 1 до 10! А тоа што не дале уште над 6 зависи од судиите. Тоа е како на факултет да кажеш дека не постои 10-ка само затоа што таа сесија никој не добил 10. Мислам... |(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ги чуваат оценките за понатаму, како се подобруваат и вежбаат така и повисоки оцени. Замсили на некој уште у прва емисија 9 му дале на пример, наредната емисија е уште подобар и ете 10 и после каде....демек сеа тој профи е. А уствари аматери се сите ѕвезди, и дојдени се да научат за кратко.

    Како ќе се подобруваат, така и оценките ќе растат
     
  16. herminnah

    herminnah Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    После џаивот на Атанас и Јована нишо не ми се гледа друго. Ептен забавно, а и Атанас се подобар и подобар, иако никогаш не се занимавал со танц веќе е на скоро исто ниво со Зафичев и Маријана кои сериозно се занимавале со некаков вид на танцување и претходно. Овие двајца ги знам како танчери и не ме изненадуваат, а Атанас ептен ме израдува во последната емисија во саботата. Едвај чекам да излезе видеото.
     
  17. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489

    Не ти се инаетам, стварно мислев дека се од 1 до 6. Па тогаш не се нормални, како може да очекуваат перфектно да играат, а ниту пак во овие два месеци ќе го научат тоа.
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Абе сигурно испадна Симона и Бранко?
    Ако е така, баш ми е жал, Симона не заслужи таков партнер, ни да испадне.
     
  19. Amateuress

    Amateuress Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Да, и мене ми е криво за Симона, многу добра е, ама ептен тапа беше партнерот, а и не се трудеше многу нешто да научи.

    еве ги атанас и јована, јас цел ден денес си ги гледам, многу ми се срцки :)
    http://www.youtube.com/watch?v=uyUUjTAe08I
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Знам дека за Будимир сите коментираат дека имало напредок,дека се подобрувала ова она,ама мене се уште ми е многу далеку од женствена и некако не ми се вклопува таму.Може треба да се има предвид дека со оглед на другите учесници и нивните професии,некако се во полпозиција према неа,ама за жал се гледа тоа.
    Не знам,јас се трудев некако да ми се допадне(појма немам зошто,најверојатно од некое првично сожалување поради нејзината грубост) ама сега засега нема никакви изгледи да го постигне тоа.
    Барем некој поголем партнер да и одбрале :| .
    Зафирчев е деветпати поженствен од неа.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.