1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Танц со ѕвездите (МРТ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 17 јануари 2013.

  1. Amateuress

    Amateuress Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Опа гледам тука експерти за танц, што не знаат ни точно да ги кажат (напишат) имињата на танците :puke:

    Разбирам дека секој јавен лик е подложен на критика и безобразие од некултурни луѓе, така што не навлегувам кој на кому е сладок, симпатичен и антипатичен, но со оглед на тоа што танц рекреативно пратам веќе 10 години (одам на повеќето државни натпревари, следам и странски двојки и натпревари) кога станува збор факти тие стојат вака:

    јована е една од најуспешните танчерки во македонија, еден од ретките танчери кај нас што се има закитено со меѓународни медалји, а исто така еден период му беше и тренер на христијан, така што она што знае христијан (и автоматски јелена), од јована научил, т.е. едноставно нема теоретска шанса јована да ги копира нив.

    не навлегувам во простилакот на некои членови и тоа какви навреди си дозволуваат јавно да даваат за луѓе што не ги познаваат и тоа за област од која немаат познавања, сакав само да ги расчистам фактите.

    И се разбира мои фаворити и понатаму се точно АТАНАС И ЈОВАНА!!! зашто се складни, добро играат и се скромни.

    останатите коментари за вечерва и вчера (обично ги пишувам само позитивните, но сега сум испровоцирана):
    марјана и аделина - тотално просечни, не ми задржаа интерес воопшто, дури и покрај пердувите итн...
    белов - квикстепот беше најдобро шоу за вечерва, а и многу чесно си го одиграа, иако за жал камерите не го фатија ни до пола - тие што коментираат дека е здрвен во горниот дел од телото - токму тоа се бара за стандардни танци.
    будимир - гооолем напредок, иако научи добро да движи раце - нозе, во грбот е се уште премногу здрвена.
    наде и зафирчев, ок, ама ништо посебно овој пат, им се падна ист танц по втор пат и претпоставувам дека веќе ни им беше ни голем предизвик.
    лоба - нермин е прекрасен танчер, можеби и најдобар во шоуто, ама џабе му е, лоба лошо се движи, иако во самбата беше за првпат троа подобра.
    јелена мене ми се допадна само во пасо-добле, денес колк не мрдна, а за самба тоа се бара.

    И да, лично ја познавам јована, и затоа толку ме допираат вакви малограѓански муабети, зашто разбирам и фаворити, и навивање, ама вакви повраќаници не.
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Абе луѓе, нешто што ме зачуди.

    На крај, на ова dance off-ов, паровите, односно девојките, имаа различна фризура и шминка (океј, можеби имало подолга пауза па ги прешминкале/им направиле нови фризури), но и жирито беше поинаку облечено, и најинтересниот дел - Тони немаше мустаќи, а претходно имаше! Зошто, како, има некој некое објаснување? :D

    Да не се повторувам, мило ми е што Аделина излезе затоа што Белов беше подобар овојпат, браво за Миланка што не падна на провокациите на Аделина, таа всушност го даде решавачкиот бод. Кај Белов мислам дека видов најголем напредок, дури и неговото однесување престана да ме нервира :D Единствено ми е жал за партнерот на Аделина затоа што навистина беше срцка, многу ми беше мил и добро танцуваше, но тоа е што е :)

    Коментар за останатите - Маријана беше убедливо најслаба. Као претходна танчерка, као искусна, а освен телото, ништо друго не покажа. И партнерот ми е по малку антипатичен, премногу се форсира. Последна беше на табелата за бодови од жирито, а прва на онаа од публиката, изгледа вртењето по телефони на познаници (ова од Лилит :D) се исплатело.
    Аделина - искрено, не ни се сеќавам на нејзината изведба, само се сеќавам дека носеше многу кичест фустан. Не знам дали забележувате, ама скоро сите фустани се лоши, се гледа дека набрзина се изработени и изгледаат недовршено.
    Зафирчев ме разочара овојпат. Не сфаќам зошто го вклучиле кучето во приказната, никако не се вклопуваше, кореографијата беше дури досадна.
    Будимир - секоја чест за женава, прекрасна изведба, браво за последната фигура, иако мислев дека самбата нема толку да и лежи, заедно со партнерот и ресите изгледаше и повеќе од добро :)
    Атанас и Лоба ги пропуштив, во сабота емисијата изгледа не почнува од 20.45 :D
    Белов, уште еднаш, ептен напреднал, ми се допадна музиката од Мапет Шоу, првата седумка во шоуто, а мене сепак повеќе ми се допаѓаше квикстепот од минатиот пат.
    Јелена, прекрасна, иако музиката ми се „губеше“ во некои делови, многу ми е шармантна и природна и си одговараат со партнерот.

    Тоа е засега, повеќе наредната недела :D
     
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Зошто се дрзнувате да ги коментирате карактерите (кои впрочем не ги знаете туку од тоа што телевизијата ги прикажува - од тоа некако коментирате) во шоу во кое се работи и цени танцот? Или големиот брат ви ги испрал мозоците па ајде и овде со коментарите...

    Што толку пречеше Аделина? И мене ми изгледа препотентна или можеби е само темперамент во прашање, па во никој случај не ја судев заради тоа. Кога е во прашање танцот - одлично си ја врши работата. Ужива во тоа за разлика од дел од останатите кои механички го работат тоа. Што толку пречеше со телот со „тарабуката/тимпаните :D? Meне ми изгледаше интересно и невообичаено.

    И аман, земете разгледајте што значи шоу, а не да коментирате за карактерите. Во шоуто е дозволена секаква приказна и повеќето од танчерите ја направија таа приказна. Тоа што не ви се допаѓа некој од нив, не значи дека не се добри. И дури и кога ќе се стават настрана коментарите за карактерот, доаѓа до тоа дека коментирате иако немате (а повеќето од вас и не виделе) основно познавање за вакви танцови освен од оние кфеанските!
    Како за споредба, Аделина ако беше толку лоша, сигурно немало да биде победник во Албанија.
    И не дека Аделина ми е фаворит или не знам што. Го пишувам ова бидејќи ја претеравте со навредувањата и исото важи и за останатите учесници, не само за неа! Ја споменав бидејќи е најмногу напаѓана без усул.


    Останатите нема да ги коментирам сега за сега.
     
    На Amateuress му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.231
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Не ни се допаѓа ете и што сега? Наше право си е да коментираме за кој како сакаме. Влегле во натпревар, а ние сме тука за да коментираме, лаички, непрофесионално, наше си е. Не знам што за тоа се фаќате. Ако вас ви бил некој океј ваше си е, што туку се мешате во другите коментари? Кажи јас не се согласувам ради тоа и тоа и бркај си работа.
    Испадна конечно Аделина, фала Богу.
    Инаку Јелена стварно беа страшни, можам да кажам дека најмногу ми се допаднаа. И паднаа и седмиците, ваљда затоа и таков калив дожд падна надвор. :rofl:
    Ајде понатаму и повисоки оцени се надевам.
    Инаку не ми се свиѓа ова со испаѓањево некако, многу поголема фешта се прави во американското на пример, тука е некако на две на три.
    И почнаа да се тресат сите ко Маријана, изгледа видоа што пали кај публиката.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    На тоа ќе ти одговорам дека колку си ти дојдена да напишеш коментар, толку сум и јас.

    Не зборувам за лаичките туку за коментарите кон карактерите од учесниците. Ги знаат само преку медиуми и одеднаш сите се компетентни да им коментираат за нивните карактери. И мене не ми се допаѓаат повеќето, но не значи дека овде е местото за коментирање за тоа.

    Туку, веќе кога пишувам: Белов и неговите две леви нозе :D Па уште и здрвеноста на сцена. Штом него успеаја да го размрдаат значи дека секој може да научи! Можеби имаше осет за музика, но досега беше катастрофална појава на сцена. Тој е доказ дека се' може да се поправи со вложување на труд (барем малку).
    Имаше некој со фудбалски дрес. Не знам кој беше но човеков беше толку здрвен што изгледаше смешно додека другава скока околу него. Мислам дека истиот тој претходниот пат и не беше толку лош во споредба со последниов пат. Можеби така се погодило, ќе видиме во наредното издание.
     
  6. Amateuress

    Amateuress Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    тоа што тони нема мустаќи е затоа што делот со dance-off беше снимен на последново снимање сега, во четвртокот, а остатокот од емисијата пред околу 10ина дена. лошо е тоа што снимањето не е во живо, ама мтв се уште нема услови за тоа, вака одлучувачки е гласот на жирито, а би требало да е комбинација, на пример во денс-оф, жирито дава оценки, па публиката има 10 мин. да гласа - така што е тешко да се местат гласови :)
    ајде, може догодина :)))
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  7. herminnah

    herminnah Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Лелеее, каков говор на омраза за Атанас, човек да помисли дека за лична освета станува збор, па така твоето мислење, и позитивното за другите, одеднаш губи секаква смисла.
     
    На Amateuress му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Да не ја шарам темава со непотребни раоти, но сакав ова да го кажам.

    Јас ниту велам дека се разбирам од танц, ниту велам дека Јована не се разбира. Напротив, Јована е добра танчерка, и Атанас е талентиран, се гледа. Туку, мене ме исфорсира тоа што ги ископираа... Извинете ако навредив некој од вас со тоа што го напишав, но барем немојте да пишувате онака, во загатки. Напишете директно дека овие работи што ги напишавте за мене се однесуваат.

    Amateuress - Браво за тебе штом си толку добро упатена во танците, јас не сум да се разбереме, а не ни велам дека сум. Пак ќе кажам, се што напишав - напишав во миг кога толку бев изнервирана поради тоа што вашиот кајакар „случајно“ (како што велат повеќето |( ) ги прави истите акробации како Јелена и Христијан, да се разбереме, овде НИКАКО не станува збор за случајност, некако го сварив првиот пат, ама ова е веќе претерано, ако нека копираат и следните емисии ако тоа толку ве пали. Не велам дека имаа лош танц, ги бидува и двајцата, и впрочем додека не почнаа да копираат имав добро мислење за нив. Но повеќе немам. Ако сум ви омразена поради тоа што го навредувам Атанас во ред. Но и Лилит имаше пишано мислам дека Иле не знае да игра воопшто, но никој не и приговори за тоа, освен nati44 чие мислење веднаш беше избришано. Не сакам да го одолговлекувам ова и да влегувам во уште поголем конфликт, но овде не можете ништо да кажете - не се работи за случајност, сите молчат ама и сите знаат дека е така. Како и да е. Баталете.

    OmniaVanitas - Не ми го спомувај големиот брат! Се' Се', Ама уште ова фалеше значи да ми го кажете. Не сакам уште многу да зборувам, можеби пак ќе сум безобразна.

    Не знаев дека до толку ќе развлечете, на крај краева, го напишав само мислењето, но на начин на кој станав некултурна и безобразна и добив „ :puke: “ вакви смајлиња од другите феминки, за што ми е многу жал. Извинете.

    И да, не го знаев името на танцот, не сум упатена во тоа, и не реков дека Јована не се разбира во танц, ниту пак дека сум „експерт“ како што велиш ти. Туку како секој човек - седнав и ја гледав емисијата.

    БТВ. сега има реприза, ќе ја гледам :inlove:
     
  9. Amateuress

    Amateuress Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    МНООГУ претера со кометарите, затоа сите реагираа, те разбирам дека си млада, ама тоа не е во ред, всушност така можеш да им направиш само штета на тие за кои што ти навиваш.

    инаку, во танцот, за секој танц има одреден дозволен број на акробации што се изведуваат, слично како и основните чекори што ептен па не може да се сметнат, така што не може да станува збор за копирање. гледај посконцентрирано и ќе забележиш дека тоа е така за сите танци.

    не е битно кој која акробација (на пример од дадени 10 типични за румба) ќе ја избере, туку колку добро ќе ја изведе и вклопи во кореографијата.

    затоа викам дека треба да се има одредени познавања од област, пред да се пишуваат обвинувања за плагијаторство. тоа е исто како да речеш дека некој го ископирал основниот чекор од џаивот, и го игра исто како некој друг.

    а кој ти е симпатичен, кој не, тоа си е твоја работа, може некој и многу слаб да е за танцување, па да е омилен на публиката и обратно, во тоа не навлегувам.

    јавно ги повикувам модераторите да ја уредат спорната порака, и да ги отстранат тие делови што содржат говор на омраза!!!
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Се направила огромна дискусија за навреди и не знам што дурго.. |( Ја гледав Лела вчера како го пишува мислењето и не знам што ме спречи да и кажам да не го праќа зошто има многу навреди!! Не знам ни јас зошто таа толку се испровоцира од акробациите
    (иако двапати по ред и мене ми изгледаше сомнително но немојте да ме напаѓате тоа е мое мислење и јас немам НИКОЈ омразен и не верувам дека Атанас би направел нешто такво!!)
    Но таква си е Лела избувлива од секогаш..

    Точно е дека премногу ја нападнавте како што е точно дека кога почитуваната Lilit на ист начин го навреди Илија и никој не и кажа ни збор!! А :!: Моето мислење беше избришано! Лела го виде мислењето и виде дека било избришано! ОК! Немам ништо против мое сум била престрога или што и да е.. Искрено се надевам дека и некој друг успеал да го види мислењето и да види дека всушност не беше напишано да ја навреди толку почитувана Lilit! Јас тоа мислење го напишав со намера малку да се пошегувам и многу ми е жал што сум сватена погрешно!! Нејсе Многу ја отупев со моето мислење!!

    Се согласувам мислењето на Лела да биде редактирано од страна на модераторот и да бидат избришани сите мислења што ја навредуваат Лела како што беше избришано моето!! И да се заборави на целава дискусија!!
     
  11. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Ако веќе одиме на безобразна карта: ниту некој те спомена тебе, ниту некој те повика. Кога измешавте баби и жаби зошто да не се споредуваат членовите кои оставаат такви прости коментари со големиот брат?
    Да не се повторувам:
    Во никој случај не можеш мене да ми кажуваш што да пишувам. Си има одговорни за тие работи!

    Си има правила. Откупен е целиот концепт и не смеат да го менуваат како што ќе посакаат. Башка уште лажирање на гласови во танцувањето недостигаше да се напише и до тука е работава. Само кај нас може да се помисли на такво нешто и тоа во обично шоу.
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не даваат седмици додека не даваат, ама кога се раздаваа синоќа, ајмоо три за сто :D Ги урочив бе ххаха, јас типував Миланка дека ќе ја даде првата седмица, ама Оливер ме зезна поштено :D

    Синоќа Александар и партнерката и Јелена и Христијан највеќе ми се допаѓаа, Александар поготово ептен ептен многу ми се свиѓаше како изиграа(ја заборавам како се вика неговата партнерка) :)

    Замислата на Викторија и Нермин некако не ми се допаѓаше, и Атанас и Јована не ми беа ништо особено.

    Сега ќе чекам да падне осмицаааа ]:) :D

    Нешто што мене ми е најдебилно во емисијава е кога Тони во втората емисија ќе и рече на Миланка или на Симона вечерва изгледаш многу убаво а таа во сабота исто како во петок облечена, сирот во една вечер на снимањето два пати го повторува тоа... сериозно, не можат ли бар фустани да сменат кога веќе се обидуваат да не прелажат? Работава сам се лажам сам си верувам :D
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Во еден момент во саботата Тони кажа

    Или нешто слично кажа не ме фаќајте за збор!! :D
    А Наде и Васил играа во петокот!! :rofl: Па човекот не може сега цело време на тоа да внимава нели ;)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Јас дури сега ги изгледав двете емисии една по друга, и ајде да си кажам импресии. Дефинитивно најголем фаворит ми е Јелена и нејзиниот партнер. Најдобри се и најдобро одиграа и заслужени највисоки оценки. Адријана Будимир позитивно ме изненадува од емисија во емисија, се подобра и подобра е. Не ни очекував дека можи онака да се крши, браво :clap:. Белов исто така поприлично ме изненади, супер одиграа, се гледа дека се труди од емисија во емисија. Лоба беше за нијанса подобра од претходната емисија, а Зафирчев и Маријана ме разочараа. Мило ми е што испадна Аделина, оти навистина беа најлоши.
    И ќе ве молам престанете да ја грдите темава со мислења во кои се навредувате, ги навредувате натпреварувачите и слично. Јасно ни е дека сите имаме свои фаворити и дека за нив мисиме се најдобро, но тоа не значи дека треба да се нафрламе на секој кој ќе каже барем една критика за нив. Неможеме да очекуваме сите да го сакаат нашиот фаворит.
    Инаку емисијава станува се подобра и подобра. Уште еднаш браво за МТВ што ја донесе кај нас и ние да гледаме нешто квалитетно а и браво за ѕвездите кои од емисија во емисија се се подобри и подобри.
     
    На Lella, nati44 и Edie.S им се допаѓа ова.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    И јас навивав Аделина да испадне, многу ми беше антипатична. Ама и не играше особено добро. Здрвена ми беше некако, а во самбата треба подвижност.
    Маријана - ништо. А и Викторија, не се фрцкаше доволно. Треба од Будимир да учи. :D

    ^Знае ли некој која беше страната каде ги има сите видеа?
     
  16. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    https://www.youtube.com/user/TancSoZvezdite

    Сеуште ги нема најновите! :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.238
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=ZFNNXSuE1-Q
    Одлични ми беа искрено, фаворити ми се, последниот настап му беше предобар :)
    Ама мислам дека следни се за испаѓање пошто најмалку гласови имаја од сите, Јована и Кајакарот предобри ми се, Будимир ми е многу подобрена во играњето, ама многу ми е антипатична некако.
    Како и да е подобрени се многу ѕвездите :)
     
    На Amateuress му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amateuress

    Amateuress Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    лошо се изразив. мислев дека за време од 10 минути е тешко еден човек да испрати многу гласови, или да се испратат многу гласово од ист телефонски број (мислам дека нема ограничувања за тоа колку гласови да се праќаат), па ќе одлучат гласовите на мнозинството. тоа е предноста на преносите во живо. но мене и вака ми се допаѓа шоуто, не сме богата земја, уште немаме соодветна технологија, претпоставувам.
     
  19. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Епа како правеа на изборот за песна на евровизија пред неколку години? Но многу време се чекаше да се пребројат гласовите!
     
  20. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Јелена и Христијан браво! Минатиот пат потфрлија, сега предобри, секоја чест. И Јелена е многу убава! Мене Атанас и Јована ми се баш симпатични и down to earth за разлика од Иле и Марјана кои како пар се школски пример за пуфла и одбивни, и покрај тоа што имаат океј настапи. А на Лоба џабе и е лигавењето, не знае да танцува и жално е што има толку добар инструктор кој би постигнал повеќе со друга партнерка.
     
    На peperutkataanya му/ѝ се допаѓа ова.