Ајде да разјасниме неколку работи за темава. Прво, нема потреба ниту едно мислење да биде избришано или редактирано, нема директна навреда кон членка на форумов, едноставно е изразување на мислење. Ако ги редактираме тука мислењата треба да се редактираат или бришат мислењата и во Македонските јавни фаци, во СДК секое мислење на некој што мрчи за нешто. Ова е емисија од јавен карактер, тие се јавни личности кои учествуваат во јавно шоу. И во темата за Идолот кога беше актуелна исто се коментираше. Така што ако вие имате за некој нешто позитивно да кажете кажете си, јас ако некоја не ми се допаѓа ќе мрчам. Нати4, да, мислењето ти беше избришано зошто беше оф-топик,. си пишала А тебе те бива, или така нешто беше, што се однесуваше директно кон членка, а немаше никаква врска со шоуто, другото се што ти е на темата си стои. И мене не ми се свиѓа ова што жирито одлучува за тоа кој ќе испадне ако имаат ист број гласови. Некако џабе се гласовите на публиката. А што се случува ако и жирито им даде ист број на поени? Сепак, Јелена со партнерот на прво место, сосема заслужено.
абре луѓе па сосема е нормално танчерите да ги знаат истите шоу елементи кога сите доаѓаат од една иста школа , никој никого не копира сосема е нормално да вметнат некоја шоу точка ако сметаат дека е најсоодветна мило ми е што испадна аделина кејф ми се направи незнам некако многу антипатична ми стана како одеше од емисија во емисија. васил и наде некако не ми се допаднаа не беше тоа тоа,а и оваа наде некако како да се залетала малку во облаци незнам демек играм со васил,васил е најдобар и сега ќе бидите ние што знаеме како ќе играме,па и тоа кучето не им требаше ама ај јелена и христијан од емисија во емисија ми се се подобри и се повеќе навивам за нив некако ми прираснаа за срце ептен ми се мили прекрасни лоба ми беше многу секси ептен убаво изигра баш им беше добра идеата со африканската самба атанас и јована сосема океј,белов како и секогаш,аделина не ми беше ништо посебно па со тоа пердувите како кокошка некоја , од марјана некако повеќе очекував добро почнаа на почетокот од шоуто и после тоа некако се се става акцент на нејзините атрибути и ништо повеќе ама ајде ќе бидиме до кај ќе стигнат и будимир многуу добра
Не пиеме до толку нафта Се знае и си кажуваат дека емисијата се снима во една вечер. Нема поента за една емисија (иако поделена на два пати) да се снима две вечери или во два термина. Тоа е само хуморот на Тони.
Денес го видов кајакарот во живо, многу е понизок од тоа што мислев 180цм дали е или не е висок. Јас го мислев двометраш.
Дали може некој да ми каже кој ја пее песнава и како се вика фала однапред http://www.youtube.com/watch?v=9VQR_PjopP4
Нормално Аделина ко за крај мораше да се пофали, била морален победник на Танц со ѕвездите во Албанија. Ај уште и Косово и остана. Големата ѕвезда. Би сакала Туна да ја видам во вакво шоу.
Јас авивам за Илија и Маријана затоа што ми се некако најубави и најдобро танцуваат а и плус тоа Илија го познавам лично и е многу пријатен како личност
Мене лично најдобри ми се Васил Зафирчев со партнерката си го бива човекот за танц, а инаку и Маријана и Илија ми се добри го имаат она што го сака публиката атрактивни се, само ми е жал Бранко што испадна сеа повеќе статираше од шо играше ама плакнев очи на него
Каква плачка. Само што ја исфрлија, почна да плаче наоколу. Наместено е пошто излезе прва. Фала Богу си замина, не поштеди од твојата појава. http://vecer.com.mk/?ItemID=94AFAF279A4 ... 858E151F0E
Аууф... жити се! Сега и шоуто и било наместено. Епа госпогице се што лета не се јаде. Победила во Албанија, била најдобра од сите таму такви како неа и сега сака и овде, зашто е таа е најдобра од сите, секако и тука ќе победи, оф оф! Дури и ја жалам, искрено. Јас инаку се фатив за оваа.. еве ја во албанското издание.. Танцот почнува во 1:48 http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... AfBx4Msy4#!