Атанас е тој знамето што го носи бар така мислам и неколку пати го имам во живо видено само овде на сликата е многу поубав него во живо,али мене убаво ми игра и ми е еден од фаворитите.
Да не беше Лоба ќе ми беше повеќе од смешно. Ама баш таа е многу поинаква и танцов беше многу интересен за гледање.
Зафирчев беше многу добар вечерва, се соживеа како и секогаш.. Испадна точно како што кажа Нермин - нивниот танц ми измами насмевка. Браво!
хаха, помлад е овде, ама мене и сега ми е многу згоден и зафирчев ми е исто така фаворит, ама атанас ми е многу помажествен, а марјана иако не ми се допаѓа, добро танцува плус јована (партнерката на атанас) ми е ептен јака
Не знам што уште се влечкаат со две емисии. Само три пара танцуваа, а толку време трае емисијата, зборење и одолговлекување колку сакаш. Тапа е вака. Не ми беа нешто посебно вечерва, онака просек некој. Мислам дека за испаѓање ќе бидат Белов и Атанас, така некако ми стои.
Не ги пратам редовно, понекогаш кога ќе ги фатам на ТВ и фаворити ми се Зафирчев и Наде. Зафирчев многу го почитувам како актер и уметник, уникатен ми е, а и одлично се снаоѓа во танцувањето, баш му прилега на неговата фигура, го има осетот и одлично ги совладува кореографиите. Воопшто не ми се допаѓаше Белов, многу здрвен ми беше, но прееска го фатив кога го играа англискиот валцер и многу позитивно ме иненади, ова им беше најдобриот настап од она што го имам видено.
^ И јас така мислам,исто! А денес ги пропуштив,изгледа и утре,па ќе ги гледам на нет. Па нема некои за кои би рекла грди ми се или не танцуваат убаво.Сите се трудат и интересни танци имаат,се уходаа некако
Зафирчев не ми беше нешто посебно. Го искористуваат секогаш тоа што го научиле од претходната емисија, и се знаеше дека ќе летаат седумки за нив. Викторија ми беше баш интересна. Секогаш имат креативни идеи. Додека татко ми не сакаше ни да погледне кон телевизорот. Живи глупости биле. аха да, он повеќе се разбира. Белов беше во ред. Се повеќе се подобрува. Со оглед на тоа што Јелена и Христијан ќе играат Англиски валцер не сакам многу да зборам. Но сепак, добар беше. Зафирчев и Атанас ми се антифаворити. Хммиргдофкофд... што ќе кажував!? Ам, да! И оваа емисија жирито ќе се влечка со 6ки и 7ци. Не верувам 8 да дадат. Едино во следната емисија ако паднат една-две осмици. Не се до толку дарежливи судиите.
Белов и Марина синоќа ми беа најдобри, и според мене не заслужија толку ниски оцени. Ги испофалија ги испофалија и бам две 6ки. Па дури и Миланка, искрено не очекував. Васил и Наде ми беа исто така многу добри, си ги заслужија оцените, ама стајлингот малку не ми се допаѓаше кај нив, али ова е танц со ѕвездите не е проџект ранвеј па нивно си е. Лоба и нермин ич не ми се свиѓаа... очигледно сум единствена ама не ми се допаѓаше ниту замислата, ниту реализацијата, ништо. И не заслужија толку високи оценки, половина од танцот само тегни влечи по земја правеа... и стварно можат веќе да го направат шоуто во една емисија, да скратат малку од непотребното дрдорење на судииве и раат да си гледаме. Водителкава Симона ми е толку антипатична, толку вештачка, толку не знам како. Подобро Тони и Сашко две машки да го воделе квизов отколку Тони и Симона. И дај кажете кој ќе испадне бе
Зошто само тројца играааат!! Па веќе може и да ги спојат емисиите! Зафирчев - Го претераа со „тешките„ акробации!! Но тоа Нема врска убаво изигра мислам дека веќе нема никој што може да разочара со играњето!! Сите се добри! Лоба - Интересно беше, но имаше повеќе театарски елементи одколку што имаше танц ! Белов - Еден од подобрите негови танци, многу елегантно ипрецизно изиграно!! И супер изгледаше!
Овојпат - да признаеме - Јелена и Христијан беа навистина добри, а судиите беа како и секогаш. Ако давате давајте! Претходниот пат ги натрупаа седмици а сега човек да добие чувство ко да сакаат да им вратат за тоа што претходниот пат им дадоа големи оцени. Христијан го боли бубрегот и сакаат држењето да било во ред. Како да не. Танцот им беше волшебен, како на облаци да се одвива.. се занесуваш. А господин Влатко гледал да искубе нешто за да рече НЕ!
Мене не ми е јасно. Како пак имаат исти поени две двојки, секогаш ли така се случува? И како ги ставаат поените од публиката? Глупаво е што пак жирито бира на крајот, а ги оценува на танц што веќе го играле. Концептот ме нервира малку. И кога е снимано ова со испаѓањево? Спојлер Уф, добро е, ќе престанев да го гледам ако испаднеа Јелена.
Аирлија, да излезеше обратно сместа престанував со гледање. Ма да и двата пара воопшто не беа за последни 2 места, ама ајде.
Мене ми беше ептен криво за Андријана и Мишо, ама ептен. Како прво беа пар со кои според мене имаа најголем напредок. Јелена и партнерот првите емисии почнаа многу јако, ама па некако последниве емисии со исклучок на самбата имаа 2 танци за кои очекував повеќе. Додека Андријана почна слабо, ама девојката со секој нов танц ме воодушевуваше. Конечно во последните неколку танци ја доживував како жена, како дама, претходно ми беше мушкоданеста до крај Сепак и јас би гласала за останување на Јелена и партнерот. А се приметуваше колку се нервозни само судиите, им се тресеа рацете А дали јас убаво приметив кога ги објавија табелите дека последно место од гласови од публика беа Зафирчев и Наде. М? дислајк own: own: own:
Емисијата е снимана минатата недела, а испаѓањето на двојките и емисијата што ќе се дава нареден пат се снимани оваа недела. Една колешка беше да ги гледа минатата недела и ја видов минатата недела на dance off-от и на оваа емисија. И мене ми е малку глупав целиот концепт затоа што прво, dance off-ите се снимани по една недела, и тоа очигледно е дека пред неколку дена им имаат кажано на двојките дека се изедначени и дека треба да спремат танц за dance off, а гледачите гласаат до денес :? Второ, ги играат истите танци за кои минатиот пат добиле, 6ка да речеме, а сега добиваат 8мица - нема смисла. Барем кога веќе им кажуваат пред неколку дена дека може да излезат и треба да спремаат танц за dance off, нека им дадат и на двете двојки нови танци, но ист жанр. За последнава емисија само да кажам дека драго ми е што Јелена остана. Фаворити ми се со Зафирчев, а и одлично изигра, ќе беше штета да излезеше. Нивното пасо добле е нешто најдобро што сум го видела од сите танци досега, дефинитивно вредеше да се погледне уште еднаш Маријана (со многу антипатичниот, за мене, партнер) денес прв пат да изиграат добро и овој танц им беше најдобар од сите досегашни нивни. НО, се` уште ми се следни на листата за испаѓање и сметам дека сите останати се подобри од нив.
немаат секогаш исти поени така се погодило ,а иначе ако има dance off снимаат пред да биде снимана наредната емисија значи ова испаѓањево е снимано сега кога ќе биде 7мава по ред емисија другиов петок пошто кога имаше dance off помеѓу аделина и белов судииве истата облека ја носеа и на самата емисија по фустанот на миланка приметив а ова со поениве ни мене не ми е јасно стварно мислам дека дефинитивно треба во живо да се снима шоуво вака е некако безвезе. во глобала сите ми беа супер убаво изиграа нема замерки а кога видов за јелена и христијан леле се препотив луѓе многу си ги сакам и ми падна камен од срце кога си беа на сигурно ух
Еве што мислам јас Зафирчев и Наде- Ми се допаѓаат како играат и стварно секогаш имаат нешто интересно што да покажат на сцена.Морам да признаам дека Зафирчев не мислев дека до толку може да танцува, мислев дека нема да биде нешто прекрасно ама се убедив во спротивното. За Наде немам зборови, можам да кажам дека е најдобра танчерка во цела емисија. Марјана и Илија- Еве ќе почнам од кај Марјана: Како личност не ми се допаѓа! Значи NO WAY ! Да кажам на ТВ на моменти се лигави и итн.. али тука зборуваме за танцувањето и кога сме кај Марјана пријатно бев изненадена. Знае да воодушеви со својата сексипилност и секако со талентот кој очигледно го поседува. Илија го почитувам многу како танчер а пред се како личност со карактер. Кореографиите им се 10 ка !! Овие ми се ТОП 2 парови.. Претходниот пат гласав за Марјана и Иле али Наде и Зафирчев имаа најмалку гласови од публика така да оваа недела гласот дефинитивно оди кај нив. За парот кој испадна вечерва: Според мене вечерва сите беа прекрасни со нивните кореографии и танцувања а за жал како шо знаете испаднаа Андријана и Мишо. Мислам дека играа прекрасно и мислам дека не беа ,,најслаби,, овие вечери али тоа е тоа. Остануваат прекрасни танцувачки двојки..Станува се поинтересно и поинтересно
Јас сега еве ги догледав, малку(повеќе) мотав на макс тв-во и жал ми е што испаднале(јас тоа не можам да го видам уште) адријана и мишо затоа што адријана има стварно најголем напредок, ама па помеѓу адријана и мишо, и јелена и христијан јас повеќе ги сакам вториве и баш ми е мило што останале. И до сега сум заборавила да кажам, ама навистина браво затоа што средствата од пораките одат во хуманитарни цели. Се изнасмеав вечерва со Атанас кога јелена му рече чевли? и овој и вика немам, и после кога рече ај англиски валцер мене ми е малку досаден