Таман помислив дека Марјана облечена ќе ја видам, 15 секунди оптичка варка ми направи. И да не паламудам, ама секс знае да мотивира, и ми се свиѓаа вечерва. Оваа Симона дреме на веб портали и социјални мрежи, само коментари чита. Оливер старо манијачиште, се испотил дур ја гледал Марјана, мислев 10ка ќе даде. Марјана у последна емисија ја очекувам со аутфит а ла Бритни во Токсик. Ееех Василе, многу ми е криво. Не им бега сега победата на Марјана и Илија. Може не добиваат највисоки поени од жири, ама се вадат на публика, пола Скопје го активирале да гласа, плус напалените мажјаци со алатот (телефонот) во рака.
Јас заборавив вчера да гледам дури сега ми текна Васил и Наде не заслужуваат да испаднат затоа што многу добро играат ама тоа е. Викторија и Нермин не ми се допаѓаа, само изборот на песната им беше одличен. И јас се запрепастив кога ја видов Маријана толку облечена и за момент си реков зарем?
Вчера повторно кратка емисија Мене Адријана вчера супер ми изигра, најдобро до сега! И многу ми е жал што излезе Зафирчев прекрасна им беше песната прекрасна идеја.. Друг коментар веќе немам! Лоба Ми се допадна!! Како се изгушкаа на крај Марјана Подобро гола да се соблечеше.. Претера веќе со разголувањето.. Но тоа е тактиката Не знам зошто Иле не играше, туку ја остави Марјана да се докаже.. Па можеше и тој малце повеќе да мрдне Оваа емисија очекував повеќе осумки, но се гледа дека судиите стануваат се построги, а Влатко се поблаг (Во коментарите.)
Баш ми е жал за Зафирчев, ептен убаво ми играше, и се гледа дека го сака тоа Инаку сега мислам дека дефинитивно победуваат Маријана и Илија, морам да признаам, вака како карактер не ја сакам, ама преубаво игра и какво тело има.. Лоба и Нермин слатки ми се многу, напредуваат, ама некако вчера не ми се свиѓаа, стварно што им кажа тој Влатко, не беа баш усогласени со ритамот, јас пре би они да победат, затоа што Маријана ако победи ќе се дигне до небо, ама па што е право, право е, најубаво игра од сите
Оливер додека ги коментираше Маријана мислам дека во глава му се вртеше - Не се лигави, не се лигави... И мене ми се допаднаа, знае девојчето да си се промовира со секс. Интересна беше кореографијата и замислата. За Васил ми е страшно криво, еден од моите фаворити. Сега само Јелена ми останува. Ама многу го тупат некако, по пола саат коментираат, мотам само, досадни се. Не знам што не стават се во една вечер и втората да бидат испаѓањата и готово.
sega ke pocne, vo osum i 15 a inace ne mi se dopagase vcera marijana i ilijija sto ja zele smooth criminal za cha cha cha, nekako ne mi se poklopivase, taa pesna e sovrsena za tango, kako agresiven i strastven tanc [mod-kirilica:2gjoq55j][/mod-kirilica:2gjoq55j]
Кој испадна? Или ради Васил овој пат не исфрлија? И дали покажаа кој требало во тој случај според бодови да излезе?
Ако не испаднеа Васил и Наде ќе испаднеа Александар и Марина. А мене па некако ми се добри александар и марина, не знам зошто никој не ги гласа Али морам да признаам, вечерва стварно не беа баш нај нај никој од паровите, не знам зошто така. Јас сум да победат Јелена и Христијан, ама мислам дека ќе победи маријана затоа што знаат што да прават за да соберат гласови и некако жириво им е наклонето нив двајца. Сериозно треба да ги спојат во една емисија, 90% од емисијата ја оставам да се наполни па после само мотам, епа мн тупат
Многу строги беа денес со оценките,ептен ниски даваа...Порно повеќе активности да стават во меѓувреме место да збораат толку многу.
Значи Тони и Симона се веќе сриозно досадни со истите фрази секоја емисија Спојлер - Многу си убава вечерва. - Баш си шармантен. - За жал ќе морам да те напиштам и до одам во пурпурната соба. - Ќе ме оставиш осамен тука. - Сега ќе ми се придружи Симона уште малку. - Треба и ние некогаш да заиграме. Во врска со она последното веќе изиграа, па се надевам дека нема тоа веќе да го кажуваат. Ех.. што да се рече. Од сите судии само Оливер е асален така да ви кажам А овие другиве си тупат без врска колку да кажат нешто. Мхбхгфгфх.. кои беа први? Аха, да! Васил и Наде. Песната беше прекрасна.. На нет ја има во 101 верзија, но таа на која играа не можам да ја најдам. Се вика Очи Черные, ако ја најде некој верзијата нека ја постави. Инаку не знам дали јас сум грешка ама на руска музика и гардероба играа Виенски валцер Инаку во ред беше, само косата на Васил ми штрчеше. Викторија и Нермин Баш храбар избор на песна Македонска. А јас се питав кој ќе биде прв со македонска песна. Инаку кореографијата им беше супер, само малце облеката им беше сиромашна, ама тоа не се брои важен е танцот. Маријана Маријана која ја откри тактиката. А нели може нејзе да и дадат тема: Каков што танц сакате само малце да сте пооблечени. :geek: И да, на она што е прилогчето ко реклама делови од танцот за да гласаат луѓето ја видов облечена и си реков „Еј, супер, облечена ќе е на клипчето“ И оп! Ете ти ја госпоѓата, ја ставиле баш кога се соблекува А за танцот не знам зашто Иле ја пушти нејзе да се покаже кога тој е одличен танчар. Инаку се гледа дека меѓу овие двајцава има хемија. И сега.. Јелена и Христијан. Не знам што им беше проблемот ама не беа во ред. Навистина не знам зошто се напикаа во едно ќоше и таму се моткаа само, и тоа ќошето кое е најдалеку од судиите, не можат ни да ги видат. Не знам, играа како да нема музика. Некако, штуро беше. За оценките да не правам муабет. 5? И тоа од Миланка? Влатко обично ситниците му се оправдување да даде лоша оценка. А сега му се покажа прилика, не беа добри Ј и Х и одвај исчека да ја крене петката. А за Оливер мислам дека се предомисли во последен момент. И тој ќе дадеше 5 ама знае дека вредат Ј и Х и ако дадеше 5 они ќе требаа да излезат. Но што е тука е. Јас сум 100% сигурна дека во наредната емисија ќе блеснат, сега малку се опуштија заради самбата па не се потрудија ниту околу Англискиот валцер ниту околу Ча-Ча-Ча. Но сега знам дека ќе ги соберат силите и наредниот пат ќе бидат одлични. Сигурна сум.. П.С. Конечно Јелена ме прифати за пријател на фб. Атанас и Јована не знам дали можеа да направат поголема утка со музиката. На таква морничава, полна со тага, болка музика тие фатија да играат Виенски валцер. А одозгора пак овие двајцава судии викаат добар изгор на музика. Ко што реков, само Оливер е асален од судиите. За спиралата да не зборам, ја утепа човеков Јована, веројатно сега ќе има чврга. Кај Александар највеќе не ми се допаднаа фаците кои ги правеше со тоа микрофонот. А знев дека ќе игра некогаш на негова песна. Ако не друго, ете, барем на препработка Мислам дека во нивната изведба немаше многу танц, барем додека не го џитна микрофонот Александар, до тогаш само Марина играше и се плеткаше околу него. Искрено баш сакав да испадне Александар. Ама тоа е тоа. Васил веќе ќе го нема, а тој ќе остане. Мислам дека не може да се прави споредба кој е подобар од нив двајца. Цело време имам чувство како Миланка и Влатко да сакаат да ги исфрлат Ј и Х. Веќе 2 емисии по ред мали оценки. Пријатно од мене. Се гледаме следната емисија!
Сакав да победи Зафирчев,фаворит ми беше од самиот почеток.Многу ми беше интересен за гледање,како професионален танчер се виткаше небаре гумен е ,стварно штета што вака несреќно испадна... Сега сакам Маријана да победи.За инает на хејтерите што ја хејтаат дека згодна била женската ,срам да и е,па уште и се разголува.Е не,ќе се крие.Шала на страна,мислам дека од сите најдобро игра.Може си има искуство,али тоа си е нејзина работа.
zdravo vcera gi gledav klipovite od tanc na zvezdite i imase interesen rekord vo 15h vcera atanas imase gledanost 500 a deneska vo 9h 10573 ....
Ова со испаѓањево е стварно, ама стварно глупаво направено. Ќе дадат табелите и ај чао. И се надевам веќе ќе ги спојат, нема смисла по две двојки само да танцуваат. Среќа што можам да мотам, инаку не верувам дека ќе го гледав. Жал ми е за Нермин, некако баш симпатичен ми стана. Минатата емисија Белов ќе испаднеа, сега на прво место по гласови од публика. Хммм...
Па и редно беше да излезе Лоба. Се гледаше дека се труди и дека има некој напредок ама за нешто кога не те бива не тебива. Плус многу почна да се лигави а и сите настапи им беа удрени на глума, еден или два само ми се допаѓаат. Фаворит ми е Јелена, некако најприродна ми е. А кој и да победи, за мене победник е Зафирчев. Не го поднесувам ич ама за играње си го бива. Глупаво е шоуто без него.
Порано имаше во недела околу 2 и тоа 2-те емисии наеднаш. Ама ете сега цел ден дремам на МРТ и нема. Па се исплашиле неговите фанови сигурно, нема друго. Ама се надевам дека другата емсисија веќе ќе излезат, излегоа стварно квалитетни и мили парови а овој уште си седи. ОК знае да игра, ама не е нешто особено па во финале да оди. Најлоша (реално гледано) изведба според мене беше на Викорија и Нермин. Тие постојано на елегантни играат и си се навикнаа на тоа, сега кога иде нешто поенергично ја оплескаа. Белов како и секој настап така и овој не му го паметам. До мене ли е не знам. Веројатно. Ама знам дека не беше нешто воодушевувачко. Марјана беше добра, можеби и не било многу во ред, ама јас уживав во нејзината изведба. Секако не повеќе од што уживав како кај Јелена и Христијан. А ја приметивте однаа фацата што ја напраи Јелена? :geek: Ауу.. што и беше тоа. Страшило. А оваа Симона веќе претарана е. „Дали мислите дека сте најдобри во Пасо добле?“ - Аха, да мислиме. А се мислам која ќе е онаа на која ќе и посветеле некој танц ако им се падне? Хмм.. Добар беше и на Атанас настапот, нејќа повеќе да кажам, зашто ајј.. Жал ми е за Викторија и Нермин. Јас бев уверена дека ќе си оди Александар, ама види го ти типов, си остана. Аууу.. А што вака - ако размислиш - сите беа облечени во златно-жолто-црвено-портокалово. Мислам.. таа нијанса.. освен Ј и Х. До глед... до танцување, де!