1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Танц со ѕвездите (МРТ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 17 јануари 2013.

  1. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    очекуваме да не се нарекуваат себеси ѕвезди ;) и не за мене не се тоа ;) можеш да мислиш дека мрчиме да, ама и ти нешто нас не мрчиш ;) Да не може човек коментар да даде.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Дечки, репризи кога има?
    Сакам да го изгледам на раат. :D
    Бев излезена кога го емитуваа шоуво, имаше пуштено ама на mute e исто како да не си гледал. Плус, го изгледав само првиот пар - Зафирчев со девојчето (немам поим кое беше) и многу, многу бев изненадена. Ми се доапдна Зафирчев во вакво издание.
    Moves like Зафирчев, зашто Jagger е ту мејнстрим! :D
     
    На ilipili, WarriorAngel, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас не знам за што овие играат??? На пинк оние што не се ѕвезди играа за пари, поради нели животни приказни а ова??? Ок е не дека не, судии малце го тупеа, за Миланка прв пат слушам дека е во тие води. Се гледа дека се труделе да научат, сепак не секој го бива за тоа.Ама сепак мислам дека поубаво ќе биде ако е како на Пинк. Ова доаѓа баш за да се појават на тв.
     
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    ок,ајде не се овие ѕвезди,а кој според вас се вистински ѕвезди,баш би сакала некој да ми наброи неколку ѕвазди???
    јас на YT само Зафирчев го видов и баш беше супер,не знам останатите како танцувале,читам тука дека не биле баш добри,ама сепак треба да се земи во предвид дека му е 1 танц има време, оваа епизода им е само загревање и опуштање,ама па и не е секој надарен за играње :!:
    https://www.youtube.com/watch?v=dlpyR5NtfXk
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Туф бре,како заборавив да гледам :tmi:
    Реприза ќе има??Кога??
    Гледам има и негативни коментари,ама зар не е и ова подобро од уште една турска или индиска серија?
     
  6. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Многу беше интересно, јас го изгледав и ми се допадна.
     
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Баш ми се допадна шоуто. Не стигнав да гледам од почеток, ама тие што ги гледав беа супер. Будимир ми беше интересна, ама треба уште мнооогу да работи, груби потези, ама со огледа на професијата треба да се има разбирање. Многу позитивно сум изненадела во Викторија Лоба, ме воодушеви точката и оргиналноста на крајот, моделот на фустанчето го украла од Адријана Лима кога играше и она на Танц со ѕвездите, ама ок. Ќе поработат сите, ќе бидат подобри, а судиите се надевам дека ќе бидат по благи нареден пат.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Една од учесничките ми е другарка од средно, игра фантастично и беше многу возбудена за проeктов.
    Мене ми е интерeсно, конечно кај нас некое шоу да дојде со лиценца од тие асалните а не велики брат |(
    А се кладам дека велики брат ќе биде погледано од ова.
    Не ми сметаат никој ни звездиве ни танчериве, дојдени се звездиве зашто не се професионалци во играње ама со вежбање ќе дојдат до некој супер ниво. Што да праиме не сме холувуд неаме звезди за извоз, малку се тие естрадни уметници, фала богу на 2 милиони народ толку е доста.
    Ако има линк од емисијата од вчера пуштете, сакам да ја видам, обавезно.
    Што и текна на Мртв со супер емисиии и добри серии, да не ја уричиме.
     
    На Elennaa, Hopeful и Rose96 им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    Ко за прво гледање мене ми беше ок.
    Делумно се слагам со Россонерка за ѕвездите кои се одбрани, ама... претпоставувам дека сите што се учесници во шоуво се платени, па кога би искеширале малку повеќе верувам дека и поголемите ѕвезди (иако ова е релативен поим) би имале интерес да учествуваат. Да не се лажеме, се се прави за пари.
     
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Баш беше добро шоуто и ќе продолжам да го гледам.. Го гледав на ХРТ и премногу ми е мило што конечно и кај нас донесоа нешто што вреди, па да погледам малку ТВ на раат без турскине серии и политика. Инаку како за прва емисија, најмногу ми се допадна Зафирчев, како што рече Тони: "Да не те знаев, немаше да познаам дека не си ти професионалниот танчер во паров". Будимир е премногу крута, но е оправдано, сепак треба да се земе во предвид дека е спортистка и тоа доста груб спорт.
    Се на се, забавна емисија е и вреди да се гледа :)
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Катастрофа ,ич не ми е интересно.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ги изгледав сега видеата на јутјуб и ми се допаднаа. Е сега, ја нема целата емисија, па можам само за танцот да зборувам. :D Сите добро играа, ниеден не видов да се збуни, барем не многу... Одлично е како за промена и да има што да вклучиш на телевизија да гледаш.

    За тоа какви ѕвезди се избрани не коментирам, битно ги избрале и нешто се прави и се гледа дека се трудат.

    Од мене позитивно мислење имаат. :D
     
    На Rose96 и Annath им се допаѓа ова.
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Редовно ја гледав на Хрватската. Taму интересна ми беше.
    И сега ja гледам нашата.
    Океј е емисијата. Уште почеток е , ќе се усоврши понатаму.
    Само малку ми се монотони водителите. Некако тивки, незнам, нешто ми недостасува...од Тони повеќе очекував.
    Но, како што бевме во минус отидено со забавни шоу емисии...добро е. :)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не гледав вчера. Ама сега ги изгледав тие клипчињата на јутјуб и искрено, ми се допадна. Баш вечер, ќе го гледам цело шоу. Иначе, претходно не сум го пратела, ниту на хрватската телевизија.
    Во последно време МТВ, многу нешто вамте-тамте. Ако, ако.
    Иначе, кои се водители? Симона и?
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.479
    Зошто негативни критики? Баш се ок. Мене ми се допаѓаат,од клипчиња сега ги гледав.
    Кој не знае да ужива во танцот,нема да ужива во шоуво. Ама Македонија повеќе повеќе љуби глупости од типот велики брат.
    И фор д рекорд, кој не ужива во танц,како да гледа,така и да игра,така некако е и у животот и...у креветот.

    (и не велам дека се перфектни,дааалеку од совршени,особено кај Лоба се гледа тоа,но и кој не танцувал не знае колку труд има за да се постигне ефект...но на крајот они не се професионални танчери и во тоа е убавината)

    Омилени,ма да стајлигот на Јелена е ужасен.

    https://www.youtube.com/watch?v=Ied0TXU6B3E

    А и да,парот Васил-Наде исто ми се симпатични од субјективни причини. :D
     
    На ilipili, SparkyAngel, nonenceee и 3 други им се допаѓа ова.
  16. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Секоја чест за ѕвездите треба голема храброст и самодоверба да танцуваш во живо а да не ти е тоа професија. Многу се радував на оваа емисија, но некако не ми е интересна. Многу ми беше спора со интервјуата, пред, потоа, итн, сериозна, жирито беше стегнато и досадно и сценографијата и осветлувањето се катастрофа. Многу демоде и евтино делува студиото, а сигурно многу пари се вложени, недостасува оној сјај и елеганција што ги имаат другите студија на оваа емисија. Се на се просек е емисијава, треба малку да ја размрадаат многу е сериозна за ваков тип на шоу.
    Мој фаворит е Васил :clap:
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.243
    Ми се допаѓа концептот на емисијата и супер што МТВ ја купиле. Направена е по стандарди, ми се допаѓа студиото, водителите, зелената соба. И ѕвездите што играат ми се океј, иако некои прв пат ги гледам. Сепак, обврска е да се биде дел од вакво шоу, и сфаќам зошто некои од попопуларните македонски изведувачи не прифатиле да учествуваат.

    Ја гледав првата емисија вчера и сите беа добри. Зафирчев ми беше најдобар од петте двојки досега, Лоба не играше толку добро, колку што и беше лелеав фустанот и интересна кореографијата. Ќе се учат, се` уште е прва емисија :) А сакав да прашам, нели треба да има (барем во хрватската верзија беше така) два вида на танци по емисија и двојките бираат еден? Вчера сите играа различни танци, или тоа зошто беше прва емисија? :?:
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Вечер се другите 5 групи ко што разбрав :)
     
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Секогаш ми е драго кога почнува нова емисија или шоу,да имаме нешто да гледаме освен турските серии.
    Шоуто не го гледав,не сум знаела дека почнало,но сега клипчињата ги гледав.
    Супер се сите.Се гледа дека вложиле голем труд да изгледаат и да играат како професионални танчери.
    Браво за сите!
    Посебно сум изненадена од Васил Зафирчев.Тој некако најмногу ми упадна во очи.Прекрасно изигра,па тоа движеше на колкови,тело..боже боже :lol: одличен беше
    ке ги видиме останатите вечер
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    во колку саат Лудо :)

    сега ги гледав клипчињата. Да не отворев Фемина, не ќе ми текнеше да ги пребарам. абе Фемина,информатор :P
    Зафирчев и онаа прекрасната црнорушка ми беа ептем, ептем интересен пар. Зрачеа двајцана со енергија.. ај да не коментирам :D тоа е тоа и во танц и во се :D
    Сите ми беа стварно прекрасни.. и, колку што видов од клипчињат на јутуб, подготовките, исечоците беа ееептем, занимливи.
    На лоба, баш фино и се вклопи тоа фустанчето во кореографијата.
    Оние Висар Вишка и Ива :D ме изнасмеаја.
    А, богами и оној со грудите Мишо и Будимир :D ќе си речеш намќоресто неко биќе.. кај овој бре танц. Оно, бап-бап кога почна со тоа ноџенцана, па-па-па :D
    Од сега престанувам да дискриминирам људи, због изглед. Жими гушава.
    Ептем интересно се на се’, мада, друго си е да човек гледа цела емисија и вака. Се надевам вечер ќе ја изгледам.

    пс. припази на бикот у позадина дур Мишо мафта сам со груди и раце :$ :D .. и како да не ти е занимливо боже
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.