Дефинитивно поинтерсно ,позабвно,ова шоу ке биде доколку се спојат сите 5 париви и се гласа по нивната изведба .Однисно се да иде во живо.Критериумот на судиите ама воопшто не го разбирам..и какава е логиката листата од жири е од прошлата емисија ,гласовите од наредната недела ,,,,, По мој фкус сметам дека правилно излезе Лоба,,,,Сепак останаа правите ,,,,,
Ај да видиме вечерва како ќе изиграат, очекувам напредок и добар танц.. барем подобар од претходните емисии. И се моли Симона да прекине со фразата „партнер по танц“ секоја втора минута. Фала богу партнер по танц ќе биде, не е партнер во криминал Не мора секад да повторува по танц, по танц, по танц... Не ја можам, вештачка е до максимум.. како дома од лист да учи што да каже.Побогу девојко, тешка си за гледање..дај опрај се малце
Уф овој Влатко ептен тупи веќе со оценките, не оти вечерва паровиве кој знае колку добро играа ама бар 6ки, 7мици можеше да им даде, што убаво му рече Оливер: ќути ќотек не си добил уште, во право си е човекот. Јас сум за Јелена и Христијан секако и многу ќе ми биде криво ако не победат, многу беа добри, 90% од работите што ги изведуваат тие двајца другиве не ги можат, поточно Маријана не ги може... Еј тоа чудо едно колку мислењето за Белов ми е подобрено, порано не му бев многу голем обожавател, ама од шоуво ептен ми стана мил, ок да признаам, треска по малку зелени и го форсира хуморот ама ете ти со нешто направи да го засакам на некој чуден начин Го урочив Влатко, од 5ка скокна на 7ца Браво за Атанас и Јована, стварно беа многу добри плус имаа добар избор на музика.
^ Ејј.. види ја ти неа.. кажа се што сакав јас да кажам. Навистина не знам што се замислува Влатко со тоа петките. Човече, луѓево во оваа емсија за финале се борат а овој заредил петки па петки. Во Dancing with the stars како што видов на Никол само 10 и даваа, ОК нашите по не ги бива, ама сигурно не беа за петка. Секако, Оливер ми е омилен, Миланка е дигната. Јас не можам ништо да кажам за Маријана и Белов зашто не можам да ги споредам бидејќи не ги гледав првите танци. Но сепак Марјана беше добра. Убава самба. А Белов и мене ми стана баш мил, а не ми беше ништо посебно, го сметав за втор дел на.. да кажеме Бојан Стојковски од бугарскиот идол. Секако малце е дигнат, ама простено му е. А инаку танцот не ми се допаѓаше нешто посебно. Само се врткаа наваму-натаму. Простете ми ако грешам. Кај Јелена и Христијан се гледаше големо подобрување од минатиот пат на Џаивот. Овојпат беше побрзо секако, но тие чекорите никако да ги направат, и Влатко судијава си ги искористи да ги искритикува, as always! Атанас.. би сакала да не го коментирам, ама стварно му беше здодевен танцот. Повторно во ќошовите. Доле лев, доле десен, горе десен, горе лев, горе десен... Ваќа ги погодував. Утре ги чекам Ј и Х со Квик степот. Спојлер И кој не сака да дознае што ќе биде нека не отвара, во врска со Јелена и Христијан Спојлер Ќе излезат Да, минатиот пат имаше еден коментирано на слика од пасо - доблето „штета што ќе испаднете“ и Јелена напишала „Не!“ А сега на оваа слика напишала I miss that. ... и Андријана Будимир ставила лајк. Значи ќе излезат. Едит: Баш сега видов. Јелена е во Лондон и тоа на концерт на Лепа Брена. Така да, бај бај!
Ја пратам емисијава, но не редовно. Интересна ми е многу. Сите ми се фаворити, го ценам трудот што го вложиле. Мене сите ми се прекрасни за гледање и секоја емисија што досега сум ја гледала, ми се допаднала.
Чекајте сега, Јелена и Христијан излегоа, нели? Кај мене струјата зафркаваше. И барем колку-толку ме сакал Господ, токму за нивниот танц дојде, го изгледав, па пак изгасна за време на коментарите од судиите, па пак дојде за оценките. Чудо! Марјана и Илија не ги гледав, поради струјата, секако! Ама сакам да видам како изиграле, ќе видам на јутјуб. Исто и Белов, ама не ме интересира како изиграл тој, ама ич! Јелена и Христијан беа пак супер. Иако квик степот како танц не ми се допаѓа воопшто, ама стварно беше прекрасен, оклештена седев додека ги гледав. Сега инаку репризата ја гледав, па за среќа и коментарите ги видов. А си спомнав дека можеби се нивните гласови, ама си викам неее... од песната се сигурно. А видиш ти! На Атанас самбата ја гледав и... мене ми изгледаше добра, ама судиите викаат не била, па што знам. И сега баш да ги видев оценките пуштија Време е за бебе. А што гледам нешто, Александар се спасил, не знам што? Па имаше едни коментари на Ј и Х ве гледаме во финале, ништо не разбрав, баш кога дојде струјата вртеа песните на кои играа Јелена и Христијан, и викам готово е, а ќе каже некој сигурна информација, излегоа или што?
Не излегоа заради мал број на поени туку го напуштија шоуто заради работни обврски на Јелена, која заминува за Лондон
Значи Белов пак се извлече!! Има среќа човекот.. Но мило ми е што не излегле поради мал број поени!! Знаев дека нешто се случува.. кога ги видов насмеани и се Но нема врска! Нема да ги коментирам двојките од вчера зошто само Атанас и Јелена ги изгледав (И видов што е квикстеп, а не оние од првиот пат кога играа исто видов што е кратка, но моќна самба Браво за двата парови) Оние од петокот некако сите ми беа глупави :geek: Сега не разбрав кога е финалето? Не сакам да завршии
Белов двапати се извлекува ,ама и двапати се знаеше дека некој поради некоја причина си оди Но како и да е и покрај тоа што судиите не му се наклонети ,стануваат со Марина се поинтересни ,,,,танците им се супер ,а се мислам дека има и некоја хемија помегу нив ,,, За Атанас толку фалби има од судиите има ,за мене лично се остредни .Мирјана си е топ ...во се За мене за во финале се Белов и Мирјана .... Позз
Тој што до крај ќе остане во шоуво ќе биде победник. Сите отидоа, поради оваа или онаа причина. Не ми е интересно веќе за гледање.
Добро пошто сите очигледно или кршат раце нозе или се откажуваат и јас се откажувам од гледање, вака или онака Марјана со тресењето ќе победи.
престанав да го гледам ова уште од 5-6 емисија, ама отприлика знам кои останаа и не мислам дека најдобрите останаа... Да не се случеше повредата на Зафирчев, сигурно ќе дојдеше до финале, а можеби и ќе победеше... Викторија Лоба и Нермин ми беа омилени, зрачеа со позитивна енергија и преубаво играја а испаднаа... Јелена исто така само што барем не испадна поради гласовите на публиката, туку поради некои обврски.. Маријана супер игра, ама не мислев баш дека ќе дојди до финале, а за Александар да не зборувам заради него почнав да го гледам ова и секогаш чекав тој да настапи бидејќи многу го сакам (уште во Операција Триумф го засакав), ама факт е - не знае да игра... Партнерката негова како со дрво да игра, тој мрда малце со рацете и нозете ама она не е танц (барем она што го имам видено, можеби се подобрил)..