Јас мислам дека овој пат Белов нема да се извлече. И реално најслаб е. Не знае да игра, многу груби потези и не заслужи според мене да стигде до овде. Марјана во последно време, не ми се свиѓа како игра. Фала Богу се облече во последнава емисија, до сега цело време игараа на карта тресење и голотија. Јас навивам за Атанас и стварно сум изненадена за еден спотист како игра, колку се труди. Супер се со Јована.
Не е во ред ова со откажувањето. На Зафирчев беше оправдано дека повреда, ама нема смисла сега обврски и ајде готово. Мислам дека на нашите „звезди“ треба да им биде јасно дека ова е сепак сериозен проект и однапред да им биде испланирана професионалната кариера и обврските, а ако не можат да ги урамнотежат воопшто нека не се впуштаат во ова. Сега излегува понекогаш нешто ненадејно да, ама ај на сите да им излезе и ќе треба шоуто да се прекине.. Општо зборам, не конкретно за Јелена.. Мене она баш ми беше симпатична ама тоа е тоа, се разочарав што така излегоа. Сега навивам за Атанас и Јована.
Не ми е јасно како Белов остана до сега. Здрвен, крут, ни малку интересен за гледање, озбилно најслаб од сите ми беше, па дури и од Вишка и оној новинарот. Ама порадо он да победи, него Маријана, одвратна, исилена, исфорсирна. Во неколку кафулиња во гравов има флаери да се гласа за нив Поимпатични ми се кајакаров и партнерката, и ми се допаѓа како се движи дечкото. Што вика другар ми, добар бил овој не го бивало само за возење на кајак Денес падна и првата 10ка, не било мит, постоела Туку Маријана не беше гола аген Ќе умрат 1000 магариња, или следната во танга и прслук ќе се појави сигурно.
http://www.youtube.com/watch?v=hsKJt4YDVMY Знае некој како се вика песнава, ептен ми се свиѓа ( извините што сум малце оф топик, ама некако посоодветно ми беше да прашам овде )
Oвој Тони ке прекине да се глупира да и поставува идиотски прашања на Марјана? И да прекине да ја форсира??? !!!!!!!!!!! ... аа да... и Симона да прекине да му се доближува толку многу на Тони. Сакам да победи Белов - ради танчерката .. девојката е закон .. предобра е во танцот .
епа што убаво и го тресна тони на марјана вчера браво ја закопа и аман од тони со тоа:да погледнеме едно кратко слатко видео сите ми беа добри вчера многу убаво играа па дури и белов беше океј , изгледа заради тоа што по втор пат го презентираат па и подобро го научиле и усовршиле. ии фала богу си отиде белов не можев да го смислам требаше уште од многу поодамна да испадне. навивам за атанас и јована бидејќи моите фаворити испаднаа(јелена и христијан), атанас многу добро игра,ептен добро ми изгледаат со јована стискам палци за нив
Белов таман се научи да игра ,испадна,,,Но како и да е они ми беа посимпатични о Марјана ,за мене во финале требаа да одат Белов и Атанас ,,,И многу поинтересно ке беше три пара да беа во финале ,,,,
Белов мора нешто врски да има. Па луѓето не се толку слепи, кога гледаат дека е како трупец да го гласаат. Мака ми е што со Зафирев така се случи, супер беше од самиот почеток. Маријана стварно не е толку добра колку што ја форсираат. Поарно кајакарот да победи отколку таа.
Одамна не сум пишала, па сега ќе си направам осврт на цела сезона Од почеток навивам за Атанас и Јована, многу ми беа природни, непретенциозни, без преправања, но исто така сметав дека се многу добри и Зафирчев и Наде, и Јелена и Христијан. Марјана добро танцува, нема збор, ама ем е ПРЕМНОГУ турбо-фолк за мој вкус, ем партнерот и’ е реално слаб. Се додека не почна Симона Веселиновска (партнерката на новинарот, Чупевски) да работи со нив, толку им беа досадни кореографиите што мислам дека воопшто и не ги гледав (кога одев на снимање). Освен таа на песна на Мајкл Џексон, што им е целосна копија на http://www.youtube.com/watch?v=hJVfTbcJQAU Стварно ми е криво за Зафирчев што се повреди, за Јелена не ми е толку, зашто мислам дека го напушти шоуто заради нешто уште подобро. И така, ќе си продолжам да си навивам за Атанас и Јована, среќна сум што дојдоа до финале, се надевам ќе спремат нешто интересно за во финале, секогаш ми се многу интересни нивните кореографии и изборот на музика http://www.youtube.com/watch?v=gZQMhjFRR8o
^ Ц ц ц... а јас се чудев како шмизлава можела да направи таква кореографија. А ете ти ја она. Уфф.. страшно ме нервира. Сега за Атанас ќе сум. Да победи нели. Оваа ја претера.
Маријано мори, што нога ќе беше тоа Јас емисијава не ја фаќам на тв, па на нет гледам клипчиња од изведбите. Навивам за Атанас има добар задник Иначе Белов ми е мн здрвен во танцовите, освен кога го изведуваше Сулејман Може се вежбал по свадби, чочеци, ово оно, му легна тресењето, си се внесе човекот
ААААААААААА! Прекрасно И Јелена и Христијан ќе играат во финале! Како гости, за жал. Ама ако! Едвај чекаааааааам!!
Добро, го гледавте ли џаивот на Марјана и Илија? Кај мене, во тој момент се укочи МТВ, за време на цел танц.