Значи закочено било кај сите...џабе ги пцуев овие од кабловска Морам само еден краток осврт да дадам на македонскиот танц со ѕвездите и споредба со бугарскиот кој се прикажува на ТВ Нова. Се разбира дека се е до буџетот, но многу ми е жал што морам да кажам дека нашиов танц со ѕвездите е само бледа копија на она што значи шоу во светски рамки. БУгариве веќе неколку години по ред го организираат шоуто, и кај нив е препрепрекрасно....до изборот на ѕвезди, до жири и секако до водители. За самото студио не сакам да коментирам, кај нив е врв. Не дека имам нешто против Тони и Симона...ама целата сезона беа со едни исти фрази... Ајде во зелената соба...Да ја видиме следната танцова двојка и познатите фрази на Симона...Ајде малце понатака да го гледаме телевизорот...сега ќе настапи___ и нејзиниот партнер по танц.... премногу здрвено и шаблонски ми делуваше. Жирито се досадни, досадни...немам коментар Доколку ја гледате бугарската Тв Нова, во понеделник и петок од 8 е нивниот танц со ѕвездите....изгледајте една емисија, па да коментираме. Се надевам дека идните сезони ќе бидат далеку подобри и секако со нови водители и ново жири. Инаку за финалево...се надевам дека Јована и Атанас ќе победат. И Маријана е прекрасна.... но сепак Атанас ми е фаворит
За Оливер јасно ми е дека е старо манијачиште, се пали на Марјана, сега можда и сврши кога го пољубила Марјана. Ама и Влатко да не е покус, и тој се улета. Ах бе, ах.
http://www.youtube.com/watch?v=weOALsI1Jng И јас гласав за Атанас и Јована,. Стварно Атанас испадна мажиште Многу ми е мило што победија, си заслужија.
Баш ми е мило што победија, не дека нешто ептен фаворити ми беа, ама барем не се обидеа да победат со голотија како Маријана. Честитки
Конечно и кај нас некогаш да победи оригиналноста наместо разголување и вадење атрибути во преден план. Многу ми е мило за Атанас и Јована, последната кореографија им беше феноменална. Се гледа дека Атанас многу се труди, а Јована е секогаш тука да го поткрепи. Уште еднаш ќе кажам мислев дека Марјана ќе победи, зашто сите мањачишта гласаат за неа, ама ме изненади тоа што преовладува и народ кој знае што е убаво и каде е вложено труд, наместо истакнување вулгарности. На Маријана атрибутите ќе победат можда, но во некоја друга прилика ! И мора да додадам првпат кај нас да победи оној што треба, првпат да има вистински победник во некое шоу !!! Напредуваме некако
Си гласав за Атанас и Јована и мило ми е што победија.Некако ми беа посимпатични,поедноставни, секојдневни.Како комшиите да ми победиле Браво!!!
Спојлер Не, не ми е ми е мило што победија. Јас пак ќе сум црна овца меѓу белите ама мислам дека требаше Марјана да победи. Не ми се допадна нешто особено нивниот последен танц. За разлика од на Марјана и Илија. И овој пат не ми беше важно, ниту колку е облечена Марјана, ниту нешто друго. Само мене премногу ми се допадна нивниот танц. Дефинитивно уживав. А на Атанас не уживав. Ете сакав, се трудев, ама не е тоа тоа. Не е тоа мој стил. Не сум крива, посилно е од мене. Честит и роденден на Јована, прекрасен роденденски подарок, навистина. И тие беа добри во првите 2 танца, ама баш последниот не ми се допадна. Аааа, хахах, јас прва и честитав роденден, вие не се сетивте Хаха, шала. Ама како не зезна Тони, оф. Таман чекам да каже, он: ТОНИ МИХАЈЛОВСКИИИИиииииии. Па вика не беше победата само моја, и ваша беше, не сум само јас заслужен за ова, фала ви фала ви, ќе го делиме. умрев. За мене не е победник Атанас, ниту Марјана, ниту Александар. Си знаете кој, нели? Нема потреба да ви кажувам. Јелена & Христијан 4ever. Си замислувам: Спојлер - And twelve points go to... JELENA & HRSTIJAN - Sorry, this is a mistake. J & H aren't finalists. - We don't care. They're still the best Хахха, знам више и вие немате нерви. Ви здосадив. Чаос!
И мене ми е ептен мило што победија Јована и Атанас,бидејќи најдобро танцуваа и имаа предобри елементи и чекори.Маријана што се обидуваше со голотии да си ги поткупи гласовите,сепак не успеа да ги засени талентите.Не велам дека не играше и таа добро,но претера,шоуто беше за танцување,а не за стриптиз.
Јас гласав за Иле и за Маријана, поточно за Иле, но најискрено потајно се надевав дека ќе победи Атанас човекот ептен се трудеше. За прв пат во Македонија победи квалитет, а не голотија. Иле беше прекеасен, но Маријана не!
Ако подобро размислам, колку што знам, таа не одбира како ќе се облече на сцената. Ако сум грешка поправете ме.