Девојки за сите што ја пропуштивте првата епизода од Новата сезона, моментално има реприза, пуштајте ако сте во можност
Мишо Спасовски и Сара Мејс не играа. Што се случува? Инаку убаво играа сите, ама некако машките ѕвезди беа многу здрвени. Очекував повеќе од Стефан Лошкоски, ама ништо. Најмногу мене ми се допаднаа Наташа каратистката, таква спортистка во толку груб спорт, прекрасно за прв пат. Исто и Наде и Франц беа добри. Тешко на Иле со оваа. Уште и Мишо да го дадеа, навистина не знам зошто. Едвај го чекам следното издание во сабота и недела.
Денес случајно ја фатив репризата на првата епизода на танц со ѕвездите. Само не видов кога е наредната епизода и во колку часот?
Има чувство за осет. Искрено, мислам дека тој ќе има најмногу глсови. Јас сум сепак за Наташа и Даниел. А тој Роланд ме потсетува на ролат. Не знам зашто него го донеле од Унгарија, мислиш нема и кај нас танчери.
Леле Лошкоски колку е убав само,ќе има плакнење очи со него баш синоќа малку загледав,абе оваа што денса со него ептен заводнички играше изгледа му има фрлено око
Ама тој е здрвен, како да не е со умот тука, исплашен е и најслаб беше вчера, како да гледаш некој што прв пат танцува. Ми се свиѓаше актерот, баш е за вакво шоу.
И мене ми се свиѓаше актерот не запамтив како се вика тие ми се најдобра танцувачка двојка. Симпатичен ми е и Лешковски ама многу е срамежлив и здрвен на сцена, посебно првиот танц беше здрвен цел, вчера беше добар ќе видиме понатаму како ќе биде.
Ги има некаде видеата од првата емисија? Него не го гледав, ама изгледа бил многу лош. Но мене ми беше лош и вчера. Актерот се викал Мартин Јордановски. И вечер има, треба во еден ден да го направат а не во два. А што мислите за Зафирчев? Мене ми е подобар од Миланка во жири.
Димитар и Јована и Даниел и Наташа ми се најдобри, Дефинтивно Димитар и Наташа се предобри имар движење и ритам се не здрвени ко ќе излезат на подимот и баш таков треба да биде еден танчер. Најмногу ми се допаѓаат овие два пара.
Оваа сезона е далеку подобра од претходната. Мене само ми пречи жирито. Па зарем во Македонија нема компетентни лица за танц па го зедоја Васил и овај третиов незнам како се вика нема појма не ги знае ни основните чекори. САмо Влатко мислам дека се вика (првиот судија) е компетентен и добри коментари дава. Јас пред еден месец го догледав хрватското танц со ѕвездите и таму судиите се далеку подобри. Ама сигурно со секоја нова сезона ќе се подобруваат и нашиве
Само еднаш го гледав новото, и баш го фатив Стефан Малку здрвено игра, се гледа дека Симона го води, што е сосема нормално бидејќи е професионална танчарка, ама сепак, некако само игра таа, се врти, скока а тој така си седи, за таа а се потпира на него Ај се надевам ќе се подобри и ќе го гледаме повеќе Инаку, глупаво ми е што Маријана ја ставија за водителка а Васил за жири.. Маријана и онака ми е антипатична, и кога ја гледам мислам лото гледам А Васил за жири глупаво ми е бидејќи тој не е ни професиоален критичар, ни професионален танчар, и се што му кажува на тие што настапуваат е - одлична хемија имате, слатки сте заедно, ти си згоден дечко (на Стефан ), убав настап итн... Па такви коментари можам и јас да давам
Компир фацата Маријана Станојковска била новата Мерилин Монро Танчерите слаби, шоуто пародија на оригиналот, ѕвездите ги нема.