да во четвртокот сакам да спонам така наречените наши професионални танчери очигледно ги мрзи да смислат кореографија па фино лепо си копираат од американското на иле скоро сите кореографии му се копирани , ја немам нишо против него баш и навивав за него ама тоа ти е .. еве споредете од втора сезона: http://www.youtube.com/watch?v=5fARrON_vrk https://www.youtube.com/watch?v=pc-XNdE6Yvo http://www.youtube.com/watch?v=9NbELDGw8MM https://www.youtube.com/watch?v=LEVUa4TIXgc од сезона еден подоле ке ставам дека максималниот број на адреси е 5.
[еве /spoiler]од сезона 1: https://www.youtube.com/watch?v=JELnLze7txE http://www.youtube.com/watch?v=hJVfTbcJQAU http://www.youtube.com/watch?v=Q5kWTpWn3yU http://www.youtube.com/watch?v=91xCWdXRhNY
http://www.youtube.com/watch?v=bF9UQeNit4Q http://www.youtube.com/watch?v=HiT5b5oAugo http://www.youtube.com/watch?v=Drdk--0pOVk http://www.youtube.com/watch?v=bo19zEa97aw Спојлер има уште ама не е важно
Испадна Маријана Димовска, спикерката на вестите на МТВ. Не ја биваше за танц, не се покажа ич, така да праведно чинам дека беше. Инаку мене убедливо фаворит ми е Наташа каратистката. Дефинитивно што ти значи спортист, човек што не знае да каже не на никој предизвик, што може да издржи притисок, за спортисти нема несовладлива задача, зборувам за успешни спортисти кои стигнале таму кај што се со напорна работа и труд. Секоја чест за девојката, колку има самодоверба, има желба за работа, се внесува максимално и е перфекционист. Одлично се покажа, баш каратистите се очекува да се груби, а таа е права дама на подиумот. Сигурно дека ќе дотурка далеку, се надевам и ќе победи. Типувам на неа.
Навивам за Наташа каратистката уште од прв ден! Буквално растура на сцена Според мене Маријана што испадна, не се покажа нешто најдобро, а меѓу здрвените и надвор од ритам ми се Накова и Влатко Илиевски
Димитар и Накова се крајно несериозни, иритираат со глупостите и ха ха ха хи хи хи. Илија мислеше се усреќи дека му се падна уште една од калапот на Марјана, ама гледа дека девојкава е тотален анти талент, освен за истакнување атрибути. Другиов веќе, никакви зборови не го крепат. Од таков трудољубив човек како Атанас, Јована да добие ваков глупи Август, и се гледа во очи дека ја иритира неговата несериозност, само глупости да се тресело. Исфорсиран во секоја можна емисија на МТВ, уште вести и временска прогноза му остана. Дефинитивно Наташа до победа, спортистиве се неверојатно упорни и желни да научат, усовршат и победат.
Многу ми е жал шо испадна Стефан, али стварно.... Не за танцот туку заради убавината.Колку е само убав ауу Ми се свиѓаат онака Димитар и Јована а и Наташа и Роланд.Освен овие 3 двојки другите ми се тотално аут.Накова и Влатко ми се сосем скаменети
Јас викам да ги прогласат Наташа и Даниел за победници и да ја прекинат емисијата Мислам дека се на ниво погоре од сите други... Го немам гледано шоуто, ама така пуштав клипчиња на јутјуб...
Наташа каратистката и Сара се доста добри. Ако се е како што треба, некоја од нив треба да победи. Многу ги форсираат Франц и Наде, ама мислам дека нема многу да ги гласаат. А најјак дефинитвно ми е Влатко... мислам дека баба ми поубаво игра со колкови од колку тој. како и да е, добро е за разбивање на досада....
Влатко ко здрвен на сцената да е...абе бабите да ги соберам од зградава на еден танцов подиум ќе денцаат како оние бабичките од Русија на евровижн шо беа и сите 10ки ќе ги добиваат...Ама Влатко си е Влатко во секоја емисија се подобрува човекот,како така..Еден чекор повеќе направил..демек VIP персона огромна... Ми испадна Стефчуко,ама преубав еееее...
Наташа каратистката и Даниел убедливо ми се најдобри! Не успевам стално сабота и недела да пратам ама си пуштам на ју тјуб така што во тек сум И Сара Мејс не е лоша се труди!